Епа тоа е тоа. Очигледно триесетите жени кои коментираа во темава, се успешни, кариеристки, независни, со сопствен стан, кола, кеш, и нивните мажи се најдобри. Yea right.
Ufff ova koga go citam zavisat od svoite mazi nekako mi e epten off. Vo moe opkruzuvanje znam namalku 10 primeri so izneveruvanje kade zenite kako zeni gi napustija mazite i pokraj toa so imaa deca. Taka da "zavisnosta" i ne igra mn uloga ako gledas deka nema care. A i site se rabotosposobni koj pomalku koj poveke za da toa vlijae da ostanis so nekoj so te pravel budala.
Сите изневеруваат тоа обично се коментари од жени кои биле изневерени и прогледале низ прсти на тоа. Не изневеруваат сите.Не се сите мажи исти.Има и среќни бракови.
Затоа што развод, во најголем дел од случаите е и најидеално решение (на долгорочен план), а најретко го имаме како избор. Ако тој би покажал такво непочитување на бракот и би го израмнил со нула, секоја од нас би сакала да знае дека ќе го има разводот како избор и опција, за да не мора да праи математики и да измислува причини дека сепак е подобро да се остане во брак. Баш поради истите причини што и сама ги кажа, и не само во Македонија, туку на Балканот во глобала, нашата независност како жени е многу дискутабилна, а темава сепак хипотетичка.
Ова е од разговор со дечко ми. Да ме вараш и да признаеш одма ќе размислам дали ќе ти простам, можеби и да, ама да ти служам јас за да си ја чистиш совеста од кога си решил/а да криеш, нема теоретски шанси. Можеш истата секунда да се спакуваш и да си одиш. И стојам на тоа. Супер, уште цели 3 години криел и кога му дотежнало кажал. Што направил, и онака веќе 3 години не ја варал, нели? Само тој си ја исчистил совеста, а таа страдала.
Додуши има и случаеви каде изневерената жена вели : ГО САКАМ И НЕМА ДА ГО НАПУШТАМ, ЌЕ МУ ПОМИНЕ, КЕ МИ СЕ ВРАТИ. И навистина му поминал занесот, па ене сеуште се во брак. Различни луѓе-различни реакции. Ама, не сме носеле туѓи чевли за да знаеме како му било на некого во некој момент
Крив е тој, оти е женет и му мрда опашот, а не таа... голем дел поим немаат дека мажите се женети, а кога ќе дознаат касно е, и тешко им е да се тргнат од него, кога веќе им „симнал ѕвезди“. Ако не била таа, ќе била некоја друга, во најголем дел виновник е мажот. Оти тој е женет и свесно решил да ги прекрши брачните завети. Би, ако си ја знае силата. А жените се прилично силни и можат да се изборат и со ова. Кај нас малку потешко, ама за доброто на децата и тоа како може жена да се извлече од дното. Ама повеќето се постојано омаловажувани и потценувани до тој степен што не веруваат во себеси и не веруваат дека можат се да направат. Ама буквално се. Ако и е полесно да живее со некој што не го сака, за атер на децата и нејзините, нека, ама ќе и скисне еден ден. Ебати животот кој ќе го помине во угодување на другите. Јас не знам дали би простила. Не верувам. Имам каде да одам, работам, е сега кај нас децата се прилично поврзани со мм и тоа би било проблем, со оглед на тоа што не можам да си одам кај моите во друг град. Ама по секоја цена не би останала со него. Има чаре за се.
Колку год да се убедуваме, факт е дека во реалноста има жени кои минале преку брачна превара и кои константно минуваат низ истото, ама од одреден разлог сеуште се во брак. На форумов немаме такви, очигледно Го сакам, машко е нормално е тоа, ехее па сите изневеруваат, ај барем добар татко е, децата го сакаат, живее во негов стан, троши од неговата плата, вози негова кола. За многу жени, сите овие ствари тежат многу повеќе од самото изневерување. А да. Постои и друга врста на жени. Онаа која му е верна на неверникот. Тука пак најчесто мотив е испраниот мозок. Веруваат дека нив ги сака, а ебе други. Они нема да поверуваат ни на сопствените очи. Просто се зависни од своите мажи и не можат без нив во ниедна смисла.
