1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашиот одбранбен механизам

Дискусија во 'Психологија' започната од NoellePage, 13 септември 2011.

  1. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Секојдневно сопкање од ископани дупки на нашиот пат кон успехот, кои ни за секунд не ни даваат мир и мора постојано да сме на штрек. Што правите вие кога ќе ги нападнат вашите лаѓи, вашето битие, вашите принципи? Барате ли помош, или се борите низ калта сами? Или пак отстапувате?
    Кои се вашите ставови? Кои се вашите оружја? Слободно и без влакна на јазикот споделете се што ви лежи на душа, дека животов знае да биде безмилосен, а кога веќе е , барем да го пречекаме спремни

    Ваша, Ноел
     
  2. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Вашиот одбрамбен механизам

    Мојот одбрамбен механизам..мхммм обично се затворам сама во себе..имам како некој оклоп кој што е недостапен за другите..сакам сама да пребродам се и обично не барам помош ако можам сама бидејќи никому не му верувам онака како што си верувам себе си и никогаш не се откажувам, бидејќи секогаш мора да има излез од лавиринтот колку и испреплетен да бил. :) Не сакам да отстапам од моите замисли, планови, соништа заради некого или нешто, ако тие/тоа не го заслужува/ат моето жртвување. (Можеби би се откажала за некои ситни работи кои не ми значат многу доколку тоа би ги направило среќни некои драги луѓе) За мене моите соништа се нешто најсвето, и не му дозволувам на никој да ми ги уништи, јас сум спремна да им докажувам на сите оние кои мислат дека не можам да успеам. Тоа и повеќе ме мотивира да го направам нештото. Моето најсилно оружје е мојата одлучност, и храброст секогаш да се обидувам повторно и повторно колку и пати да би било потребно. Јас по природа не сум дефанзивец, но не сум ни напаѓач..Ако би го споредувала животов со фудбалов јас сум среден играч, кој знае да ја држи играта во свои раце, кој знае да го погоди голот од далеку, но знае и да згреши и да го пропушти противникот на својата половина. Како и да е верувам дека за сите постои место под сонцето, но прво треба да одеме и по студ, мраз, дожд, магла за на крај да ја почувствуваме топлината на сонцето, инаку како би го ценеле???... :)
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Вашиот одбрамбен механизам

    Како дупло ракче, мојот одбрамбен механизам вели - ,,Силната одбрана е најдобра одбрана,,. ;)

    Некогаш претерувам, морам да признаам. :x Толку испаничувам дека се ќе се растури и се ќе отиде по ѓаволите, што сум претерано претпазлива. Сум се изгорела повеќе пати, со многу мака сум ги наредила НЕКАКО коцкичките во животот и за жива глава не дозволувам некој да ми ги размести. Ми треба време да почнам да верувам на некој, ми треба мнооогу време да се опуштам и да не сум во контрола за ситуацијата. Затоа и секогаш сакам јас да бидам таа што ќе ги води, организира работите, од страв да не другиот згреши нешто.

    Читав баш пред некој ден во весник, дека луѓето, многу често не се препуштаат на животот. Пробуваат се да контролираат, размислуваат трезвено и не преземаат големи предизвици. Малкуцка се пронајдов и откако продолжив да читам, сфатив колку статијата беше во право. Вели, Да, можеби ќе се заштитите со тоа што нема некому да изјавите љубов - нема кој да ве одбие. Да, ќе се заштитите со тоа што нема да конкурирате на работното место - нема кој да ве одбие... Итн итн, за на крај да каже дека, Вие се заштитивте, но сега во Вас сите чувства на среќа и задоволство ги нема, има само една голема празнина.

    Многу точно и поучно, ме натера да се замислам и да подразмислам пред другпат да го ставам моето раковско оклопче на себе. :D
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  4. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Вашиот одбрамбен механизам

    И тоа како добро кажано. Себе си се сметам за некој што знае да ризикува, иако понекогаш поразите болат. Ама барем можам да речам дека се обидов. Зошто мразам кога ќе ми речат да направеше така сега можеби поинаку ќе ти беше...или најмногу од типот -кога ти велев Затоа користам шанси каде што можам, мн трпам, за разлика од порано што вечниот борец за правда во мене секогаш брзаше да излезе, ама од кога му(си) го дотерав умот, знае да си молчи оти виде дека таквите борци први гинат. Не напаѓам прва. Никогаш. Многу трпам, пак ќе речам, се трудам да го извлечам најдоброто. И тоа е дел од тој мој некој си механизам, а пред се до некаде се мразам што станувам ладна како камен, а сепак повторно им пружам помош,а и ако станува збор за длабока нанесена повреда, се ќе е како порано, само што на оној што ја нанел мојата помош и несебичност ќе бидат негова најголема казна.
    А во екстремни случаеви, се борам како лавица, што на пати се чудам како сум можела да издржам, и како сето тоа излегло од мене. Семејството е најсвето. Мн малку време имаме на Земјава за да сме исполнети со омраза. Не мразам, понекогаш ги сожалувам оние кои губат време на глупости , а не гледаат да се средат самите себе си.Љубете,простувајте....и не се откажувајте
     
