Коментарот на маж ми, после гледањево на видеово, беше: -Лелеле. буљаш еден педерски, неможеш да сопреш една жена..абе фати и раце и правац дома носи ја..сцени ќе прави, глупа жена ајјјјјјј Ама вака по трет пат кога гледам, па стварно овој многу млитаво некако се однесуваше, а
Ако ми ѕвони непознат (скриен) број не би ни се јавила. Ако ѕвони број кој не ми е во именик и ми каже дека маж ми седи со швалерката таму и таму не би му поверувала (се разбира може и вистина да е, но не би му поверувала повеќе на непознат број, непознат човек, отколку на маж ми). Ако ми се јави познат број, позната личност и ми каже дека маж ми седи таму и таму со швалерката би му рекла ,Во ред, ти благодарам што ме извести. Имај убав ден!' И во никој случај не би отишла таму и таму, ниту пак би му се јавила одма. Кога ќе се видиме дома смирено ќе го прашам дали бил со швалерката таму и таму, дали има швалерка итн итн... Ако го видам со швалерката на кафе, смирено и со насмевка на лице би седнала и јас со нив и би си порачала кафе. Ова последново ми се случи ама со бившиот ми дечко. Седнав со нив и си порачав Кока Кола и си седев без да муабетам, уствари сите тројца седевме и молчевме. На крај тој плати сметка и сите тројца по својот пат. Исто би постапила и со сегашниот ми маж. Швалерката не ја обвинувам воопшто, освен како што беше во мојот случај швалерката на дечко ми да му е мојата најдобра другарка.
Се лапаат у сред кафиќ , замисли стварно . Море се има. Не знам како би реагирала ама сум донекаде сигурна дека не би отишла таму да правам драми, можеби би отишла скришно да видам да се убедам дали е точно и после дома би се разбрала, вајда, не знам. И поарно да не знам
Да го фатев, ќе летеа пердуви. Се знам, ќе експлодирам и ни срам ни ништо нема да ми биде гајле. Ќе ги натепам и двајцата мислам . Ова во афект. После ќе ме фати срам дека нели образована, интелектуалец итн итн. Ма каква сака нека сум, за вакви работи тешко дама ќе останам. Нормално дека швалерката не ми е крива, ама ќе си изеде ќотек оти се плетка кај што не и е место. Две години сум разделена/разведена. На оженет не ни помислив. Се треба да има граници. Неверство боли, абе гајле ми дали е љубов или не, дали е само секс, сеедно боли. Дали ќе прекинам брак не знам, ама ќотек ќе јадат. Малку сте нереални на темата. Плус па и не сте искрени. Ама затоа во друга прилика.
А зошто би биле неискрени и нереални? Јас сум поминала неверство, знам како сум изреагирала, сигурно дека нема да ми биде сеедно, ама да правам сцени во јавност, не би. Никогаш, колку и да боли. Не сум таков карактер. Помлада кога бев не направив сцена, сега ли ќе правам? Ниеден маж не вреди до толку.
Лајк за последниот дел од постот. И јас читам некои работи и се чудам. Убаво ти вика Анатх погоре. Чему ќутек, убаво е да се научиме поинаку. Велам научиме, од причина што не знам како би реагирала. Неа нема да пробам да ја удрам тоа сум сигурна. Ето јас се водам како разведена. Не го фатив со друга, барем не дознав ни пред ни потоа дека имало нешто измегу, мада немора да значи. Но да речеме по извесен период, после пет шест месеци, прстени, посети на гиноколози.. Не осетив никакво лошо чувство кон неа, дури ми беше и жал. Скоро да бев и сигурна што ја очекува. Од причина што жената веќе имаше две деца. Претпоставив дека се е заинат и знаев дека ке ја остави на пола пат Тој за свое дете не се грижи а камоли за дете што не е негово. Добро што била жената во рана бременост. Среќа во несреќа. Не оправдувам абортус не за себе, но за друг секој сам си ги знае условите . Не велете се пикаат, никој неможе никому сосила да се напика Налет да ми е таков што му се "напикале".
Те, кажете де, кој е неискрен? И од каде знаете? Се само одоколу зборувате Не сте фер @JuLleE ме изненади, мислев дека си полиберална Не ти е крива швалерката, ама сепак ќе ја натепаш Контрадикторна си малку. На темава... Не знам што би направила. Никогаш претходно не сум била во слична ситуација за да можам барем да претпоставам. Знам само дека ќе ми се скрши срцето и дека нема никого да тепам, ниту него, а најмалку швалерката. За сцена не сум сигурна Исто не сум сигурна и дека би се развела Иако порано бев 100% сигурна дека неверство не простувам, сега со дете не знам баш. Гледајќи ги како се сакаат и колку малата не сака двајцата и сака да бидеме заедно, не верувам дека туку така ќе се решам на тој чекор Крајна опција би ми бил Тешка тема
Едно знам сигурно-дека ќе го отсакам! Некој што ми е се, најдобар другар, љубов, се буквално, да си најде, да помисли на швалерај, па да си излегува така фино по кафичи, ресторани со неа... Секако дека срце ќе ме заболи, ама природно ќе ми дојде да го отсакам и да се чудам по некое време како сум го сакала...
