Како не, тоа само во приказни за мали деца. Има и такви што сакаат туѓо зошто е послатко, дека дома секој ден не се јаде грав. За сила воопшто и не беше муабетот. Според мене не е оправдано во ниеден случај, од толку мажи ли најде опортунистката баш со женет да се плетка?!
Не се цвеќиња за мирисање швалерките, па на секое да ги браниме. Да, мажот е крив, ама и таа не е безгрешна ако свесно се впушта во врска со оженет маж.
Пола од вас што викате дека ќе седнете и ќе се запознаете. Лажете бидејќи во тој момент нема да знаете како ќе изреагирате доколку вистински го сакате ќе бидете скршени па колку и да сте самостојни финансиски. Имам случка од врска ваква од брак не и недај боже да имам ќе се уништам скроз.
Абе тој што изневерува е крив и точка. Не туку ги правдајте изневерувачите. Жени коси си кубат за маж, ко несалам, место да го фатат копитото и него да го скршат од мање, да го плукнат и двете, и да не го опулат уште еднаш.
Е како бе женска да го фатиме и скршиме од мавање кога мажите се појаки, посилни..абе и двете на раце ке не крене и ке ни е*е мајката!!! Џабе се силиме..кај што има сила нема правдина
Знам пример кај што мажот значи буквално со која стаса ја изневеруваше жената , она знаеше и кажуваа , пошо он воопшто не се криеше по кафичи , дискотеки кафани , секаде беше со други . Имаат едно дете , ама он е финансиски помоќен и кога ќе и кажеа ваму со таа го видовме не се крие она кажуваше демек џабе им е на тие он пак се враќа дома секогаш кај мене. Дури гордост и се чувствуваше во гласот.
А не, нееее..има да го памети денот додека е жив..ако неможам да го истепам,барем скандал ке ну маправам па нека се срами ако има образ..па и таа кокошка што че биде со него има да ги добие своето,па нека го боли и за нејзе.....Ако помине така лесно цела таа работа, само на него ќе му биде полно срцето, пак ке си спие на раат....вака барем ке внимава за друг пат, ке се крие, ке пази каде ке ја носи кокошката во јавност...
Како да не ќе го паметел денот..Тој кога стигнал да ризикува брак и да си излегува јавно со швалерки, значи дека него веќе одамна не му е гајле. Дали ќе му направиш скандал или не, исто ти е, само што себеси ќе се понижиш. И што ти е таа крива? Јас секогаш велам дека не ја оправдувам, ама не е дека со сила го натерала. Да ме отепаш нема да се спуштам толку ниско, да се тепам со некоја жена, само затоа што мојот сопруг не знаел да си го држи во гаќите.
немора да значи дека е и дома насилен..ете можи така ке изреагира поради срамот зш си го исплукла пред народ
Значи насилен е. Не е битно дали надвор или дома. Нема шанси да бидам со некој кој се тепа.. било каде.
ама еве те прашувам што ако дома нее насилен и никогаш не те ни удрил? што ако така изреагира во моментот..се едно ке ти биди да се прпелаш пред него и швалерката? јас не ти реков да бидиш со него него немој да делиш совети за со плукајне
Зборуваш за фект... го разбирам тоа. Ама онде погоре се силеа дека ќе се тепале, па кажував кој е за ќотек и да го исплукаш.
ја неби имала сила да кренам рака на нив.треба нешто да чкрипи во бракот па за да дојди до швалераи од убавина во бракот никој не бара швалер - швалерка
Зошто жените често сами се обвинуваат поради тоа што сопругот решил да ги изневерува? И да има некаков проблем во бракот, не значи дека решението е да се најде швалерка. Се разговара, се бара заедничко решение, се прават компромиси и се трудите и двајцата да ги подобрите работите и да се вратите во нормала. Ако на крајот ништо не бидува, подобро раздели се отколку да изневеруваш. Нема оправдување за неверството. Колку и да е лош бракот, секогаш ја имаш опцијата да бидеш искрен и да се разделиш, отколку да изневеруваш, да се криеш и да го повредуваш партнерот. Подобро секој на своја страна, па правете си што ви е убаво.
Nemora da znaci deka se raboti za gordost dokolku nesaka da se razvede od nego, toa moze i edinstveniot izgovor i nacin da se tesi sama sebe vo celata situacija. @WildMk kako bi se nosela ti vo vakva situacija koga bi bila so nekoj zenet, i ve nacekuva negovata sopruga pa i dvajcata ve pluka?