  5. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Вашиот одбрамбен механизам

    Сум доживеала многу разочарувања, многу падови во животот. Многу нешта научив, веќе не сум истата што бев порано, барем не пред другите. Јас си знам дека сум чувствителна личност, секој збор допира до мене и сум способна да го анализирам со денови, да се нервирам за тоа што кажал некој, зошто блиска личност ме изневерила итн. Таква сум и не верувам дека некогаш ќе го сменам овој дел од мојот карактер.
    Но пред другите не си дозволувам да ја покажувам често мојата емотивна страна (освен пред најблиските)
    Многумина ме сметаат за ладнокрвна, дури и бесчувствителна. Се правам силна и цврста, дури и кога дел во мене умира, и ми доаѓа пред сите да плачам на цел глас.


    Така е затоа што ми доаѓа тешко да ги изразам емоциите... Едноставно се кочам во такви моменти. Можеби ова го сметам за еден вид одбранбен механизам, затоа што се плашам да не бидам повредена по незнам кој пат. Не барам помош, не се жалам и најтешките моменти во животот ги преживувам сама. Не сакам другите да ги оптоварувам со моите проблеми, самата себеси се убедувам дека ќе успеам, дека сум силна, така се охрабрувам, ги бришам солзите и продолжувам...
     
    На Capricorn96, sanjalica и NoellePage им се допаѓа ова.
  6. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    913
    Вашиот одбрамбен механизам

    Јас по природа сум темпераментна особа и никогаш не препуштам на случајност. Не дозволувам да ме навредат или да ме повредат признавам ако сум погрешила и знам да се извинам, ако ми погрешат ретко опростувам бидејќи ако опростам еднаш вториот пат некој ќе ме повреди многу повеќе од првиот пат затоа се дистанцирам од таа особа но пред да се дистанцирам од таа особа и кажувама што ми смета и што ми погрешила и зошто понатаму не сака дружење со неа. Не сакам дволични особи, љубоморни, посесивни, и молчаливи особи. Сакам позитивни, насмеани и дружељубиви, но секако без никаков интерес но денес се помалку за жал се такви или има такви особи. Јас сум личност која се кажува во лице ма колку и да е болно, а најмногу ги мразам оние кои позади грб зборуваат наместо во лице да ти каже што има одбира да биде кукавица.
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Вашиот одбрамбен механизам

    Се затворам во себе ,кројам планови ,глумам дека не ми е стало до нешто а и тоа како би си ја дала душата за истото ,имам инает за цела Земјина топка да ја снабдам ама гледам да го спроведувам што посуптилно .
    Нели ,ако те откријат дека си инаетчија тоа ќе го искористат против тебе ,а кога ти доаѓа природно понекад не можеш да се воздржиш.
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Вашиот одбрамбен механизам

    Најпрво го дефинирам проблемот или кризата без разлика дали е љубовен или професионален. Бидејќи за да преминеш на фаза разрешување проблеми треба да има материјал за таа постапка. Проблемот со огромен број луѓе е што ги игнорираат проблемите т.е. користат одбранбен механизам пикање под тепих, па нараснатиот кратер ќе те сопнува секојдневно дури не дојде до стрмоглав пад.

    Фаза-разрешување на проблемот-зависи дали зависи само од мене решението или се инволвирани и др.луѓе. Во случајот на други луѓе - партнер или колеги, не им зборувам што треба да корегираат вртејќи околу нив ко досадна мушичка секојдневно, давам шанса да согледаат сами, оставам на нивната совест, кога гледам дека нема резултат, настапувам како лавина и исфрлам буквално се‘ од себе без пардон, па потоа пак оставам време да видам реакција и на крај ако веќе ја нема, расчистувам засекогаш. Ова е во однос на крупните проблеми, помалите ги разрешувам секојдневно не сакам акумулирање т.е. трупање на проблеми. И тоа сум од типот волк кој е дебел во вратот т.е. она што можам сама, не препуштам на други.Немам баш голем респект за лица кои чекаат некој да им го средува животот со магично стапче. Мерлин е сепак лик од митологијата, а реалните проблеми бараат конкретни решавања.

