Вевчански Карневал - Терор врз животните

Дискусија во 'Политика и настани' започната од eagle.eye, 15 јануари 2015.

  1. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Можеби во дамнешни времиња карневалот имал друго значење ама сега е заради забава и привлекување на внимание со глупирање. Тоа е реалност. 99% од сите учесници се дамла пијани и има страшна галама и туркање, дури и би рекла дека со деца не се оди. Имало се и сешто, до мачкање со животинска крв. Дали некој реагирал до сега? Не!
    Во однос на животните би рекла дека имаат фарми со свои животни (ете пример кокошки) и не гледам нешто страшно да си ја убие кокошката која си ја платил 300 денари.
     
    На Candid и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Петре, ние барем по едно нешто (треба!) да се разликуваме животните. Тие немаат развиен разум и се водат од инстинктите. Ние не сме лавови, ајкули, кобри, не се бориме со заби за да се нахраниме и опстаниме, тоа го правиме на цивилизиран начин. Тие за тебе општо некорисни животни, се корисни за други ствари, пошто извини вака што ќе ти повторам не е се на планетата создадено за нас да не задоволи. Има нешто што се вика екосистем и сите сме дел од него, се е поврзано меѓусебно, а не се подредено под нас а ние на врвот. Уништи ги сите "oпшто некорисни" животни како што рече и ќе се уништи и светот. Има едни добри чичковци и тетки што се борат да ги зачуваат животинските видови кои се во изумирање поради некои со размислување како твоето, и знаеш, не се борат да ги одржат тие видови за да имаме штета од нив. Ако се заинтересираш за животните ќе се изненадиш колку се интелигентни тие што ги сметаш за неинтелигентни,
    Се ова што го кажа нема врска со монструозниот чин на карневалот, а тие "хипохондрични налудничави Европјанки цел живот во ПМС" имаат право да одлучат дали сакаат да раѓаат деца или да чуваат кучиња (патем и жени што чуваат кучиња раѓаат деца, а и мажи чуваат кучиња а немаат ПМС замисли). Твојот став дека е ОК да се постапува така со живи суштества, а сите тие погрдни зборови за лица кои сакаат животни, кажува многу за тебе. Друга тема е дека ако жените се претворат во машини за раѓање на деца наместо да се грижат и за животни ќе имаме проблем со пренаселеност на планетата што ќе доведе до многу катастрофи.
     
    На Giovanna, Hahn, Mimi123 и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279

    Ова е едно од најсуштинските прашања на кои треба да се даде одговор. Колку што дојдов до сознание кучето и по неговата смрт од околните жители и посетители било дополнително скрнавено преку шутирања и мавања. Веднаш пред очи ми е некој горд Балкански татко како му вели на своето синче ,,Удри сине, нек пукнат злите духови'' И детево секако бидејќи не поседува ментален склоп за расудување го чини она што е речено. И ете од такви пораки после се чудиме зошто толку насилство во светот е застапено во толкава мера, и што ги тера луѓето да бидат толку изреволтирани и гнасни. Одговорот треба да се бара во коренот, а не во тилот.
     
    На mims-89, Markiza30, Candid и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Проблемот е во садизмот кој се пројавува, бројот на учесници и очигледното уживање во страдањето на кучето, а не во самата смрт на животното. Загрижувачки е, што сака кој сака нека ломоти.
    Многу нелогично делуваат оправдувањата дека се работело за мртво куче, како специјално да умрело за потребите на карневалот. Поверојатно е дека станува збор за убивање.

    [​IMG]

    Изгледа дека нема Ригор Мортис, барем според положбата на опашот и главата, а очигледно е и дека не е во состојба на распаѓање. Што би значело дека е наменски убиено непосредно пред снимката а не е исклучено дека било тепано до смрт, потоа врзано за колец и на крај запалено во огнот ``на сред село``.

    http://vesti.mk/read/news/4295846/1...ieno-pa-zapaleno-kuche-na-vevchanski-karneval

    Лавови? Ајкули? Одлична споредба. Ако не го тепале кучето до смрт - тоа нив ќе ги тепало до смрт или ќе го задавело купот луѓе собрани на селска веселба.

