Така некако, последниот месец дознав нешо и прекинав врската. Али па кратка и несериозна врска имавме, башка 16 бев и ја не глеав толку нешто сериозно со него, едвај 3месеци бевме заедно и у тој период со сегашниов дечко се упознав. Да не беше он не знам дали со дечко ми сеа ќе бев заедно и тоа толку долго, така да не ми е гајле од овој аспект, ми напраи услуга и така не беше некој човек за сериозна врска. Секој крај, значи нов почеток, а кај мене новиот почетокот беше одличен.
За жал не сум искусила такво нешто,многу би сакала да доживеам После 6-годишна врска не знам каков дејт можам да очекувамовој мојов да се сожали на мене и да ми направи изненадување. Му имам зборено еднаш дека сум немала дејт за паметење,можеби еден ден ке имам Блазе вас кои сте доживеале совршен дејт
Најубав дејт ми беше кога бевме договорени со маж ми да одиме на дејт, а тој ме качи в кола и ме однесе на аеродром и летавме во една држава кај што ме однесе на еден настан кој јас си го разгледував цела година пред тоа ама не мислев дека ќе одам, а тој купил карти, средил куфери, изненаџење на векот беше тоа
Според мене најубав дејт е state of mind, а не настан. Имам многу убави дејтови, и сите од нив биле некое спонтано “ајде да се видиме” и најчесто на најрандом место, како парк или кај него дома седејќи на тепих дур јадеме пица. Додека пак сите планирани не ми биле ништо посебно, а изненадувања не сакам. Нека ми направи да осеќам додека сум со него, за планирања и патувања и слични ствари можам сама.
Прв дејт најубав , немам . Ама имам еден кој не е прв , ќе пишувам за тој . Додека бевме во врска со сегашниот сопруг , требаше да одам на мекици кај негова тетка . Барем јас така мислев . Ми се јави , ми вика ваква е работата , сестра ми и мајка ми те покануваат на мекици кај наша роднина , и да се запознаеш со поблиската фамилија . И јас како , ај ок ќе дојдам ( иако пукнав да го убедам да не одам ,од пусти срам ) . Се дотера и околу 4 требаше да дојдам во кафаната , каде ќе ме чекаат мајка му и сестра му . Меѓутоа , ништо од тоа . Тие ме поканиле за до душа , ама овој рекол дека не сум можела да одам , веќе сме имале испланирано нешто ( втф ?! ) . Тој , земал , наредил свеќи низ цел спрат , купил сокови , благо , грицки , вино , пиво и ме чекал да му се јавам дека тргнувам ( да ме земе со кола од мојата последна станица , малку е далеку до кај него ) . Ме зеде што ме зеде , ме носи дома . Велам - кај идеме вака нели во кафана требаше .. Вика - Ти не одиш . - А зошто ?! - Па ќе видиш .. - Хм .. а мајка ти и сестра ти ме чекаат ... - Не се секирај , јас веќе се погрижив за нив .. .. Во меѓувреме стигнавме до кај него дома .. И кога влегов што да видам ( инаку до трети он леташе кондиција ненормална , јас душиче како желка ) он веќе запалил свеќи , наредил ќебиња , јастуци на подот , лаптопот чека со веќе спремен филм . Воглавно поминавме ноќ заедно , а филмот воопшто не го гледавме .