А што ќе се случи на мажот да му се јави некој и да му рече : жена ти седи со швалерот ? а) ќе те причека мирно дома и ќе разговарате за проблемот б) ќе дофтаса разјарен во кафичот и ќе падне ќотка в) ќе си најдеш сменета брава , исклучен телефон и отуѓени деца кои ќе те мразат до крај на живот П.С. Па нека каже некој дека не сме Балканци За една иста работа различен третман имаат мажите и жените
Ако не е заради мода тогаш заради чалам ко ке видиш истото е.. Иначе зошто му е швалерка? А на прашањето за изгорениците можда ке му поминат ко ке заборам јас на понижувањето шо ми го приредиле(нормално доколу де десит такво нешто)мада шо јас си сум сигурна во мојот сопруг дека ме почитуват и сакат,ама не дај боже да му се случит таква будалија врела вода не му бегат и на двајцата
Може сака да смени. Може ти не го задоволуваш. Може емотивно не го исполнуваш. Може му си досадна... Секој си знае зошто изневерува.
Епа зато секој си имат различни последици..поарно нека ми кажит во очи шо го мачит можда ке најме начин да го задоволам и да му бидам поинтересна отколку да ојт да се лигајт со друга
Ако не е финансиски стабилна, ако нејзините не ја прифаќаат назад, ако нема кола, возачка... нема да се разведе одма туку за некоја година, и пет, десет години нека бидат. Нека најде работа, нека се осамостои, може и факултет да заврши во меѓувреме. Зборот ми е ако некоја цврсто решила да се разведе ќе најде начин. Можеби не во моментот ама понатака. А ако цел живот остане со некој со кој "сакала да се разведе" тоа значи дека не сакала да се разведе. Зарем вреди животот да се помине со некој го сакаме?
Нема да ме прифатат назадд??Па дете сум им или милениче па да не ме прифатат..не верувам дека некој родител би си го оставил детето со дете на ,,улица”.Не е човечно па во кој век нека живеат ако сакаат.
Лично не познавам таков случај ама на форумов има голем број такви примери каде што не сакаат жената да се врати назад од причина што ќе кажаш комшиите.
Нека кажат што сакаат, ми е гајле.Мојот брак ќе е во прашање, не нивниот. Дедо ми на пример на тетка ми уште пред да се родам кога не го сакал тетин ми и рекол, што и да се случи имаш уште еден дом каде секогаш можеш да се вратиш. Јас моите ако дојде до тоа да треба да се вратам со децата/детето нема ни да ги прашам дали може, или не да се вратам.Тоа ќе е мој дом иако ќе се омажам, едно дете сум па фала богу нема да мора со брат-сестра да се тискаме или не дај Боже караме.Лагано.
Може кругот на луѓе со кои се дружиш е таков,па ти изгледа дека повеќето изневеруваат.не знам. Искрено жал ми е за тебе.За тоа што никогаш не си ја почувствувала среќата да бидеш единствена.Може тоа и било услов да се омажиш со дотичниот. Цел форум се обидуваш да го убедиш како отворениот брак е нормална работа и те усреќува,а ти ни самата не си сигурна во тоа. Како и да е твој живот твоја работа. Прашањето може не е за овде но ме интересира како твоите деца би прифатила да дознаат во каков брак живеат нивните родители?Како пред нив би го оправдала тоа?
А може отворено зборувам за себе, не осудувам, па луѓето ми се доверуваат лесно. На личност кој навредува и осудува, тешко дека некој би и' се доверил дека изневерил. Прашањето кое мене мене ме интересира е: Не мислиш дека е подобро тие што сакаат секс надвор од бракот, да бидат искрени со партнерите, па ако сака нивниот партнер полигамна врска, да остане со нив, а ако не, со време да си се тргнат, па да нема вакви проблеми? м? Леле што најдов бе Вага
Јас не знам како воопшто луѓето се доверуваат на некој не толку близок. Тешко ми е за верување, ама еве штом тврдиш дека е така... Во секој случај членката погоре сакаше да каже дека ако во ваше опкружување има луѓе кои изневеруваат, не значи дека сите изневеруваат. Мене општо многу ме нервира кога некоја членка ќе речи "Јас сум сигурна дека сопругот не ме изневерува" и сите после тоа и се нафрлаат иронично со "сите изневерени така си мислат", "неможеш да знаеш", "сите изневеруваат" и слично. Од каде ви доаѓа тоа? Толку тешко е да се поверува дека има стабилни бракови во кои не се случило неверство? Инаку да се надоврзам на тоа што го напиша. Да, подобро би било доколку сите би биле искрени, ама знаеш дека кај нас мнооогу ретко функционираат таквите врски и бракови како твојот, ако воопшто функционираат. Мислам дека е излишно постојано да повторуваш дека треба да му се признае на партнерот, кога сите знаеме како би завршило тоа.