1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вашите баби во младоста

Дискусија во 'Насмевка' започната од bad-cat8, 5 јуни 2011.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.901
    Допаѓања:
    25.540
    Пол:
    Женски
    Баба ми по татко , е најстариот член ( 84 години and still counting ) што сеуште е меѓу нас . Тешко живеела од дете до доаѓањето на мајка ми во куќата . Била едно од 6-те деца во семејството ( 8 родени од кои две починале, една сестра на 3 години и една на 17 години , и на двете се сеќава и си ги спомнува на задушници , имаше 3 сестри и двајца браќа ) . Учела многу малку , до 4-то одделение , била слаба ученичка , после татко и ја дал чираче да биде кај поимотни луѓе , кози да чува . Родена е во планинско село во поречието , таму и пораснала . Работела се и сешто , уште од дете . Убава била во младоста , многу луѓе ( од постарите ) ми велат дека наликувам на неа по малку . Дедо ми ( исто 8 деца биле , од кои само двајца браќа починаа пред да наполнат 60 години , 5 браќа и 3 сестри ) , бил учен човек , во тоа време одличен ученик со 5.00 просек , учел до 8-мо одделение ( средно подоцна завршил , тогаш татко му немал пари за да го школува , па дедо ми го пратил чирак со ѕидари во Тетово и Гостивар ) , бил на игранка кај баба ми во село , само што наполнил 18 години , баба ми имала 16 тогаш . Било Ѓурѓовден и се запознале на таа игранка на " сред село " . Но , дедо ми бил повикан на редовно отслужување на воен рок па не се земале веднаш . Тој заминал да отслужи воен рок , а баба ми го чекала додека наполнила 19 години ( дедо ми имал 21 кога го завршил воениот рок ) . Иако многумина сакале да се оженат со неа , таа не сакала и верно си го чекала дедо ми . Татко и не сакал да ја даде за него ( демек многу машки деца се , сиромашни се ) , ама паметница баба ми , се договориле со дедо и заминала бегалка ноќе . Живееле неколку месеци со свекорот и свекрвата , потоа мигрирале во Тетово . Две години живееле под кирија и две со тетка на баба ми додека купиле плац и направиле куќичка со две сопчиња , потоа се родил татко ми .

    Дедо ми се дошколувал и го примиле на работа , па зеле кредит и ја срушиле првата куќа , направиле нова , се родил чичко ми , а по неколку години и тетка ми . Живееле во таа куќа околу 10-15 години , па ја срушиле и ја изградиле сегашната куќа , која е доста модерно средена иако е градена пред 40 години . Се намачиле двајцата , но сега на старост баба ми е како царица . Мајка ми и татко ми се грижат за неа , и секогаш вели " сега ми е најубаво , имам од пиле млеко , ех уште здравје да си имав да се порадувам на правнучиња " , јас се шегувам со неа " ајде ќе поживееш ти , ехее од 60 кога наполни вака викаш а како дејка си " . Дедо ми почина во 2011 година , за жал и смртта не му беше баш лесна .. До денес ми е врежана онаа слика кога заплакав бидејќи беше како билка .. А тој , душава си пушти солзи бидејќи ме слушна .. И сам , а и сите ние знаевме дека му се одбројани деновите ..

    За баба ми и дедо ми по мајка , друг пат ќе ви кажувам , доста е за денес :D .