Со сегашниот дм. Се договаравме повеќе од пола година кафе да пиеме, ама никако не можевме да се погодиме, различни градови, плус јас студирав во друг град и му реков не ни било пишано кафе да пиеме Се погодивме конечно. Му реков да одиме кај шо мисли тој сепак јас сум гостинка, убаво беше шо кафичот не беше преполн. Во текот на кафето ми рече дека никогаш до тогаш немал правено нормален муабет со женско, јас се чудев за шо зборувале тогаш, ако не знаат нормален муабет да направат. Кога станавме, јас вратата ја фатив за да отворам и тој ја стави неговата рака на мојата, струја ми помина низ цело тело добро е шо не скокнав Кога ме испраќаше најдов чоколадо во чантата па јадевме Кога ме гушна само така стоев како изгубена, не сакаше и тој да замини, ме викна да појдиме кај шо ќе бидат тие вечерта.Па пиша порака да поминиме кај шо се тие, ние бевме во друг кафич. Само шо влегов во кафичот ме виде одма дојде. Цела вечер беше многу посебна, не се опишува со збор Кога ќе ме допреше за половина кога зборувавме јас цела се сепнував.. Знам дека го прашав нешто, ми рече тоа ќе сум знаела кога ќе ми бил дечко И по два месеци кога дојде тој веќе ми беше Знам дека вечерта не можев да заспијам, срцето ќе ми излезеше, како и многу други вечери после тоа. Вториот состанок со дм беше поуникатен, љубовен
Секој состанок ми бил убав на свој начин. Огромно искуство, лекција за во животот, начин да дознаам што ме привлекува, а што не кај партнерот. Ама ако морам да издвојам најубав ми беше еден состанок во клуб во близина кај што живеевме и двајцата. Ме воодушеви со скромноста и делумно срамежливоста, но пред се големата искреност што на моменти мислев дека лаже, ама не било така. И така, најубав состанок, најубави спомени
Не до толку . Инаку , кога живееш во куќа на 4 ката , и да не сакаш , ќе имаш кондиција . П . С . Не трчаше он , јас бев многу бавна . На секое одмарав .
Ајде и јас да пишам (од машки аспект) Со девојката се запознавме при едно излегување со поголемо друштво. Во меѓувреме немавме комуникакација, па после 2-3 месеци од запознавањето, на нејзина иницијатива договоривме дејт. Девојката беше од друг град, па јас како машко отидов во нејзиниот. На пат кон нејзе, ме извести дека ке закасни поради оправдана причина. У меѓувреме си помислив да не ме насанка, да тепам пат за џабе, али ајде си реков не би требало, не сме деца. Стигнав јас, ја чекав речиси 2 часа, она конечно се појави, али ајде се случуваат непредвидени работи. Кога стигна, се извини за каснењето, али не направив никаков проблем. Отидовме на вечера во локален ресторан. После вечерата, излеговме да прошетаме во градскиот парк. И таму бидна што бидна, колку да не испадне џабе одењето, а и чекањето. Нашето кратко траеше, еден месец, од малце несекојдневна причина, али нмв. Може не е идеален дејт, али ќе го памтам по чекањето 2 саати.
Секоја чест за трпението друже. Мене чекањето најмногу ме иритира, посебно на прв дејт, тоа ми масивен red flag.
Поради здравствени причини на член на потесното семејство каснеше. А за здравје никогаш не се лаже. Затоа и чекав. Али и мене страшно ме нервира каснење, особено од личности кои не се педантни, што на некој начин како намерно да доцнат.
не е баш можеби дејт ,но имам доживеано како на титаник да ми се пушта дечко,плус и надимакот му беше џек.најмногу си го сакав,но он мене не
ме е нешто дејт ноо би го издвоила денот кога ме ззапроси. во природа. под ѕвездите. на ридот. се гледа цел град. од сијалиците- романтика пука... и прстеен околи 20 часот беше,среда ми се чини кјуут <3
Дојде кај мене дома со шише црвено вино (го превртел цел град за да најде од тоа вино оти му е омилено) и еден куп работи за јадење. Направивме вечера, запаливме свеќи, пуштивме романтична музика. После тоа гушки и сме се комирале и двајцата.
