Незнам но некако се случи уште од почетокот да си купуваме подарочиња секој месец за тој ден. И тоа уште трае. А не сум нешто голем романтичар. Знаеме да си купиме и онака нешто - јас скоро секогаш кога се гледаме му носам крембананчиња, а тој ми купува чипс (мала шала)! Е сеа он дека работи ми купува нешто повеќе работи и мене некогаш ми е толку непријатно да ги примам. Имам чувство дека после мојот поклон некако е многу мал.
Па на нашиот ден гледаме секогаш заедно да си го поминеме,било каде и било тоа да е со друштво или само ние двајца.За поклони сметаме дека немора да е баш тој ден за да има причина да ми подари нешто или јас нему.До сега сме си купиле поклони за 3,6 месеци и 1 година и нашите родендени,но многу повеќе поклони биле подарени на некој обичен ден,на пример некоја ситница (чоколадо,плишано срценце,киндер јајце.. ) или ако некој од нас отиде во странство па да му купи на другиот нешто од таму.
Заедно сме 8 месеци. Утре девет И да мене ми е многу битен тој датум, а и на него. Не се случило да заборавиме, барем до сега. И секој месец точно во 12 часот треба двајцата да си пратиме романтична порака. И си даваме поклони. Така правиме, нешто како ритуал. Смешното е што веќе немам идеи што да му земам.. На крај краева нема голем избор за поклони за машки.
Ние ја прославуваме годишнината од бракот, денот од свадбата а не од почетокот на врската.Одиме на вечера во некој ресторан (да не рекламирам), а за да ни биде поубаво ја земаме и ќеркичката.За нас двајцата битно е и таа да биде со нас затоа без неа не сме комплетни, сепак ние сме едно мало семејсво.А десертот јас го серв ирам веднаш по успивањето на детето.
И ние не го славиме посебно тој ден.26.11.2010.Не сме си купувале многу поклони,тоа што си го имаме подарено ни е најмило и други не ни се битни. Само за тој ден ни е битно да се видиме и да не се караме,да си го поминеме заедно тој ден,со гушкање.
Не ми е важно дали ќе ми купи или не...ама се разбира дека несакам да заборај дека на тој ден се фативме тоа не ми е убаво..а иначе со ништо специјално не го обележуваме тој ден...ама сакам утрото на тој ден да ме разбуди со реченица памтиш шо се случи пред толку време..не сакам да заборави таков ден..па за среќа досега нема забораено
Ништо не правиме посебно, паѓа по некој поклон за годишнина, ама за броење месеци, њет. Фала Богу... Кај ми е сметката да мора секој месец да му купувам работи?
На почеток славевме недели, месеци, тромесечија, квартали... Оваа година ни се случи и двајцата да заборавиме на годишнината, и кога ни стигна порака Среќна Годишнина од една блиска особа, останавме вакви
Првите 12 месеци нон-стоп си подарувавме нешто, пота веќе не беше интересно па само за годишнини. Но според мене тој ден е убаво да си заедно да прошеташ,еден мал знак на внимание. А за подарок не треба точно определена дата, за да го изненадиш саканиот.
Првин ги одбележувавме и месечнините, ама како што поминуваше времето, се почесто ги заборававме Сега ги одбележуваме само годишнините. Секогаш си даваме подарок, и вообичаено одиме на вечера или на кафе. На тој ден одбиваме да излегуваме со друштво, каде и да одиме, одиме сами.
еее рачунај пример мојов случај 6 години * 12 месеци = 72 подарока аааа с'к су скупе паре с'к је оскудација, доста е роденден,нова година,годишнина, и 1-2-3 така без причина
Уште немаме славено годишнина но со нетрпение чекам.Ми значи тој ден.11.05.2011г.Иначе многу го сакам 11 ден од месецот,и секако не го заборавам И тој не го заборава тоа.Сеа за годишнина ќе му купам некое поклонче се разбира но знаете шо?Мене повеќе ми значи денот кога го запознав 1.05 ’11г
Нашиот ден е на мојот роденден зборувам за брак а од официјален ден откако сме во врска не одбележуваме. Секогаш ни текне не да не, и бидејќи е на сред лето 31.07 секогаш се честиме со сладолед Одбележуваме онака скромно и обично нешто ме изненадува. Оваа год. правиме 5 год брак Ама брзо лета времетооооо
И ние така. Како одминува времето се помалку си купуваме. За родендени, годишнини - да обавезно а за останатите веќе почнавме да не си купуваме. Па луѓе економска криза е какво купување
Секоја годишнина си купуваме подароци и одиме на вечера надвор од градот, секоја годишнина ја прославуваме како да е прва тоа е многу значаен дена за нас двајцата.
Првата година и денови дури се бореа хахаха.. но како што поминува времето така и броењето по малку се губи. Иначе за годишнина така како традиција ние да одиме на местото каде што се фативме, и секогаш ми вика нека те донесат другарките како тогаш кога се фативме