Многу често со другарките разговараме за денот кога се официјализирала врската. Некои сакаат да го означат тој ден со подарок, вечера , некои не. Повеќето се лутат ако дечкото заборавил дека им е месечнина, да не зборувам за годишнина. Според нив тоа е многу важен ден и мора да се означи со нешто посебно. Колку за вас тоа е важно, како го означувате, дали се лутите ако вашиот партнер заборави, дали си подарувате нешто? Дали означувате само годишнина или и месечнини? Мене тие дати не ми се многу важни, за среќа и на дечко ми. Порано кога не беше во Ск и се гледавме ретко поради одалеченоста некако се поклопуваше да дојде на ете нашиот ден, па другаркиве паѓаа во несвест колку внимателен бил, заради тоа доаѓал. Понекогаш по неколку дена ќе ни текне еј уште еден месец помина. Но никогаш не си подаруваме нешто со таа цел. Ниту ми се лути , ниту му се лутам, не ни е важно. Секој ден ни е посебен, па нема потреба само еден ден да означуваме како наш.
Јас и дечко ми не одбележуваме посебно, никогаш не сме одбележувале. Посебно не неделнини, месечнини и такви јубилеи. На годишнината ќе се потсетиме што се случи на денот пред толку и толку години и готово. Можеби сме малку чудни, но ете, не ни значи тоа броење. Секако дека се сеќавам на датумот, ама не се сеќавам ни која година беше кога почна нашата врска, па за да знам треба да бројам на прсти . Искрено, секој ден со него ми е посебен и повеќе сакам да поминеме романтична вечер без никаков повод. Времето што сме го поминале заедно не го сметам за некое неверојатно постигнување. Едноставно биднало да се сакаме долго, и сакам со него да поминам уште многу време, па затоа не го бројам она што поминало. Едит, се сетив на нешто. Имав еден другар во средно кој знаеше кога се "фативме" со дечко ми и тој ми броеше и ми честиташе на секој поминат месец . Многу ме нервираше. За да не бројам на прсти, ако ми текне ќе го прашам која година беше
Прославуваме годишнини, такви сме и двајцата, ни значат датите. Романтични души Ја одбележуваме со романтична вечера, црвено вино, некој десерт (да ни биде блага љубовта ) и по некое поклонче. Се потсетуваме еден со друг и кога доаѓа датата (месечинки, што би рекле), по некое пораче убаво (ако не сме во моментот заедно) ...и така
недели и месеци искрено не обележуваме, но затоа годишнини да и тоа во знакот на романтиката. секогаш елитен и убав ресторан ние дотерани пицнати. на маса паѓаат слатки зборови, некој деликатес и винце сакаме да си го обележиме тој ден за нас магичен да се потсетиме на првиот бакнеж а мислам и од следното лето ќе се потсетиме и на денот на оној топол летен ден кога ме побара за жена и реков да
За месечнини може само ако ни текне да си споменеме, а за годишнини си излегуваме на вечера во некое ресторанче и на тој начин ја одбележуваме годишнината. А и по некое поклонче може да прелета , сепак кај нас постојано има поколони и без причина . Па искрено мислам дека е убаво да си ја одбележиш годишнината на некој начин, иако романтични вечери и поклони може да има и без причина
Ние одбележавме една година, со скромна вечера кај него дома и бело вино. После тоа падна една партија секс Се надевам од другата година дека ќе почнеме да прославуваме поубаво и малку по луксузно од оваа година, но толку ни се можностите, барем колку да се одбележи
Месечнини не прославуваме, онака само ако ни текне зашто интерсен датум имаме! Ама затоа годишнини и тоа како....со романтична вечера,вино, поклонче, секс и утринско будење! 6та година по ред ни е и ни е ритуал ( има љутење ако се заборави ) И ние сме си романтични души ( поише ја, него он ) ама сака и он, му годи...секоја година обавезно си се потсеќаме како што ни било
месечнини неделнини не , изгледа престари сме за тоа , а годишнини кога како кога, баш и не сме такви типови на луѓе не броиме воопшто. памтам дека пред две години ја погоди датата ама го утна месецот али добро слатко беше. оваа година јас скрос заборавив па така милиот мој ме зема во прегратка и ме потсети дека ни е годишнина ах пуста работа ми го зема умот а сакав нешто убаво да спремам и да ви кажам не ми се веруваше дека заборавив, ми се плачеше од мака пуста да останам шо дочекав он да ме потсетува за годишнина . накратко не сме мн романтични за датите не купуваме поклони не правиме ништо посебно, ама па затоа секој ден си имаме романтични вечери исполнети со секс бакнувања и све остало
15.08.2008 Тогаш нашите усни се допреа за прв пат Првата година отидовме на вечера во ресторан. А втората се погоди да бидеме на одмор, на Крф, така што јас однапред малку се подготвив. Купив едни интересни свекички, прво вечеравме во апартманот, а ноќта заврши со прошетка на плажа
Не одбележуваме месечнини, а за годишнината - го гледавме истиот филм дома, како и пред 365 дена. И добив букет од 12 лижавчиња, зашто многу ги сакам. Мене ми беше и повеќе од доволно, не сакам многу помпезности и церемонии, просто ме нервираат.
