Вевчански Карневал - Терор врз животните

Дискусија во 'Политика и настани' започната од eagle.eye, 15 јануари 2015.

  1. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Не се свесни луѓето кое малтретирање е за животното таквото облекување како да е човек.
    Но, ако тоа е болест и идиотштина, убивање и изживување врз животно од жив бес, што е? Ова не се споредува со муабетот трпезно месо. Хипотетички зборам општо, не за карневалов конкретно, се`уште не сакам да верувам и не верувам дека животните биле живи за време на манифестацијата.

    Ете има реакција од општината дека не биле животните живи и не биле наменски убиени туку најдени. :whew:

    http://ohridsky.com/?p=37332
     
    Последна измена: 15 јануари 2015
    На Night Rider, Ivy89 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  2. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Драг Петре, треба уште многу фурни леб да изедеш за да ја сфатиш суштината на Древните култови и го воспеваш Один. Поаѓајки од линијата која ја повлекуваш меѓу повисока и пониска свест, како и чувство на емпатија. Овие две ствари измеѓу другото ти се доволно добар показател околу тоа по каква хиерархија ги имаш нанижено вредностите и колкав поданик си на сопствената религија, за која колку што јас знам не е во никаква релација со паганството.
     
    Последна измена: 15 јануари 2015
    На sanjaeva, Night Rider и Edie.S им се допаѓа ова.
  3. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Колку врева заради едно мртво куче, кое веројатно било веќе починато а не убиено и пар кокошки. Епа добро драги мои загрижени за животните во држава каде секој ден гинат луге чисто за џабе и никому ништо. Дали вие јадете месо? Веројатно да. Епа како тие животни не ги жалите а овие ги жалите?
    Доста ми е веќе од лажен морал каде ждереме месо како стока а сега глумиме хуманост. Јадете пилешки стек? Е, јадете, ама тој не расте на дрво туку мора да бидат убиени пилиња или кокошки за да вие уживате во вкусот на месото. Која е разликата од тоа убиство на кокошки до ова?

    Ако се овие убијци тогаш и вие и вашите родители кои јадат месо се соучесници во многу убиства. Неможете да ја вртите работата како вас ви одговара. Тоа што на рекорд во сред центар има агресивни кучиња не ги интересира овие заштитници на животните, тоа што возрасни луге неможат да поминат а камо ли деца или баби тоа не е битно, ама битно е што покажале едно куче и 5 мртви кокошки нели?.

    Добро рече Петре, со кој за прв пат се согласувам, животните никако неможе да се стават на исто рамниште со човекот. Од памтивек животните биле дел од исхраната на човекот и никако неможе да се стави во исто рамниште убиство на човек и на животно.
    Зошто тогаш ги чуваме во фарми каде однапред се знае дека ќе бидат убиени? Ајде да ги затвориме сите фарми и да пасеме трева.
     
    На Candid, Orthophill, naturally и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Петре си ја утнал темата, со овие ставови можеш да коментираш во темата вегетаријанство. А на карневалот беше убиено куче, живи кокошки беа бодени на вили. Секоја година малтретирале животни. Ова не е од потреба, не е ни од глад, за забава е. А забавно е само за психопати. Е ова е болест и идиоштина. Исто и мислењето дека животните постојат само за да ни служат нас. Предметите кои ние си ги создадовме се само за да се послужиме со нив, а животните имаат душа, чувствуваат болка, глад, жед, тага, исто како и луѓето. Истото го чувствувало и тоа куче ако не сакаш да помислиш за кокошките бидејќи ги гледаш само како стек и батаци. А, и сакаш да кажеш дека со кучињата подобро вака да се постапува отколку да се чуваат дома и да се сакаат како деца? Не знам што е за тебе невиност, ама тие јадат друг вид на месо за да преживеат, не се изживуваат од ќеф како "луѓево".
    И да, изгледа си паган во душа.
     
    На candy.cane, mims-89, Hahn и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Ма немој, како тоа не било исто кога ќе го ставиш во тенџере и ќе се наждереш тоа не било убиство а ова е?
    Тие да не ги убиваат со хипноза па тоа е хумано ова нее.
    Апсолутно не ја утнал темата и апсолутно се согласувам со него што се однесува до неговите ставови во оваа тема.
     
    На Orthophill и anina им се допаѓа ова.
  6. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.765
    Допаѓања:
    23.734
    Пол:
    Женски
    @Bah постоеја сомнежи дека се изживувале врз ЖИВИ животни. Тоа е многу поразлично од колење на животни за храна. Состојбата можеби е иста, целта го прави тоа многу поразлично.

    За среќа, велат дека животните биле најдени мртви и не биле наменски убиени. Од самиот старт не ми беше веројатно спротивното.
     
