1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата VS Неговата финансиска ситуација

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 27 октомври 2010.

  1. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    .
    Руби,па нема сигурно девојката за да се дотера.Што ако е со аут чевли,може е паметна девојка која има нешто што некоја со ИН чевли го нема.Нешто го привлекло кај неа,и нему може не му смета тоа.
    Така да од ваквите споредби ми се :puke:
    Не ја личи до него :^) Бре,бре

    Може имам пишувано може не,моја другарка која навистина ама навистина сиромашна,мајка и е со 100 евра плата,татко и не работи,едвај некако дипломира,имаше дечко доктор.Она навистина е убава,згодна и некоја што има милиони ќе и подзавиди.Ама кога почна со идење на пракса,си најде таму постар човек,кој е на функција,од богата фамилија,мајка универзитетски професор,татко доктор.Не ни се веруваше дека им успеа,дека се зедоа и сега имаат дете откако тој се разведе од првата жена.Иако е многу,многу богат се облекува скромно,не се занесува,секогаш е фин и културен-немам зборови.Ја вработи и неа,така да врската им успеа.
     
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Дали само мене ми личи дека другарка ти е од оние девојки спонзоруши и материјалистки кои си ја искористуваат својата убавина и згодноќа за да си имаат поубав живот. :^) Е оваа другарка ти сега сигурно ја личи до тој постариот што го развела, па уште и дете имаат. :clap: Јас за оваа пре би рекла бре, бре бре, него за таа другата со демоде чевли. :!:
    Може мажот на другарка ти е фин и скромен, ама е БОГАТ и тоа неа ја привлкло, а не финоќата штом и бракот му го растурила. Имала дечко д-р, тој и бил малку па си нашла некој на фунција и види Богати врската им успеала. :D |( Мене па ми се :puke: од вакви ликови.

    Што се однесува до темава, сметам дека најдобро функционираат врските кои се со повеќе сличности отколку разлики во поглед на финансиите.
    Јас лично никогаш не сум сакала некој да ме финансира и спонзорира. Ако сум имала пари сум излегувала, а ако не сум си кажувала отворено и искрено дека немам пари да си дозволам нешто, дека неможам од моите да побарам и дека нема да побарам, а никогаш, ама баш никогаш не сум била на одмор со дечко кој ме финансирал и се` било од негов џеб. Уствари и никогаш не сум била со дечко некаде надвор од градов сама на преноќување (освен еден Велигденски викенд со сегашниов мм кој сама си го платив :!: ), па сум немала проблеми во поглед на финансиски размислувања и кризи.

    Кога се запознав со мм и кога почнавме да излегуваме, тој беше вработен, а јас студент, тој си имаше платичка и тоа убава, а јас џепарац од моите и студентски кредит и тој секогаш имаше во џеб повеќе пари од мене. Иако јас живеев на еден, а тој на друг крај на градот ретко се случуваше да дојде од дома да ме земе и да ме враќа (ако требаше негде да одиме, а надвор врне, јас немам пари за такси, па ајде тогаш го пуштав да дојде...инаку многу се каравме за ова земање-враќање). Едноставно нејќев да ме развозува, нејќев да ме части, нејќев да ме шета на негов трошок, си се возев и со ЈСП до кај него дома, ако одевме на вечера прифаќав да одам само ако можам да платам ако не половина барем да учевствувам во плаќањето на сметката и сл....
    Таква бев, со некои мои принципи и сфаќања и не сакав да бидам спонзоруша, не сакав никој да не ме финансира и еден ден да можам со чист образ да излезам од таа врска без притоа да ми се придаваат не знам си какви епитети. Затоа сум се водела од тоа-колку имам толку, ако ме сакаш сакај ме ваква каква што сум, со толку и толку (е сега да ми овој памет :D мала шала).

    И до ден денес мм е тој кој повеќе заработува, ама благодарение на мојата скромност (и во една друга тема имам пишувано дека јас сум благајникот и распределувачот на буџетот во нашево семејство и обично тој се расфрла повеќе, а јас кочам) еве не` функционираме без да се доведам некогаш во позиција да ме праша кај ти се парите или пак на што ги потроши, ниту пак некогаш ми префрлил дека тој заработува повеќе, едноставно тоа што е мое е негово и тоа што е негово е мое, се` е заедничко, нема делба.

