1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата VS Неговата финансиска ситуација

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 27 октомври 2010.

  1. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Потекнуваме од слични семејства што се однесува до финансиската ситуација.Значи, семејства во кои имало многу и се живеело убаво,па немало ич, па сега се живее просечно.
    Поуката јас одамна ја извлеков и знам да живеам и со многу и со малку.За жал, тој не.
    Се уште има моменти кога се однесува како да е последен ден од животот, а утре...Утре ќе му ја мислиме!
    А, парите не ги делиме на мои и твои, туку заеднички.Па, така понекогаш се чувствувам како да имам мало дете- нееее, тоа не може да се купи, неее, за тоа треба да размислиме, неее , стрпи се , сега не може.....
    Секогаш јас сум таа што стиска кочница.И да, во такви моменти често знаеме да се испокараме.
    Лани ова време одприлика, не бевме во баш најсјајна финансиска ситуација и после една кавга , следниот ден ми се појави со чевли, чизми и фармерки за мене!Не знаев дали да го задавам или да го изгушкам!Дали да се смеам или да плачам?!
    Аххх, како стареам, се си мислам дека иста како мајка ми станувам....Секој ден на татко ми му дава пари САМО за тој ден.Ни денар повеќе!Ако му даде повеќе-отидоа....Човекот нема никакви пороци,да се разбереме.Ама, чим види повеќе пари , се фрла на купување, па имаш дома свински врат, крашки врат, пршута, пармезан,горгонзола :D ......
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Нати.. Не знам, вака кога читам за париве многу ми е чудно. Значи на него му се поважни парите отколку да биде со тебе, така испаѓа муабетот. Ако немаш да си платиш, нема да се видите, а он нема да плати.
    Ние никогаш не сме биле такви, никогаш не ми побарал пари, да јас сум плаќала, ама само јас кога ќе се понудам, чувај Боже он да ми побара пари. И затоа и сега си функционираме убаво, се е наше, нема никаква делба. Финансиите се прилично важни за тоа како ќе финансира врската, отварајте очи на време.
     
    На kathy es и richgirl998 им се допаѓа ова.
  3. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Doozy камо сите да мислеа вака како тебе :lol: и срам да му е, и јас тоа му го велам. Ама ете таков е, стиснат :lol: а порано кога земаше помала плата не беше ваков, спомнав претходно дека кога имаше даваше, ништо не велеше ниту префрлаше. Кога немаше тој а имав јас, давав со цела душа. Колку пати само се случувало да му давам пари за храна кога е на работа. И не ми е криво, сум имала и сум давала. И никогаш до сега не сум му пререкла за тоа што сум му дала. Ама ете, поголема плата и му удри славата во глава. A да е некој трошаџија - не е. Стиснат е. И за него е стиснат, ако не го пролажам нешто да си купи или ако мајка му не му купи, тој не троши сам, не купува. Абе таков е што да му правам, И јас не го сфаќам, ама ете, што да се прави. Уживај мила, воопшто не ме напаѓаш :*

    Реин, кога стварно немам, а треба да одиме некаде, му кажувам дека немам уште пред да се договориме што се вели. Во такви ситуации не приговара. Ако стварно немам да отидам кај него, или тој ќе дојде или ќе ме земе, и некогаш ќе префрли, иако во лутина, ама пак префрла. Затоа и почнав да одам најчесто со такси. Ама кога станува збор за луксузирања, секој ден на кафе, или вечери или не знам што, не одам. Ако сака нека се лути, ама не одам. Ако толку сака да оди со мене и знае дека немам, ако е спремен да плаќа и за мене, е тогаш ќе одам. Поинаку не.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Леле бе какви луѓе се не постојат, абе јас кога имам пари да можам и луѓе што не ги знам да ги седнам да ги почастам, не е за фалење, трагично е моево, незнам денар во џеб да зачувам.
    Просечни плати имаат моите, големи се трошоци па се приметува дека не им стигаат до крај на месец. Јас кога ќе најдам нешто хонорарно подработувам, колку да имам свои пари, да ги олабавам нив колку-толку.

