Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата VS Неговата финансиска ситуација

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 27 октомври 2010.

  1. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    577
    Јас сум подобро ситуирана од него, но тоа не прави никаква разлика.
     
  2. TheStar

    TheStar Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    15
    Јас земам поголема плата од него,
    но тоа кај нас никогаш не било проблем (дај боже така и да остане)
    тој ги плаќа сметките и отиде неговата плата,
    а јас се што е потребно за дома од јадење до детергенти се што ни душа посака,
    никогаш не сме правеле проблем заради парите,мојата картичка си стои на едно место за да кога он нема пари да може да си извади.
    Ние и кога бевме дечко и девојка,секогаш стававме се на куп и испиевме/изедевме :))) ни остана навика
     
  3. Celebrity3

    Celebrity3 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3
    Кога веќестанува збор за финансиската состојба тој има повеќе финансиски средства, иако не ги заработува тој сепак има..Од друга страна тој е едно дете а јас не сум сама..Искрено да ви кажам малце ми падна криво и малце станав напната од кога бев со него на шопинг се гледа од скапи продавници и не ја погледнува ич цената а јас ко идиот се по цените прво па после да пробам и сл. До сега за овие 2 години не сум размислувала за финансиите некогаш јас плаќам некогаш тој а понекогаш и по пола за одредени работи..инаку многу глупо ми падна пошто сепак не сме еднакви за тоа..Неможам да кажам дека му љубоморам зашто јас имам пак други работи кои тој ги нема ама сепак се осеќа финансиската состојба барем јас сега ја осеќам..:(
     
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481

    Те разбирам.
    Кој кажува дека финансиите немат врска со љубовта лаже!
    Посебно ете во вакви ситни моменти се осеќа тоа,како шопинг,излегување во град,подарок за годишнина,родендени итн.
    Некогаш кога не можеш да си дозволеш некои работи,кои во тој момент партнерот ги сака,е грдо.
    Се чувствуваш..како деградиран.
     
    На Umbrella22 и Celebrity3 им се допаѓа ова.
  5. bekii

    bekii Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    53
    Нашата врска има малку разлика јас можам да си пружам повеќе од него, не дека сум богата, но мајками е во странство и таму платите се поголеми од тука,тоа е јасно, и ако сакам да одам на пица или кафе или било каде не мислам на пари,ако знам дека знам дека имам во моментот и одам... А тој зима мала плата и дома остава неколку илјади (имат голем кредит :worried: ) и за него остануваат неколку а со тие сака да има колку да не се срами од мене... ми вели дека кога би имал пари секогаш сакал да ме части или кога шетиме ако ми се бендиса нешто да ми купи и дека му е мн жал... Не дека никојпат не ме частил но ретко се случува,најчесто двајцата делиме и не ми претставува проблем а мн пати и јас сум го частила на пр кафе или не сум ја земала неговата половина што треба тој да ја плати... Сум слушала мн муабети дека не е арно да го учи дечкото на пари т.е. ти да му плаќаш демек секогаш ке очекува, но кај мене е др случај мојот дечко работи само што не му стигат за се.. и мајками често ме кара порано и кажував дека сум го частела понекогаш и ми вели да не го частам,до некаде ја сваќам бидејќи од нејзините пари трошам за дечкоми а не се знае дали понатаму ке бидеме заедно, но ние сепам одлично функционираме :)
     
  6. Celebrity3

    Celebrity3 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2013
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    3

    Премногу е непријатно што би потонала во земја само да ме снема..Значи во одредени случаеви и тешко ми паѓа си беше на малдиви си беше у америка имал идено и англија неколку пати..има мислам дека уште шетано ама за другото незнам каде што како ова знам пошто за овие 2 години има идено..дури понекогаш и криво ми паѓа зошто јас неможам да си дозволам ако не на малдиви барем на некое убаво и несекојдневно место да отидам..ама тоа е..некој има, а некој ќе си дреме домче..:/
     
  7. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Не се секирај толку, тоа се само пари, да важни се не велам не, работи на себе и на твојот ум, твоето образование, парите ќе дојдат, млада си, ќе заработиш. Секогаш едниот има повеќе од другиот тоа е нормално, но тој би требало можеби некои работи посуптилно да ги прави. Бидејќи сте заедно 2 години можеби во иднина ќе појдете и заедно на некое убаво место. Разговарајте за тоа, сега има ефтини летови со Wizz Air. Бидејќи тој има повеќе ти плати го својот пат само, а тој се останато јадење, сместување. Не мора да купуваш скапи работи. Кога бев помлада имав долга врска со вработен тој заработуваше, а јас бев на почеток на мојата кариера и не земав толку голема плата, но секаде каде што одевме беше на негов трошок. бевме 4 год. во врска. Не би требало да биде толку себичен, треба некогаш да те викне со него и да те почасти. Ти секако ќе му се одолжиш на некој начин. јас на мојот бивши му готвев секој ден убави јадања и на него тоа многу му се допаѓање, бидејќи не трошеше пари по ресторан, ја сакаше мојата фамилија бидејќи неговата беше далеку, имаше секогаш некој за разговор итн. Такви некои мали нешта, но сепак битни. не се гледа се низ призма на пари. Ајде ти посакувам се најубаво и не се секирај, ова е толку тривијално. хохо
     
