Вашиот маж седи со швалерката

Дискусија во 'Брак' започната од baba Rada, 6 ноември 2018.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Ајде дајте одговори, што би направиле вие, кога некој непознат ќе ви се јави од непознат број и ќе ви каже дека вашиот маж седи со швалерката во тој и тој ресторан !?

    - Веднаш му вртите на мажот или партнерот на телефон и љуто го прашувате каде е и со кого е?
    - Палите колата, велосипедот или трчате до наведениот ресторан за да ги фатите живи?
    - Чекате дома со сукало позади врата да се врати сопругот?
    -ииииииииии што на пр....


    Јас одма би пламнала, викам такси оти не би можела со притисок 200 да возам, би направила покољ низ улиците и одам на двобој со дотичната кокона, правам скандал, чупам коси......:@..а тој мојот ќе го зажали денот кога ме запознал:devil:
     
    На M&M и Јаневски им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    6.852
    Допаѓања:
    93.482
    Пол:
    Женски
    Се јавувам на адвокат, па после одам до ресторанот да ја известам дамата дека од утре маж ми е целосно нејзин :)


    Среќа па мојов не оди по швалерки. Не можам и онака од дома да го извадам..
     
    На Hellobeautiful, Petar80, Waverly Raven и 30 други им се допаѓа ова.
  3. mira.mira

    mira.mira Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    3.992
    Bi otisshla vo restoranot I ko slucajno bi sednala na masa I bi si pravela muabet so zenata. Ke I GI Kazam site slabi tocki na muz mi, taka sto samata ke si stane. Toj ako reshil da se majmunira ja nemam potreba od nerviranje.
     
    На Herrera, Petar80, Bozica1980 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    81.042
    Пол:
    Женски
    Тој шо тера швалерај не седнува на јавно место со швалер/ка. ;)
     
    На Macito007, Luciferovog zlo♧, samovila.red. и 24 други им се допаѓа ова.
  5. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    82.664
    Пол:
    Женски
    Не ми јавил нити кажал никој, ја имав таа (не)среќа да се најдам случајно на "местото на злосторот", шетајќи едно дете во количка и со стомак до заби со третото.
    Ја оставив количката и им пријдов на масата. Таа прва ме виде и затреперено ме поздрави. Тој беше со грб према мене и го држеше телефонот в раце. Кога ме виде се сепна, јас само му реков "одма оди дома", искористив прилика и му го зедов од раце телефонот ( најпосле го начекав без лозинка ) и тргнав да си одам и одминувајќи го детето во количка му реков " ти го препуштам син ти" и си заминав.
    На раат расчитав што се пишувало некое време...
    Си продолжи животот најнормално, си го родив третото, го потпораснав, најдов работа, се отселив, поднесов барање за развод и си фатив друг 8)
    И така
     
    На bittersweet, ludoto19, душленце и 100 други им се допаѓа ова.
  6. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Блазе си ти, јас па мојов неможам дома да го приберам..море партали ќе летаат а развод нема да му дадам...ке ги мачам двајцата, ќе ги бламирам кај ќе стигнам, ѕрцките ќе им ги извадам:punch:
     
    На Petar80 и toogood им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Не им направи сценааааа??????













    Зарем само така лесно си отишла од местото на злосторството????

    Ваууууу..која си ти смирена жена..чудооооо(y)
     
    На Petar80, sj *O*, M&M и 4 други им се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Популарен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    82.664
    Пол:
    Женски
    Да им направам сцена????
    Ај каде тој ме понижил веќе со таа па уште и јас самата да и дадам на значење?? :shake:
     
    На Petar80, sj *O*, snegulkata и 34 други им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски

    Грешка си душо, и те како седат..ете и на Бубале нејзиниот седел:@
     
    На Petar80 и WildMk им се допаѓа ова.
  10. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    4.495
    Допаѓања:
    81.042
    Пол:
    Женски
    Ретки се бабе. Исклучоци се. На тие веќе побитно им е да се разведат него да се кријат. Швалерај е фактички тајна врска меѓу двајца кои веќе имат партнер.
     
    На Petar80, Bozica1980, galapce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    не бре мила моја, ги гледам јас многу од таа сорта..прво одат на пијалок негде, ручаат, па на семинари, па на конгреси...сите знаеме кој со кого е...и знаш што, се однесуваат како баш да им е гајле..
     