    Последна измена: 15 јануари 2015
    На Lella, Someonespecial, omg92 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Бах, обично се сложувам со твоите мислења ама со ова никако. Веројатно не си љубител на животни, затоа не можеш да разбереш како би било да си го видеш твоето куче или мачка кое го сакаш забодено на ражен, тепано, убиено, фрлено во оган. Па не мора ни да е твое, туѓите не вредат помалку, а не мора ни да си љубител на животни за да почитуваш живот.
    А после ваквите реакции не е воопшто чудно што ќе велат дека биле препарирани и најдени мртви, не ја менува вистината. Зборуваме за измачувањето ако биле живи.
     
    На mims-89, Hahn, tessie и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Bah само прочитај го мислењето на crimson 2-3-4 пати, ако треба и повеќе, и најди ја разликата во нејзиното и твоето !
     
  9. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    А, каде виде ти куче набодено на колец, или фрлено во оган? И, одговори ми, што им прават на мртвите кучиња во депониите?
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Кружат куп слики, не бев присутна лично фала Богу. Мртвите кучиња во депониите не се исто што и живи кучиња. А како што напишав зборуваме за измачување на живи.
     
  11. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Дали можеш со сигурност да потврдиш дека кучето однапред било убиено, а не исклучиво за потребите на парадата? Освен тоа, не верувам дека некој денес на мени имал кучешка кременадла во име на традицијата

    Уствари, сасвим небитно у овој момент е дали некој ждере месо или не од причина што месото воопшто не е искористено за до некој степен разумни потреби туку за јавни егзибиции. Ако мислиш дека самиот чин не укажува на проблем, а човекот преку ваквото дејствување може интелектуално да расте и се експонира, ондак не знам што да ти кажам. Зошто ако веќе го разгледуваме човекот од антрополошки аспект, ќе сфатиме дека токму преку ваквите постапки еволутивниот процес го уназадил во факинг дваесет и први век. А зошто? Затоа што степенот на свесност се сведува со компарација на ничија нижа. Друга битна ствар, е што во нашава Вукоје*ина се случуваат вакви срања од проста причина што нема ниту една институционализирана заедница за заштата на правата на животните. Да имаше ќе се реагираше со време. И трето, дали уопште правиш разлика од човек кој убива за да се прехрани, (иако ни оваа навика не е вродена), до психопат кој страда од синдром на неиживеаност, со безпричинска потреба да го надвладее врвот на сопствената глупост?
     
    Последна измена: 15 јануари 2015
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Дали за мене ќе имаат жал куп лавови, а јас помеѓу нив? Или ти сама во океан, а крај тебе 10 бели ајкули, или твојата сестра сама во дупка со кобри, или твојот чичко сам со дива свиња, мечка, волк, тигар?

    Затоа постојат општо корисни и некорисни животни. Човекот со генерации и генерации го истражувал тоа месо што е најквалитетно за него, што го прави поздрав и се останато. Јас јадам месо, уживам во него, ме права посилен, ми растат мускули од него, ми го стимулира мозокот. Не чувам ниту куче, ниту мачка, а кога би чувал тоа ќе биде исклучиво заради заштита на имот, а не од него да правам член на семејството.

    Не постојат добри или лоши животни, туку корисни и некорисни, инфериорни и супериорни, интелегентни и неинтелегентни. Природата ја создало срната, зајакот да се тревопасни животни. Да беа месојадни и тие ќе беа крволочни.

    Наместо тие хипохондрични налудничави Европјанки цел живот во ПМС да чуваат пудлици и џукели дома нека раѓаат деца, тоа што има вистинска вредност и традиција во општество, тоа што ќе донесе прогрес и просперитет, а не сите овие бљувотини на поп културата.
     
    На Candid, Orthophill и anina им се допаѓа ова.
  13. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Што е човекот, ГОСПОД, па сите да му служат нему ????????????

    Животните се родени за да му служат на човекот ????? Ма немој !!!!
    Ти му даде душа на кучето, па за да му ја одземиш ?????

    И погледни како животните имаат инстинкт, се бранат, сакаат да живеат, кое животно се предава во смрт ? Кое животно се самоубило ? Никое досега !

    Се сложувам дека не можеме да ги ставиме животните на исто ниво со човекот, ама некои луѓе се полоши и од животни !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

    Сте виделе негде животни да закачат човек за раце и нозе на еден стап и да го шетаат ???? Па нигде !!!!!!!!!!

    **

    Башка, повикуваат, дојдете на карневалов, таму одат и деца, како им било нив со вакви грозоморни и ОДВРАТНИ слики пред очи ???
    Кучето е едно од омилените животни кај дечињата, знаете каков шок е ова за нив ???

    Грозотија невидена. Паметот од луѓето е ојден до немајкаде, не знаат што да направат попрво.

