Поттикната од прашање на една членка, решив да ја отворам оваа тема. Колку ви е важна финансиската состојба на вашиот партнер? Дали е тоа еден од критериумите според кои бирате партнер? Дали би биле со некој кој има многу повеќе или помалку од вас? Дали тоа воопшто ви игра некаква улога? Се надевам дека на темата ќе се развие добра дискусија, а во случај да е дупла, слободно бришете ја. Едит: Сакав да отворам нова тема но мислењето е преместено тука бидејќи тематиката е доста слична па ајде оваа тема да ја активираме повторно.
Јас лично НЕ бирам партнер според неговата финансиска состојба, меѓутоа би лажела кога би рекла дека тоа не ми е воопшто важно. Конкретно сметам дека вредна и амбициозна личност евентуално би постигнала успех на поле кариера, па на тој начин ги поврзувам овие две работи. Би била со некој кој е во лоша финансиска состојба, се доколку истиот се бори и се труди да го промени тоа. Не сум сигурна колку би била во можност да држам чекор со некој кој има многу повеќе од мене. Не сум имала таква искуство, ама мислам дека разликите би биле очигледни, што сепак не значи дека не би успеало. Со партнерот скоро па секогаш низ годините финансиски сме биле на исто ниво.
Не ми е битно воопшто.Ако немаме,ќе заработиме заедно.Уствари и не можам да ги разберам тие што чекаат дечко им/женска им да им плаќа облека,патувања,во ресторани и по кафичи.Мислам во ред е да го почастам јас него или тој мене,ама секогаш сум се нудела да платам и сум плаќала. Не би можела да имам дечко кој на некој начин ,,ќе ме издржува".
Многу побитно од моменталната финансиска состојба кај него, ми е што прави во врска со тоа сам да се издржува. Ако си ситуиран и стоиш финансиски добро но без свој труд, туку ги трошиш парите на мама и тато, не ми е ок. Ако не си во добра финансиска состојба ама не правиш ништо во врска со тоа, чекаш 7мица на лото место да засукаш ракави, исто не ми е ок.
Здраво, ми треба непристрасно и објективно мислење од луѓе кои не не знаат.. Со дечкото имаме проблем околу пари.. Јас имам вујко кој добро стои со пари (во чија фирма раб) и он ме чува (полнолетна сум иам 19 години али сепак). Он е секогаш тука за мене, други немам. Е сеа, вујково ми дава и пари плус од платата онака за уживање.. Ама можда не требаше ова да го кажам на дечко ми. А дечково мој, он работи си има свои пари и плус му праќаат неговите, и тие имаат пари ама вујко ми има многу поише и тука настанува проблемот.. Јас коа ќе ги потрошам моите пари негде недела пред крај на месец јас сум стварно на 0 и тогаш вујко ми не ми дава пошто сака да постигне да ме научи да ми траат парите цел месец и заштеда да правам ама тешко тоа.. Значи јас кога ќе кажам немам значи стварно немам, а дечкото кога ќе каже нема тоа значи има минимум 300-400 евра на страна и не сака да почасти таа недела или и кога части, тоа го прави со многу зборење, да му се одмили на човек.. И цело време збори дека нема пари а тоа не е вистина.. И цело време ми набива на нос дека вујко ми има мн поише пари од нив а јас на него чекам.. Да има ама тоа си се негови пари а он ми вика "вие сте богаташи".. И неговите стално му праќаат пари, и мене вујко ми ми дава и поише него неговите на него али тоа е вујко ми кога ќе одлучи, а неговите му праќаат кога он побара. И поентата е - тлдр; моите пари се потрошени докај 20ти во месецот и после таа недела или 10тина дена зависи он не сака да споделува од неговите пари и лаже дека нема.. А верувајте јас пред вујко ми да ме земе да ме чува многу добро знам како е да немаш пари, значи зборот "немам" се знае што значи, а не "немаш" а имаш 300-400 евра во собата.. Исто така ми збори дека мојата раб била лесна (точно) и вујко ми со леснотија ја направил фирмата (неточно) а он и неговите се мачеле за парите.. Кој е во право во ситуацијава?
Дрн-дрн јариња. По колку години имате? Многу искрено ми делуваш, затоа овој те искористува. Сум била во твоја ситуација многу одамна, бивш зимаше 12.000 плата од кои 8.000 оставаше дома кај мајка му (демек куќа градела, п.с им ја удри клоцата на сите откако се оженија, ништо не се виде од парите што им ги земаше секој месец), а со 4.000 си излегуваше на кафе и ставаше гориво. Живееше кај мене, на мој трошок, јас сѐ купував, јас сметки плаќав, јас го частев гардероба, јас плаќав излегувања (пошто каде со 4.000 ќе излегуваш секој викенд во друг град, ќе се пијанчиш виски цела вечер). Уште крива бев, не смеев шминка да си купам, трошаџика сум била, во излог ако погледнев караници невидени стануваа, итн. Коса ми се крева што сум трпела, али млада и наивна. Наравоучение: колку и да си заљубен ако не гледате исто на парите, џабе е сѐ. Во моментов, пошо не е за жалење, јас би го излажала дека ми ја смалиле платата и дека нема бонус. Одглуми тажна и изнервирана, дека вујко ти ти рекол доста ти се тие пари, да се научиш на ред и ќе му го видиш правото лице.