Toa i ne mi bese bas nekoj den za izleguvanje. No si rekov ajde, zaradi omileniot bend. Bev srednoskolka, drustvoto taa vecer mi bese top. Zabavata bese pokraj otvoren bazen, ubavinii. Se zabavuvav i peev, naednas drugar mi me vikna na strana. Mi vika, da ve zapoznaam so drugar mi. I tolku. Toa bese ljubov na prv pogled. Bela kosula, povisok od mene, taka sportski graden, temni oci, nasmevka neverojatna, i parfem koj ubiva. Mislam deka custvoto bese wao. Uste pri prviot pogled, prviot zbor se custvuvav kako da go poznavam so godini. Cela vecer igravme zaedno i nemozevme da go trgneme pogledot. Sepak zavrsivme mnogu mnogu loso. Ova i ne bese nekoj dejt, ama custvoto mi bese posebno. Bas bese moj tip. Tolku bev ladna toj period kon site, sto ne ni ocekuvav deka ke sretnam nekoj da se zatreskam u sekunda. Se zapoznavme na socijalni mrezi, si rekov ajde ke probam. Ova ne ni bese prv dejt. No bevme na pocetok. Ne ocekuvav deka nekoj ke pamti detali. Go gledam doaga nakaj mene i mi gi dava omilenite gumeni bonboni. Gi obozavam sekogas ovie sitnici no ne mislev deka na 3dejt ke me iznenadi. Sedevme vo park, pievme pivo, sakavme dolgi dolgi prosetki. Se smeevme ko ludi, tolku bevme slicni, premnogu, mozebi zatoa i ne uspeavme. No sekogas ke go nosam vo srce. Bese edinstven decko sto znaese navistina kako da pocituva, znaese da me nasmee kako nikoj.
Гледам во другата тема на ужасни состаноци има многу случки кои ги опишуваат ужасите околу плаќањето/делењето на сметката и неспоразумите за истото... Да споделам едно убаво искуство што го имав јас кога е во прашање сметката. Далеку од мојот најубав состанок, но беше доста топол и позитивен гест од нејзина страна. А можеше да биде бламирање. Не беше прв дејт на кој излеговме, ама беше некаде меѓу првите. На моја иницијатива отидовме во ресторан за да почастам за еден убав мајлстон што ми се случи во животот. Малку се опуштивме превише и повторно на мое инсистирање порачувавме повеќе работи за кои во моментот не искалкулирав дека ќе немам сите да ги платам. На крај сметката беше точно 1350 денари. Отворив паричник и одма ја извадив 1000-та, и видов дека за остатокот ќе немам да доплатам. Почнав да претурам по преградите и се што можев да најдам беа уште 100тина денари, недоволно. Виде она во каква ситуација се наоѓам, реши да интервенира на многу фин и убав начин. Ме праша тивко пред келнерот: "Ти треба ситно?" "Да, не можам да најдам ништо поситно од 1000 и 50 денари". "Имам јас точно толку. Повелете." Ги додаде парите и ја спаси ситуацијата без да ме посрамоти пред келнерот дека немав доволно, или пак да се пожали што морала така, да изрази незадоволство. Напротив... Се извинив, и следен пат инсистирав да частам повторно. Не се сеќавам дали почастив, ама знаејќи ја неа, ми немаше дозволено, сигурно. Со неа никогаш не се најдов во ситуација понатаму да бидам "искористен" на некој начин, да очекува да бидам тој што ќе плаќа цело време. Секогаш сме делеле сметки и тоа секогаш било непропорционално, без никаква замерка, а сепак, ниту една страна да не е оштетена. И тоа секогаш знаела да најде некој начин да ме претстави во очите на другите како јас да сум тој што плаќам, а никогаш да не ме остави без и она да учествува во сметката. И баш таа слобода што ја имаш, удобност дека имаш покрај себе личност која не се фаќа за денарот да дели, сечи, мери и премерува што како, кога, туку спонтан договор, е најдоброто нешто кога се во прашање сметки, пари и дејтање. Ако се фаќате до денарот, не бива ништо од таква врска. Од оној момент пак, лекција ми е кога излегувам да носам поголема количина на пари, и тоа во кеш, оти сум се нашол во ситуација да имам проблем и со плаќање со картичка, ама тоа во некој друг пост. Мојата чудесна земја.
Мислам, мислам, враќам меморијаа ...хмм Па јас навистина не сум имала дејт кој можам да го опишам како незаборавен кој ми оставил убав впечаток и да го памтам дали по некој гест или личноста .. Сите на ист начин, сите приближно со исто однесување во границите на некоја монотона точка каде секој дејт ми бил ист само различна личност...