За една екстремна разлика, врската би успеала доколку на никој не му е гајле Односно, тој со повеќе да не пререкува, а тој со помалку да не чувстува вина Искрено, психата и карактерот си го прават повеќе, одошто самите финансии. Ако си воспитан скромно и гордо, ќе се чувствуваш фрустрирано и лошо ем некој да ти плаќа, ем тоа што не можеш да си дозволиш. Мислам дека една врска би успеала само ако партнерите се добро познаваат, си знаат зошто си се во врска, ама во една таква ситуација никој не е крив. Ни тој што многу има, ни тој ич што нема. Ама верувам дека штом се во врска, значи се сакаат & that's all that matters. Истовремено, мислам дека појакиот финансиски може да му помогне на послабиот, да го поткрене за некој сон или работа, па да може и послабиот да се искачи на некое ниво
Повеќе фактори се во прашање.Прво зависи од луѓето и пред се од нивното домашно воспитување.Јас конкретно пример на почетокот на врската со девојката која сум веќе 6 години немав кола па функциониравме така се додека не купив.Никогаш не не била проблем.Секогаш ако некој од нас бил во тесно сме си помагале финански. Многу е битно ѓеѓусебното разбирање и пред сецскромноста.Сега фала богу работам,но начинот на дункционирање е ист.
За жал,во денешно време во врските и двата партнера "се бираат" според тоа кој колку има.Неретко,и девојките го бираат партнерот според тоа колку има. Што се однесува до мене воопшто не ми е битна материјалната состојба на дечкото, а верувам дека и на тој дечко не му е битна мојата финансиска состојба, затоа што никогаш не знаете. Некогаш можеш да имаш многу, некогаш можеш да немаш ич/ Доколку има љубов, се друго е небитно Поздрав.
Ние секогаш сметката ја делиме на пола, само што јас имам возачка и возам, а тој нема и тоа ми е малку глупаво...
Само пари во глава се вртат. Љубовта е на последно ниво. Пари се печалат,а и се губат. Тоа да си знајте.
Mila jas dolgo vreme vozev zasto imav vozacka od 18 god. Odkako toj polozi jas veke nekev da vozam pa ke izlezeme zaedno i ke mu ja ostavev kolata za da ne mu ja mislam . Sega samo toj vozi a jas vozam po potreba koga moram. Ne treba da ti e nezgodno.Ke vozi i toj koga ke mu dojde vreme. A za finansii nikogash ne sum gledala.Koga sum imala sme delele na pola a koga sme nemale sme jadele semki na klupa i sme recitirale poezija ili sme si kazuvale vicevi. Tolku e toa nebitno , vazno srceto da si go slusas. Taka i sega vospituvam. Neznam kolku najmilovo me razbira ama jas si kazuvam.
Мене не ми е јасно, тие што си бараат партнер кој е финансиски стабилен, или па ако сте богати и си барате некој на исто ваше рамниште, бидејќи се водите со разум, а не со срце кога станува збор за љубов, што ќе се деси во случај да партнерот на било кој начин ги изгуби своите средства?
На колега на дечко ми не му беше сфатливо тоа дека скоро секогаш (сега дека има др. Работа со поголема плата се "караме" пошо тој сака да плати) ја делиме сметката, каде и да сме. Искрено не ми е згодно тој да плаќа затоа што знам колку тешко ги заработуваше.
Не сме се бирале кој повеќе има финансиски ете тој има повеќе финансии од мене, ама ниту нему ниту пак на мене ми пречи. Не сум заради него со пари, а и не ме е интересирало колку има.
Каде има љубов, разбирање и доверба, разликите помеѓу финансиите на партнерите ќе исчезнат и од мое/твое ќе настане наше. Кога во еден брак почнува да се мери кој колку донел и кој колку имал, дури и на некаков начин се доаѓа до степен да се алудира на финансиската надмоќ на едниот наспроти другиот, па со тоа овој вториот се чуствува непријатно околу истото, тогаш фали нешто многу поважно од парите. Ние почнавме со драстични разлики во однос на финансиската ситуација и после кратко време се избалансира истото.
Mislev na toa dali gledate da bide finansiski stabilen za da bidete so nekoj vo vrska ili brak dali vi e toa bitno mislenja
Искрено не се споредуваат мојата и неговата моментална финансиска ситуација. Кога изглеговме не знаев апсолутно ништо за него. Само знаев дека е центарско дете и дека завршил на приватен факс. Веднаш помислив дека е сноб, но енергијата меѓу нас беше посилна и излеговме. Со тек на време увидов дека сум во грешка за многу работи, на позитивен начин. Да, неретко е сноб, но сам заработува од својата 16-годишна возраст. Тоа вреди повеќе од било која снобост (ако е ова збор?)! Битно е човек, создаден од крв и месо. Работлив, чесен и штедлив. Ме научи и мене да штедам. Никогаш нема да го стигнам, но сум барем 10 пати подобра од кога се запознавме. Трошам рационално. Да барав некој како него, свесно... Мислам дека никогаш немаше ни да го најдам. Не се битни материјалните карактеристики, битен е карактерот. Животот е тркало. Битно е мамино и татино синче и свесна сум дека ако нешто крене по злу, повторно заеднички ќе се издигнеме како што се издигал самиот тој досга.