    **

    И догодина пак трчајте на карневал. Да се изнагледате глупости и грозотилаци.

    - Ова за Петре П. цитатот е..
     
    На Mimi123, BoaVista, kostadinka24 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Гледам дека муабетот ви се насочил кон тоа, дали можеме да оправдаме ако знаеме дека кучињата и др. животни биле мртви пред да почне самиот чин. Но, чекај малку. Треба да ја игноираме симобликата и пораката што се праќа преку ова однесување? ...Што ќе научат малите деца кои се сведоци на убиени животни чија смрт е наша веселба?... Абе ајдее.. И после зошто насилството е се поприсутно.. Срамота! Срам да ти е да живееш во оваа земја, не поради тие кои го извршиле тоа, туку поради тие што треба да направат нешто, а не превземаат ништо.
     
    На Markiza30, Taccka, Sunflowers и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Дали за мене ќе имаат жал куп лавови, а јас помеѓу нив? Или ти сама во океан, а крај тебе 10 бели ајкули, или твојата сестра сама во дупка со кобри, или твојот чичко сам со дива свиња, мечка, волк, тигар?


    Кој, кога, каде се нашол во ваква ситуација ?! Смешно, извини вака, дај кажи друг пример кога веќе си го браниш мислењето! И тоа со децата, од каде знаеш дека тие што чуваат пудлици, оној другиот збор не го признавам, немаат деца ??
     
    На Valerin и Silver.E им се допаѓа ова.
  16. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Едно прашање до сите. Зошто баш сега се коментира за вевчанската традиција? Ова се случува 1000 години. Од малечка го посетувам вевчанскиот карневал и искрено сум видела и пострашно. Што толку фама сега се крева? Не знам колку сте информирани за податокот дека сите кучиња скитници, од Западна Македонија, се транспортираат во Струга и струшката околина?
    Годинава за жал не бев па не можам да кажам што точно имало и до која точка стигнала човековата глупост. Ама како и да е, тоа е и целта на карневалот.
     
    На Barbie20 и Orthophill им се допаѓа ова.
  17. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    1. Оди и ти со лавови, бори се со заби да те видиме. Ама не ти дал господ канџи и заби како нив, така ??? Трте ќе ти е еден лав да ти помини пред очи !!!!

    2. Корисно и некорисни животни ???? Господ секој дел на планетава го создал со цел и намера. И обично камче си има намена. Ништо не е залудно. Не потценувај никого и ништо !!!

    3. Мускули ти растеле, јас сум вегетаријанка, вежбам па пак имам мускули бе ! Што дека не јадам месо!
    Мозокот од месо не се стимулира, напротив се затупува, тоа ти е научно докажано !!!!!!!!!!!!
    Што јадиш - тоа си ти. Јадиш свинско, постануваш со особини како прасе, итн. И тоа е докажано !

    4. Од кај знаеш дека се налудничави Европјанки ??? Немаат сите маж покрај себе бе ! Немаат сите можност за раѓање. Што ако некои се неплодни ?
    Чешки сите што сакаа деца, да имаа... Ама од кај знајш ти какви причини имаат ? Не се сите за осудување.
    И јас имам животни дома, не за џабе се нарекуваат домашни миленичиња, мили се, слатки се и честопати се понормални од повеќето луѓе (за жал).
     
    На Mimi123, kostadinka24, Candid и 5 други им се допаѓа ова.
  18. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.678
    Пол:
    Женски
    Секако дека нема да имаат жал, но тоа што не' разликува од животните е свеста и способноста за резонирање...
    Инаку, имаше изјава дека тие животни веќе биле мртви, што не е некоја олеснителна околност, затоа што самиот пагански чин е за осуда.
     
    На alana95, Ivy89, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    @anina ете јас ќе ти одговорам зошто коментирам. Досега не бев видела ваква слика, никогаш не сум ни присуствувала на тој карневал . Ако од ова имало уште пострашно се прашувам што ли е, а не сакам сама да си замислувам погрди слики од овие. И незнаев дека целта на карневалот е да се достигне врвот на глупост како што кажуваш. Не сум начитана до толку изгледа конкретно за карневалов.
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Човек нема сила како лав или ајкула, но затоа има мозок и свест да ги потчини, убие и јаде. Затоа измислил оружје, отров. Секое животно има свој одбранбен механизам. Иначе како би опстанал во природа?

    Да, нормално дека сите ние постоиме со причина и цел, а тоа се вика ланец на исхрана.

    Машка и женска конституција на тело не е воопшто иста. Ти тоа што го зборуваш е дефиниција, а не маса. Човекот секогаш низ историјата јадел месо, па не видов дека затупавува.

    Немаат маж сите покрај себе, затоа што имаат 10 позади себе.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.