    А знам врски и кои пропаднале и кои успеале кога партнерите биле со различни финансиски средства, па дури постоеле и екстремни разлики во надворешен изглед, во манири и култура на едниот партнер, едноставно се` некако ми се чинело дека посиромашниот му угодувал на побогатиот партнер (дури трпел и понижувања) за да врската успее.

    Сепак не осудувам, кој како сака нека си прави, кому како му одговара. Јас сум се водела од правилото колку ми е чергата, толку и ногата и никогаш не ме привлекувале екстремно богати дечковци со незнам си какви се` не куќи, станови, коли, телефони и секогаш убаво сум се чувствувала кога сум можела сама да си ја платам сметката (дали било пијачка, карта за концерт, влез во дискотека итн.)
     
    На EMoonlight, srcekrsacka, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Па да Лолита, најверојатно тоа ја привлекло.Само бонус што и успеало кај фин културен дечко,иако богат,најверојатно полесно го фатила така.А дали е заљубена или не-незнам.
    Сакав само да кажам,дека многу се изненадив што дечкото е воспитан,културен,фин.Повеќето такви богаташи што сум ги среќавала се дигнати до небо,муабет со нив не се прави,знаат само да се фалат,а не дај боже да ти притреба помош.Дечкото е чиста спротивност.Сигурно и оди по ќеф,и купува,ја шета,уште каде не беа во рок од една година.А нејзе сигурно и одговара :)

    А во врска со девојката што ја спомна Руби,не ми се допаѓаат таквите споредби и навредување во однос на гардероба и слично,па затоа потенцирав,не за друго ;)
    Инаку да додадам,дека другарка ми не ја наведов како пример за пофалба-во случај нешто погрешно да се разбрало,а маж и се разведел затоа што жена му си најде друг и го остави,нејзе ова и дојде како нарачано .
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Маца99 веројатно погрешно си протолкувала. Јас немам ништо против постар модел на чевли ниту излижани и избледени фармерки, бидејки лично јас ниту плукам по таквите ниту судам по облеката, туку сакам да кажам дека од авион се небо и земја, и барем мене, би ми било незгодно да седам во такво друштво на последна мода, изнашетани низ светов.
    А со ова сакам да кажам дека според мене, голема улога играат финансиите во врската. :)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Според мене финансиската состојба и тоа како игра улога во една врска. Едноставно разликите си го прават своето. Фразите од типот љубовта победува се се вистините но за филмски приказни.
    Доколку партнерите неможат да си ги дозволат барем приближно истите работи, во врската и тоа како ќе се јават проблеми. Секоја личност што барем малку се почитува себеси и има достоинсво не би дозволила да живее на туѓа сметка.
    Е сега има разлика меѓу личност израсната во просечно семејство која со сопствен труд успеала да постигне нешто, да добие добро работно место и да си го подобри животот и личност која израснала во навистина богато семејство во кое парите никогаш не биле проблем.
    Секоја чест на исклучоци но голем број од луѓето кои се израснати во богати семејства ми делуваат одбивно, дигнати 3 метри над небото, егоистички настроени, со мисла дека светот се врти околу нив и дека со пари може се да купат...
    Потекнувам од просечно семејство од кое можеби и сум добивала повеќе отколку што реално можело да ми се овозможи и лично не би сакала да имам врска со некој кој финансиски стои далеку подобро од мене бидејќи навистина би ми било непријатно да објаснувам дека некои работи неможам да си ги дозволам. Далеку од тоа дека сум искомплексирана и дека мислам дека тие со повеќе пари вредат нешто повеќе само не сум сигурна дека би наишла на вистинско разбирање. А ако некогаш се случи да бидам во таква врска не би дозволила да бидам зависна и да чекам плаќање на моите сметки. Попрво би ја прекинала врската отколку да бидам вечен должник... :!:
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    потекнувам од едно просечно македонско семејство, и сегашниов исто така-иако заработува
    неговите се многу штедливи, домакини луге-кај нив расфрлање со пари е непознат поим