Не им придаваме некое посебно значение на датите во нашата врска! Месечнини, неделнини, јубиљеи И нема лутење дека заборавил, дека не сме си купиле подароци,дека не сме излегле! Подароци си купуваме само за роденден,а за годишнини воопшто не ни текнува дека треба да се изненадиме со некој букет или сл. Годишините ги одбележуваме со вечера и винце, во некое ресторанче... Ама искрено не сум нешто посебно возбудена дека ете годишнина имаме! Па веќе 6 годишнини поминаа... уште неколку месеци и седмата ќе ни дојде и не верувам дека на различен начин ќе ја прославиме!
Многу често знае да ми се јави и да ме каже, денес е наш ден! Кога ќе го прашам зошто денес, он ми вика па зар треба да постои причина? На таквите денови сме максимално посветени еден на друг, од сабајле идеме во парк или зоолошка, идеме во ресторан на ручек, па во Апче на десерт и лимонада и вечерта ја поминуваме кај него. Обавезно знае да ме изненади со некоја ситница, поклонче или киндер јајце пошо знае дека ги обожавам и на крај изморени си се опуштаме кај него во соба. Вакви наши денови сме поминале многу, а годишнини, месечнини баш и не ни значат многу...
Бидејќи годишнината ни е на денот на љубовта и виното - Св. Валентајн и Св. Трифун, си купуваме по некое поклонче за да го одбележиме денот. Лани му купив чоколатца во кутија во форма на срце (по повод Валентајн), црвено вино кое многу го сака (по повод Св. Трифун) и часовник (по повод годишнината). Не сум некоја ептен роматична душа, а богами ни дечко ми, па се случува и без повод да отидеме на некоја убава вечера. Месечнините веќе одамна не ги бројам, а да бидам искрена дури и ги заборавам
Не сме некој тешки романтичари, ама нашиот ден си е наш ден и тоа мора да се прослави. Ако сме и двајцата во можност обавезно го поминуваме заедно, ако не цел ден сме на телефон и разговараме што би правеле доколку би биле заедно. До година обавезно и поклончиња си купувавме секој месец. Чудно за едно машко ама до сега никогаш нема заборавено ни една месечнина . За годишнините да не правам муабет тоа е настан што го спремам најмалку 1 месец. Е тогаш мора се да е совршено, од поклон и вечера до долна облека
Па не сме до толку за да прославуваме и месечнини.. Ако славевме и тоа и си подарувавме секој месец по нешто, ехеее до сеа ќе немав место се да приберам по дома Така да, си славиме само годишнина, обавезно со поклончиња и романтики, црвено вино, вечери и слично, а на крај се знае со што се завршува
Ние немаме дата. Прво се мувавме, па се фативме, па раскинавме, па пак се мувавме, па пак се фативме... И поради тоа што изгубивме поим за датите се договоривме само кога ќе правиме свадба таа дата ќе ја одбележуваме. Не сме романтичари и двајцата, мене ме нервираат некако овие работи, а и да имавме дата чисто сумњам дека би ја памтела.
Мммм баш сега оваа сабота ни беше годишнинааа... Многу убаво си поминав... На вечера во кафана за мала пажња по едно поклонче.... Ммм ептен убаво ми беше со него .....
па наш ден кај нас нема потреба од такви работи иако ние си одбележуваме си купуваме по некој поклон одиме на вечера ама тоа се случува почесто и без некоја причина знам понекогаш да му купам нешто ако ми се допадне исто така и тој така да не мораме да чекаме да се случува нешто да си размениме поклони и да седнеме некаде да се почестиме.
Богами, двајцата сме големи романтичари, нашиот ден нема шанси да се заборави Си ги одбележуваме месечнините, знае да ме изненади со по некој поклон, знае што сакам морам да го пофалам, а најчесто целиот ден го поминуваме заедно во прошетки низ град или неретко јадеме нештичко. Па сега дај боже да стигнеме до годишнината, нема уште многу