    И за крај кај нерешливите проблеми стратегијата е напуштање на истите, некогаш првобитно перцепираниот пораз е всушност победата. Само потребна е мудрост и искуство и сурова искреност кон себеси да се процени која битка колку е оправдана ;) .
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Вашиот одбрамбен механизам

    Мојот одбранбен механизам е напад.
    Сум пробала неколку стратегии и едноставно не се пронаоѓам карактерно во нив.
    Одбраната ми е тотално несвојствена. Губам трпение за целата таа претпазливост, башка требаат јаки нерви, а јас сум темпераментна и избувлива. Јок.

    Сум пробала да бидам индиферентна. Да ги ставам сите на игнор.
    Не оди, ама ич.
    Не сум човек кој се затвара во себе, трпи, стиска заби, плаче под перница, а надвор се смее како мува да не го лази.
    Не дозволувам да ми прекипе, додека некој друг ме повредува. Нека му прекипе и нему / неа, барем да сме еднакви.

    Мојот одбранбен механизам е навистина напад.
    Некогаш бурно и бучно, некогаш суптилно, некогаш слатко, дискретно, па и подмукло за идиотите, но открив дека така си функционирам најдобро.
    Не се жалам, преживувам во овој грд свет. Со насмевка. :)
     
    На mazikeen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. veronikaveronika

    veronikaveronika Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 март 2011
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    132
    Вашиот одбрамбен механизам

    Игноре и терај си работа-повеќе дипломатија, помалку кавги. Не ме бива за расправии, па дури и кога сум во право, но и не ми е начин на однесување, барем не соодветен за на работа.
    Конфликти колку сакаш, тензија-уште повеќе, суети-фујј! Затоа, се трудам да не оставам опашки зад себе во работата... Е сега, при директен напад-зависи и од противникот, ама главно го слушам дур не му помине( и додека сите останати не помислат дека откачил) кажувам 2-3 збора( смирено ]:) ) и си продолжувам со работа.Уф... Колку сакам кога во тие моменти побеснуваат уште повеќе. И секако-официјална комуникација-задолжително-ј.би га, секогаш има некој да не можеш да го поднесеш...или почесто неможе да те поднесе само поради тоа што знае дека си подобра од него. Чувството најчесто е обострано.
    Приватниот живот е за по дома-надвор, постојат други правила на игра. Дружба да „но се у рок службе„.
    Јас сум од оние кои си држат дистанца од луѓето кои не ги познаваат доволно. А, чудно имам и некој внатрешен инстинкт што досега не ме прелажал. Затоа важам за резервирана личност и за професионалец-барем досега :^)
    Тензијата си ја решавам со џогинг. Мореее ,ај, ке си купам изгледа и една боксерска вреќа за по дома :doh:
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.484
    Пол:
    Женски
    Вашиот одбрамбен механизам

    Механизам 1 Самодоверба
    Мотивирачка изрека - Ја то могу, ја то хочу :rofl:
    Предвреме проценувам за некоја работа дали е за мене или не е за мене. Така си ги правам плановите. И штом веќе направам план нема утка. Кој сака нека ми кажува дека не можам, колку сака нека има сопки на патот, ако навистина се решам некоја работа да ја завршам нема таква сила што може да ме сопре

    Механизам 2 Напад
    Мотивирачка изрека- Нападот е најдобра одбрана
    Ги напаѓам проблемите со еден куп решенија, лошите мисли со добри, лицемерството околу мене со сарказам , дебелината со гладување.

    Механизам 3 Успеси од минатото
    Мотивирачка изрека- Сум била и ќе бидам
    И одма ми текнува. Ако ми треба одбрана за образование, ми текнува како бев првенец на генерација,колку учев за државните натпревари и какви успеси постигнав. Ако ми треба одбрамбен механизам за љубовен план се сеќавам дека баш јас сум таа што ги имала сите тие што и паднале во очи и тоа без да им се наметнува. Пред секоја диета ми текнува како еднаш ослабев 5 кила за кратко време и си викам ако сум можела тогаш можам и сега. А кога сум тажна, ми текнува на тоа какви се лоши работи ми се имаат случувано во минатото и ете ги, поминале како ланскиот снег, а јас сум ги пребродила и сум се нервирала за џабе.
     
