Има сестра и не сме зборувале ништо. Онака само Добра вечер си кажуваме и си се насмевнуваме па јас си влегувам во куќата
Има брат помал, помал е и од мене и јас лично го осеќам како помало братче. Културно и мирно дете. Добро се согласуваме. Немам замерки.
Има брат постар од него, супер се согласувам со него можеме да правиме муабет на различни теми, нооооо има проблем неговата вереница, (се знаеме 5 години)па и не ме сака баш не ја знам причината (не ме ни интересира нејзин проблем, не сум и згрешила ништо), ради тоа се гледаме 1 во месецот и тоа е многу.
Има сестра поголема неколку години од него и не сме нешто многу блиски, можеби затоа што ретко се гледаме (таа е мажена одамна млада се омажила) а и јас сум срамежливка ми треба време за да се зближам со некој и да се осеќам комотно.
Има брат ама не сме блиски, не комуницираме многу по потреба само или кога седнеме заедно па мора да разговараме, не дека нешто сме се карале или не го сакам туку тоа е така од почеток и така си остана.
Помала е од него 3 години, се согласуваме прилично добро, мила е, цело време се гушка. Не се дружиме, само ако околностите нѝ го налагаат нештото. Како помала ја носевме сегде, додуша таа и сега е мала ама откако си фати и таа дечко, ич не нѐ тркала. Ама прва е за со нас на подалечна дестинација, да си искористи прилика да си помине време со типчето, хаха. Деца