Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашата VS Неговата финансиска ситуација

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 27 октомври 2010.

  1. EmporioIvankov

    EmporioIvankov Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    1.183
    Како беше онаа еднаш се живее хехе. Дури и со моите пари, ич не ми е гајле ги трошам ко да се на комшијата, пари ко пари, како дошле така пошле, ќе се вратат пак. Не гледам во ситуацијава како 10 дена или у просек 4-5 кафиња еве да речеме се гледаат на пауза или шо и да знам му менуваат нешто на дечково, тоа сума сумарум се колку? 2000-2500? 3000 денари нема ништо битно да ти сменат ако ги имаш (а по муабетов ги има.

    А второ, еве и да ги нема, може тоа да го искомуницира на некој попристоен и понормален начин, а не земи од чичко ти.
     
    На christinnn, Angie1432, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Algorithm

    Algorithm Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2017
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    Ехеее на висока нога бате. Чекај ти реков ќе останеш сам. Нашите еден ден ќе ги нема дома. Ќе треба некој и сметки да плати и кола да регистрира и фрижидерот да го наполни. Чекај полека, сеа терај циганската додека можеш. троши како да се на комшијата.
     
    На Tanjamm, Billy Idol, Ravenn и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ravenn

    Ravenn Активен член

    Се зачлени на:
    21 март 2024
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Општо зборувам, интересни ми се машки што ќе речат: ама па маж треба да плати на женската, он да плаќа сметки, да мисли за иднината, да вози јака кола, да штеди за заеднички дом... Се со цел да добијат поени кај женски што се палат на тоа. :D:D:D
     
    На Selena01 и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. Algorithm

    Algorithm Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2017
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    198
    Пол:
    Машки
    А замисли да речеш дека сакаш ручек од неа кога ќе дојдеш дома од работа очи ќе ти извадат. Ти треба да ја сакаш неа само затоа што постои она нели, ама ти пошто си машко треба да и обезбедиш се да и купуваш се одмори ова она.
     
    На 2cents, Amore123 и Космонаут им се допаѓа ова.
  5. Stefan18

    Stefan18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2024
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    263
    Пол:
    Машки
    Итри како Итар Пејо...
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.123
    Допаѓања:
    12.863
    Спорно е што дечкото индиректно ја наговара девојката да трошат од другите пари, тие што вујкото ги дава. И што ако утре вујкото го снема да речеме? Дечкото ќе раскине со девојката, ќе ја понижува уште повеќе?

    Јас сум против кога мажот се скржави за едно кафе, ама и сум против тоа некој постојано да се шлепа на туѓ грб. Баланс. Колку ти е чергата, толку пушти ги нозете.
     
    На Трагедијаупмм, senza.parole и eliesaab им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.107
    Допаѓања:
    135.290
    Две плати имате и плус кеш од роднини, и ти си на 0 а он само со 300 ЕУ?!?!

    Кирија, сметки, пелени, бензин колку трошите?

    Или ви даваат минималец, 20 000 по два плус по 10 000 од роднини по два, значи 60 000 ви се малку за еден месец за двајца?

    Вујко ти да те научи поинаку да штедиш, не да бараш од други.
     
    На christinnn, Dust, Wojak и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Чанта

    Чанта Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2023
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    587
    Пол:
    Женски
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.580
    Допаѓања:
    23.218
    Пол:
    Женски
    Вујкото многу дарежлив :$
     
    На ♡ Cinderella ♡ и Anneliese им се допаѓа ова.
  10. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    13.177
    Пол:
    Женски
    Групно нѐ истрола девојчето, дојде да се прошета.
     
    На Feminka22, EmporioIvankov и FreeToGo им се допаѓа ова.
  11. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.626
    Да, баш девојче ќе става ник @50ccm2, па и сеа коа гори темана за кафе плаќање, па и на Кајгана ќе трола уше...

    Барем да бил толку интелигентен тролов па барем некој асален проблем да пишал...

    Да се испозаколевме на темава., ко шо е редот. :D
     
    На Antebellum и Cindy.A99 им се допаѓа ова.
  12. iskeshiran

    iskeshiran Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2018
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Машки
    Не сте компатибилни. Треба да раскинете.
     
    На MladiotPropast му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Camille84

    Camille84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2020
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    832
    Пол:
    Женски
    Одам одма таму, ова е јако тролање.....не ми дава да трошам од негови пари, откако ќе ги спискам сите мои :D:D:D.
     
  14. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    689
    Пол:
    Машки
    Штом нешто е поврзано со пари, тури му вода...
     
    На ♡ Cinderella ♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Alm.

    Alm. Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2022
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    2.121
    Ако знаеш како е да немаш пари, зошто од многуте пари што ти ги дава вујко ти, како што кажа, не тргаш дел на страна, наместо да ги трошиш сите и до 20 ти во месецот да бидеш на нула?

    Треба да учиш од дечко ти.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Anneliese

    Anneliese Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2024
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Секој своето ќе си го плаќате,чиста сметка долга љубов.Ќе седнеш да разговараш, ќе му речеш ми ја намалија платата повеќе нема плус пари од вујко затоа од Август секој своето ќе си го плаќаме ,ако живеете заедно трошоците по пола ќе ги делите,сметките и за дома што пазарувате.
     
    На NPN, ♡ Cinderella ♡ и Трагедијаупмм им се допаѓа ова.
  17. Трагедијаупмм

    Трагедијаупмм Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2023
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    1.174
    Пол:
    Женски
    Ако во врска имате проблеми за/со :
    - удирање (тепање )
    - пари ,
    - љубомора,
    - префрлања моите ова ,твоите она,
    - јас ова ти она.
    Во брак тие проблеми ќе бидат х2
    Шо значи ,секој свој пат.
     
    На ♡ Cinderella ♡ и Lisandra им се допаѓа ова.
  18. Wojak

    Wojak Активен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2024
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Машки
    @50ccm2
    Прво, браво што работите двајцата на тие години, ретко го гледам тоа околу мене. Второ очигледно двајцата имате проблем со прилагодување на заработката и трошењето, така да имате две опции, или да заработувате повеќе или да си намалите на трошоците, иако не верувам дека ќе ви биде лесно во првата опција за млади со малку искуство, можеби дополнителна работа.
    Апсолутно нема потреба да си ги спојувате финансиите така млади, секој нека си одговара за своите и ако немате голема разлика во заработката секој нека си го покрие својот дел. Во однос на пари на страна, апсолутно и ти треба да си направиш некоја заштеда која би ти покрила некој непланирани трошоци, неможеш секогаш кога ќе снемаш пари да бараш по фамилија и пријатели, ствараш лоша слика како возрасна жена. Како и да е, се ова се решава полесно, чим работиш и заработуваш на прав пат си.
     
  19. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Во секоја врска, отворениот муабет е на прво место.

    Ти сакаш да јадеш по ресторани, он не? Супер, ти плати си го твојот ручек, он неговиот сок.
    Ама кога на крај на месец ќе останеш без пари, не барај од него да ти плаќа ако он не сака да го тера истото темпо како и ти.

    За штедењето, апсолутно се сложувам со сите погоре. Секој треба да има заштеда и да знае како да си буџетира со парите
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.