  8. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    823
    Ова кажува дека не си себична и дека навистина сакаш да бидеш со дечкото. Ако не претставува некој проблем за тебе дали кога ќе излезете ќе платиш 100 -200 денари плус за пијачка супер. Ти не му го плаќаш кредитот, понекогаш плаќаш во кафич или кафана, ништо не е тоа, парите се за трошење и заедничко уживање со дечкото што го сакаш, тоа се добро потрошени пари за заедничко задоволство, а и тебе те прави среќна. Само не му се фали со тоа, оди понекогаш во ВЦ и плати ја сама сметката без тој да види. Тој кога ќе биде во можност, сигурно ќе ти се оддолжи. Ќе ти купи нешто или ќе те однесе некаде на вечера. Може ќе фати на спортска, ќе те изненади со некое патување, никогаш не се знае што ве чека во животот, уживајте си во врската и не се замарајте за пари. Се уште не сте маж и жена ;)
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Искрено мислам дека нема причина за загриженост, иако на моменти (ама само на моменти) знае да здоболи кога немаш толку пари како партнерот.
    Ама пари се заработуваат и губат - денес имаш, утре немаш, и обратно, кој гарантира дека ти за некоја година ќе немаш и дупло повеќе од него?

    Што се однесува до облеката, еве ние конкретно купуваме од многу различни продавници... он купува помалку, но поскапо и поквалитетно, а јас (како женско, нели :D ) купувам повеќе, поевтино.
    Мене не ми пречи што он дава огромни суми за патики, за чија цена јас ќе купам 3 пара можеби, негови пари - негов избор, и се додека мене не ми префрла за тоа од каде купувам и зошто купувам поевтино, се` е во ред.

    Сметам дека проблемите настануваат доколку отворено почне да си кажува дека му пречи тоа што - немаш доволно понекогаш, е зошто го купуваш сега ова волку евтино, е зошто вака... тогаш веќе станува полека јасно дека на партнерот му пречи мојата фин.состојба, а мене би ми станало јасно дека ние можеби и покрај се` - не сме еден за друг.
    Не ми треба таков човек.
     
    На eli25 и BellaS им се допаѓа ова.
  10. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Баш ми е мило за трендафилка, нашла човек со кого не само што ја стесниле таа граница, туку и ја избришале... Се надевам дека вечно таков ќе остане и ќе продолжите да имате ваков прекрасен однос.
    Јас лично не верувам во вакви врски. Во право сте, има случаи како на Трендафилка и им честитам на таквите. Но, гледам како многу луѓе околу мене се финансиски искористувани од партнерите, немилосрдно, брутално, без какпка совест, уште и им се лутат ако не им го финансираат секој хир, дури и кога немаат пари, како што спомна некој погоре.
    Има една српска поговорка "свака птица свом јату". Гледам да се држам до сите варијанти на оваа наша ниска-средна класа . Љубовта и онака е прекомплицирана работа, не сакам додатни проблеми, посебно не финансиски.
     