    На дечко ми родителите исто, со просечни примања се, ама за разлика од мене, него му даваат мноооогу помалку пари од што ми даваат на мене, поштедливи се неговите. Многу се нервира, ама нема избор, неможе да работи зошто при крај е со студии, да не зезне на крај. Некогаш кога сме кај него и кога ќе побара пари за нешто, слушам дека се кара со нив, како не го разбираат дека сака да излезе да направи нешто, да купи итн.
    До сега никогаш не сме се скарале за пари. Не се случило искрено, секогаш било колку имам јас толку имаме заедно и обратно. Кога немаме пари, седиме дома или фино лепо со бус на по едно кафе и назад, колку да прошетаме. Знаеме да се погодиме за пари кога станува збор. Сега демек решени сме да штедиме, само мене некако не ми оди, пошто немам од кај да штедам хахаха не одам на факс, не излегувам, не работам, немам пари од никаде. Штедам со самото тоа што седам дома ))

    Нати, муабетот е виде малку паричка дечкото и го дигна носот. Ццц страшно. Терај си како до сега, кога можеш излегувај, кога не, седи дома битно секогаш кажувај ако немаш пари пред излегување, само за да не те усрами некаде, ваљда не е до толку, да ти плесне како искачаш а немаш пари. На крај краева зезај го, ајде од дома седење повеќе ќе заштедиме. Ако не ја бива, кажи му, платата да ја чува нигде да не иде, најмалку за бензин да ја дава. Заслужуваш подобро!

    Само се прашувам, каде е задоволството на парите, ако сами ги трошиме?
     
    На Nati.P му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Ти благодарам на поддршката ракче :) Инаку, тој и тоа малку што го троши го троши за бензин :D спомнав погоре дека и за себе не ги троши, не си купува речиси ништо. Од дома пари никогаш не зема, колку и да нема не бара. Ако ептен е во тесно тогаш бара на заем, ееј на заем од сопствената мајка. И секогаш ги враќа. И порадо би барал од мене, отколку од неа. Ете таков е. Ама тоа беше порано, сега како што кажав зема поголема и редовна плата. И ете ја трупа на сметка само, а зошто? Нит му се познава дека има пари, нит ништо. И му го велам тоа. Често вели немам. И знам да му кажам дека од велење немам немам ќе дојде ден кога стварно ќе нема. Ама не се разбира. Си зацртал дека нема човекот :lol: Инаку, никогаш не се случило пред други да ме засрами и да ми рече зошто излегувам кога немам. За тоа не можам да се пожалам бидејќи никогаш не се случило такво нешто.
    Ете, си олеснив малку од малку на душичката :D :D
     
  6. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Никогаш не сум ја гледала таа страна, мене ми е важна нашата љубов иако мојата финансиска состојба е малце подобра, но всушност таа не е моја туку е на моите. Значи нема цел живот да се потпирам на нив, еден ден сама ќе заработувам исто и тој па тогаш кој и да зема поголема плата тоа ќе биде наш заеднички буџет.
     
  7. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Нати подобро да ги чува отколку на порок некој да ги троши, кладилница да речеме, ама па до толку бе... Ако ти е за утеха, другарка моја поранешна, имаше дечко, типот заработуваше супер, ама оди да потроши некој денар, диско, излегување, скраја да е, шанси нема. Викаше, како не во диско ќе потрошам 500 денари, со тие пари две недели на работа ќе јадам. Реално така е, ама еднаш во месец-два да не потрошиш, да не си приуштиш на душичката па и претерано мислам дека е. Девојчево немаше многу пари, па и одговараше да седат дома, за журка, литро вино им вршеше работа, сите среќни и задоволни.
    За мене реално тоа е претерано, не би издржала со таков дечко. На кафе одење за него беше цел ден пресметка, па после да отиде, АКО реши да ги прежали тие 100 ден. Немаш поима какви пресметки правеше за ситници. Еднаш излеговме, абе со бус се враќавме 3ца, плативме карта по 40 денари, а за такси по 60 требало да платиме, у штедња сме биле.
    Незнам што да кажам, ама и премногу штедење не иде. Јас лично не пазам до толку, за 10-20 денари не правам разлика и проблем, пр кога немам слободна дали ќе се качам во приватен или државен. Дечко ми е ист ко мене, кога има има, кога не се седи дома карти, табла, филм и така.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Веруваш ли дека нема ниту еден порок :lol: пу пу да не го заречам :D ама ете стиснат е и готово. Сепак, нема на долго да оди вака, гледам јас. Ќе видиме што ќе бидне на крајот :lol:
     
    На rakce69 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. vlubena

    vlubena Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    627
    Исто стоиме со финансиската состојба, некогаш имаме повеќе некогаш помалце ама најважно од се е дека никогаш не сме се скарале за пари. Секогаш се обидуваме да ставиме баланс, кога ќе има повеќе тој а јас немам тој плаќа такси, излегување ова она и обратно. Ма да тој е далеку поштедлив од мене и чоекот секогаш си има :| , а кај мене пари не можат да постојат ни 2 мин во кесето одма му го најдувам крајот :lol: .
     
