Редовно раскажуван, запамтен за доживотно, сеуште во контакт (со open possibilities за подобри времиња) .... Бев на одмор со моите, ама имав навика да си излегувам навечер сама на коктелче, две, ви фи и раат. Ама од старт ми се закачи средовечно македонче из америке кое дошло на одмор со брат му и буквално секаде пред очи ми излегуваше. Една вечер седејќи у кафич ми се тупна на маса. Нит дали може да седне, нит дали чекам некој... оп хоп туп! Си нарача пивце, си тегне од централа и и шепкам на келнерката - вади ме од шитов како знаеш и умееш. Оди до шанк се враќа за две мин и ми вели- оди седни до оној дечко онде. Пред старчево се извадив дека партнерот ми дошол и ме чека на шанк. Е, од тука почнува најспонтаниот и најубавиот не-состанок во мојот живот. Он тотално незаинтересиран за нешто повеќе, од култура муабет ми правеше, за после пола саат да сме задлабочени у без врска лајт теми кои одлично ни одат, ама сепак секој својот ќош си го држи без никаква намера. Саат време подоцна, културна смеа, пријатна атмосфера, коктели си леткаат, он винце си тера.... Два саати подоцна, шанкерот свеќа ни пали пред нас, романтична атмосфера наводно Ако ви се верува од некаде пред 21 часот до 01 седевме заедно! Ме најде на фб, нареден ден мислејќи дека одам на плажата од кафичот си чекал таму... ама пошто поминав одма ме виде... Ииии така почна една пренајубава врска која секој состанок беше приказна за себе и траеше 5-6 месеци. Не дека Грција е далеку ама... Лили беше удрена и раскина. И ден денес сме во контакт... и се си ветуваме дека ќе се видиме ама никако никој да отиде кај другиот набрзинка напишав
Уште бевме во врска тогаш, се договорил со мајка ми, ми спакувала во куфер најбитни работи, а во меѓувреме ме викна да одам нешто до кај него, сам ќе бил, да сме си поминеле време заедно. Супер викам, ќе си поминеме убава вечер, одам, ми вика уплатив за мини викенд за утре, се е спремно, одиме. Многу ме изненади, сред зима не очекував, не сум некој љубител на планина, не скијам, а и мајка ми што ништо не ми кажала и се спремила. Преубаво си поминавме, што секс падна тогаш, по тоа го памтам местото. Ладно беше за шетање, не сме скијачи, но хотелот беше преубав, таква атмосфера. Најубав дејт-одмор.
Дојдов да пишам, ама мислам дека прекрасен дејт треба да се осети, не може да се опише. Со последниот партнер, излеговме на ручек/вечера да одбележиме некој месец заедно, во еден ресторан со прекрасна атмосфера - не би рекла романтична, но пријатна, баш по мој вкус. Потоа шетавме низ Стара чаршија, доцна беше, се затворено, ние онака си шетаме заљубени, рака под рака, се луламе лево-десно, споро одиме. Ги гледавме излозите на златарите, биравме веренички прстен за мене и после седнавме на клупа покрај реката во центар. Немаше гужва, се беше многу мирно, само далечна галама од другата страна. Седевме гушнати и разменувавме по некој бакнеж и тишината ја „уништувавме“ со по некоја изјава на љубов. Тој дејт ми останува најубав на свет, што се насолзив сега. Без разлика на крајот, за вакво сакање и вакви моменти... се вреди.
Он си е по планина и ладно, јас по топло и море. Ама можевме секс и дома да имаме, вака се потрудил барем, одма друга атмосфера е. Малку треба за среќна жена, тоа е само маж што се труди за неа...