  11. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.795
    Допаѓања:
    4.895
    Пол:
    Женски
    Оф темава. :doh:
    Има прилично длабока разлика во мојата и неговата финансиска ситуација.
    Јас сум студент и дома сме со двете пензии на татко ми и толку.
    Најискрено, не знам што точно работат неговите, ниту тој знае што работат моите. Знам оти сега е сам дома и само за него се гледа, му даваат пари неговите плус и брат му од странство сигурно му дава. Плус, јас сум студент и секое денарче ми е скапоцено. Никогаш и не сум навикната на посебен луксуз некој, а кај него се гледа дека си има повеќе пари, но не е разгален.
    Кога студирав обично тој доаѓаше кај мене со автобус да ме види, јас отидов само неколку пати :emo: и поради ова ми е многу криво :doh: . Знам дека колку и да му даваат и кај нив не растат на дрво. Ми се случило да снемам пари или да кажам дека ако ми пратат пари до крајот на неделата арно, ќе дојдам ама ако не пак тој ќе дојде. :wasntme:
    Кога сакаш да купиш поклон месец однапред собираш пари, се туфкаш, пресметуваш, ама на крај кога ќе го видиш окезено од шестка до шестка се заборава колку ме чинело и дали ќе ми стигнат пари додека моиве да пратат.
    Кога излегувавме на кафе секогаш сме делеле, многу ми е незгодно кога некој ми плаќа. Се случило да чести некој, ама ретко. И да ме чести, секојпат ќе гледам јас да платам наредниот пат. Никогаш ми нема префрлено за пари, и секогаш ми било мило кога ќе ми купи некое чоколатце или сладолед, нешто ситно, кога ќе ме израдува. Никогаш не сум очекувала да ми купува поклони или слично. Од каде доаѓа таму да ме види, плаќа за карта, уште јас да се накурчам фали. :tmi:
    Затоа и кога доаѓаше секојпат чоколади земав од бонската, на секое видување гледав благо да имам со мене. :D
    За празници, за пикници, обично тој ќе купи нешто, јас ќе докупам и слично. Дури ми било мило кога јас можам да купам нешто повеќе од него.
    На почетокот на врската, се запна за едно вино троа поскапо, а јас жими последните пари ги чував, ама ми беше страшно глупаво да дозволам сам да го плати, и ги дадов. :worried:
    Кога доаѓаше во мојот град сега летово, гледав барем едно кафе да го почастам кога веќе не можам повеќе.
    Се гледа разликата и во тоа кога рече дека му требаат нови патики, одма другиот ден му купија и тоа марка, а моиве ги планираат парите со месеци за едни патики, ама тоа е. Сега засега функционираме добро. Мислам дека и тој бил во слична ситуација кога бил студент, кога неговите браќа студирале па знае како е, воопшто не прави притисок.

    Моја асистентка на факултетот имаше посиромашен дечко од неа и раскинаа. Таа може да си дозволи летување до Куба, а тој може некаде блиску или ич не може и раскинаа, сега си фати еден прилично богат.

    Сепак, верувам дека се може да се надмине ако не се ептен некои драстични разлики и ако тој побогатиот е барем малце присебен, да знае, да разбира како е да се нема.
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Па мислам дека тука некаде сме финансиски,можеби моите малку повеќе од неговите :)
    Според мене тоа не претставува никаков проблем,не сум од оние кои прво што прашуваат за дечко е дали е богат или сиромашен.
    Во врската плаќаме и двајцата,некогаш повеќе јас,некогаш тој, иако тој често вели: девојка си ми јас ке ти платам, мене тоа ми е глупаво,не се чувствувам пријатно кога некој ми плаќа. :D
    И сметам дека љубовта е повредна од парите. Џабе ако сум со некој најбогат на свет ако не се сакаме
    Сум имала и побогат дечко,иако не сум го бирала според тоа ама иако беше и љубезен и се,кога не знаеше да ме чува... :D да беше ‘некоја‘ на мое место ке си го задржеше зашто е богат.
    Важно убаво ми е сега.Пари си имам,дечко си имам.друго не ми треба :P :D
     
  13. Alyson

    Alyson Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2014
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    170
    Тука некаде сме. Некогаш моите биле во подобра финансиска ситуација, некогаш неговите. И сето тоа е во ред, во животот парите идат и си одат. Врската никогаш нема да ни зависи од финансиите, колку и да се разликуваат.
    Се додека можеме да си дозволиме да си купиме по еден чоколаден сладолед навечер, јас како и обично да се исшлакам цела со чоколадо, а него да му течат солзи од смеење кога ме гледа таква, се е во ред :lol: Имаш среќа и имаш љубов, кој би помислил на пари во таква ситуација :wasntme: :D
     
  14. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    парите дефинитивно не се мерило за среќа..денес имаш утре не,важна е љубовта.. Нашите родители се во иста финансиска ситуација,нашите татковци се деловни партнери,долгогодишни пријатели,буквално заедно работет и си помогвет.. Е сега,ние двајцата сами си заработвиме,јас кај татко ми он кај татко му и секогаш сме имале пари за по едно кафенце во комбинација со топли гушки и слаки бакнежи
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Play

    Play Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    69
    Како и секоја пречка или проблем кој може да се јави во една врска и да го загрози нејзиното опстојување и среќа, сметам дека се' може да биде решено и да не предизвикува кавги и несогласувања доколку партнерите имаат исто мислење кон проблемот.

