[QUOTE="CrazyGirl15, post: 4201525, member: 40802" Инаку , јас би му вратила со иста мера . Прво ќе си најдам швалер , јас лично ќе му пишам адреса каде се наоѓам за да ме види со свои очи , . Чисто онака да види он дека не треба да му правиш на другиот она што не сакаш тебе .[/QUOTE/] А швалерот што ќе го најдеш ќе биде женет или слободен? Ќе биде он крив пошто се плетка со тебе иако знае дека си мажена?
Ќе биде, како за нас женските така и за машките.И јас да го варам маж ми ќе сме криви и јас и швалерот мој.Или вараш или не вараш, или си крив или не си нема измеѓу.
Значи и таа самата ќе помогне да се унесреќи некоја жена ако швалерот има сопруга, што по нејзини кажувања е одвратно. И што ако маж и не дојде на дадената адреса?
Па тоа е паѓање на истото ниво со мажот..ја би отишла уште подоле од него притоа влечејќи го со мене.Ќе го ,,измавам” од земја.Ќе си станам и нека се чеша кај што не го чеша. Многу лоша тактика е според мене фаќање швалер или трошење пари..Со тоа што ќе фатиме швалер ќе испаднеме исто ср***е како мажот, а со парите што?Парите доаѓаат и си одат.Бракот е распаднат више. Ако не дојде сама се зезнала На крај краева не мора стварно да е швалер.Може само карикација да биде да види волот како личи ама гледајте.Според мене ако веќе решил да вара значи ич не го заболе дали и жената ќе го вара и дали и на него истото ќе му се случи.Така што не се замара.После на суд и двајцата ќе си играат потегни-повуци
Е кој израз де.Пократко е варање него изневерување.И онака ми е мака од телефон да пишувам на кирилица.Исто е.Варање, изневерување, швалерај. Same shit
Е видиш.. има еден куп мажи, кои сметаат дека ним им е 'Богом дано право' да изневеруваат, ама ако дознаат дека тоа им го правела сопругата, тогаш знаат и да убијат... Варање е српски, на македонски е изневерување Скопски пуфли !
Ќе се најде некоја да го превесла Јас имам изневерено и ич ама ич не се осеќам гордо на тоа.И никогаш не би го повторила истото бидејќи кармата е гадна работа кад-тад може и мене да ми се случи тоа.Можам да кажам дека кога човек изневерува свесно го прави тоа.Јас од кога го направив тоа му раскинав на дечкото ама не ја кажав причината.И тоа добро го криев од него, му кажав после 4-5 месеци што сум направила и ми пиша : не би се осмелила да го направиш тоа.Мислеше дека ќе се уплашам пошто е машко ама само му одговорив ,,да го направив не ми е страв од тебе”.Ова беше пред скоро година дена.Од тогаш навака фала Богу не сум имала дечко.Ама и да имам во иднина не би го повторила тоа, не ни знам кај ми бил паметот тогаш глупава. Ме изнасмеа да си жива.
А не, не и не така...ако случајно изневериш некој дечко повторно, нема да му кажаш, нема да признаеш..па и да те бесат, нема признавање...тоа си е твоја работа. награда за признавање вина не дава никој...остај бог нека суди кога ке дојде време
Зашто да не кажам?Мислам дека е полесно да се каже кога тогаш него да се крие до крај..И мене да ме изневери дечкото/мажот би сакала бар да ми каже.Попоштено е.До сега во животов кога и да сум зезнала нешто сум се кажувала.Што и да направам си стојам позади тоа. Банка да ограбам мислам ќе признаам за да не е некој друг крив, дали е наивност или душебрижнижтво не знам. Ама стварно не е за фалење и е многу гадна работа.Не дека се каам ништо озбилно не беше ама ипак..
Ако сте решиле да изневерувате, најдобро е да си кажете на партнерот (ова и за мажи и за жени важи). 'Мажу, вечер ќе имам секс со Х.' 'Жено, вечер ќе имам секс со Х' Чиста сметка-долга љубов... Не ми се бендисва глумење моногамија
Тогаш веќе нема да е изневерување во буквална смисла.Изневерување е кога има трет во врската/бракот а првиот не знае за тоа.
Страв и е од мажот. Е само вака треба да се размислува, па и децата вака учете си ги. Мажот ќе шврља на страна, а жената ќе му се плаши.
Keep baram sloboden . Bez devojka , ne zenet , ne veren .. Znaci sloboden . Nema da e kriv ako jas ne mu kazam deka sum mazena neli .
Ама мора од пред тоа да ти е најден. Оти тогаш, нели, изненадена, шокирана, повредена и бесна. Кај да се стокмуваш, па да испаѓаш, кај да го бараш, кај да се бендисувате за да се ``договорите``.
Пердуви ќе летаат и од двајцата. Не знам мислам дека во афект ке ги мавам кај стигнам, јас кога сакам некој сакам со цело срце и му имам кажано некогаш ако има некоја друга да ми каже. Ќе ми биде тешко ама бар бил фер кажал, а ако крие и јас ги фатам на дело мислам затвор не ми бега...
Делувањето во афект и ќотекот ми личат на незрело, детско однесување. Малите деца знаат да реагираат на таков начин кога некој ќе им земе играчки, иако не сите. Исто и во оваа ситуација, кога возрасен реагира вака, ми делува како незрела личност, неодговорна за своите постапки. И да, швалерката нема вина. Мажот е виновникот тука. Кога сака да изневери, може тоа да го направи со било која. И да му се пушта некоја, да биде премногу нападна и да му досадува, ако тој не попушти, ништо нема да се случи.