1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите баби во младоста

Дискусија во 'Насмевка' започната од bad-cat8, 5 јуни 2011.

  1. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Сигурно сите сме слушале приказни на нашите баби :D иначе баба ми како што кажува била ГОЛЕМА "РИБА" во нејзино време :rofl: си фатила дечко на 22 годиниии :^) |( :clap: има и негова слика..кога ми ја покажа ми дојде да :puke: значи типот беше толкууу грд што... :devil: а замислете баба ми била СРЕЌНИЧКАТА да биде со него..бргу раскинале којзнае зошто :!: ]:) сега кажете и вие нешто да се посмееме за некогашните РИБИ
     
    На Lina89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Ваште баби во младоста

    Леле мојата баба којзнае каква била ама еднас и казував дека имам дечко нели да се пофалам и она така озбилна ме гледа и ми вика: Имас дечко? да си фатис усте еден слусај баба сто ти казува од секој град да си имас по еден еее јас додека одев со дедо ти си имав и други :rofl: јас останав ваква :o
    искрено сум мислила порано биле по патријахално воспитани,секојпат кога ме видесе ми викасе дека сум проста како таква убава мома да биде со еден и ако те остави сто правис после? :rofl: :rofl: супер бабичка парите пред се она оти немало многу фабриканти во нејзино време затоа се омазила со дедо па казува колку била убава па сите ја сакале демек ја сакале и оние богатите ама биле многу грди па затоа :fubar: мојта баба бесе супер :lol:
     
    На Sanniii, eli25, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Ваште баби во младоста

    Мојата најсакана бабичка со дури 8мо одд. била најучена во селото :D ептен бистра и паметна девојчица која го заземала местото на учителот кога бил отсутен. :lol:

    Пеела во хор (исто како и јас) често ми вика - хористка на баба, многу талентирана и трудољубива.
    Потекнувала од многу скромно семејство и рано останала без татко, се' што има заработено е заедно со дедичко, без ничија помош.

    Инаку, на бабичката моја и нашле некој момак од селото, пратиле стројник, арно ама баба не го бендисала.
    Ми вика - богат беше, ама приглуп и троа шлакнат во умот.
    И така, баба револуционерно рекла НЕ, и му мавнала корпа.
    Цело село се чудело :o и ја етикетирале како потенцијален кандидат за стара мома после корпава, ама тука настапил дедо, кого баба си го сакала тајно, ја качил на магаренце и си ја земал.

    Баба ми била храбра, многу итра, неверојатна ѓаволешка женско-манипулаторска особа. Царица.
    Трај-прај.

    Ептен сакала да се дотерува, секогаш со фризурче и карминче. И златни обетки, ги носи со години наназад и јас ќе ги наследам.

    Многу сум горда на баба ми, тоа е жена со илјада емоции и бои, плаче за загинати во Авганистан и Каиро, се радува за непознато детенце Мартин од Кичево зашто добил точак на некојси детски квиз. :^)
    - Мартин доби точак! ^_^
    - А кој е Мартин, некој роднина наш? (јас, збунета) :^)
    - Не бре, од Кичево, на квизот Клуч.
    :?:
    .....
    ......
    Добро.


    И така, најважните совети од баба ми -
    - гледај ти да си поубава од дечко ти / мажот за да кршат врат по тебе, а не по него.
    - само да не е мрднат во умот, за тоа нема лек. И мачка да купуваш, па ќе прашаш од што фамилија е.

    Ах, се расприкажав, простете. :$
    Јас сум бабино галениче, разгалена и размазена до немајкаде. Бабичка се погрижи јас да сум принцеза и ако не сте знаеле - јас сум најубава, најпаметна, најзабавна и
    сите можат да ми се фатат за дундава
    (her words).

    Сега е во викендичката, си копка цвеќиња и пиперчиња во бавчата и 100% си мисли - ќе има ли трет бесплатен ден за превоз на пензионерите. :rofl:
     
    На LovedGirl, Neytiri, BoaVista и 19 други им се допаѓа ова.
  4. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    580
    Ваште баби во младоста

    ААа мојата баба е од село..Не се сеќавам сега на приказните, само знам дека мојот дедо не ја ни знаел коа отишол да ја земе за жена...Му рекле дека е вредно девојче. Инаку таа секогаш беше исчешлана, и тоа во пунџа... :rofl: Дотерана со зелено карминче, на уста ко ќе го ставиш црвено се разбира....Ах младост ;)
     
