Секој имал по некоја кратка врска , што дури и се зачудил на понудата на партнерот , кога веќе смислил да ја заврши за толку кратко , резултат само потрошено време ! Мојата најтрагично кратка врска траеше дури 1 ден ден за да ми каже дека сме биле различни светови и би било подобро да раскинеме А втората најкратка траеше дури една недела , за типот да го снема нигде никаде Кај вас? Сте имале ли вие смешно кратки врски ?
да...сум имала врска што траеше 2 недели... во тие 2 недели ако се видовме само 2-3 пати и потоа јас му се скарав не ми се ни допаѓаше ама ете сакав да пробам да видам како ќе ми биди со него
Јас така со еден излегов една вечер и утредента му кажувам дека толку ќе биде. Лошо се бакнуваше , ќе ме задави не можев ритам да фатам.
не сум имала вакви врски,а и ваквите авантури неможат да се наречат врска сум имала една крака авантура траеше неколку недели девкото беше од странство ама беше мммммммммммммм...
Кога бев 15 години на еден дечко му реков дека ке му бидам девојка( народски кажано се фативме ) ама утредента му раскинав оти ми беше страв од бакнување младост лудост
мене најкратка врска -дууури еден месец, али се видовме 2 пати, еднаш кога се фативме и еднаш кога раскинавме
Траеше околу еден месец, дечкото си беше на место, се трудеше, ми се свиѓаше на почеток, ама не ја осеќав потребната хемија. Последните денови дури и одбивен ми беше, не сакав да го видам и му кажав дека не сакам повеќе да се гледаме со многу внимателно избрани зборови, зашто не му беше јасно и беше доста загреан
Тоа беше врска без врска. Бевме заедно 1 месец, со 10-тина раскини. Се слушавме телефонски, и неколку пати се видовме. Ама нит се бакнавме, нит ништо. И драго ми е поради тоа! А воедно, тоа беше мојата прва 'врска'.
4отина минути во прва/втора средно. Се мувавме две-три недели, излеговме во диско и се фативме. Ми рече дека ќе оди до кај другарите, ама видов како игра со друго девојче и одма му раскинав
5 дена .. отидов на одмор и таму го изневерив дечкото, не ни беше баш нешто врската , морав да му кажам .. раскинавме
Мојата прва "врска" траеше дури еден цел месец. Имав 13 години, се "фативме" на 1 декември, ми раскина на 1 јануари на фејсбук, а се немавме ни слушнато таа година. Следниот ден го видов со бившата, па си ја поврзав целата работа и добро го опцув.