Прва опција - да извадиш со картичка од банкомат, доколку го знаеш пинот. Но, тука постои ризик да те тужи, односно да ја пријави картицата како изгубена/ украдена па да гледа народот циркуси. Втора опција е полномошно за целосно располагање со средствата. Инаку, доколку немаш полномошно, во ниту едно својство не можеш да извадиш пари од шалтер. Ниту како сопруга, ќерка/ син, пријателка или што-и-дае.
Многу разумно . Децата кај кого се сега? Јас кога би имала поинакво срце и децата би му ги оставила да ги погледа.....за жал за деца најмногу боли, а ионака ништо морално нема да ги научи...наместо да им биде пример како еден маж треба да ја сака и почитува сопругата..што ќе ги научи, дека е нормално сопружниците да се изневеруваат и повредуваат? Некои па кога ќе ми речат за некој иако имал швалерка, бил добар татко.....штом тој решил слободното време да го троши по швалерки наместо на своите деца, автоматски не го сметам и за добар родител. Или некои на децата ќе штедат, ама на швалерките ќе дадат. Убаво си направила прво си го средила животот, па си го оставила......нека се мисли што пропуштил. Секоја чест.
Zrelosta so godinite doaga . Temava treba da se podeli za zeni do 40 I zeni +40 zosto odgovorite ni na son ne se isti.
Ако се докаже дека му е швалерка а не колешка, пријателка итн. би се развела. Никој не треба да трпи да прават будала од него. Ама драми во јавност - НЕ. Доколку со швалерката се познаваме, ќе ја избришам од својот живот, ако ми е пријателка ќе ја отерам у курац. Сите останати драми се беспотребни, поготово ако жената воопшто не ја познавам. Пари крадење, тепање и се останато.. детски муабети.
Не знам што ви е толку чудно некој да и каже на жената ако го видела нејзиниот со некоја. Можеби нема директно ама заборавате колку гнасен народ сме, кој живее за да оговара. Доволно е да и стави црв во глава, доволно е да наговести или некако да напомене и толку треба. Посебно затоа што не живееме во метрополи, дури и најголемиот град не е толку голем, тие се кафичите. Сум била сведок на ситуација да си седам со другарка на кафе, поминува една нејзина познаничка, еееј здраво, како си што праиш, кај ти е твојон, некни го видов на кафе со една ама он мене не ме виде и не се поздравивме. Другарка ми знаеше дека е со колешка од работа, нешто се договараа за некоја работа, он и имаше кажано, ама да не беше така ситуацијата замислете одма колку паѓа чудно. Ако би се нашла во таква ситуација, не знам искрено. На краткорочно ниво навистина не би знаела како ќе изреагирам (еве во од Бубале ситуацијата конкретно), ама на долгорочен план гарант ќе го јаде стапот. Ко ќе се налутам полоша од ѓаволот сум, со тие што сум се скарала до толку да ги отпишам брутално било. И не попуштам, еднаш ако пукне, толку - нема назад.
На тетка ми никој ништо не и кажа. Она се сомневаше дека маж и и таа другата се ставаат во иста смена заедно (сите тројца работеа на исто место). Додека она била прва смена на работа, а овие се ставиле во друга смена, тетка ми намерно испаднала порано од работа за да ги фати. Влезе дома и директно во спална отиде и таму ги начека двајцата. После тоа настанаа некои збрканици, он некако направи за да ја избркаат од работа тетка ми, а они двајца останаа таму. Се земаа, дете имаа, ама им почина.
Тоа ако живеете во твој стан. А ако живеете во негов, мало сутра. Филмаџиски ви се сценаријата, фрлање ствари од прозор, мењање брави, трошење грдни пари од негова картица...ко демек живееме во Лос Анџелес, во огромна куќа со базен и милиони на сметка, а не во Македонија, во двособно станче со се свекор и свекрва или па доградба/ спрат од куќа кои се уште на име на свекорот, и плати од цирка 250,300 евра. Најголем од изневеруваните жените си ги носат роговите и се преправаат дека се е ок(пред комшилук), баш заради таа финансиска зависност, а игра улога и синдромот "шта че село речи." Малку се тие што смогнале сила да го баталат варачот и да продолжат без него.
Ова е вистината кај нас... за жал.. И гледате? Мажите се свесни за ова и го злоупотребуваат тоа знаење! Затоа не е убаво да си судите една на друга, премногу е мажите што не' судат постојано!
Заедничка картичка, каде при отварањето на сметката(или дополнително се доставува барањето), двајцата се овластени сопственици, секако дека може кој сака да ја користи без полномошно. Потпишалe веќе во банката за заедничкото користење, тоа е полномошното. Бубале немој да ме сфатиш погрешно, (па и не можам да те тагнам) се сеќавам на многу постови во периодот пред донесување на конечната одлука а и после нејзе. Добро е што сега со поладна глава сето тоа делува подалечно и што се чуствуваш подобро.
Neveruvam deka mozes tek taka, nitu mene moze mm tek taka da izvadi pari od zaednicka smetka. Odi proveri, izvadi pari vo pogolema suma pa dojdi kazi dali si uspeala. Ako mozese tek taka toa ke bese cudo vo bankoviot system, koj li ke imase zaednicka smetka. Pa odi kupi kola vo kes I dvajcata ste prisutni na mesto na prodazbata, karticata nema da pomine. Vo moment dobivas tel povik od bankata so prasanja "dali se obiduvas da napravis transakcija na suma ….XXXX, a potoa sledi security questions od tipot xxx pa vo krajnost social insurance number na dvajcata partneri. Potoa ke se napravi transakcijata I nema da ja dobies kolata se dodeka bankata ne napravi uste eden dopolnitelen check na odobruvanje na site stranki involvirani vo joint account . Pa ne e ni budala bankata da odobri transakcija koga sekoja para e osigurana I ke treba da plati osiguruvanje I penalty na bilo koj od poedincive koj ke bide osteten. Toa se ogromni pari vo igra, na den, a ne ako slucajot potrae edna nedela ili boze moj mesec. Imalo nekoj popameten od "prevareni zeni" koj dobro go osmislil bankoviot system I nedozvolil vakvi sitni greski. A ako slucajno cuvate pari vo vakvi banki togas pobrzajte da smenite nesto oti "od k*rnaz ima sekogas pok*urnaz". Dodeka vie parnerot da go izmamite, toj vas ve izmami.
Не сфаќам што не е јасно. Си има дневен лимит. Во рамките на тој лимит можеш од аутоматот со картичката и пинот од истата да си подигнеш сума во границите на истиот. Се додека нема судски налози и забрани користењето на средствата од сметката е слободно. И да, пробано е и успеало.
Абе добро. Еве, ионака е хипотетичка темава, ајде сега хипотетички, да претпоставиме дека е можно да 'му ги сољупиш сите пари'... Прашање: Која од вас би го сољупила? Хипотетички.. нели
Јас имам брачен договор, немам потреба од истото преку некакви повлекувања на неразумни средства од сметка. Чисто информативни ми беа постовите.
Би била повредена но, би го оставила во истиот момент. Подобро би ми било сама отколку со некој што не ме сака и цени и одозгора на се се понижува и сам себе и мене па ако имаме и деца уште полошо. Човек не знае што ќе го снајде во животот. Бог да чува.