  5. bad-cat8

    bad-cat8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    78
    Ваште баби во младоста

    јаки времиња биле хаххаа
     
  6. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Ваште баби во младоста

    Мојата бабичка... градска жена, не доволно образована но многу итра, уште како дете од 15 години испробала како е леб да се печали, тогаш починал татко и и останале сами со мајка и , нема ниту браќа ниту сестри. Млада и се омажила за дедо ми со кој многу се сакала, откако се омажила не работела, не било ни потребно (дедо бил директор) а и немала време родила три прекрасни ќерки од кои доби уште 5 попрекрасни внуки кои ги чуваше. Но иако седела дома и чувала деца постојано била средена, секој петок на фризер одеше, и секогаш црвен кармин на усните.
    За совети секогаш тука, вели гледај каков дечко ќе фатиш, види која фамилија е, да не го бие лош глас, кога ќе имаш слога, доверба и поддршка со него држи го и не пуштај го. Нека гледа по други ама на крај погледот нека му заврши со тебе. Ако не е таков пушти го нека оди, друг ќе дојде, па и тој ако не чини трет, и нека се вртат додека не дојде ТОЈ што треба.


    Те сакам бабичко :inlove: :inlove:
     
  7. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    Ваште баби во младоста

    сите ние си имаме бар по една супер бабичка.......штета што јас моите ги изгубив прерано :| :|
     
  8. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Ваште баби во младоста

    Мојата бабичка учена и најшетана личност...
    Ќерка на доктор и војно лице (таткои, човек од богато и угледно семејство), мајкаи исто така, таа била ќерка на писател (стар Охридски писател) и какво дете може да излезе од таков брак? најубаво...Арно амаа таткои починал кога била 7-мо одделение и така се изменале многу работи...таа продолжува да учи средно во Охрид, паа на факултет заминува во Скопје...Па после факултетот го има прошетано половина свет (алал и вера). Се мажила на некаде 30 и кусур години и тогаш се родила мамичка, паа се развеле со мажот и, и мајками останала кај неа и сама ја изгледала...иначе тип-топ средена, секој месец на фризер за ладна, кармин обавезно, дотерана и скоцкана од глава до пети...совет во секој момент можеш да бараш од неа, секогаш ќе те подучи и искритикува ако треба, а дури и ако сакаш совет за добра книга можеш да добиеш од неа :P :)........
    (порано секогаш за истово и се жалев) Јас: Ме видоа со ? (некој другар), тој 5 год е постар од мене овие сиве дечко ти е дечко ти е.... Таа: Ам, сигурно не ќе ти речет за некој мрсуљко, колку тебе дека ти е дечко, ко можиш кој сакаш да го имаш, шо сакет нека зборвет гајле ти е ;]
     
    На Bibko, LadyN и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  9. lolooo

    lolooo Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    11
    Ваште баби во младоста

    mojata babicka off koga ke mi tekne se smeja mi vikase dete jas ne mi dozvoluvav na nikoj decko da me pipne i na mene mi vikase ne dozvoluvaj da te pipa za cicka oti ako te fane za cicka pa posle ke saka i za picka. sekogas ke se sekavam na toa :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Ваште баби во младоста

    Пазите сега: следува приказната која вашата ВајтЕјнџел ја слушаше редовно до пред 5 години.
    Баба ми била момиче од граЦка фамилија. Живеела покрај дрим, ама во то време дримот не бил онаков, немал корито, после го напрајле! Имало вртолог онде кај мостон, а таа пак таму имала мерак да се к’пит! Иначе, била права машкуданка. И ко ќе одела на вода, на чешма, зш во то време немало дома чешми, сите се тргнале: Наде идат! ак не се трниш чотекот не ти бегат.
    Играла били со другарките нејзини, оделе в блато... Напрајла Нде 18 годинчиња и еден ден си идат дома и и велетЧ Наде, ние те свршивме!
    Таа останала вџашена. Како да ја свршет кога таа уште си играт со другарките били. Добро, било како било, прашала за кого. Е за кого, за дедо мој, ама со енго таа играла. Одела домаму за да игрет заедно. А сега ја свршиле за него. Оф как да се мажит. Ама немат назад. Збор се дал, немат враќање.
    И добро, се мажила, убо си живееле со дедо. Богато! Си имале сложен брак, на кој и јас бев сведок и тоа е тоа. Приказната за баба ми од младоста!
    Се извинувам што пишував на дијалект, но сакав да ви доловам како јас да слушав таа прикзна!
     