    еден од бившите , со кој бевме најдолго време заедно, не знаеше да штеди-такво им е семејството, сите работат освен сестра му, и татко му што е починат
    се случуваше и да ми подари нешто, а јас никогаш не останував должна, да ми стави кредит, дури еднаш кога бевме на одмор, мајка му сакаше и мене да ми плати :tmi: секако дека не дозволив, мајка ми ми остави доволно пари да си платам сама, а додека нејзиниот син се расфрлаше од пари, па после беше мамичке, ај те молам плати ми со картичката :wasntme: кога бевме неколку пати лути, плакал и за мене за нова година, се обидуваше да ме поткупи со онаа фразата-бирај што сакаш, јас плакам(новогодишен шопинг) ама не му успеа,па на крајот свати дека не пагам јас на пари. се секавам дека еден од последните пати кога се видовме, сакаше тој да плати за кафето, ама јас си платив за мене-а за поскапите подароци што ги добивав,дури и бев во мисла да му ги вратам :!: ама ај да не направам непотребен скандал :)
     
  7. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.831
    Темата е супер.Јас мислам дека драстични разлики имаат големо влијание дали и колку една врска би можела да опстои.Јас потекнувам од просечно семејство со скромни примања,но моите родители ми овозможиле да сум сега каде што сум и јас сум вечно благодарна за тоа.Јас пред неколку години имав дечко кој беше екстремееееен богаташ,но беше толку егоист и толку лукав што сега и да се сетам ми се гади од такви лица.Значи во тоа време јас немав пари за НИКАКОВ одмор,за лускузни патувања,за скапи парфеми.Не дека сега трошам којзнае колку но тогаш бев студентка,а имав прилично големи трошоци а мали примања.Дечкото и покрај што ја знаеше мојата финансиска ситуацјаи ниту еднаш не платил тој,зборувам и за него.Значи буквално ме тераше секогаш ама баш секогаш да плаќам јас и за двајцата.А прајем муабет значи за екстремен богаташ.На почетокот мислев дека се зафркава во смисла демек ајде ќе частиш ти,не дека сакав јас да ме части секогаш тој ама мене подоцна ми текна колку е сатот.Па јас на таков лицемерен идиот да му ги плаќам неовите пијачки а тој имаше пари да ме купи и да ме продај ми беше стварно незамисливо.Му раскинав многу брзо.Тој иако беше и екстремно упорен да се смириме секако дека не потклекнав на таков неизживеан сурат..Заклучок ми е дека не треба да се впуштаме во врски со екстремни богаташи од проста причина што тие се едни исфрустрирани и искомплексирани лица до бескрај.Со мојот дечко сега немаме никава разлика или кавга околу нашата финансиска состојба.Често делиме се,а некогаш знае тој но и јас да го почастам иако не го прифаќа тоа јас да го частам повеќе од 3 пати годишно..
     
  8. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Мислењата на другите девојки ми се видоа мн долги и затоа не се заинтересирав да ги прочитам (без навреда ве молам :) ) Јас сум побогата од моето момче но тој ги плаќа сите вечери, излегувања, прошетки, сладоледи ... мислам дека сепак може да ме издржува зато шо ни јас не барам многу
     
  9. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Мислам дека нема ептен кизнеј колку големо влијаније тоа,има но сепак не знам...не сум чоек шо гледа така кон лугето. Од сите мои досегашни партнери јас секогаш сум била во подобра финансиска ситуација, со оглед дека капиталот (на татко ми) засега ништо не е мое бидејки не го стекнав јас да се фалам преглупо е),изнесува пола милион евра. И шо сега,да земам да му го извам низ нос на некој бидејки нема,или да земам да се фалам? јас имам,и ке имам за цел живот осигурана сум од таа страна,АМА никогаш неможиш да знајш денес си горе утре си долу... Без навреди оваја страна ми е слаба,ама нема простор за фалење. Иначе во ситуација сум како JustBeYou бидејки тој све плаќа кога ке излезиме не пребирвам многу јас,сам се нуди да плати/да ми купи нешто итн..
     