Да не ве чуди, за некои работи сум ептен конзервативна, си имам граници и принципи. За ќотекот, ви велам се знам, да ги фатам, ќе мавам и по двајцата. Во афект. А во афект сум страшна. Јас знам да сакам многу. И давам многу, и кога сум повредена реагирам бурно. Швалерката не ми е виновна, но и таа има свој придонес. Доста ги ослободувате од секаква одговорност ваквите жени. Изгледа не сте осетиле (или заборавате) како е брак да ви се распадне, да ви страдаат деца. Тогаш ќе ги сфатете сите оние жени кои се гневни и лути. Потоа со тек на време се поминува и легнува. Затоа едно е теорија, друго е да осетеш. @An-na не вртам од околу, ама сепак се работи за тешка и осетлива тема па затоа и внимавам.
Не мора да се лапаат, можат да се гушкаат или да се галат за раце и сексипилни погледи да си праќаат. Мислам ако ги погледаш извесно време ќе сватиш .
Дали ќе се тепа швалерката зависи од тоа дали таа знае дека мажот има жена и деца или не знае. Можеби им е прв пат да се швалерисуваат и не знае дека е во брак. Можеби не носел воопшто бурма, можеби ја извадил за швалерајот. Можеби оди во друг град да се швалерисува и швалерката не знае ништо за повеќе за мажот. Врти сучи на ПРВО место мажот е крив. Има ли тема "Вие со швалерот на кафе" или пак дискриминација дека само мажите имаат швалерки?
Mene mi se slucilo vaka da mi se javi nekoj so nepoznat velejki: Znaes li kade e decko ti vo momentot? I jas: a koj si ti? Decko ti vo momentot e tamu i tamu...so edna devojka. Ne bidi tolku sigurna deka e doma. I mu spusti.... A mi bese cudno sto pred nekolku sekundi zborev so decko mi i samo sto spustiv mi se javiva nekoj so nepozat..... Jas pretisok 200 . Vednas mu zvonam velam kade si? (Onaka iznerbirana) Velu doma sum pa pred malku ti kazav. Ne me lazi be smotan eden budala li ke me prais? Abe vika sto ti e eve slusaj brat mi e tuka so zenata, sestra mi, i decata isto vidi....eve zbori so niv ako sakas I jas edna faca i posle mu kazav za povikot. Na kraj bese edno dosasno devojce koe sakase da mu se pikne i se obiduvase na site nacini da raskinam so nego
Овој мојов пак , бурмата ја остава дома само ако користи оружје на работа . Инаку , не ја вади од рака . Есенва средувавме во викендица , абе плускавци на раката направи од дрвата што ги сечеше , бурма не извади . Му викав извади ја , ќе ја оставам на страна , кога ќе завршиш стави ја пак . Не , никако ми вели . Јас да извадам бурма ? Ти си луда . И сега пред некој ден оди за на работа , ама имале вежби со оружје и се туфка од сабајле се мисли .. Го прашувам : " - Што ти е , што се мислиш ? - Абе имаме вежби со оружје не знам за бурмава дали да ја оставам дома или не .. од една страна , ми е шујбе дека со оружје има трзај голем може прст да ми скине , од друга страна си ветив дека нема да ја ваѓам од рака .. " . Го гледам и се чудам . Велам : - " Остави ја дома ич не се мисли . Подобро да ја извадиш отколку без прст да останеш . Ти луд си бил ма , уште и се мислиш саат време . Штом постои ризик да ти се скине прстот поради трзај на бурмата со оружјето , не ја носи . Мене ми е битно да ти верувам , да знам дека нема да направиш нешто што не треба , а не да носиш бурма а да не го сакаш тоа , или во случајов да ја носиш со ризик " . Ме послуша и ја остави дома . Инаку јас му имам кажано ако не сака не мора да ја носи , ама он самиот сака и ја носи . Освен за на работа во одредени случаеви .
Верувале или не, јас бурмата ја извадив после неколку недели од свадбата Не можам никакви прстени да поднесам на раце.Исто беше и со вереничкиот прстен,неколку недели го носев.Никој ниту ми се лути,ниту прашува зошто- како. ММ 9 години ја нема извадено од прст воопшто.Сега и да сака да ја извади не може,тесна му е,и не се вади од прст Доколку ММ би ме варал и би го фатила со швалерката, нејзе само би и се претставила која сум, и би ја избркала од местото каде што се. А ММ тешко него.Сигурно би кренала рака на него,би викала,би барала одговори зошто и како,и на крај пакување куферите и со децата дома кај моите. Развод дефинитивно би поднела,без многу оправање да се даде втора шанса,нема да се повтори,немав ништо со неа и дрн-дрн јариња.
Mnogu pobiten e faktot deka samiot maz e mnogu dobro zapoznaen so situacijata doma i deka go cekaat zena i deca. No sepak ete si resil da si se rekreira. Taka da moeto e mislenje e deka svalerkata mozebi ima ama mn minimalna vina.
мимимална или максимална вина, за швалерката баш ме заболе..има да и наплатам за се живо и диво, за загадувањево на Скопје, за тоа што мајка ми ме родила..и тако даље...јбг. кога неможеш на магарето, ќе наплатиш на самарот