    На Trendafilka, LivingGlam и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ваште баби во младоста

    Јас си немам баба ;(
    Ми умрела пред да се родам ;(
     
  12. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Ваште баби во младоста

    Од моите не сум нешто многу разгалувана, ама затоа од баба ми....ептен.
    Таа ти е жена полна со љубов и секогаш расположена за муабет, не за џабе дедо ми после 55 години брак, сеуште ,,на раце ја чува,, и и се обраќа со душо. :D
    Не е многу образована, ама затоа е многу интелегентна и паметна. Од мала многу сакала да чита и љубовта спрема книгите и мене ми ја пренесе. Не ја интересираат шпански и турски серии, за неа тоа е губење време и додека дедо ми ги гледа, таа си готви или ги пресадува љубичиците. Често знае да ги отвори старите албуми, полни со спомени која себично ги чува, а понекогаш знае и да пушти солза присеќавајќи се на нејзиниот тежок живот. Голем дел од животот го поминала сама со децата, затоа што дедо ми бил многу долго време на печалба низ Европа. Тоа ја направило самостојна и борбена.
    Многу е среќна што има наследство од мајка и, сребрени менѓуши, брош и неколку ѓердани и секогаш вика дека на мене ќе ми го остави. Најинтересна ми е кога пред излегување додека се шминкам, ќе ми шепне...бабе имаш пари? :lol:
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ваште баби во младоста

    :D Баба ми била лудница, како сега така и во младоста.
    Била доста брза на јазик и често се случувало да мора стрина и‘ да ја брани од татко и‘ поради кавгите кои избивале одвреме-навреме. Револуцинерка на своето време :D
    Била послаба него јас сега, косата до задникот сплетена уредно во плетенки, лице меко како бебешко газе... Прва за оро и песна, чигра била бре :D
    Ми кажуваше дека многу работела и дека (како што живееле во заедница) од сите братучеди била најстара и на сите нив им шефувала. Многу била вредна и сама си плетела чорапи, си перела, си ткаела ќилими (за приќе нели :) ) и често правела ручек за цела куќа, за некаде повеќе од 20 луѓе.
    Хероина ми е, role-model.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Ваште баби во младоста

    Баба ми ја главиле (така вели таа) уште на 17год. Таа вели тогаш неможеш да бираш, кој ти го донесат за тој ќе се мажиш. И така и го донеле дедо. Тој имал 17год а таа 20 :lol: . Вика тој дете беше уште, што разбира. Ама имала многу среќа со мажот, а ич со свекрвата. Ми кажуваше дека многу ја тепала ;( (очите ми се солзеа кога ми кажуваше) ја истерувала од дома, и што не и правела. По некое време дедо ја изградол куќата во која живееме и тогаш си терала раат. Само што дедо умрел многу млад. Накај 40год :( . Таа веќе е 30год без маж. И секогаш ми вели пак ли ќе излегуваш, пази се таму немој да те расчекне некој :rofl: . Инаку многу си ја сакам, и се би дала да останел дедо ми жив. Баш би сакала да го запознаам.
    Во кратки црти, тоа.
     
  15. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Ваште баби во младоста

    Баба ми била како да кажам... заводничка. Колку и било паметно тоа во нејзино време не знам, али она си знаела :lol: Што да кажам за неа, алал да и е, за никој никад *** не ја болело (се извинувам), само за себе си гледа, секогаш дотерана, нашминкана... Си го живеела, а и си го живее животот бога ми. Не ја сакам нешто многу искрено, нити па она мене.
    Другата баба ми е поприбрана, за жал мајка ми стално вика дека ја потсеќам на неа во одредени особини |( лоша сум била :wasntme: Витка со најубавите нозе во градот, негувана, средена и пред се храбра жена во секој случај, се слушал нејзиниот глас во семејството :!: Неа повеќе ја сакам :$ Штета што само карактерно сум ја наследила (баш тоа ли морало покрај такви нозе :swear: )
     
  16. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Ваште баби во младоста

    едната баба не сум ја запознала бидејки сум била 5 месеци кога умрела,ама оваа што ми е во кука е жив гавол така да не сум ги слушала многу нејзините муабети освен дека на нејното време немало оваа немало онаа,како се заљубила во дедо додека била кај сестри и на гости и така...