    На aleks26 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Candy20

    Candy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    65
    Финансиската ситуација игра многу важна улога и мислам дека тоа е една од основните работе за караници меѓу мене и дечкоми.
    Јас потекувам од просечно семејство каде што никогаш во животот не ми фалело ништо. Незнам како е да побарам нешто од моите родители а они да ми речат не, неможе сега, ќе почекаш. Меѓутоа не сум воспитана да има само за мене и крај. Тука игра улога и сестрами, а коа се има сестра, сето тоа се дели на две. Забегав малце, да се навратиме на темата.
    Дечкоми не потекнува од богато семејство, дури и го прекина факултетот почна да работи. Мене тоа никогаш не ми пречело а и нема ни да ми пречи. За мене сепак он ми е најважен. Но при секоја караница ми го спомнува следното:

    * Јас утре задутре во животот нема да можам да си дозволам мојата жена (се мислеше на мене) да заработува поголема плата од мене. Се знае машкото е столб во семејството и тој треба да издржува. ( ова секако ми падна многу лошо и си го поставив прашањето- Епа добро што улога има жената? секако дека и двајцата треба да допринесуваат околу финансиите)

    * Денеска ти мене ме сакаш, утре задутре ќе сфатиш дека во животот не функционира само љубовта, туку ќе бараш некој тип со завршен факултет, добро образован дрн дрн ( факт е дека кај нас во нашава мила државичка и да имаш завршено факултет, и да си образован и да имаш Надпросечен IQ ако мама и тато не се знаат со некој тешко дека ќе се вработиш)


    МЕ ВАДАТ ОД ТАКТ ВАКВИТЕ КАРАНИЦИ ОЛ ОУВЕР АГЕН !! :devil: :headbang:
    *
     
  11. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2012
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    138
    Па секако дека парите имаат голе процент од уделот во една врска.
    Јас моментално сум во врска мислам тоа е повеќе некој вид на дружење бидејќи немам намера ниту оваа, ниту било која наредна врска да ја крунисам со брак, бидејќи кога можев сама да ги израснам децата можам и сега сама да се грижам, за себе. Но да се вратам на темава во врска сум со човек кој е повеќе од солидно ситуиран и да ви кажам право убаво е кога ќе излезеш без да се грижиш, што ке нарачаш и колку тоа ќе чини и дали фраерот на крај ќе има да плати или ќе мора и неговта пијачка да ја плаќаш. Се чувствуваш некако по заштитена кога си со човек кој е добро ситуиран и кој може да ти овозможи некои работи кои не се скапи ама ете те прават срекна, за разлика од оние со празни џепови кои неможат да ти обезбедат ниту еден свенат цвет, а плус тоа и се исфрустрирани со тоа што се неспособни да заработат па вината ја бараат во сите само не во себе. Можеби теоретски ќе кажме да љуовта е најбитна, но џабе ти е љубов кога ќе легнете тој наместо да ви се посвети вам цело време ќе рачуна колку потрошил и колку му останале за да претера до први. Затоа девојќи особено ако сте од добро стоечи семејства во кои владее еден поинаков живот каде сте имале скоро се немоје да се залетувате во врски, а особено не во бракови со луге кои се далеку посиромашни од ас бидејки љубовта поминуа и немојте да дозволите потоа целиот живот да го поминете во паење. Плус мноу повеќе боли ког и покрај сите тие жртви ќе в изневери човек кој нема ни куче, за што да го касне, отколку некој кој барем се потврдил во животот дека е способен да заработи ако ништо друго.
     
