Секако дека секој слободно може да си даде мислење, затоа е темава, посебно кога најголемиот дел зборуваат за хипотетичка ситуација. Не знаев за твојот брачен статус, не дека е пресуден во ситуацијава, сакав само подобро да ги доловам околностите на случката која ја раскажа. Оти на крајот на краиштата не е исто, но од друга страна во врска е многу полесно да се заврти грбот, нема заедничку вложувања и инвестиции, нема даден збор и ветуавње како во брак и најважно нема деца. Ете, вие сте успеале. Мило ми е. Може и голем дел од тие што останале во брак и покрај неверството не би ни пишале за истото. Делумно да не отвараат стари рани делумно бидејќи веќе имаат склучено пријателство со други членови по социјалните мрежи. Па ете, да не се наруши сликата за перфект фемили. Кој знае.
не е тоа клучното... Не може никоја да знае што би направила. Зависи од многу работи... Посебно, заедничките обврски и личните можности. 'Врзува' бракот на многу нивоа (деца, закон, финансии итн) , и разделувањето е многу покомплицирано отколку во врска.
Темава да се ограничи на коментари исклучиво за во брак. Сепак и самиот наслов така налага. Нека се отвори нова тема Вашиот дечко седи со "швалерката".
Епа ако е позрело да ојт некоја со женет заради то шо во последно време е таква модата,или тој со некое момичуле само за да бидит многу опасен или заради многу други причини за кои шо немат оправдување,а третиот во случајов изневерениот да бидит понижен тогаш попарвење со врела вода не е решение...
Ти бар знаеш. Самата велиш- Сите изневеруваат. Твои зборови се ова. Значи не збориме за отворени бракови, туку класично изневерување. Тие нивни жени мислиш не знаат за тоа нешто што се дешава константно ? И те како знаат Вајлд, ама ете сепак останале во брак.
Знаат, како не... Не знам за секоја посебно зошто одлучила да остане во таков брак... ама не можам да речам дека од глумење среќа... Каква мода мори. Кој има швалер/ка од мода. И не е нормално и да помислиш да му истуриш врела вода на некој. Една од најсилните болки е, и најмачното заздравување е од изгореници.
Има и такви верувај. Сите со своите разлози. Го пишав првичниот коментар пошто сметам дека нема доволно искреност во темава. Сите се јаки на зборови и хипотетички на дела, независни и осамостоени, додека во пракса повеќето се општа спротивност. Има и исклучоци нормално. Неколку теми на форумов го потврдуваат моево, дека од х разлози најчесто финансиски причини, луѓе преминуваат преку се.
Не знаат сите. Во 6 години врска зет ми ја изневеруваше братучетка ми првите 3. Таа немаше поима. После 3 години откако му тежеше на совеста и призна што правел, иако последните 3 години веќе бил верен. Таа беше скршена. 7-8 месеци не можеше да си дојде при себе. Тој исто. Пропадна. И двајцата дојдоа до непрепознавање. Му прости. Сега се во многу стабилен брак. За себе не знам дали би можела така. Можеби на крајот на краиштата и јас ќе мерам и премерувам како неа на кантар и ќе ги форсирам предностите пред маните. А можеби не. Не ја осудувам. Ниту тебе. Но не верувам дека апсолутно имаш разумна причина да веруваш дека ти си крива за нешто. Твоите одлуки и избори се само твои, исто како што неговите се само и само негови.
се слоѓувам за второво со тебе, ама за првото, и сама напишав дека не би да навлегувам во твојата приказна, секој сам за себе најдобро си знае
Знам повеќе различни приказни на изневерени жени. Повредено се чувствуваат сите.... затоа не би тврдела дека некоја останала за да глуми 'среќен брак'.
Не дека останала во бракот за да глуми пред народ дека е среќна. Реков дека можеби не сака да споделува за истото, макар и виртуелно, на анонимен форум, кој не е секогаш баш анонимен. А оти болката да ја дели со други/сите/нас? А несподелувањето на истата и продолжувањето на нормалниот живот делува баш така.
Точно. Баш така, се е едно големо можеби. Додека сите тука категорично пишаа развод, ваквите одговори и фалеа на темава, пошто за брак со деца, таа е реалноста. Убаво е на форум да се независни и моќни, во Македонија 2018та најголем дел од жените зависат од нивните мажи, затоа и трпат ред други срања, покрај изневерувањата.
И околината... голем удел има осудата од околината. Не се баш добро прифатени разведени, па и со деца... Иако полека се менува тоа, но сеуште сме далеку од тоа да бидат сфатени.
И тоа плус, исто имаме докази и на форумов дека од дома ги враќаат назад кај мажот, пошто како така да се расчуе низ градот дека се вратила кај нејзините, срамота било. Сето тоа влече позадина од финансиски (не)можности. Помал број брачни парови живеат сами или под кирија, повеќето жени идат во куќата на мажот, заедно со неговите. Има кој да и чува дете, додека иде да работи за минималец, дава пари мажот, бараат и очекуваат пари од неговите.Тоа и е 'дом ', нема кај да иде, не може да си приушти кирија. Една жена во ваква хипотетичка ситуација, кажи ми ти според тебе , дали би се развела ?
Има изневерени кои премолчале и продолжиле. Не е сеедно ако: -Зависам од него (Не работам, немам каде, моите не ме сакаат со деца...).Не велете дека ќе си заминете со две деца преку врата и ќе се борите со животот на улица понатака сами. -Имаме заднички имот (куќа на кредит, кола на кредит, јас плаќам кредит па и да си заминам??...а тој несака да си оди...можеби од инает ќе останам - ќе му пречам..ќе му сметам при користењето на заедничките инвестиции ) -Живеам во мало место каде е најважно како ќе реагираат комшиите (во малите места и средината знае да ги оцрни разведените со назадни размислувања дека ,,не е од сапун и не се троши,,) -Децата си го бараат таткото, па нема излез и мора да останам дома за атер за децата