    Ама :!: морам да кажам за бабичката на мојот сакан: женава е толку кул и шеговита свака и част има 86 години,и немој случајно да и приговориш за нејзините кремови за лице чешелот сапунот и парфемот :!: одма е ваква :devil: кога ја запознав одма рече дека на нејно време била најубава во село сите на оро до неа сакале да се фатат ;) арно ама нејните умреле и останале само браката и сестрите и тетка и донесола маж (дедото за жал починат ) ја гледал како принцеза (затоа сеа неможе да се помире ако не е центар пажне) ако те види несредена она одма ке ти каже... еднаш мојот идни девер си донесол дома девојка и она му рекла вака: сине ако сега она не води педантност нема никогаш да имаш чист дом средена жена и добра домакинка :!: абе не е*е жива сила,се зачудив кога ја видов на кревет со огледало во рака како си става крема (оти брчки и се појавиле) си се намириса и отиде во двор да му каже на син и дека мора да ја води на доктор да ја прават операција бидејки имала црни дамки на лице :lol: а нејзе тоа од старост ама ој докажи и.... :lol:
     
  17. Amore

    Amore Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    71
    Ваште баби во младоста

    Баба ми била од најбогатото семејство во цела околина и пошироко. Била миленичка на татко и, а на него сите му се плашеле. И носле стројници ама не сакала никој, џабе биле богати. Го запознала дедо ми. И дедо ми бил богат ама поради некоја случка ( да не навлегувам во тоа) останале без богатството, тогаш бил најсиромашен. Кога се собирале на игранки тој се криел во сенка оти му било срам дека имал искинати пантолони. Арно ама баба ми била мн итра и одела кај него цело време, и си правеле муабет. Она мн сакала да го слуша како зборува. И решила да се омажи за него. И викале да размисли ама она решила и така направила. Дедо ми ја чувал како принцеза, мн убав живот имале :D
     
  18. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.023
    Ваште баби во младоста

    Баба ми сега веќе бог да ја прости, беше џоа Чак Норис. :rock: Ми текнува на една приказна што ми ја раскажуваше како она била најсилна во селото, на што не ни сумљам. И така фино еден ден и дошла некоја од другите девојки во селото и ја предизвикувала да се борат за да и докаже дека не е толку силна, на што баба ми и рекла ''ај врви си по патот од кај што си дошла оти ако те дувнам како есенски лист ќе паднеш'' :D Ама типката никако не се откажувала, запнала како магаре на сред мост да се борат па да се борат. На што баба ми видела не видела дека нема спас од неа, ни две ни три ја стркалала како топче по долот. :D

    И навистина баба ми стварно беше ногу силна жена никој не можеше да и се фати во силата :muscle: дури и на 70 и кусур години, да да убаво прочитавте дури и на 7о и кусур и немаше рамен во силата. Ма сакаш да се бориш со неа - за секунда ќе те тресне на под. :punch:

    Ко ќе ми текне како мала, а и сега како толкава магарица колку сум и се качувала на глава со тоа ''бабо ај да се бориме'' на што следеше ''АБЕ СЕДИ МАДРО ДА НЕ НОСИШ МОДРО'', и најмногу ми се допаѓаше што ниту еднаш во животот не ми попушти, затоа ми беше интересно и сакав пак и пак и пак.......јас си мислам уште не сме почнале да се бориме а она за секунда ме смачкуваше на земја. Ма секој мој обид јас да ја кутнам неа беше невозможна мислија. Ма и како да биде возможно кога си имам работа со Чак Норис во женска варијанта. :rofl: :rock:
     
    На Fiona28 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Ваште баби во младоста

    А насловов не е згрешен? :^)

    Не треба "вашите" наместо "ваште"
     
  20. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.747
    Ваште баби во младоста

    За едната баба не знам многу многу а за другава повеке знам. Завршила 4то сакала да учи повеке ама немала можности зошто во тоа село немало школо требало да иде саат и нешто пешки а и било многу страв дека сама требало да оди и се откажала. Се омажила "стара" на тоа време на 20 и некоја година. Тогаш тоа било стара мома. Сама си го бирала дедо ми. Го видела на собор играл многу убаво и затоа го бендисала :rofl: . Ги одбила сите стројници и на крај се земала со дедо ми. Понекогаш знае да е баш старомодна понекогаш не. Некогаш ме нервира ама почесто не :lol: .
    Интересни работи можат да се дознаат од ова стариве :)