    На kathy es му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    И двајцата стоиме исто, тоест и моите и неговите - НЕМААТ :| Понекогаш кога е критична работата се караме за глупости (читај пари), само заради тоа што нема кој да ти помогне и да ти пружи поддршка во одредена ситуација. Затоа дечко ми и работи и студира.Е ве сега ја предаде магистерската, па очекуваме некој напредок кога ке ја земе и таа титула, а јас имам уште неколку испити. Едвај чекам да завршиме и да застанема колку-толку на свои нозе, зашто единствено нешто за што се караме е заради парите. Тој машко ко машко го фаќа фрустрација кога нема пари да ме однесе во ресторант, да ми купува ова или она и јас исто ама тоа е. Во секој случај можам да кажам дека ваквата ситуација и не направи подобри луѓе. Решени сме заедно да успееме во животот, финансиски да се обезбедиме, и по никоја цена да не се разделуваме, па ќе видиме. Здравје само :D
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Скоро и да сме исти и едноставно се надополнуваме еден на друг. Уште како дечко и девојка не стававме рецки и се на кантар кој кога ќе плати и што ќе купи, денес ти утре јас или пак кога бевме кнап со пари често знаеше да купи нешто за да го зготвиме кај мене ( :!: уште од тогаш си го чував и ранев :D ).
    И дваицата имаме почнато од чиста нула. Тој тогаш работеше и ги издржаваше неговите дома а и јас работев и давав дома. Научени сме и да имаме и да немаме и тоа не ни е некој проблем или пак да се караме за пари.
    Сега се ,,караме,, за пари затоа што јас сум таа што стиска кочница и штеди а тој многу многу не се замара со тоа.....

    Ако е голема разлика во финансиската ситуација а искрена љубов можеби и ќе опстои таква врска ако се занемаруваат муабетите дека е ,,спонзоруша,, или обратно. Најлошо е ако се нема визија за животот и чекаш нешто да ти падне одозгора. Парите се релативна ствар, денес имаш утре немаш и не е за џабе речено дека ,,пара на пара оди,, и ,,на кој пазар купуваш на тој продаваш,,.
    Ако ја оставиме љубовта на страна тогаш се` е во парите - реално, да не се лажеме.
     
    На Springy, WildCherry, EMoonlight и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    Кај мене постоеше таков страв и раскинав за без врска, го чеква на ситница да згреши. Мајка му да седне со моите муабет да направи тема заедничка нема да нјадат. Што не оди не оди. А и заради мене како да си скратува од задоволствата. Тој сака да оди денеска на кафиња 2-3 пати, да јаде во ресторан, па јас не можам толку да си дозволат, секое излегување со него да ме чини 600 ден.
     
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.067
    Допаѓања:
    11.214
    И дечкото кога ќе му кажев тој и тој работи за 8000.правеше фаца демек малку му се. А кај него во градот пола и повеќе живеат со тие пари со 8000, дали и имаат работа луѓето. Ама тоа е сит, гладен не верува.
     
  16. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.182
    Допаѓања:
    10.790
    Пол:
    Женски
    Кога имам пари (читај ретко :D ) кејф ми е и мене да отидеме на вечера, или да му купам нешто што сака (некоја книга, или тракаташка што ја сака ама не се потрудил сам да си ја купи).

    Во остатокот од времето он плаќа, сепак е вработен, а јас сум студент, а и во почетокот на врската доволно сме се расправале зошто сум сакала кафето сама да си го платам кога ќе искочиме, па барем за тоа сум имала доволно :). Ама затоа имаме договор дека кога ќе станам богата и славна ќе му купам кола ;)
     
    На richgirl998 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.243
    Допаѓања:
    72.624
    јас-студент зависна од средствата на моите родители кои релативно изнесуваат по 100денари во ден(за шо побргу)
    тој-самостоен и добро (читај:одлично)ситуиран и покрај тоа што не работи
    на почеток кога работеше не му беше проблем да плаќа почесто со оглед на тоа што јас ретко кога имав пари за двајцата кај мене,а сега тоа што неможам често да плаќам се повеќе му смета...а и самиот е биден сведок многу пати кога сум побарала нешто од моите и сум добивала одговор-е имаш тоа и тоа засега можеш да поминеш.не дека моите немаат доволно средства,туку имаат трошоци првенствено за моето сдудирање и секако приоритет е да се удоволат преголемите желби и „потреби“ на мојата помала сестра...па од тоа и несакам да барам...се нема разбирање :(
     
  18. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Во една друга тема веќе се изјаснив дека голема разлика во финансиската моќ, влијае премногу и често може да биде мотив за прекин на врската.
    Во нашата врска владее правилото Чиста сметка - долга љубов. Не се случило никогаш некој некому да плаќа за одмор, туку сите трошоци ги делиме подеднакво. Секако, тука не спаѓаат некои ситни трошоци како на пример кој ќе плати за кафето, пицата или палачинката. Не се ситничиме до толку.
     