    На КикиМаус и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  12. VIN.diesel

    VIN.diesel Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    420
    Вашиот одбрамбен механизам

    Речиси за секоја работа колку да е идеална и добра мора да постои план Б.Никогаш не се оставам на цедило,на милост-и и толернации,попуштања и тапкања по рамо со погледи |( .Дрскоста и арогнацијата се многу својствени за мене и си го прават своето :fubar: .Никогаш не играм на 1та топка,сите грешиме :!: но доброто е што знам да сослушам,направам реална проценка па и го прифаќам како што е со крејниот резултат .Доколку увидам на повеќе фактори дека е нешто против мене (а ми наштетува ) немам милост,па ке се изгира план Б :lol: :devil: .Никогаш не цвикам ако не испадне по моето и така ме имаат прифатено оние што ме познаваат (па и оние што не ме познаваат а донекаде зависат од мене и мојата работа ),или црно или БЕЛО нема да биде розево во никој случај ]:)
    Давам јасни сигнали,можности и правила (некако ) за се да биде решено во најдобро светло,со убав резултат и насмеани лица .Се е борба и спремен сум на се кога нема почит . :bow:
     
  13. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    2.961
    Допаѓања:
    8.683
    Пол:
    Женски
    Вашиот одбрамбен механизам

    Никогаш не ги слушам другите, кои постојано ми велат НЕ МОЖЕШ или НЕМА ДА УСПЕЕШ
    Најважна е самодовербата, кога за нешто упорно се трудиш,посветуваш доволно внимание, на крајот и ќе успееш :!:
     
  14. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Вашиот одбрамбен механизам

    Сум доживеала и успеси, но и падови, сум се нашла во безизлезна ситуација но секогаш пронаоѓав сила да продолжам понатаму без оглед на се, не сум личност што и се препушта на судбината, макар и по земја да се влечам на крајот мора да стигнам до целта затоа што знам дека јас тоа го можам. Емотивна сум, го имам спомнато тоа и во други теми, но никогаш не го покажувам тоа и сите околу мене ме сметаа за ладнокрвни и безчуствителна личност што не се замара со ништо. Премногу размислувам, можам да полудам од размислување особено кога ќе легнам да спијам и тогаш ми доаѓаат солзи, си плачам тивко никој да не слушне ,а наредната ден сум нај насмеаната личност. Кога сум во право никогаш не се повлекувам ќе се карам, ќе викам ама ќе ја истерам работата до крај, сакам да играм со отворени карти , а личности кои не умеат да ме сватат и да ме разберат едноставно ги игнорирам
     
    На ana992 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Вашиот одбрамбен механизам

    Мојот одбранбен механизам?
    Па значи вака, се бранам на многу чуден начин, кој оди во неколку чекори...
    1. I can!
    2. You can just watch me!
    3. I'm going!
    4. Lalalaa!
    5. I did! 8)
    Бидејки најдобрата одбрана е кога ќе им покажеш дека не ти можат ништо, иако често блефираат! :lol:
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.426
    Пол:
    Женски
    Верба. Тоа ме одржува на нозе. И упорност, волја. Патот до успехот е полн со препреки, порано кога ќе запнев некаде, си останував долго време во место. Сега, штом паднам, веднаш станувам и продолжувам. Често знам да помислам Упорноста секогаш се исплатува, што е факт. Таа мисла ми помага во истрајноста.
     
    На Vitaly и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Хумор и сарказам... мноогу хумор и сарказам.

    [​IMG]
     
    На Joi, theowndemon, Ex Luna Scientia и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Оранбен механизам ми е изолација од луѓе. Секој пат кога чувствувам дека нешто не е во ред го фрлам социјалниот живот во канта и го решавам проблемот во комплетна изолација, односно во себе. Поради ова прекинав до сега две врски, но за среќа пријателите и битните луѓе сѐуште се до мене.
     
    На Joi и Matotheja им се допаѓа ова.
  19. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Можеби е несвојствено за оптимист да размислува за друга опција спротивна од очекуваниот резултат, но
    подготвеноста за ситуацијата полесно ја решавам и ја надминувам со стратегија и тактика, а потоа дејствување.

    [​IMG]
     
  20. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.581
    Допаѓања:
    155.745
    Пол:
    Женски
    Бурни, интензивни емоционални реакции. И кога ќе ми се смачи да вриштам седнувам и читам книга или гледам серија, маратонски и во тој период не решавам проблеми туку се релаксирам. И после тоа сум способна да размислам без притисок и без интензивни емоции што би било кога би било, и како да решам проблем.