Што е важна финансиската ситуација ако двајца навистина се сакаат,има случки каде девојката заработува повеќе од момчето па и обратно.Мене ништо од ова не би ми сметало.Само некои нови теми без потреба.
Никогаш не ми била важна. Кога ја запознав јас бев во лоша финансиска ситуација иако имав стабилна работа, таа беше целосно без работа. Никогаш не сум прашала колку има, никогаш не ме интересирало. Моментално сум супер јас, таа уште подобра. Имаше шанса за работа за 3 пати поголема плата од мене, со задоволство ја поддржав. Сега јас имам за поголема, таа ме поддржува безрезервно. Додека ни е убаво, кој колку придонел е најмалиот проблем.
Сум имала дечко многу подобро ситуиран од мене, јас тогаш студирав и дома имавме криза. Тој беше малце постар имаше свој бизнис и многу добро заработуваше. Секој викенд одеше некаде буквлно седи пие кафе ќе му текне ај одиме пример до Солун, не му беше проблем јас често го одбивав бидејќи ми беше непријатно тој се да плаќа. Дури и често го одбивав да одиме некаде бидејќи немав пари тој никогаш не ми дозволил да платам нешто но сепак јас не се чувствував убаво. На крај му раскинав бидејќи не можев да бидам во чекор со него. Ме молеше другарките ми викаа дека сум " глупава" што пропуштам таков дечко бидејќи беше многу фин и се гледаше дека многу му се допаѓам но едноставно јас не се чувствував еднаква иако тој никогаш ништо ми нема кажано или направено за да се почувствувам така. Сега со маж ми сме скоро на исто ниво.
Не можам да кажам за себе дека не сум ситуирана. Фамилијарно сите добро заработуваат, од дома секогаш ми даваат колку ќе побарам, ете моментално и јас работам (тие пари ги чувам за факс ако ме фати криза). Сум имала дечко што е подобро ситуиран од мене но фактот што беше малку скржав не ставаше и двајцата на исто ниво со трошење,па дури можам да кажам дека јас повеќе трошев. Сегашниот дечко е онака нормален и многу подобро ми е со него бидејќи не се занесува, не може да ме понижува на финансиско поле како претходниот кој постојано ми се дереше ако ја треснам вратата на неговите ценети и скапи коли. Сега многу сум по опуштена кога не треба да внимавам како се однесувам бидејќи порано требаше да внимавам на најситните детали бидејќи сум имала елитен дечко и не сум смеела да го посрамотам.
Финансиската ситуација ни е иста. Немаме ни многу ама ни малку, јас би рекла златна средина сепак доволно за нас. Искрено не би сакала да бидам со дечко кој има многу пари, ниту пак со некој кој нема скршен денар. Не би можела да ги следам финансиски ни едниот на другиот. Не сум имала дечко со многу пари ама претпоставувам дека таквиот дечко би се облекувал скапо, би сакал да шета на скапи дестинации, по скапи ресторани зошто повеќето богати што јас ги знам се такви, а јас неможам да си дозволам толку многу. Од друга страна пак имав дечко што не работеше никаде, ниту пак беше заинтересиран да работи било што, цел ден лежеше дупка имаше направено во креветот. Татко му му даваше по 200 денари повремено и тие му биле доволно. А јас тазе вработена нормално сакам да излезам некаде, да прошетам, да седнеме на по едно кафе ако не, тој не сакаше зошто немаше пари и цело време дома. Дури во незгодни ситуации се наоѓавме кога пријатели ќе не поканеа некаде тој цело време во мене гледаше или одговараше да се договорат со мене. Таков не ми треба, раскинавме од други причини. Млада сум и сакам да шетам, да излезам на кафе, вечера, да се подновам нешто, нормално тоа не е секојдневно ама повремено да, ми дозволуваат можностите толку. Секогаш си барав некој спрема мене и го најдов.
Незнам што сум поразлична од другите ама ја секогаш бирам дечковци со пониска плата од мојатаможеби бидејќи несакам некој да се праве нешто повеке и јас од него да зависам. Има многу женски заради парите ама тие ми се некако површни оти трпат и насилство и изневерувања само за скап ручек.
Јас со моето семејство сме во сосема добра финансиска состојба, но дечко ми е уште побогат од мене. Никогаш не сум ценела според пари, сум била и со доста посиромашни од мене.