    Двајцата без разлика кој е побогат доколку имаат исто гледиште кон парите (колку треба да се штеди, колку треба да се троши, дали и на двајцата не им пречи некогаш наместо во ресторан или во диско да останат дома и да гледаат филм или слушаат музика) тогаш врската може да успее. Бидејќи никогаш не се знае денес можеби јас имам повеќе од него утре можеби тој ќе има десет пати повеќе од мене, но се додека и двајцата имаме исто гледиште кон парите и на двајцата не би ни било проблем да останеме дома или едниот да го части (читај позајми :D ) на другиот кога нема тогаш финансиската ситуација не претставува никаков проблем.
     
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Искрена да бидам никогаш не сум сакала дечко кој е побогат од мене. Не е его во прашање, не е ниту желба за супериорност туку принцип кој сум го зацртала од практични причини.

    За да имаш богат дечко треба или да ги заглавиш твоите со кредити за да ти овозможат одмор, скапа облека, јадења по ресторани итн или да прифатиш да ти плаќа се'. Кај мене не доаѓало во предвид ни првото, а второто уште помалку. И тоа е реалноста. Нема трето.

    Јас секогаш сум била една средина во врска со материјални средства. Сме доаѓале до ситуација кога навистина сме немале, ама најмногу што сме имале била една солидна средина, далеку од многу ама и далеку од премалку. Моите цел живот ме воспитувале да бидам самостојна и да не зависам од никого. Колку имам - толку да трошам и да бидам задоволна со тоа зашто има луѓе кои немаат покрив над глава и не можат основна храна да си купат. И според тоа јас не сум можела да прифатам да имам дечко кој се расфрла со пари, кој оди на одмор во Шпанија, кој троши премногу за гардероба итн. Јас не можам да се носам со него и не можам да си дозволам толку. Он ќе сака да одиме 20 дена во Турција, а јас може ќе не можам ни до Охрид да отидам. А да не зборам за секојдневни работи. Јас можам да си купам една кифла од 30 денари од пекара и најсреќна да бидам и тоа е сосема доволно за мене, а тој пример сака да одиме секој втор ден по елитни ресторани. Не иде. И тоа влијае на врската. Колку и да веруваме во вистинска љубов, џабе е. Еднаш ќе направи компромис, два пати, епа не може цел живот тој да летува во Охрид или на Велешко езеро зашто јас немам пари за повеќе. Или секоја вечер да гледаме филмови дома со домашно направени пуканки, а тој може да си дозволи многу повеќе. Јас немам пари за вино од 100 евра, мене ми е доволно и вино од 200 денари. И тоа има влијание колку и да не сакаме да признаеме. Еден ден ќе пукне работата. Зборам за екстремни разлики, не минимални. И тука не е виновна ни едната ни другата страна. Затоа не сум сакала да се ставам во таква ситуација. А да не зборам па и за разлики од пошироки размери. Не сакам никогаш да се ставам во незгодна ситуација ни јас, нит па моите ако утре некој индиректно им пререче нешто. Колку и да сте сигурни дека нема да има такво нешто, никогаш не можете да бидете 100% сигурни. Сум видела милион такви ситуации. Кога едната страна е поскромна и со помали примања, па другата коментира како не и' купиле ништо на ќерката за свадба и поминале само со една спална (пример). Мизерни работи ама сепак постојат и такви нешта, а јас не сум сакала никогаш да ризикувам да дојде до тоа.

    Ние со дечко ми сме на иста бранова должина. Ама буквално. Неговите и моите имале исти искуства, подеми и падови и многу добро се разбираме и двајцата. Буквално низ истото сме поминале. Според тоа и он е исто воспитан од страна на неговите како јас што сум воспитана од страна на моите. Дури еднаш низ муабет нешто зборевме за приходите дома и според пресметките излезе дека исти приходи имаат нашите. До денар земаат исти плати. Ете до толку сме исти од финансиски аспект. Е сега разликата е тоа што дечко ми плус и си работи. Сега само тој работи, јас не. Порано и двајцата работевме. Тогаш се трошеше колку сакавме. Парите беа наши. Што сакавме купувавме, кај сакавме одевме. Сега кога само тој работи малку стиснавме стоп. Сепак сме ограничени со пари. Јас земам од моите колку можам и си ги пуштам нозете колку што ми е чергата. Не сакам заради тоа што он работи, па сега да користам од него. Доволно е што плаќа некогаш едно кафе. Да се прашува само он, тој со широко срце и мерак би плаќал се', зашто смета дека меѓу нас нема мое или твое, се' е наше. Да, и јас се согласувам со тоа, меѓу нас се' е наше, ама сепак не дозволувам се' да плаќа он. Гледам и јас да платам едно кафе, гориво кога ме враќа дома му давам пари. Порано се лутеше многу ама еден ден седнавме двајцата и направивме еден здрав и јасен муабет. Му објаснив дека јас не можам така, не сум така воспитана и од мене тој филм нема да го гледа, зашто не се чувствувам убаво. Ок, сфати како и секогаш и од тогаш немаме проблем. И така си функционираме. Сега за сега одлично. Неговата плата седнуваме секој месец и заедно ја распределуваме. Што тој месец ни е приоритет. За мене јас лично по своја волја ни денар му немам земено, ми дава за да имам за мене во одредени ситуации, ама јас немам ниту едно денарче потрошено, сите му ги чувам и му ги штедам. И обавезно сум иницијатор за да си купи нешто облека секој месец, зашто ако не го натерам ќе ги потроши парите натака - навака и ништо нема да види од нив. Во 60% од случаевите кај и да одиме, што и да правиме плаќа он, останатите проценти јас. Крај краева тој не работи директор некаде и не зема плата од 1000 евра. Тој да работи секој ден за мене да ми плаќа јадења, гардероба и да ме развозува секој ден како личен шофер, НЕ. Пред се' ми е жал да го користам така, а второ, се работи за воспитување и правило од кое не одстапувам.
     