    П.С. Ајхман сам си ловел дивеч. Или не беше Ајхман туку Хајдрих, не ми текнува во моментот :D
     
    На UnordinaryOne, Giovanna, mims-89 и 20 други им се допаѓа ова.
  5. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Да, комплетно се сложувам во се што кажа. Ние сме дел од тој еко систем, но зошто тие еко теткици и чичковци не се борат тоа што белата европска раса изумира, има се помалку деца, училиштата се празнат, се повеќе жени во фертилна база кои не раѓаат, се повеќе имигранти, се повеќе обоени деца, а?

    Во Европа владее лудило и грижа за некои видови животни, а никој не води брига тоа што цели народи исчезнуваат од тука. Комплетно се сложувам дека секое животно има своја цел и причина зошто постои и дека тоа е само лошо по нас ако се истребат, но затоа ги размножуваме. Ние сме во сопственост сите видови да ги репродуцираме, размножуваме и јадеме.

    П.С. Многу видови животни изумреле на планетата земја, а тоа не било само по вина на човекот. Повеќе би нарекол еволуција.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    Човек не измислил ни отрови за животните! И каква е таа спордба те молам со ајкули, лавови и други глупости. Зошто не споредиш со други диви животни - слонови, мајмуни, коњи, срни, жирафи итн. Или кога веќе споредуваш со месојадни, знаеш колку случаи има кога животнотно не напаѓа освен ако не е гладно или исплашено. И БРАВО, што го споредуваш човекот со толку ниско развиени суштства.
    ЧОВЕКОТ ЛОВЕЛ ВО МИНАТОТО ЗА ДА СЕ ПРЕХРАНИ, ОВА Е ШТО/???? Кога тебе лавови ке те опкужат и ќе те гребааат, само за да се забавуваат. ЗБОРУВАМЕ ЗА ФАКТОТ ШТО ОВА НА ЧОВЕКОТ МУ Е ЗАБАВА! Не е прехрана, ЗАБАВА!

    И НЕ СПОРЕДУВАЈ ДИВИ ЖИВОТНИ, зошто самиот човек ГИ ПРИПИТОМИЛ тие кучиња и самиот тој е одговорен за тоа што се денес на улиците меѓу нас, ОДЕТЕ ДА ВЕ ВИДАМ АЈДЕ УБИЈТЕ АЈКУЛА ИЛИ ЛАВ ПА СИТЕТЕ СЕ!!! Срамота е тоа што ние им ја изменивме природата на тие животни ги претворивме во наши робови, и на крај треба да бидам горда што ќе го убијам тоа суштество што не можи да се брани???
    Споредбата е неиздржана.
     
    На Hahn, Mimi123, BoaVista и 10 други им се допаѓа ова.
  7. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Значи ако се водиме според твојата дефиниција човекот е сведен на чист хедонизам, бруталност, мизантропија. Од причина што споредуваш еден вид животно кое се прехранува со друг, исклучиво за да преживее, со човек кој поседува рацио за да расудува отскокнува и издвојува од животинските видови.
    Ама што знам јас, анти традиционалистката ку*ва која пркоси на шаблоните, не?

    Башка ваквиот уникатен начин за деградација на жената само ти ја можеш, свака ти част. Дај си рака. :handshake: :nod:
     
    На Markiza30, 1209, kikkki и 5 други им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Ах.
    Од тема за убиено куче дојдовме до потценување на жени и расизам.
    Прекрасно.

    Дали се работи за човек или животно, за да го малтретираш за забава, треба да имаш некаков проблем. Не станува тука збор за ланец на исхрана, ниту преживување, не ги вртете работите.
     
    На Markiza30, 1209, Rose96 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    Дали само кучињата се животни или така ви одоговара? А како не ви е жал за илјаници крави, свињи, кокошки.... кои секојдневно се убиваат за да вие уживате во вашите специјалитети подготвени од делови на нивните тела. Зарем е помалку дегутантно и грозно она јадно куче на стап, од деловите на тела на разни животни спржени или испечени со кои секојдневно се фалите во темата Фемина инстаграм?