Да речеме еден од поубавите... Беше дечко кој живееше во моја населба ама никогаш не сум го сретнала.Се запознавме на моето работно место.Еден ден случајно враќајки се од кај другарка,осетив како ме поминува кола и наеднаш кочи.Ме праша каде одам да ме префрли.Одејки натака ме праша дали имам време да испиеме кафе.Си отидовме лабав муабет,а уз муабет стигнавме до тоа дека ќе оди за Ох деновиве,таму имале вила,ако некогаш одам накај Ох да го барам.Бидна кафето и секој по свој пат. Арно ама јас од нигде никаде отидов за некој ден во Струга.Си пишавме некоја порака и ми врти.Спреми се утре доаѓам да те земам одиме во Ох.Само му реков ќе се чуеме утре ќе видиме.Цела ноќ мисли се да одам или не.Највеќе ми беше да не сака чисто да се видиме ради секс,во моментот такво нешто не ми требаше.Шетајки натака навака сум ја разбудила братучетка ми,тогаш спрема мене детиште.И раскажав што се случува и само рече оди ако нешто не сакаш а навалува само спакувај се и дојди си. И бидна.Ми се јави утре дента рече абе што направи да доаѓам? И така почна нашето патешествие полно со љубов болка караници убави моменти.Долги 4/5 год заедно,почнати од нигде никаде. Ме зема си отидовме на плажа,муабети како да се знаеме сто години.Се вративме кај него падна и прв бакнеж.И од еден ден испаднаа скоро 7 да бидеме таму заедно. Луѓе од два различни света,возрасти,погледи кон светот,почнаа да функционираат заедно,и си рекоа што биде нека биде се дур иде. Отварање врата,дамата да влезе прва,да ти намести столче,да се осетиш како вистинска принцеза. Страшно добро ни се поклопуваше хуморот.Уживав со него.Не се сеќавам да возел а да не ми ја држел раката. И не,не ми е маж
Не беше дејт иако со истата личност сум имала преубави дејтови, но на оваа сега се сетив. Тогашен дечко кој живееше у странство дојде кај мене на една недела. Стигна во 6 саат сабајле. Се симнувам пред зграда да го пречекам. Искача од такси со букет рози, јас у шок кај најде цвеќе рано сабајле доаѓајки од аеродром. Се качивме у стан муабети па јас отидов на работа. Кога се вратив ме чекаше со поставена маса со пред јадење, јадење и десерт - готвел додека ме чека мене. Ручавме па отидовме на кафе. Вечерта изглеговме со мое друштво, игравме се смеевме си поминавме најубаво. Во текот на вечерта другарка ми ми шепка дека навистина ме сака и у план е запросување. Тогаш го дознав датумот на кој сакал да ме запроси. За среќа или не среќа не се случи тоа. Имам уште една случка со него што ќе ја паметам цел живот, но за таа друг пат.
Првиот состанок со него,таа вечер никогаш нема да ја заборавам, бакнување и филмско приоѓање,само жалам што тој беше по заинтересиран за мене отколку јас за него ,ама тоа што се случи таа ноќ е најубавото нешто што сум го доживеала,пораката кога стасав дома и како слатко се смеев и среќа чувствував.
Најубавиот состанок ми беше со сегашниот дечко. Тоа беше нашиот прв дејт, се договоривме да се најдеме во парк. Јас земав шаторско крило да си постелиме да си седиме на раат, он донесе пијачки и грицки. Напоредно си пуштавме музика, те он нешто по негов вкус те јас и ептен се поклопивме тука. Прв дејт, кој траеше од 9 вечерта до 3 сабајле. Не можевме да се изназбориме, од една тема на друга и сфатив дека имаме доста слични размислувања за некои работи. Особено ме освои неговото познавање во музика, аудио инженер има завршено факултет. Музиката е дел од целиот мој живот, имам пораснато слушајќи квалитетна музика покрај татко ми. Нон стоп или пушташе плочи на грамофон, касети на систем или свиреше на гитара. Кога се разврзавме муабети и за музика, се наежив цела ама од убаво. Исто така ми се допадна што има супер смисла за хумор, многу се смеевме. Послободно и поубаво во својата кожа се немам осетено никогаш, вечерта имаше многу убав flow и се течеше природно, без глумење и без форсирање. Бакнежот како јаготката на шлагот падна скроз на крај кога станавме да си одиме, он се исправи прв и ми ги подаде рацете за да ми помогне да станам. Ме повлече накај него и тука се споивме, јас таква енергија немам осетено до сега. Кога и да се сетам на тој момент и на таа вечер се насмевнувам. Немаше некои романтични моменти, не е таков лик едноставно. Ама чувството што ми го разбуди таа ноќ и колку беше внимателен и трпелив со мене ќе ми остане во сеќавање засекогаш. После тоа ме покани да одиме кај него дома, ама реков не вечерва. Секој по свој пат, јас на точак он пешки до дома пошто блиску живееше. Ми го даде дуксерот да не смрзнам по пат, се бакнавме и на крајот ми вика: многу убаво си поминав, знам дека ќе се видиме пак.
Најубав можеби уште ме сум доживеала ама овој ми остана за срце. Работев нешто краткорочно во друга земја. Тука запознавам лик кој секој ден ми идеше на работа и се зближивме полека ,се разви и некоја тешка хемија за која и двајцата ќутевме. Разменивме мегувремено броеви. И знаевме да си пишеме одвреме навреме се почесто и признавање некои емоции. Од трети причини несакавме да бидеме заедно. Се до последниот ден каде што требаше да си одам. Седев во хотел и онака лагано се пакувам кога ми стига порака дека дошол во хотелот и седи во лоби бар. Се симнав ајде муабет се собравме кафе и тој никако да си оди. Останавме сами и обрнавме на алхохол...(целата вистина е во виното) Е тука се десија најубавите работи ,прв додир ,прв бакнеж ...муабет искрени емоции ....чувство кое е неописливо ко да си со особа што ја знаеш цел век а всушност само 2 месеца. И така ние цела вечер заглавивме уз тивка музика ,пригушено светло и бело вино до сабајле. Нема врска што се патосиравме и двајцата Нас ни беше преубо ,и тој рече дека му е една од најубавите вечери во животот. Штета што не сме заедно и остана да се памтиме по тие прекрасни моменти....