    На Petar80, alana и WildMk им се допаѓа ова.
  12. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    10.460
    Допаѓања:
    134.785
    Пол:
    Женски
    А никому не му паѓа на памет дека во сценариово може и да е некој што сака да ви наштети на бракот, или дури и некоја будала да се зафркава по телефон? Одма би поверувале на зборот од непознат човек со непознат број, дека мажот ви е со швалерка и ќе барате адвокати, или па ќе се спремате за тепачка и не знам што? Сериозно? :^) (facepalm)
     
    Последна измена: 6 ноември 2018
    На sj *O*, Jas!, Milobebence и 8 други им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Штом тој непознат ти јавува таква вест, нормално е дека не ти мисли добро и сака да ви наштети...но,кој го врти него, ќе платат прељубнициве...јас барам одмазда веднаш, одам на лице место на терен и проверувам.
    (едно време сакав детектив да бидам)
     
    На srhsejbsk, La.loca, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    6.794
    Пол:
    Женски
    Мене да ми каже било кој дали познат дали непознат дека маж ми седи со швалерка во ресторан ќе збеснам.Со краток фитиљ сум мислам дека тогаш cè е проголтам, ќе отидам и ќе ги направам ЛОМ и двајцата.Ќе ги обрукам највеќе што можам.После развод и чао чао.Нека си брка после какви сака кокошки.
    @https://forum.femina.mk/members/♡bubale♡.101225/ алал да ти е :bow: не знам кои нерви ги имаш ти ама јас не би можела така..
     
    На minneymouse82, Milobebence, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  15. H.VAGA

    H.VAGA Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    1.970
    И лом да го направи што ке постигне со тоа?ништо.и така е понижена.да ја разбере цел ресторант што стока чувала дома за повеке да биде понижена.
     
    На sj *O*, PaLaVa, Victorian и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    2.687
    Допаѓања:
    6.794
    Пол:
    Женски
    За себе зборам..не зборам за Бубале.А што да го потапшам по рамо и да му кажам:Браво цуци наредна сестра ми да не е?
    Избувлива сум многу, да ми спои жички ич нема да размислувам каде се наоѓаме.Ако он мисли дека од мене ќе прави глупача тој филм нека им го врти на кокошките што спие со нив кога не може со мене.
     
    На sj *O*, Oscar Lady, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    3.404
    Допаѓања:
    20.584
    Пол:
    Женски
    Лелеее..и јас сум иста..пламнувам и се губам..мора стресот да се исфрли од телото иначе шлог ќе ме мавне....Недавам едноставно некој рогови да ми набива во јавност..нека бидат умни и нек се кријат а не цело маало да ги гледа...
     
    На sj *O*, Роберт 7 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    2.575
    Пол:
    Женски
    Прво ќе ми се качи притисок 200, па ќе отидам во ресторанот да сликнам, чисто за доказ
    Па после ќе се преправам дека незнам.
    Ќе се направам риба ипол, ќе му ги трошам парите додека не го направам шворц, ќе го умирам од нервирање секој ден и ќе си заминам на крај.
    Не вреди оддеднаш да се направи скандал, вака би било многу поинтересно
     
    На Hellobeautiful, Petar80, sj *O* и 17 други им се допаѓа ова.
  19. honesty

    honesty Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    272
    Многу потешко е кога сумљаш, а немаш доказ и нема кој да ти се јави.
     
    На Ivvvv, sj *O*, Teja26 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.010
    Допаѓања:
    11.524

    :D
    @baba Rada na ovie li godini uste se pripotresuvas da ne ti go zemat mazot?
    Daj ne zafrkavaj.

    Ova sigurno e nekoja sala, neli @baba Rada , ti ne bi ovaka ]:)


    Sega neznam dali e ova nekoja sala I stvarno nekoja realna situacija.
    Eve jas ne bi se trevozela.
    Ok, sto e tuka e. Koga ke dojde doma ke go prasam otprilika sto e rabotava. Nema da odam vo detail.
    Ako sakam da se razvedam netreba da cekam nesto vakvo, mozam I bez pricina.
    Zivot nosi se pa vo toj paket ide I nesto vakvo.
    Znaejki se sama sebe, spricer, nema da se izvadam od kolosek.
    Dovolno vozdrasna da znam deka nova ETAPA vo moj zivot nastapuva.
    Ako resam da se razvedam prvo sto moze da napravam so parite od zaednicka imovina ke zaobikolam nekolku predeli po svetov I so sigurnost nema da kupam kuka vo ista provincija so bivsiot mi maz. Mozda nova kariera, nov namestaj so sigurnost I mnogu aktivnosti nadvor od rabota da mi go ispolnat vremeto.

    Toa sto nekoj od Evropa pisuvaat deka "razvod bilo ednakvo na smrt na bliska osoba", Toa kaj mene nema da zapali, Jas ke odam po americka sema, "who cares" ili po bugarska "za m`z nedaj se pritegnavaj" (nesto taka zvucese, sega tie so bugarsko poteklo poveke znaat kako glasi tocno pa ne ka ja napisat pravata verzija :lol:).

    Inace nema da brzam odma da resavam takva klucna rabota. Ke ni treba vreme da se prodade se, da kupam karti, da ja kvitam rabotata,... ne odi taka toa lesno :whew:.
    Denes ne e lesno I brzo da se razvedes, proceduralno sto bi rekle MK politicari :rofl:.

    Kako I da e ke bide mnogu interesno. Ke ostaneme priateli, bare jas bi ostanala ama za mm neznam zasto on ne e na ista talasna dolzina so mene po ova prasanje :emo:, sekako so eden zbor Mnogu Interesno :$.
     
    Последна измена: 6 ноември 2018
    На sj *O*, elimkd, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.