Бидејќи СДК се зарази со ова, мораше нова тема На пр: Книгата која моментално е најблиску до мене е Ана Каренина од Толстој. Стр 37: Мило ми е што дојде, ќе останеш ли подолго? Напишете што ви се падна вас, да се посмееме.
Десети Увид (српски) и на 37 стр. пише Нивните лица изгледаа човеколико , но неможев да гледам директно во нив
многу јака е темава. Еве мене што ми излезе Книгата е: Кармен рид--Тројца в кревет 37 страна. По целиот пат накај дома размислуваше за својата овулација.
Книгата е од Матеја Матевски - дождови,рамноденица, перуника Балада на долгата улица : Еве ја онаа долга улица што се мрешка ..
Евгенија Гранде Вистина-рече нотарот вадејќи си го стариот часовник дебел два прста што личеше на некој холандски брод-часот е девет.
Страданијата на младиот Вертер Почетокот на страница 37 гласи вака : Таа востанови дека тој изгледаше многу подобро и дека е победер одошто кога го видела минатиот пат .
Кога ги немав самоубиствените мисли во врска со мојот брак или мојата драма со Дејвид, се чуствував, на некој начин, восхитена од слободното време и просторот, кога можев да се запрашам: "Што сакаш да правиш сега, Лиз?" хахахахахха од Јади, моли се,уживај
Книгата се вика - Палатата на соништата. На 37 стр. започнува втората глава и пишува: Беше вторник попладне.
Мемористичките картички, како и мемориските стапчиња, содржат флеш меморија, но имаат форма на картичка. Информатика за 1 година средно образование.
Чичко Горио - Оноре Де Балзак "Да бидеш примен во тие позлатени салони значеше исто што и да си добил дектер за високо благородство."
Книгата се вика '' Загубена ќерка " Знаеше дека ќе умре и стори се што можеше за да ме подготви за тоа,иако за такви нешта човек никогаш не е подготвен.
Пиреј Така ќе одат со собрано срце, со запрен здив, да го затворат вратничето од ќумбето за да не пушта светлина во собата.
Учебник за туризам по предметот интернационална гастрономија- “Традиционалниот Велшки појадок се состои од морски леб, јајца, сланина и школки.“ На јадење ке ја удриме месецов со либето а? Ништо чудно некни правевме пица заедно.