Не можеш на никој да му забраниш да ти наштети тој што го наумил тоа ќе го направи затоа свиркај си не се нервирај и терај си го животот повеќе на позитива
Тоа е тоа Ќе се замарам ќе и зборам немој не ме изневерувај биди само моја бла бла бла.. Ако си науми таа не со 1 со 100 ќе те замени така да смеј се пеј и се е океј
Јас гледам мажи оженат се почесто излегуваат со нивните љубовници јавно, но и жени омажени со нивните љубовници исто Ова е изгледа нова мода некоја немам ни логично размислување некако ми е далеку од здрав памет А најтрагично е што никој не се разведува заради љубовникот си тераат со *идеалниот брак* пред јавноста
Ако седи со некоја знам дека ја “кува” за тројка со мене. Одам во кафаната, им се придружувам, па ако имаме клик сите опции се отворени
Заврши пандемијата и удрија на шетање, а? темава последно била активна јануари 2020. Тешко време беше за швалери/ки насекаде
Приватниот живот и не е некое мерило кој е човек по душа, сепак љубовта е слепа и се прават тешки глупости
Не реков дека не чинат, туку знаеш кој е по швалерисување, кој не. Ако ти се присака... знајш со кој можиш, а со кој не.
90% се по тоа, и во тие што не верував и тие се Али не значи дека ако се љубовџии се лоши по душа, само сум изненадена
Интересна тема. Ако ми дојави некој, ќе се предотерам ќе ги земам децата и ќе седнам и јас до нив. Чисто да ја збуниме девојката. А после дома објаснувања, ултиматуми и т.н.
Подобро е да се седне со некој друг муж до нив. Аман, оставете ги децата на раат.. колку е само невкусно да се мешани во вакви ситуации и користени како оружја од еден родител кон друг
Не. Мали ми се ќе мислат си седиме на кафе,а тато седи со некоја пријателка. Имам бебе 10м и тодлер 2.5г. Никогаш не би направила сцена во јавност, ептен ми е ниско. Би сакала маж ми да го истрауматизирам и да го усрамам со тој потег. Лабаво да си седнам до нив на некоја маса.
Не ги плеткај децата, кај шо не им е место. Ако имаш проблем со мажот, со него ќе си го решаваш. Ги осакатувате за цел живот со непромислености Се изнервирав!
Би сакала да види јасна слика што губи. Децата во ништо не би ги мешала никогаш. Дома пред нив ни тон не се повишува.