Секој си знае што човек има дома (или не), ама сумљата секако би постоела далеку пред моментот кафе во јавност со лице од спротивен пол. Јас, лично, би се поздравила и би си продолжила по патот. А ако ки се јават сигурно нема да се стрчам да одам по ресторани и да го барам. Вечерта ќе го прашам кај бил. Да фатиш некого во компромитирачка ситуација или да прочиташ некаква порака би сфатила драми. Ама кафе, во град... одма мора швалерка? Мојов има таква професија, буквално само со мажи работи, па опција колешка не постои, но можеби кај други, со друг вид на професија. Ние имаме едвај 2-3 пријатели, од кои едниот има сопруга, па ни пријателка не постои, но реално постојат и пријателства од детството или населба помеѓу машки/женски. Малку ми е избрзана сета таа реакција... освен нели, ако не си знае жената дека мажот и шврља. Ама па и така кафе во јавност е, не е фатен среде секс. Ако тој мотал толку долго, тешкото за едно кафе пак да ја излаже. Јас како би... Би му го зела последниот цент и би го избркала од куќата. Нема потреба од драми, караници или објаснувања. Доволно ми е тоа.
Темата, ај што е така несмасна и секако непотребна (покрај пар теми што ги има и за реални неверства, и за хипотетички дали би простиле), туку е сосема поразителна со повеќето постови досега. Прво, како што спомнав, треба сериозно да си ја преиспитате довербата во партнер, а и самодовербата - ако ви е доволно најрандом персона со непознат број да ви каже дека партнерот ви е со швалерка, за вие да поверувате и реагирате толку бурно, соодветно на ситуацијата како без никакво сомнение да е вистина. Разбирам да ве вознемири, но цивилизирани луѓе тоа го решаваат со проверка преку соочување и разговор, па ако испадне стварно - раскрстување. Второ, дури и да испаднат хипотезиве вистина, дали сте сериозни со избувливоста до нагон за насилство и скандали на јавно место? На вакви коментари не можам да се изначудам и во другине теми (врска со женет, неверства и шта ја знам). Посебно оние што ќе рипнат коси да си кубат со швалерката. Каде и во кој век живеете бе луѓе, и имате ли малку достоинство? Значи... страшно.
Секој реагира на различен начин.Ти да не ќе ја мавнеш со книгата по глава па и она да се начита како тебе малце а?Знаеш и јас не можам да им се изначудам на оние што се смирени и на оние што изиграваат дами..значи страшно
Знам случај кај што на иста маса седеа мажот, жената и швалерот. Жената седнала меѓу нив двајца, мажот појма нема за ништо Патем, јас ко што немам колешка, од дечко ми треба на секое седнување со колеги чаша по глава да добивам?
Познавам една таква женска која се правеше културна, цивилизирана, смирена, одмерена, интелигентна и нај нај....и така еднаш си ја начека швалерката на мажот и на кеј, па кога се грабнаа за коси..летаа ролерки, летаа наочари..отидоа и делови од гардероба во Вардар..така да, чутете и трајте, не знаете како ке ви свирне во глава во тој момент.
Jас не познавам некој кој не поминал низ целокупен, не само емотивен, бродолом после откривање на неверство. На жалост најголем дел од жените не само што не се толку “кул” туку и вината грешката ја бараат кај себе. Убаво е хипотетички се прави муабет, реалноста и справувањто со таквата ситуација, на жалост, често е сосема поинаква.
Потполно си во право..и шега на страна, но има случаи, на жалост многу, кога жената неможе бесот да го контролира или пак го држи разочарувањето во себе и тогаш посегнуваат по звојот живот, сечат вени, пијат апчиња, кон своите деца почнуваат да се однесуваат насилно и многу други немили настани....
Колку што му верувам не би ми направил такво нешто, но ајде пример доколку би пронашол швалерка и го видам со неа седнати некаде како би постапила не знам. Тоа ќе биде огромен шок за мене. Можеби би ги сликала како доказ, па би побегнала без да ме видат, па подоцна дома кратко и јасно расчистуваме еден со друг.
Да го фатам на дело, не знам како би реагирала искрено... Не ни сакам да знам... Се надевам нема да дознаам... Едино што сум сигурна е дека знам оти ќе се чувствувам како да 'ми се срушил светот'... Многу е тешко да дознаеш дека си живеел во лаги.. Дека она што си го знаел/а не е реалност...
Епа добро де, јас сигурно нема да и рипнам на глава одма и за коса да ја чупам..прво ќе ги гледам во очи, ќе испитувам ситуацја....ќе проњушкам... ти што мислеше, дека одма тупаниците ке проработат
И јас слично би реагирала. Во друга тема веќе имам кажано дека не простувам неверства. Ако ме изневери,има да се покае што се родил.Ќе му станам најлошиот кошмар.