    Нели е сега ова малку лицемерно? Валерин, да кучињата кај нас не се јадат но, не заборавај дека но некои култури и тоа се прави. Исто како што кравата во Индија е свето животно а кај нас се убива безмилосно.
    Јас сум за да се донесе закон да се пуштат сие животни на слобода и да пасеме ние лугето трева, вие сте за, или кога е вашиот стомак во прашање други правила важат?

    За жал многу лесно може да ве потпалат оние кои со децении наназад се борат продив нашата традиција со измислување на разни лаги. Ало луге, под тие маски се луге кои секојдневно живеат таму а не монструми доведени од страна, не подлегнувајте на разни монструозни подметнувања кои служат да се испотепаме сами мегу себе.

    Штета што на кучето неможат да му припишат етничка припадност за да си ги исповадиме очиве барем асално.
     
    На Sanjichka007, Orthophill, Daleron и 3 други им се допаѓа ова.
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Ја разбирам твојата поента, иако според мене повеќе би го споредила ова со носење крзно и кожа, отколку со јадење месо за да се прехраниш.
    Тешко е да живееш здрав живот и да внесуваш се што ти е потребно во организмот без да јадеш месо. Тешко и скапо, па затоа месото е на скоро секоја трпеза.
     
    На Ivy89 и tessie им се допаѓа ова.
  11. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Не знам веќе како да ти се обраќам, гледам дека си имаш некој свој свет зацртано во главата, дури и мене срам ми е што ти реплицирам. Има луѓе кои се грижат за луѓе, има луѓе кои се грижат за животни, проблеми кај луѓето секогаш имало и ќе има и тоа не значи дека треба сите да се грижиме само за тоа а никој за животните зошто и кај нив секогаш има проблеми. Наталитетот во последните години нагло порасна, изгледа паѓаат од небо бебињата ако не раѓаат жените. А сакаш да кажеш луѓето со бела кожа треба да преовладуваат во светот? :^) Не сум те читала порано ама од овие мислења јасно се гледа дека си расист, сексист и садист. Блазе на жената што ќе биде со тебе..
     
    На 1209 и crimson им се допаѓа ова.
  12. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Да, така е, затоа и низ целиот универзум постоеле војни, убивања, истребувања. Тоа е човечката сурова природа. Deal with it.

    Во секој животински вид постои друштвена моторика, т.е. преовладува тој со најдобра генетика, сила, знаење и моќ. Помеѓу сите животински видови има борба меѓу машки единки, желба за надмоќ, доминација. Не сите единки во општеството се квалитетни и рамноправни. Баш напротив. И, јас не се ставам себеси во квалитетни, туку расудувам непобитен факт.

    Традиционалноста произлегла од природата. Тогаш не постоеле телевизии и контролирано образование за да некој го учиш и советуваш. Луѓето се следеле исклучиво по природните закони.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bah

    Bah Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 март 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.189
    А, тоа животно не ли е греота и неговата душа и страдање помали ли се ако служат за твои егоистички побуди за да се нахраниш? Нели е морбидно да ставаш слики и да се гордееш како си спржил кутро и јадно пиле или прасе набиено на колец? Тоа е значи ок?
     
    На Sanjichka007, Orthophill и SwanMay им се допаѓа ова.
  14. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Бах, јас кучето го зедов за пример, а не за мерило да докажам кој е по цар на животните и кој повеќе треба да биде испоштуван. Башка, ќе се сложам со тезата на Најт Рајдер дека проблемот уствари лежи во самата потреба за садизам, како и пораката која е пратена преку ваквото обредно дејствување кон најмладите чии мозочиња се како сунѓер и прифаќаат здраво за готово сешто ќе видат. Јас не подржувам било каква форма на насилство, и не, немој да мислиш дека уживам во јадењето месо и не сум подложна на самокритицизам.

