Не знам зошто ви е чудно... Бракот не ни е различен од вашите. Се сакаме и сакаме да бидеме заедно.. Нормално дека ако те изневери тој што го сакаш, ако те лажи дека ќе се чувствуваш лошо.
Јас во животов едно премрежје од ваков тип поминав, ама со екс сопругот бевме стасани до ладни односи па и глетката не би ми значела ништо. Дури, ,,изглумив,, дека сум навредена, ама тек кога се видовме дома. Лично јас не го видов во кафиќот, ама другарка ги видела и тоа не еднаш, па ми јави да ми даде до знаење. Е сеа Рефо да го видам, не верувам рамнодушна да бидам Може нема да се извикам таму во кафичот и да направам циркус, ама знам дека пред врата ќе си најде една ќеса од КАМ со алишта и ќе најде заклучена врата. Уствари незнам. Може и ќе го истепам Знам дека ќе го изнавреѓам На работа е претежно со жени.И попладне остануваат ако има потреба. Ама му верувам
Отворен брак е различен од другите, од таму доаѓа чудењето за постот погоре. За темава, ако дошло до тој степен мажот да седи со швалерката во јавност значи дека бракот веќе бил отиден во бестрага претходно па уво не го боли ако го види дури и жена му лично. Лично јас знам дека до ова нема да дојде зошто знам со кого живеам и делам се.
Различни се само сексуалните преференции... Друго ништо не е различно. Исто како да речеш дека тие што користат вибратор, не им е гајле за тоа дали ги изневерува партнерот..
Некое време ќе глумам дека не сум дознала за ова, па ќе му ги трошам сите финансии наоколу, ќе видам колку мисли дека е способен да ме лаже, дур си уживам у луксузни моменти, па успат ќе си барам и нов и на крај фино лепо ќе му сервирам документ за развод и ќе го оставам без скршена пара.
Нема споредба ова со вибраторов ама нема врска. Штом има секс со други во брак, небитно е дали кажал на партнерот со која се ебе.
Само мал ``проблем``е ако имаш деца, па треба да мислиш ако трошиш од заедничкото купче кратиш од децата, па ако се селиш да најдеш стан, па негово опремување и финансирање. Па и за друг да најдеш или луксузни моменти да доживееш треба некој децата да ти ги чува за да можеш да шеташ и други запознаваш.
Тогаш нема што да те погодува неверство, пошто швалерката може ја користи на ниво на вибратор. Ако тебе човек и предмет за задоволство ти е исто, мене ама ич не ми е. Нема споредба.
Епа да, тогаш одма ќе побарам развод и ќе си ги земам децата со мене, па нека се швалерисува после, а успат ќе барам дел од тоа што сме имале се до сега, нема туку така да му оставам, пред се ради тоа што би имале деца, па подобро тоа на нив да го потроши отколку на некоја си швалерка. Ама ова е хипотетички сепак.
Прво убаво ќе испитам ситуација, вистина ли е или некој има ќар да ме лаже? Ако заклучам дека е вистина, лајчето за душичка вадење спремно и стерилизирано, па се вади душичката лајче по лајче полека, и на крај ќе го оставам и ќе си направам на сама себе услуга. Хипотетички де ова. Веројатно ќе исхистеришам меѓувремено и ќе го гаѓам со сѐ што ќе најдам, ама после ќе се помирам дека сум била мажена со дебил и ќе најдам начин да продолжам со животот - попаметна.
Баш тоа.. Сексот ни е за заради секс (надвор од бракот), само за задоволство. И не е само за нас тоа, туку и тие со кои имаме секс се такви. Ги интересира само секс.. фала-пријатно Швалер/ка е сосема друго. Емоции, време, телефонски разговори, излегување... емотивно вложување има во швалерајот. Нормално дека ќе ме погоди неверство, исто и него. Не ни е сеедно дали сме заедно или не. Не сакам да го изгубам.. Не знам што ти е толку чудно?
Ако немаш секс во бракот, нормално дека ќе го бараш надвор од него. Патем, и швалерките за тоа служат, за секс.
Швалерка е и кога има емоционално изневерување, не мора да е само секс во прашање. Сексот е последица на изневерувањето кое веќе ментално се случувало некое време. И мене повеќе ќе ме боли тоа емоционално изневерување, тоа мислење на друга, смислување на план да се види со неа - фактот што му е позабавна од мене, или го прави посреќен од што јас го правам итн... Сексот е преценет - и кај тие што се ебаваат со кој стигнат, и кај тие кај кои им е врхунац на љубов. Аман... секс е. Кажи ми нешто за почит, затоа што не љубовта, туку почитта кон партнерот нема да ти дозволи да го повредуваш. А за тие што живеат во нетрадиционален, односно немоногамен брак, работите се секако поинакви. Не знам дали јас би можела така, ама не ги осудувам во никој случај. Ако се така среќни - let them be.
Швалер/ка е едно, секс средба е друго. Нема цуци-буци, да се чуеме, да се видиме, не можам без тебе дрн-дрн.. Иначе, немој да лежиш на тоа уво, дека ако имаш секс секој ден со маж ти, оти нема да му се присака и друга да плесне Секакви примери има Ете... тоа..
Или ако на пример имаш тешка бременост, па имаш забрана за секс, па постојано да го тиштиш сопругот ако седне на кафе со колешка дека има нешто со неа А за емоционално изневерување, веќе имаме дискутирано во една од темите за брак т.е. неверство... ..имам прашање: Од каде знаете дека некој емоционално ве изневерил ? Си мисли тој на некоја друга цело време и си ќути.Имате секс, се е ОК, имате супер однос. И среќна сте. Од каде знаете што на некого му се вртка во глава? Иначе, нема секоја од нас ист праг на толеранција па исто да реагираме. Едно е јасно - кога ќе се случи такво нешто некои ќе простат и ќе преминат преку тоа, некои ќе се разделат, ама нервозата ќе те јаде цел живот.
Ако не може без неа, ќе се разведе од жената и ќе си остане со швалерката. Има и такви случаи еден тон, па дури и познавам такви луѓе кои останале со швалерките да живеат. Инаку, лежам на тоа уво зошто знам каков брак и каков секс имам
Obicno svalerajot znae da pocne od eden obicen fantasticen sex, pa potorno da sakas da bides so taa osoba. Retko svalerajot e za pravenje teski muabeti, polemiki, tamu nema deca,nema smetki, krediti, rabota itn... Samo uzivanje.