Секако дека не би била спречена , ама со сигурност би знаела дека е женет , а вината би била подеднаква кај двајцата . Кај него затоа што се швалерисувал а знае дека дома има жена и деца . Кај неа затоа што иако знаела дека е женет , сепак прифатила да му биде швалерка . Инаку , јас би му вратила со иста мера . Прво ќе си најдам швалер , јас лично ќе му пишам адреса каде се наоѓам за да ме види со свои очи , потоа си собирам куфери и деца , и поднесувам бракоразводна постапка . Не дека швалерот ќе ми значи или пак маж ми ќе ми значи после цела ситуација . Чисто онака да види он дека не треба да му правиш на другиот она што не сакаш тебе да ти го прават . А јас секогаш се водам од таа парола .
Ја уште не можам да сфатам зошто швалерката е виновна... Еве нека ми објасни некој. Таа сепак си е швалерка, еден вид "професија" е тоа. Швалерката ни е крива што мажот покрај жена и деца дома се швалерисува? Такви жени има и секогаш ќе има. На мажите е одлуката дали ќе бидат со една од нив. Значи ако маж ми се швалерисува тој треба ќотек да јаде, а не швалерката.
За оние кои под швалерај подразбираат редном секс средби: Јас сум била швалерка... на тројца. Ајде да видиме, каде згрешив? Дежа ву ми е муабетов, ама зошто да не
Па и она е крива што се плетка со женети мажи.И мене може да ми е по ,,професија” да сум каратистка па треба секој втор да го прецвикувам на пола? И едниот и другиот си имаат кривица.Мажот е повеќе крив да бидејќи има жена и дете и СВЕСНО го прави тоа, а фуфиве си бараат забава и кога им влагаат у кревет ај што не мислат на жената не мислат ни на децата.И мислам дека не кријат мажите од швалерките дека имаат жена и деца.Да не испадне накнадно да дознае фуфата па после да има плачки и закани.Загреота се и двајцата.Кај мене не би прошле лесно ни едниот ни другиот.Поготово ако швалерката е моја пријателка/познаничка.
Не барај разумни одговори..гледаш дека во светот постојат многу нелогичности...некој умира за леб а некој јаде од златно лажиче..... незнам зошто е крива ама мора таа швалерка да сноси последици, за да друг пат кога ке излезе со некој , да знае со кого излегува, да знае да се сокрие, да знае што се може да и се случи..оти има будали жени(како мене).
Ти си од умните, претпазливи швалерки..имаш развиена добра стратегија имаш среќа што не си налетала на некоја како мене со добар њух, ќе летаа после
Абе шо... ќе требаше пола град да го истепаш. Овие со кои јас сум била, си го прават тоа редовно, и пред и после мене... море и за време на
Во случајов да бил маж ми еден од тројцата само маж ми е крив, ти не си ми. Нема зошто да те тепам кога маж ми учествувал своеволно.
Ѓоќерче гледај вака дур не ни се деси, многу е лесно да збориме.Не дај Боже да ни се деси.Во афект нема да мислиме вака.
Нема никоја да ме истепа, учам брзо трчање, шпринт,киравела..ауууу, не дај боже, гризни јазик..пу пу...
Мистерија А уште поголема трагедија се оние кои го оправдуваат мажот, демек он машко е, простено му е Ќе тепаат бе. Оф мори мајко А ако швалерката се погоди некоја не многу мутава па ви викне полиција или најде некој да ве збумбари Циркузи ќе правите, а децата верувам ќе ви бидат среќни
Ми се има случено со бившиот дечко со кој бев во сериозна врска. Дознав дека ме изневерува и случајно го фатив на кафе со неа. Седнав со нив испив кока кола смирено колку да се засрамат и да знаат дека знам и секој по свој пат. Да беше маж ми ќе се разведев, а во случајов ми беше дечко и автоматски тоа значеше раскинување. Зарем вредеше да се трошат зборови или сила? Штом некој изневерува не е достоен за една солза, а камоли за драми.