Најубав не знам дали да кажам состаноккк,ама запознавање да. Бев во друга држава. Додека работев таму,до мојата работа имаше една пумпа,постојано одев и си купував ред бул. Се додека не се запукав со еден вработен. Т.е синот на газдата. Пошто сакав да земам поладна лименка ѓи истркалав сите други,и овој почна да ми се дере. И се испокаравме. 5 дена немав одено. Морав да одам пошто типот беше преубав,и арогантноста ме завлече Кога отидов не беше таму,ама вработената ми даде еден пакет во знак на извинување. Така и почнавме да се допишуваме,зборуваме,и мислам дека тој период кога одев на работа ми беше еден од најубавите периоди. Штета,па го оставив поради друг глупаак и шупак кој ме чекаше да се вратам,и ништо освен смешни пораки,типично пиење ладен ред бул,и по некое милување по коса,ништо друго не се случи. патиштата ни се разделија Никогаш нема да го заборавам Фраерчина
Сите дејтови со дм ми биле најубави, секој е посебен на свој начин. Незнам кој да го издвојам за темава па ќе пишам за првиот. Бевме ние другари знаев дека таа има чувства за мене и сакав да ја прашам за врска, незнаев како, не сакав да биде по порака и се сетив и ја поканив да шетаме заедно, реков дека немам со кој да спортувам и да дојде ако сака со мене да шетаме по стаза низ шума и прифати. Си реков ќе смислам нешто додека шетаме.. И додека шетавме јас мртов озбилен и викам "треба да ти кажам нешто, јас не сакам повеќе да бидеме другари", и како одеше застанува и ме гледа чудно, јас гледам и ќутиме колку минута (а си ми мислам "да речам се шалам бе, не ми делува дека ме сака изгледа лошо проценив јас") и ми вели уште да заплаче "ама зошто, што бидна, зошто ме викаше да шетаме... " и она уште не докажана ја прекениав и викам "Изгледа те сакам јас тебе, не можам да бидам само пријател со некој што го сакам, дали сакаш да пробаме да бидеме нешто повеќе " и ми рече нешто како " ме исплаши, сакам, мислам дека и јас те сакам.. " и тука ја гушнав и прашав дали натаму сака да продолжиме за раце и после шетавме така и разговоравме многу и убаво ми беше По пат ми кажа дека мислела ќе ја оставам сама кога сум и рекол така, а она не ни знае кај е ни како да се врати Има и ресторан во шумата, пешачевме до таму и појадувавме заедно, ми беше највкусен појадок во животот и тоа омлет беше. После од тука се вративме во град и ја прашав дали има врема да ја носам на уште едно место за да и се извинам што ја исплашив, знам дека сака животи и во зоолошка ја однесов. Премногу се израдува, мислам дека најсилно тогаш ме има гушнато. На крај јадевме сладолед, си зема таа еден, јас друг и на крај ми го зема мојот поубав и бил После ја вратив во студентски и и пишав кога и јас стигнав дома. Најако беше кога ми ѕв на слушалка брзо од кога и пишав дека сум стигнал и ми вика "ме натераа да ти се јавам некој сака да ти каже нешто не е моја идеата" и од таму се јавува цимерка и, и ми вика " По среќна до сега во соба никогаш се нема вратено, гледај секој пат ваква да ја враќаш ако не со мене проблем ќе имаш".
Јас не сум човек, кој обично останува до доцна или рано наутро, како сакате. Неколку години во минатото, после 4-5 месечно интензивно, секојдневно допишување (јас бев во друга држава 8 месеци). Многу долго се мислев дали да ја поканам. Многу убаво се чувствував зборувајќи со нејзе и бев свесен доколку излеземе, како и да се одвива нашето запознавање во стварноста ќе влијае на начинот на кој комуницираме(не мислам/мислев дека негативно ќе влијаеше, само не знам дали бев спремен да го изгубам тоа секојдневие кое што го имавме ). Онака, зборувавме за ништо, а кажувавме сѐ. Се сеќавам, јас, во тогаш мојот омилен град останав до 3 часот по полноќ да ја тешам/сослушувам поднапиената таа затоа што друштвото ѝ ги изело сите палачинки. Тогаш ми кажа - да беше до мене ќе те гушнев. Се вратив крај на летото, ја поканив на еден фестивал, зборувавме саат време и знам дека ѝ кажав нешто слатко, ме гушна и се збунив и беше таква akward ситуација. Ја гушнав, ја пољубив. Се бакнувавме/гушкавме без претерување некои 5 часови. Знам дека ништо не слушнав од фестивалот. Мене секогаш ми било проблем да ја држам партнерката за рака. Нејзе не ми беше проблем. Се разделивме во 6 наутро. Штета што ниту јас бев за нејзе, а ниту таа беше за мене.