    Прашање плус, на кого реферираш кога зборуваш за поборниците против правата на традицијата? Пак ли на таа проклета Америка?
     
    На tessie и Night Rider им се допаѓа ова.
  15. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Не знам дали излезе во јавност случајот за мајката која уби куче затоа што и го нападна детето. И тоа беше во Стуга, пред десеттина години. Жената плати казна заради тоа што и откако кучето било убиено, направила уште преку 50 убоди со стап. Затоа што изгубила контрола ја казнија и тоа квалитетно. Можеби сум оф топик ама сакам да кажам дека малку претераа организациите за заштита на правата на животните.
    Зошто не се реагира кога луѓе се напаѓаат од кучиња?
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Не е проблемот во смртта на кучето, проблемот е во садизмот. Не може да има лицемерие бидејќи свињите не се убиваат со тепање до смрт, не се парадира со нив по улици и не се фотографира народ со нив. Ако си во можност, прашај касап како се прави тоа.
    Бидејќи не е ова Кина или Кореја (таму јадат кучиња) и истите никогаш не биле дел од прехрамбената култура на Балканот и Европа - не гледам место за споредби.
    А можеби и огладнеле селаните, ако се земе во обзир дека немале струја долго време и сигурно им пропаднало замрзнатото месо за празнициве, но не верувам дека тоа било причина :)
     
    На BoaVista и Valerin им се допаѓа ова.
  17. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Јас не јадам месо, ниту млечни производи, така што, никогаш не сум ставила таква слика. Не генерализирај.
     
    На Psychen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Тој збор расизам има тотално друга димензија и конотација во науката. Денес се употребува за се и сешто иако нема тотална врска со неговата примарна намена во науката. Каде тоа пораснал наталитетот конкретно во Европа? Да не им се имигрантите од Африка и Азија две училишта со деца нема да наполнат.

    Јас не кажувам дека некој треба да надвладува со некого, туку кога се грижат толку за џукели и кучиња зошто не се грижат тоа што цели народи исчезнуваат од Европа? Али не, за европската жена една џукела која квичи и се гали има поголема вредност од едно дете кое гради згради, болници, автомобили, хелихоптери.
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ivy89

    Ivy89 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2014
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    1.056
    Пол:
    Женски
    Е многу ја истенчивте, посебно ова за жените, децата и зборот на Џ, дај скрати го тоа, ја претера. Ти кажаа погоре, европска жена незнам каква жена ,не секоја жена ЗА ЖАЛ може да раѓа, ( сега може ќе спомнеш и посвојување на деца, ама и тоа не на секој му е дозволено) ! Ај доста !
     
    На SwanMay, crimson и tessie им се допаѓа ова.
  20. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Освен за Историјата на Земјата дека потоеле вакви форми на насилство и истребување не знам за друго место, поготово не во универзумот, за кој првенствено не знаеме ни со какви физички закони располага. И нема јас со што да се носам прифаќајки ја твојата слика за сурова ''реалност''. Особено не сега кога Војните се стишени, со напредокот на човекот, ставајќи го настрана оној бунтовен фронт каде радикалниот ислам хара и желба за превласт имаат нелуѓе. Башка, вината за ваквата призма на лошо осмислена ''традиција'' полна недоследности треба да се бара во самите религиски книги, секти и култови. Тоа поаѓа од фактот дека нашата Земја не била никогаш матично живеалиште на еден народ. Коренот кој изобилува неправилности, не е во историјата која е толку замаглена привидна и неточна. Особено ако го земеме фактот дека започнала уште од периодот на Херодот, време во кое има брдо неточни записи, а луѓето биле крајно не едуцирани околу денешните норми и правила туку постапувале кој како сака без општествен систем на уредување или регулација на поведение. Затоа и толку биле зачестени тие насилства еутаназии и слични тракатанци.

    Освен тоа, споредбата ти е опет отидена у минус пошто збориме за различни временски рамки во кои важеле сасвим други правила на игра некарактеристични за овие денес.
     
    Последна измена: 15 јануари 2015
    На Night Rider му/ѝ се допаѓа ова.