  19. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    И јас сум студент, моето семејство има просечни примања, ај да ги наречам така. Само за стан и сметки одат 4000 во месецот, а кај се трошоците за храна и за превоз. Ова само за мене зборам. А плус за сестра ми, плус за дома, плус за сметки. И неговите имаат просечни примања, ама и тој работи и има своја плата, некои си 14 000-15 000. И нормално дека има кавги за пари. И тој сака да прошета, да оди на кафе... И може тоа и да си го дозволи. Ама јас не можам, немам плата, туку ме издржуваат моите. Не можам јас секој ден да си дозволам да одам по кафиња или да давам пари за гориво. Кога имам да, зошто да не дадам. Ама кога немам немам. И тоа е тоа. И најчесто кога се караме за пари, се караме затоа што ретко давам пари за бензин. Порано и кај нас важеше она - ако имам јас има и тој, или ако има тој имам и јас. Кога немав, тој плаќаше и за мене. Ама во последно време ситуацијата се менува. Се поретки се случаите кога тој ќе ми го плати кафето, пијачката во диско, картата... И сега поретко излегуваме. Подобро ќе седам дома, отколку да отидам некаде и да се стегам и да гледам во цените. Знам дека немам и не можам да си дозволам. Порано кога одев кај него, ме земаше тој, ме враќаше назад. Ама почна да префрла дека не му давам пари за бензин. И сега, кога одам кај него најчесто одам со такси, не го молам да ме носи и да ме враќа. А до кај него има околу 40 минути одење пешки. Е сега префрла дека имам пари за такси, а немам за бензин :fubar: ама подобро ќе ги дадам за такси, отколку да ми ги искара на нос тие 100 денари. На кафе одам само кога можам да си дозволам, односно да си го платам самата. Е тоа со себе носи и други проблеми, ама не е темава за тоа :D

    Накратко, зборот ми беше дека влијае, и тоа како влијае финансиската ситуација, барем кај нас.
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Малку офтопик ама...

    Луѓе, искрено не ми е јасно како може да ви бараат пари дечковците и да ви се лутат ако не давате, посебно кога знаат дека немате? :| Јас гледам дека многу од луѓето околу мене, кога ќе купам нешто ако одам на гости, или ако дадам поклон, веднаш реагираат, седи мадро, не се троши, студент си. И тоа луѓе што и не ми се толку блиски, а не па дечко да ми рече нешто околу тоа, кога ќе му спискам една лекција, има да се врати од кај што дошол.

    Јас некако би си преиспитала некои работи тука, не е само проблемот во парите, него треба малку осет и почит да покаже, прво кон вас, второ кон вашите дома што ете и до толку ви овозможиле, студирање, станови, книги, јадење, барем по кафе-две неделно... реално и тоа е луксуз за некои семејства, тешки времиња дојдоа. :?:

    Сум за фер-плеј, делење сметки, јас денес плаќам ти утре, мора еднаш едниот, другпат другиот да даде нешто, ама кога се нема, од каде, пари не растат на дрво. Па ако имам јас добра плата и услови, абе сите ќе ги разносувам и ранам и појам, камоли да дојдат такви времиња, нема никаков проблем да направам, ни за другарки, ни за роднини, ни за дечко.

    Нати, не дека те напаѓам, ама па не е малце што зима плата, поголем дел сигурно за него оди, не е убаво да ти бара пари за бензин... Не се возиш само ти во таа кола. :x Ако те носи нека те носи со мерак, добро викаш, на што личи тоа. Паметно правиш што одиш со такси, ама не е тоа тоа бре решение. Искрено срам да му е на момакот, те среќавам деновиве низ многу теми и ми изгледаш како фино момиче, не заслужуваш некој така да се однесува. :!:
     
    На kathy es, swrcii, femina90 и 7 други им се допаѓа ова.