https://www.imdb.com/title/tt2203939/videoplayer/vi2422712345?ref_=tt_ov_vi иако е комедија филмов многу добро го прикажува неверството и добар пример има ,одмазди му се на пософистициран начин ..........доволно е цел свет да ти се сруши па уште да се бламираш сцени да правиш ,не знам како и не сакам да дознаам што би било кога би било
Ке си најдам и јас некој со повеќе пари од него ке седнам во истиот ресторан ке порачам скапо јадење и пиење и ке се правам како никогаш да не сум го ни познавала а не па маж да ми е бил.
Мислам дека стварно е срамота и непочит кон жената да треба да доаѓа во кафичи и кафани и да те собира со швалерката и да прави сцена. Најниско што може да падне еден маж според мене. Срамота за мажот што се довел во таква ситуација. Немам зборови , што мислеле кога ова го правеле? Јас на пример , мојата жена никогаш нема да ја доведам во таква ситуација да треба да иде по кафичи и кафани да ме кара , бидејќи мојата швалерка Саломе ќе живее во Шпанија и ќе ја посетувам на "бизнис патувања", стварно немам зборови за маживе што вака прават, понекогаш се разочарувам од машкиот род..
Искрено би проверила, не би оставила на доверба. Би отишла и од некоја страна би набљудувала дали средбата е другарска или има нешто повеќе. Ако приметам дека се работи за нешто повеќе од пријателство, би се разочарала тотално од него, би им пришла колку да ме види дека знам и толку. Сцени во јавност не би правела во никој случај, дома би го окркал убаво и толку би било од тој брак. За пари не би го цицала, зошто ниедна пара не може да ја купи разнишаната доверба и скршеното срце, не знам како воопшто би помислила на пари кога некој емоционално ме руинирал и понижил. Ако треба влезови и јавни тоалети ќе чистам, ама нема да живеам со таков гад што ме поножил на најмизерен начин само за да го соголам до последен денар. На швалерката апсолутно ништо не би и направила. Ако тој не чувствува одговорност кон мене и детето, зошто тоа да го очекувам од неа?
Искрено работите обично се онака како што ги чувствуваш дека се, барем кај мене така е. Не знам, можеби сум прост, ама „стомакот“ никогаш ме нема излажано... Не постои „не е како што изгледа“ ситуација, најчесто се е онака како што изгледа. Луѓето сме претежно провидни. Не значи дека ќе изреагирам, напротив, ама ќе знам и ќе искалкулирам.
Сликам. И чувам слики. Ако било за еднаш не ми е проблем. Ако осетам на буџет дека ќе да ја луксузира онда настанува проблем. Сликите се за да можам да изделувам да не ми замара деца. И амин понатаму. Нит се тепам нит се пцујам. Сакам да сум класа жена а не со ефтини пцовки на јавни места зашо маж ми го бутал некаде.
Да напишам дека би била хардкор, сликање , мавање, трошење последен цент наоѓање швалер итн..Би излажала, не сум толку јака, секоја чест ако има некој/а што би изреагирала вака. Сите соништа, моменти, планови би ми се срушиле врз глава, би паднала во шок. Нормално ќе си заминам ама потоа ќе треба да помини еден долг период на лечење внатрешни рани и учење дека вината не е во мене пред да продолжам понатаму.
Да ми е да знам какви се тие луѓе кои анонимно се јавуваат на некоја персона да и кажат дека партнерот ја вара? Како анонимна дојава за дилање кока да е, а не две персони кои ручаат заедно. Прво, нема ли јас да го препознаам гласот на персоната која се јавува? Или персоната ке најде соучесник во шпиунирањето, па ке каже на некој лик чиј глас не ми е познат, да ми се јави и да каже 'Бека маж ти е таму и таму со таа и таа'? Дали навистина возрасни луѓе со вакви работи се замараат? Како дојавувачот ке знае дека личноста до мојот партнер е швалерка? Како дојавувачот во тој момент ке го пронајде мојот број? Или сепак тоа нема да е анонимна особа, туку некој што го знам?
Ако веќе излегол на кафе т.е дошло до момент да излезе во јавност со швалерката гајле му е дали некој ќе го види, се јави, кажи, прикажи. Гајле му е за жена, деца, фамилијарна хармонија итн. До толку да не знам што створење имам до мене па да еден повик од анонимна особа да ме изненади, мало морген. Сигурно не се од вчера заедно штом веќе и во јавност излегле е ама, ако веќе поставуваме хипотетички ситуации и си правиме филм тогаш може и вака 1. Можеби некој/а сака да ми расипе брак 2. Можеби некој/а сака да ме намести, да се појавам некаде, да се појави рандом персона да ме изгушка за друга да слика само, и после тие слики на мм да му ги прати, мислам ако веќе си праиме филм 3. Во студентски денови од мојот град, на мојот смер, имаше 2 женски и 4 машки, се дружевме доста често, некогаш и сама на кафе седев со нив во бифето коа имаше луфта меѓу предавања. Што ако тогаш некој му се јавеше на мм, тогаш дечко, и му речеше дека оргишам*. *ако има друг посоодветен термин него оргија за 1-2 жени и 4ца мажи да ми кажите друг пат вака јавно да не се брукам
Не планирам да се женам али ако ми се деси кучката неверна ќе ја избркам од дома а ''ебачиштето'' ќе си ги собира забите од маса
Ако некој рандом ми јави дека мојов седи негде со швалерка, нема да реагирам. Нормално ќе ме јади црвот ама сакам да знам шо има да кажи тој зошто односот ни се заснова на разговор и доверба. Да, тој можи да ја изневери таа доверба, ама дур не се случи тоа јас немам причина да реагирам поинаку.
да имам швалер и да дојди женаму да проба да ме удри..па мислам и раце и нозе ке и искршам..а мм да го начекам со некоја само порака би му напишала дека го чекам дома.
Го прелагала . Некогаш е подобро да се живее со мислата дека не сме направиле погрешен избор и погрешна проценка на човекот со кој сме делеле покрив и постела. Дека он е посебен, дека другиот е крив, дека да не била таа друга особа се ќе си било супер. Најчесто и спремни се да ги примат назад, оти ете, таа е казнета, он ветил нема веќе така да прави а сопругата ``исфрлила``бесот од себе. Секако до наредното неверство, додека сфати дека он нема да се промени па или да прифати или да чека он да ја остави. Секако постојат и оние кои успеваат да го средат бракот, иако не знам како повторно ќе ја вратат довербата, и оние каде сопругата вистински ставила линија и го прекинала вееднаш бракот. ОВие последниве мислам дека се најретки. Најчесто се мачат додека целосно не ја увидат реалноста.
Гледав еден филм скоро и во една сцена жената на својот маж изневерувач му кажа дека кога мажот спие со други, неговата жена секогаш знае. Баш ме интересира дали е така, затоа што да има сомнеж претходно и да се нема никаков сомнеж, различно би се однесувала во ситуацијата. Хипотетички може да измислиме дека би направиле се, ама во реалност да се случи, дефинитивно нема правила. Колку и да размислувам, стварно не знам како би постапила. Да правам јавно драми не ми е дел од карактер дефинитивно. Дали би поверувала, и тоа не знам. Веројатно да имав сега маж ќе можев да се ставам во улогата, вака све ми зависи од човекот кој би бил до мене, нашиот однос, мојот став за бракот и еден куп други работи.