Јас не би рекла дека ми е опсесија. Со дечко ми се гледам секој ден, но никогаш не го контролирам. Сакам јас во врската да имам слобода, му го кажав тоа уште на почетокот. Ништо не му е забрането од моја страна, како што јас не сакам ништо да ми е забрането од негова. Знам многу девојки така што ги контролираат, и потоа кога ќе му раскинат, ред солзи, ред мрсоли.
Мислам дека треба да се има доверба, опсесивната врска не е добра и за двајцата. Потребно да двајцата да си имаме посебен живот, а да функционираме и заедно...Ако му верувам, и тој мене, немам потреба да знам што прави цело време, зошто така побрзо ќе почнам да се гушам и врската ќе заврши. Тоа создрава непотребни проблеми во врската. Ако не си веруваме доволно, тогаш прашање е дали вреди да бидеме заедно Over-thinking creates a problem that didn't eve exist before.
многу го сакам дечко ми и стварно опсесија ми стана. цело време мислам каде е,што прави,што-како.. и слично. сваќам дека со таков напор ако го напињам многу можам само да го изгубам.. сега овој период неговите не се дома и дечко ми си праи журкички по дома и си вика другари и пијат.. ме вика и мене и јас седев со нив, се зезавме, се шалевме.. и еве вечерва исто пак викнал другари се собрале многу сакав да отидам али морав да стопирам! што ли би си помислиле другарите ако ме гледаат кај него цело време додека се они таму? -дека јас цело време го контролирам,дека несакам сам да е,дека сум опседната,дека несмеам сам да дозволам да е.. епа си го размислив ова во себе и решив да не отидам да го оставам дечко ми сам да си се опушти без мене хехехе.. но сега чуствувам ужасна болка,љубомора,главата ќе ми прсне!! незнам како да престане оваа љубомора спрема тоа што он е со НИВ сеа а не со МЕНЕ! ..
Ако си му девојка, имаш право да бараш да бидеш со него секогаш и во секое време, особено ако е забава во прашање. Гајле ти е што ќе помисалт другарите негови. Ако сте во врска, тогаш приоритет е партнерот а не другарите. А од друга страна и тие треба да знаат дека типов има девојка, дека се пар, одат во пакет. Нема причина да се плашиш дека ќе му ја расипеш забавата.. Човече, ти си му девојка, ти си му забавата, нели е така??? Секој човек си има свои барања, свои критериуми и по нив си одбира партнер. Ако ти сакаш да бидеш со него 24/7, нема проблем! Ти треба само таков тип... Тоа се дава до знаење на почеток на врска како не би дошло до компликации подоцна. Ако се твоите барања такви, не се срами да му ги кажеш. Колку повеќе криеш, толку полошо е. Оти, да бидеме искрени, колку време сме подолго со некого толку повеќе се врзуваме за него. Спомени се тоа, добри или лоши, пак се сеќавања. Колку подолго време заедно, толку поголемо влијание еден врз друг. Нема ништо лошо во тоа да бидеш цел ден со дечкото, ако тоа го сакаш. И јас имам дечко, во врска сме 3 години, и за сето тоа време само еден ден сме пропуштиле да не се видиме. Минимум сме 5 саати во денот заедно, максимум едно 13-14... И ни одговара! Да, бара жртва, бара време, тоа е запоставување на многу работи кои си ги правела пред тоа, ама значи развивање на нераскинлива врска. Секој кој го сака тоа треба и да го постигне, греота е желбата да скапи покрај некој кој нема да знае ни да го препознае тоа што го бараш. Цитирам: сваќам дека со таков напор ако го напињам многу можам само да го изгубам.. дека јас цело време го контролирам,дека несакам сам да е,дека сум опседната,дека несмеам сам да дозволам да е. Не мислиш дека е глупаво да го загубиш партнерот затоа што се грижиш за него и сакаш да бидеш со него? Дека е глупаво да ти се налути затоа што се грижиш за него, затоа што не сакаш да биде сам? И друго нешто.. Зошто толку ти е битно што ќе мислат другарите негови? Нека се прилагодат на новата ситуација. Ти (можеби) ќе му бидеш жена еден ден, не тие.. Со тебе ќе решава проблеми, не со нив. И во кого вреди да се вложува сега? Нека се дружи типот, во ред е, ама не смее тебе да те заборави во ни еден случај, а уште помалку ти тоа смееш да го дозволиш. Ако сакаш да бидеш сегде со него, така и нека биде. Ќе се навикнат другарите.. А ако не се навикнат, барем ќе знаеш кој му е побитен, кој ќе одбере. Размисли за ова, ќе ти биде битно натака.. Извини за долгиот пост, ама гледав еден подлабок проблем што мораше малку да ти го објаснам.. Се надевам дека те натерав да размислиш Поздрав!
Мојот дечко е МОЈ дечко ама не е и моја опсесија, затоа што знам дека е само мој. Му верувам и го сакам. Нема потреба да го контролирам тој сам има контрола врз себе си, затоа што и тој ме сака само мене
Мене не ми е опсесија. Ако ми е опсесија ќе го замарам и тоа ќе го гуши. А ако го гуши сигурно нема да го трпи тоа и - крај.