  10. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Нашата финансиска ситуација е иста и никогаш не се караме за пари , освен кога сме излезени може да се скараме кој да плати но и тоа со договор ќе го решиме.
     
  11. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.769
    Пол:
    Женски
    Нашата финансиска ситуација е скоро иста. А и финансиската ситуација воопшто не ми е пресудна за да бидам со некој. Ќе го сакала и да има и да нема. Парите се печалат. Денес можеби имаш, утре можеби и не.
     
  12. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Иста е финансиската ситуација и кај мене и кај него... :wasntme:
     
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    додека ве читав, ми текна на еден т.н. момент на вистината на еден дечко што го познавам, како во пијана состојба признава дека ја земал и вракал својата некогашна девојка со Ауди :fubar: , а истиот тој ми пракаше сигнали и на мене ама јас мртва ладна :rock: инаку девојката ни ја знам,ни ја познавам ниту нејзината финансиска ситуација ама од она што го имаат моите уши чуено за него богами :x
     
  14. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Јас сум студент,а кај мене дома малку приходи влегуваат во домашниот буџет.
    Сметам дека спаѓаат во сиромашната класа на луѓе(иако не се жалам,добро ми е и вака).
    Тој спаѓа во средната класа.Има пари,си дозволува некои луксузи,и драго ми е за тоа.
    Инаку за плаќање сметка,вообичаено делеме.Има момети кога секој за себе си плаќа,или најизменично.
    Но,никогаш немам дозволено тој за мене да плаќа се,непријатно ми е и нема потреба од тоа.
    Мое мислење е дека,финансиската состојба и те како влијае врз една врска.
     
    На Deni87 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. nen4e

    nen4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Јас сум вработена а тој не.. постојано плаќам за двата и не ми било криво...
    но сега кога тој доби на поклон пари, не се нуди да ме части ни кафе, купува скапи патики, наочари и си се дотера.. а подоцна пак ке нема пари и пак јас ке плаќам за двата, иако мене едвај ми стига платата
     
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Тој работи и зима доста солидна плата јас не работам. Што значи нашата финансиска (не)рамноправност е на доста различни нивоа. Но, за срека е доста разумна личност па досега никогаш не сум се осетила деградирано во тој поглед. Никогаш не ме ставил во некој дополнителен и безпотребен трошок. Баш напротив секогаш совесно се поставил према мене и секогаш кога излегуваме вади пари да ја плати сметката. Како што и сам кажува -Знам како е кога човек нема финансии и чека од неговите дома 200 ден.
    Од првата заработка ми беше кејф да го однесам на вечера .Одбра многу скромно место и се потруди да ме потроши што е можно помалку.Тоа многу го ценам бидјеки е реткост кај лугето.

    Се е до лугето.Има некои кои се курназат и покажуваат надмок на тој начин и има луге кои биле на исто дереџе како другите и ги раззбираат како е кога некој ке им каже-Денес немам пари да одам во град. Срека најдов личност која во целост ме разбира и не ми ствара нервоза со тоа што ке ме тера да ги задоволувам неговите хирови.
     
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    За жал била проблем разликата меѓу нас.

    Од дома ја реновираа куќата, дел по дел (низ неколку години), купивме кола, башка двајца бевме на студии, а кој бил на факултет знае колку трошоци има.
    Другите животни трошоци не ги рачунам.
    Тој имаше баба и дедо, повратници од странство, кои му ги даваа сите пари на располагање, па поради тоа живееше баш кралски живот.
    Често пати се осеќав како помалку вредно. Каде и да одевме тој се расфрлаше со пари, не знаеше колку ги има во џебот, а јас стално ги пребројував.
    Немаше разбирање како е да се нема.
    Очекуваше од мене и да плаќам, а од друга страна ме наговараше да си купувам ваква-таква гардероба.
    Тешко ми беше со стискани пари, ама среќа што додека бев на факултет сама си го кроев буџетот, па на нешто кратев, за со него да имам пари.
    И после неколку години се направи пресврт. Починаа баба му и дедо му заредом и неговата огромна финансиска заднина ја снема. Падна во депресија. Дури тогаш виде каков е животот со броени пари в џеб. Веќе немаше за расфрлање. Во тој период јас веќе се вработав, мизерна работа, но сепак имав некој приход и главно живеевме од моите пари. Беше преблагодарен за тоа.
    Тогаш увиде многу работи и почна поинаку да гледа и да цени.
    Потоа тој најде одлична работа, и многу ми се одолжи...и имаше поинаков однос кон мене.
    Почна да разбира кога ќе му речам, немам.

