До пред некое време си се викавме сонце , мило, злато ама сега сите се викаат така и за инат ние нема Јас него гомце, кретен или по име, а тој мене шапшал или по име.
од почеток се викаме буцо... пошо и двајцата не сме баш најтенки али пред неговите незгодно ми е да му викам така, па го викам по име
мило, сонценце, злато, колаче, шани-мани, срце, љубовче, шекнатко, муце, кукленце .................................. на име никако
Интересна тема.... тој мене : муценце,душичке,срцушке,спанке,цуце,гушкалце,ангелче.....а во последно време оти ги гледам бандини и кога лисјата паѓаат почна да ме вика сантуди и ферхунде.. јас него: муцке,срцке,бебенце,љубовче, baby.... а ко ке се караме ..ке ми речи муцко оти ми се лутиш ......и колку да сум лута почнувам да се смеам...
Јас него мачор,бејб по прасенцето, меше едно, секси, cuite pie, златце и уште милион животинки. Он мене коско, кукле, љубави, душке, маче мало, А кога сме лути јас никако не му викам,ни а ни б, си ќутам како риба, знам дека тоа му е слаба страна да го понервирам малце и тамам ќе ми помине и мене.
хаха интересна тема Инаку си викаме ЦУЦИ (еднаш кога не ми се излегуваше му пишав така за да ја ублажам работата и сега така си остана), понекогаш ми вика ЦУРО, а тоа ме иритира
Јас него - по неговото име. Он мене - по моето име. Кога глумиме разлигавеност , ме вика ѓубренце, а јас него лошото детиште Хуго. Толку.
од секогаш сме се викале срце а после шехерезад се викаме душо се зезаме она, а кога се лутиме, јас него глупчо он мене по мама други разлигавени прекари немаме
Срценце ,муценце, мајмун(my moon демек), златичко,душиче ,мочко,плачка,лигушка зависи од тоа каде и со кого сме
Мразам такви љигавења ( маче, душо, срце, љубави....) тоа е строго забрането кај нас, си знае тој , а може разни пермутации и комбинации на вистинското име.
Hehe navistina interesna tema...koga se e vo red si vikame Buci,srcus,srcuska,mucence,cuci,parce a koga me nervira idiotu eden
јас него -еклер(понекад идиот од премногу сакање,нагалено )хахахах а кога сум нервозна морееее лепотану он мене-дусо,дусице
Срце, срценце - во екстремно ретки случаи . Инаку си се викаме по име. Не ми се сфатливи некои прекари како коковче, теле, воле, смотан, глупав, глушец и слични изрази на љубов. Другарка ми секогаш кога зборува за дечкото на крај додава: "Смотан." И’ велам зошто го викаш така? - Од љубов е тоа" - А тој тебе да те вика смотана убаво е? - Е така не е убаво.
Гламурозна, па јас си го викам моето маженце теле, теленце, понекогаш вол кога ептен ќе си го заслужи тоа. Ама сето тоа е кажано со позитивна мисла. Онака уште ко се запознавме се смеевме кој на што личи и тој мене почна да ме вика теленце, оти сум помала од него 7 години, а јас него да не излезе вол невкусно и јас почнав да си го викам теленце. Мене ми звучи баш смешно и интересно, подобро тоа отколку бејби А оние дрти ник нејмс не ви ги отркивам (не се од животинско потекло)
Најчесто се нарекуваме буцо или дебели лигло, теле, смотан а кога сум изнервирана му се обраќам со свињо