Ваков тип на малограѓанство, и монструозност немам видено одамна, еден карневал да се претвори во масовно крвопролевање и тортура на врз животни, е не прифатливо во ВИСОКО ДЕМОКРАТСКИ држави. Но за жал живееме во држава во која не постои правен систем, држава во која нема закон за заштита на животни и на крај никој нема да одговара за сето тоа што се случило тамо. ( ја ставив темава во политика и настани, оти не е компатибилна за општи дискусии) Линковите подоле се од слики од тоа што навистина се случувало на „карневалот“ одн. КРВОПРОЛЕВАЊЕТО. http://ohridsky.com/?p=37284 https://www.facebook.com/AnimaMundi...5347227854850/855346734521566/?type=1&theater
Си останав подзината кога видов. Дали вреди животни да се убиваат заради еден глупав карневал?! Има милијарда други начини на кои ова може да се прослави,ама убивање на животни?! Немам коментар,овие пореметени ќе да се...Јас од сликите се згрозив,а видеово намерно нема да го отворам.
Едно е традиција, ова е друго... https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10202263512109810&set=o.166688476720732&type=1&theater
Штотуку ја прочитав веста утрово и без згрозена од настанот. Единствено ми е жал што не постои служба за заштита на животните. Следна моја благо речено претпоставка, е дека станува збор за рој себе не реализирани луѓе кои не знаат што со својот живот па се иживуваат врз некој кој е физички и психички послаб од нив, и немоќен да си помогне при напади од ваков тип. Патем, од една моја познаничка дознав дека ''ритуалов'' бил изведен со цел истерување на злите сили. Не знам како преку жртвување ќе ги истераат, изгледа лошо ја напраиле математиката.
Како џабе? Па мора да го нахранат на некој начин своето его. Башка пред некоја година гледав интервју, и моментот беше кога прашаа еден средновечен човек на чија религиска група припаѓа Василичарството? Како од пушка одоговри ''Па секако дека е наш, христијански''. Yeah, sure. Нема грешка чиче, вози.
Психопати! Не знам кај го наоѓаат задоволството во трагедијава... Сакам да разберам. Навистина сакам. Сигурна сум дека ќе ми е полесно во животов ако добијам објаснување. Овој па будалава од сликава : што не се самозапали? Гледам вишак будали имаат и во Вевчани, а они очигледно не сакаат многу гужва таму... Ретардиран!
Ваквите нус појави во мене раѓаат психопатски нагони да гледам како овие простаци со шајки приклештени на бандера горат. Кој оргазам би го доживеала не сте свесни.
Немој да мислиш дека со помош на постов ја доловуваш поентата. Напротив, правиш да изгледа уште по апсурдна од самиот чин. Само за да ја оправдаш традицијата даваш зелено светло на јавното измачување невини животнки до смрт, како и нивно користење при пагански обреди. Кои извитоперени сфаќања ги фураш, мислам дека понекогаш не си ни самиот свесен.
Убивање животни за храна е сосема различно од убивање животни за да парадираш со нив на карневал. Едното е потребно за преживување, другото е само глупирање.
Па кога ќе видеш уште дека тоа го пишува дете, малолетно, во основно школо, и на профилна има пушка в раце. Дека сум ужасната од настанот е само благ збор, не можам и не можам да разберам што имаат во главата тие монструми, па верски празник славеле. Тоа што тие не разбираат што е ненормално во ова е само доказ за многу ниско ниво свесност, морал, совест, емоционална интелигенција. За жал не верувам дека ќе бидат казнети од законот, и да бидат тоа би било неспоредливо мала казна за ова изживување и бездушност, ама верувам во карма, ако бегаат од законот од неа не можат.
имаше негде некој коментирано демек биле препарирани. Ма немој бре !!!! Каков ли памет е тој паметњакович па дошол до таква идеја мене не ми е јасно кој болен мозок е тоа!!!!!! Ми се испреврте желудникот а отворив само една слика, со кучето ...... Пештерски луѓе, море нелуѓе !!!!!
Арно препарирани да беа...Не можам никако да сфатам како може тоа да придонесе за поубава атмосфера на карневалот. Итоа со републиката,пасошот....џабе им е и памет кога немаат Како им предизвикува задоволство убивањето на животни навистина несфатливо ми е...Секакви човечки суштества на планетава шетаат,очигледно им фали некоја шајка во тие тинтарите. А сигурно сите луѓе не се такви,како останатите дозволиле ова да се направи?...Бог да чува! Да фати човек нив да ги заколе.
Тоа што некое животно е инфериорно не го прави невино. И, тие јадат друг вид месо за да преживеат освен тревојадните. Ќе ги убиеш, ќе ги размножиш, пак ќе ги убиеш, па пак ќе ги размножиш. Затоа белиот човек во Европа припитомил животни, изградил фарми. Животните се исклучиво да му служат на човекот, а не да се чуваат пудлици со тренерки облечени како второ дете во семејството. Тоа е болест и идиоштина на европската култура. Па, можеби сум паган во душа, можеби обожувам древни ариевски пан словенски богови, можеби верувам во Один...
Дали ова палење на животни беше финансиски поддржано од страна на Министерство за Култура, како и самата манифестација? Кога им е дојдено до собирање пари, можеа да смислат и применат строги закони за заштита на животните во Македонија и да соберат повеќе пари од идиоти кои се изживуваат врз животни, наместо таквите идиоти (што се изживуваат врз животни )да држат работни места, а трудот и знаењето на младите луѓе да се ставаат на несоодветен тест. Ја убивате секоја волја за подобра иднина во државава, секоја трошка оптимизам,секојдневно.