    Не се работи само за дечко, туку и за пријатели.
    Некогаш некој има повеќе, па му се сака вечера, викенд, шетање, и нема разбирање кога ќе му речиш: немам. И уште се лутат над сето тоа.
    Затоа велам, секој кој сака да сте дел од неговото секојдневие (одење на кино, вечера, кафе), доколку има разбирање дека немате или имате малку, да ве понуди да одите на негова сметка, или воопшто нека не ве вика. Но, да не го злоупотребуваме тоа.

    Од лично искуство знам како е кога сакам да уживам во нешто, па давам пари и за другиот, не жалам. Но, кога тој утре ќе ми возврати (не за да ми врати, туку кога навистина ќе сме во обратна ситуација) ми е мило, значи ценел.

    За бензинот, е посебна тема.
    Во принцип, никој не ми става бензин во колата, а кога ја земам за низ град никому не барам пари. Но, за шетање на подалечни дестинации секогаш делиме бензин.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ние имаме различна финансиска ситуација.
    Последниве неколку години дома не` удри поголема криза и се обидуваме да скратиме што е можно повеќе работи и да заштедиме.

    Него го познавам премногу добро, за да знам дека му паѓа чудно зошто немаме такво скапо тенџере или такво сирење или што ти знам такво вино... но, тоа само затоа што јас го знам премногу добро.

    Со никаков гест или израз не го покажал тоа. Тој се прилагодува лесно кон мене и нашата домашна ситуација и мило ми е поради тоа.
    Тој е воспитан и прекрасен човек и кога ми било најтешко и сум била на дното, сум се чувствувала мизерно и скапано поради мојата финансиска ситуација, ме тешел и ме убедувал да не бидам будалче и да не се резилам, затоа што парите не се важни и ситуацијата е релативна и минлива.

    И тој е еден од ретките што навистина го чувствуваат тоа и така реагираат. Не се зборови кажани напразно.

    И ден денес кога ми недостасуваат пари ми позајмува и никогаш не ми ги бара, ниту пак му ги враќам. Залудно се обидувам. Не ги зема назад. 70% од времето тој плаќа секогаш и секаде, дури и сега, кога имам свои приходи.
    Тој знае каква е мојата ситуација дома и без зборови, бескомпромисно ми помага во секој поглед.

    Јас верувам дека ние сме доказ дека двајца со различна финансиска ситуација може да опстојат ако има љубов и разбирање. И му посакувам да има секогаш, но дури и да се случи некогаш да снема, може да смета на мене, зашто за него би го дала и последниот денар.
     
    На kathy es, Dentina, kate21 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. GentlemansChoice

    GentlemansChoice Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    29
    Иако работам напорно, парите за мене отсекогаш биле само средство за уживање на благодетите во модерното опшество.

    Со сите девојки досега го имам споделено секој заработен денар. Никогаш не ме интересирала нивната финансиска состојба. Ако можеме нешто да си дозволиме тогаш не е важно кој ќе плати. Па нели во секоја врска се стремиме да бидеме едно. Една суштина неможе да ги подели парите на мои и твои. Наши се и за нас се наменети. Често го чувствувам моментот кога на девојката ќе и стане неугодно зошто јас ги покривам сите трошоци, па затоа кога инсистираат секогаш им дозволувам да платат.

    Вистинскиот за вас никогаш нема да се грижи во каква финансиска ситуација се наоѓате. Тој ве сака вас и само вие сте му битни. Но тоа не значи дека не треба да се трудите. Обожаваме успешни жени кои имаат јасна цел и вложуваат труд кон остварување.
     
    На Summerlover, Marinka99, Dentina и 3 други им се допаѓа ова.
  20. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    20.834
    Имаме скоро исти финансии иако не сопствени.Ако имаме ке излеземе,ако не тогаш ке си седиме дома.Убаво е кога се има разбирање во врска со финансиите.Секогаш наизменично плаќаме или ги делиме сметките,кога кој има тој плаќа,и што е најважно потоа нема префрлање. Не сум за тоа дека едниот само треба да плака,освен во ситуација ако тој стварно нема,а јас сакам да излеземе и покрај тоа,епа нормално е јас да си платам.А секако ако едниот има осет нема да дозволи да живее на туѓ грб.И стварно ми е глупаво да се остава само машкото да плака,само затоа што е машко.Тоа било можеби некогаш,ама мене ич н_е ми се допаѓа.Не ставаме на вага дали тој потрошил повеке пари на мене или јас на него и никогаш не треба да се дозволи парите да бидат тие кои ке ве разделат