Премлади сте, и уште не сте виделе што значи реално "заработување" пари. Дека треба подобро да управуваш со пари, треба. Може и доживотно вујкото да те издржува, може да испадне во одреден момент да мораш сама да се грижиш и за сметки, кирија/кредит, храна и се останато. Убаво што вујкото сака да ти направи добри навики и со управување со пари и со штедење. За дечкото, не е должен да ти плаќа освен ако веќе сам не изрази желба да те почести нешто. Не знам за какви суми се работи, може и тој сака да има некаква сигурност, па си остава пари настрана. Преговарање ти имаш повеќе, јас имам помалку исто не е добро. Кога веќе имате отворен однос и си знаете и плати и се, најдобро поставете си месечен лимит на трошоци за излегување и двајцата и држете се до него.
Секој својот дел ќе си го плаќа,така.Ќе му речеш демек и тебе вујко ти намалил плата и не му кажувај колку ти дава вујко ти плата точно,ако ги трошиш парите сите за вас двајца и снемуваш тогаш тој намерно ти прави така за да му бараш пари на вујко ти а тој да си штеди.Почни да ги менаџираш убаво парите и секој својот дел да си го плаќа.Ако заштедиш пари не му кажувај.
Следен пат секој своето да си го плати. Ако ти искоментира нешто, ќе му кажеш дека немаш многу пари во тебе. Најдобро е да си собираш пари за црни денови.
Велиш дека знаеш како е да немаш пари, тогаш ќе направиш и овие што ги имаш да ти стигаат. Вујко ти сака да направи човек од тебе, затоа ќе си ги испружиш нозете колку што ти е долга чергата и ќе намалиш воопшто на некои (непотребни) трошења. Велам непотребни, зашто има такви. Ти не си должна да делиш информации повеќе од што треба пред да процениш и да си сигурна дека карактерно си одговарате. Не е за тебе.
Нов дечко. Не разбирам луѓе што кога одлучиле да потрошат во случајов дечко ти, да ти го става на нос. Мене тоа ми е да ти се приповрати. Јас за луѓето кои ги сакам сум трошел и малку и многу и никогаш не ми текнало да седнам и да им кажам абе знаеш бла бла, јас волку потрошив. Пошто ако имам, ич не ми е гајле дали ги трошам, ако немам, немам...упс недомаќински. Другите аспекти на врскава ви се ew, ти објаснува како вие сте биле со пиле млеко, а они рмбале. Такви дискусии ми се дегутантни особено кога паѓаат на ниво на кој му е потешко. Јас сум среќен ако сите живеат на тацна и со пиле млеко.
Капа доле за дечкоти. Не е малоумен да се остаи без пари. Да те части тебе бидејќи не знаеш да раководиш со пари па после да чука глава. 21 век се дешава се и сешто, недај боже проблем некој. Со што ќе плати? Биди среќна што е свесен дека во секој момент треба да има во себе 300 евра. А тебе ти препорачувам да седнеш и да размислиш што правиш. Да заработиш свои па пиши овде дали ќе ги трошиш исто како и до сега.
Ако типот намерно си штеди зошто таков му е карактерот, смета дека треба да има пари кои ќе ги искористи во "црни денови" што се вели, тогаш почитувај го тоа и не го терај заштедата да ја троши на частенки. Можеш да издржиш една недела без искачање. И за понатаму, научи подобро да раководиш со парите, бидејќи од твојот опис, не е дека немаш, туку ги трошиш без гајле зошто знаеш дека вака или така, нема да останеш на улица без јадење. Ако си привилегирана, не значи дека и другите треба да се однесуваат како тебе.
Чекај куре, ќе ти заплаче дома, ќе дојде време твоите како и моите ќе отидат на оној свет ќе останеш сам на себе па ќе те видам дали ќе нема да ти е битно колку трошиш. Мислам ако си илон маск муабетов не пие вода ама ако си просечен балканец само на тастатура лупаш глупости тогаш врска немам како ќе излезеш на крај...
Ти веројатно си вљубена многу па не гледаш реално, туку со розови наочари. Многу е грдо да некој со кој планираш иднина, веројатно е така штом си со него, да сака да искористи се што имаш а своето да си го штеди.... Девојче, веројатно сум многу повозрасна од тебе, мисли малку повеќе на себе, биди посебична... Кажи му дека вујко ти не ти дава веќе пари и види му ја реакцијата. Тој сака да раководи со твоите финансии а неговите се проблем....
Аха, значи нејзините пари треба да бидат нејзини а неговите заеднички така? Ајде живи и здрави да сте само..