А како извлече таков заклучок ? Поентата е дека ако веќе излегуваат и она троши повеќе, кога ќе снема не треба да е проблем он да покрие од негови пари
Девојката не вели дека тој раководи со нејзините пари или дека ја тера сите пари да ги потроши. Фактички, она се лути зошто он заштедата не сака да ја пипа. И тоа за шо, за частенки. Недела дена пред плата. Бухууу.
Значи, и двајцата имаат плата + им даваат од дома. Она троши, он штеди. Она на 20-ти е банкрот, бара од него. Нека повели членката да каже на што ги троши своите пари.
И самата кажа дека има повеќе пари од него и на пола месец троши се. Па и ја да сум со таква некоја ќе има еден сериозен муабет и ако не се среди ништо ќе ја откачам. Знам пошто и јас сум таков, некад сум немал денарче, за леб се броело до последно, и сега фала му на Бога имам пари кои не ги чепкам, едноставно тие се за црни денови, се случува се и сешто во такво време живееме едноставно. Неможе тие пари он да ги троши бидејќи она врска нема како да раководи со пари и неможе да се стисне уште 10 дена додека не добие пари. Или циганската ајде ако има денес удри додека има а утре за утре ќе мислиме. Тврда му душа, само тоа ќе кажам. На што може да ги троши, си имал девојче веројатно. На глупости. Ете гледаш ќе те види Бог има и работа и од дома плус му праќаат сака да заштеди нешто, гарант нешто намислил ама ѓаволот чепка од друга страна..
Не знам како да ви одговорам поединечно па ќе пишам заедно.. Пред се фала за советите 1. Некој праша колку години имаме - јас 19 он 20 2. Прво трошиме измешано од моите и неговите пари потоа само од моите и лохс пошто он све као нема ја иам поише така збори и потоа кога доаѓа ред да трошиме само од неговите он нејќе
Сестро златна. Он тие пари не ги чува пошто те мрзи. Биди среќна што си налетала на таков. Мала си уште, не ги цениш парите воопшто. Ќе почнеш да заработуваш, ќе се одвоиш од твоите ќе останеш сама на себе па ќе те видам тогаш дали ќе трошош се. Тогаш ќе ти стане јасно зошто има заштеда што не ја чепка.
Девојче, ќе си научиш како да менаџираш пари. Никој не е должен тебе нешто да ти плаќа, ниту ти нему. Ако не знаете да се договорите како возрасни луѓе, секој својот трошок нека си го плаќа. Јас кога бев студентка живеев сама, ми даваа пари колку да се рече, дали 4000 ден месечно беа не се сеќавам но секојпат ми стигале сум си правела неделни листи што и колку ми треба. Не пазарев во Рамстор туку стокомак. Така се учи човек!
Сакаш да кажеш, во одреден момент во месецот, он престанува да троши свои пари, искачате и исклучиво ти плаќаш, ги трошиш сите твои и после не сака он да троши од своите? П.С. ова "лохс" е некаква кратенка или печатна грешка?
Тоа сака да каже ама мене ми е сумњиво малку... Истава тема инаку е отворена на Кајгана и искрено таму коментарите се хит
Ти немаш проблем со дечко ти. Имаш проблем со себе и менаџирањето на твоите пари. Седни и реши си го проблемот да ти траат парите цел месец, или барај друга работа каде што ќе заработуваш повеќе, чим сега трошоците ти се поголеми од приходите.
Не работи, што да бара друга работа. Сите знаеме туѓи пари како се трошат. Добро е и до 20ти што издржува. Имав познаник цела стипендија од 600 евра за 3 дена брада, ништо немаше.
На пример - треба да се отиде во ресторан он нејќе и за да идеме морам јас да платам и така јас повеќе трошам а он ќе плати сок.. И така испаѓа повеќето од трошоците на мене и јас немам до 20ти или 25ти а он нејќе да споделува после.. И све збори "па на мене ли чекаш, вие имате поише, јас и моите сме се мачеле за овие пари" бла бла.. А он помалце денови части и после помалце денови треба да покрие и нејќе, демек нема а има, го знам тоа Иначе работам во фирмата на вујко ми пишав во првиот статус
Ќе му кажеш на вујко ти помалце да ти пушта пари.(се зезам) А овој да не аздисува, ќе си го затвориш кесето како што велат старите.
Имате различни замисли на што треба да се трошат пари. Најди некој со кој ќе сте усогласени во животниот стил и желбите, некој едноставно не сака да троши по ресторани, и тоа е океј.
@50ccm2 Треба да стекнеш навика за менаџирање со парите и така повеќе да ја цениш добрината на твојот вујко Што се однесува до дечкото, не ти треба таков во животот што ќе ти завидува и низ нос ќе ти провлекува работи кои првенствено не се негова работа, како што е богатството на твојот вујко
Што толку па по ресторани јас не знам? Младите повеќе се грижат за опстанокот на угостителските објекти отколку за себе. Сите ли пари за ресторани треба да се трошат? Не дека не сум одела и не одам, ама скромно, се знае колку се троши и колку често се излегува. А лице кое зависи од друг, добро е што воопшто може да си дозволи да излегува по ресторани, кафичи, не се сите толку дарежливи како вујкото на девојката. А дечкото префрлал. Нема што да префрла, ако не може да троши со тоа темпо, не мора да биде со девојката, не мора да јаде, пие, таа да му плаќа, а вака тој ем си користи, таа да чести, ем па префрла. Бреејј. @Algorithm и ти си во право. Не е ок и машко ако се дозволи да биде финансиски молзен. Треба да се мисли како ќе се живее после неколку години, куќа, кров над глава е побитен од секој втор ден да се дреме во ресторан. Мене не ме импресионирале луѓе со муабети дека дневно пијат две - три кафиња по кафулиња, а дома не реновирале, не средиле. Имам бивши, дознав отпосле дека една бивша со години ја финансирал, купувал облека, давал жепарлак, ја развезувал, се испотрошил, таа го шутна после, си најде други овци за стрижење, а во меѓувреме тој заостана финансиски во однос на други.