    На macysh, Feminka192, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. JuliaRoberts

    JuliaRoberts Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2016
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Женски
    Драстични разлики се огромен ако не и нерешлив проблем. Доволно е само што двајцата не можат да си пружат исти работи. Токму затоа додека не застанав на свои нозе, со свои финансии не влегов во никаква врска. Знаев дека со моите 30 денари во средно и 50 на факултет не можам да го преживеам денот, а не пак да влезам во некоја врска. Каква би била таа врска, што би правеле? Едното сценарио е тој да плаќа, а другото е да завршам со некој како мене и да си седиме дома и си гледаме филмови. Реалноста е ужасно сурова.
     
    На Feminka192, elimkd, SuperGirl24 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.853
    Тој зема дупло поголема плата од мене.И мојата и неговата плата одат во исто купче.
    Никогаш до сега не дал никаков знак на супериорност во однос на мене поради тоа.
    Напротив, секогаш моите потреби ги става пред неговите.
     
    На elimkd и crazylady им се допаѓа ова.
  19. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.803
    Допаѓања:
    169.942
    Пол:
    Женски
    Јас сум само во врска, ама нека.
    Јас сум на факултет невработена ама до крајот на годината после стажирањето имам во план да почнам да работам. Тој од друга страна моментално има работа и океј се снаоѓаме. Можиме да одиме и на кафе, тој некогаш знае да си купи блуза, тренерки, да нарача нешто од нет, јас од друга страна ги чувам парите и пред да земат моите плата земам со тоа што ќе ми остани, а често ми останува.
    Кога ми фалат 20-30 ден, секогаш ми додава, а тој сака и поќе, јас неќам.
    Секогаш ми вели дека порано, во средно, не сите имале секогаш пари со другарите и ги мешале заедно и земале за сите да има и дека и сега е така научен, ми вика дека сака да дели со мене и неќи да ми фали за било шо. Само јас не сакам кога често ми плаќа за работите, па затоа и убрзувам работата со мојата пракса, стажирање па после тоа и работа. :P
     
    На WarriorAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  20. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Мојот сопруг заработува 4-5 пати повеќе од мене, и згора на тоа мојот приход не е постојан, неговиот е.
    Инаку фамилиите ни се повеќе или помалку на иста бранова должина.

    Никогаш не претставувале проблем финансиите, јас мојата заштеда од на брод (а не беше мала) ја вложив во куќата (спорна куќа за која спремивме еден тон документи и засега ја оставивме во мирување) и во свадбата (тој не земаше плата 7 месеци заради други причини) па јас покривав секакви трошоци.
    Мал дел ми остана и го вложив во станот што го купивме и толку.

    Се правиме заедно, па и заедно менаџираме со финансиите.
    Моментално сме цврц, тантела, се испотрошивме за станот, не ми стига за едни чевли пролетни да си купам, ама нека, домот е побитен од пар чевли.

    Според мене, ако двајца стапат во брак, тоа треба да го направат свесно и ако има некаква замерка во врска со финансиите, тоа се средува пред, а не потоа напорки да се гледаат сопружниците или да не ги споделуваат парите, па кавги.

    А кога си во врска, е поинаку.
    Во големиот дел од случаите те издржуваат родителите, па не можеш да се расфрлаш со пари, а ако работиш, уште поубаво.
    Можеш повеќе да си дозволиш, па и да ја почастиш девојката/дечкото.
     
    На galapce, joy1, WarriorAngel и 2 други им се допаѓа ова.