Вевчански Карневал - Терор врз животните

Дискусија во 'Политика и настани' започната од eagle.eye, 15 јануари 2015.

  1. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    А европскиот маж (од минатото) кој до последниот здив се дружел со својот љубимец?

    [​IMG]

    Зошто не си отвориш тема за расизам или за еугеника не ми е јасно, во сите теми истото, отвори си тема и готова работа.

    Садизмот не води кон ништо добро без разлика дали е насочен кон животно или било што друго.
     
    На BoaVista, Leela, Edie.S и 7 други им се допаѓа ова.
  2. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.102
    Допаѓања:
    34.575
    Пол:
    Женски
    Еееј овој е лудак!!! Би го ставила на клада жив да изгори..да осети што е тоа болка :@:@
    И да се дополнам, и ние во Тетово имаме како маскембал за Бадник, тоа и имаме голем број на скитници..АМА НЕ, НИЕ НЕ ГИ УБИВАМЕ Т.Е НЕ ИМ ГО КРАТИМЕ ЖИВОТОТ НА КУЧИЊАТА...И ТИЕ СЕ ЖИВИ СУШТЕСТВА КАКО НАС.
    Тие ни се најдобри пријатели за разлика од луѓето...
    Затоа казна за тие што го направиле ова, мада џабе и казната...нив треба како што напоменав горе некоја казна од стариот век, ставање на клада и жив да се запали...зошто тие што го направиле ова, пак може да го направат ова...
     
    На MandyLane, Lella и Valerin им се допаѓа ова.
  3. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Ова е дете од 10-11 години. :|
     
  4. Psychen

    Psychen Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2014
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    86
    Пол:
    Женски
    даа, дете од 10-11 години. Што ни кажува тоа? - проблемот е во воспитувањето.
    Не мешајте човекова природа. Самиот термин укажува на нешто што се јавува само по себе. Но. фактот што пола и повеќе од популацијата на луѓето ја немаат оваа ‘‘природа‘‘ треба да ви биде доволен доказ да го барате проблемот во социјализација, култура, традиција.. нешто што е научено.
    Во минатото имало громорозни чинови врз луѓе .. палење вештерки, чедоморство и многу други,поентата ми е дека развојот на циливизацијата ги елиминирала овие практики со причина. Тоа што луѓето се обидуваат да отстранат уште еден вид на крвополевање е само доказ дека се движиме напред и дека природата на човекот не е деструктивна, не е ништо - обликот го добива од тоа што ќе го научи од општеството.
     
    На Sunflowers, SwanMay и crimson им се допаѓа ова.
  5. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Се покрена кривична пријава против сторителите кои пред неколку месеци имаа одерено куче во населба Чаир. Само се прашувам, дали и на овој настан властите ќе прогледаат низ прсти како на претходниот. Со тоа што, овојпат на астал ги имаат неранимајковците.
     
  6. Sunflowers

    Sunflowers Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    128
    Исто ни јас, не спомнав за да не ја претвораме темата во дебата за правилна исхрана, мене ми се сите животни исти.
    Ама тука не станува збор за убивање на исхрана туку за убивање од забава, садизам, монструозност, нечовечност.. Зошто се што е живо чувствува страв кога животот му е во опасност, се бори да преживее, чувствува болка од ќотекот, не само ние.
    @anina тоа е сосема друго, секоја мајка би го направила тоа, кој нема да се бори за да си го спаси детето? Жал ми е што ја казниле искрено, не знам како дошло до напад ама не верувам дека била виновна. Ова куче во случајот не пробало да одземе живот за тие да го одземат неговиот. Не знам со што претеруваат здруженијата за заштита на животните, ако човек е обесправен може сам да си ги бара правата, ако некој му наштети на дете тогаш родителите, ако животно е третирано нехумано од луѓе тогаш кој ќе го заштити ако не тие што сочувствуваат? И нив не им е мило кога куче ќе нападне а не се ни виновни за тоа, а да не забораваме и дека ако не постојат такви здруженија ќе има поголем проблем со улични животни, а поради нивниот поголем број и поголема агресивност за да стигнат до храна. Не може секој да има љубов за животните ама дека луѓето што се грижат за нивно вдомување, заштита и права, ни прават штета - не ни прават.
     
    На Hahn, Edie.S и crimson им се допаѓа ова.
  7. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Прилично иритантно ми е да давам одговор на нешто кога во еден пост каде е спомнато националност и раса веднаш се става слика од Хитлер и Третиот Рајх.
     
  8. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.007
    @Bah, @Петре Прличко и останатите исто мисленици:
    не е поентата само во убиеното куче. Еве ќе речеме уличните животни умираат постојано, мене ме фрапира потребата на еден човек да убие животно и тоа да му биде маска. А ќе речеш денешниов Човек бил разумен ( :^) ) , мене ова повеќе ми личи на дивјачко однесување него ли на човечко.

    Макар и мртво било, а не намерно убиено за „намената“ - алооо :fubar: , каде е убавината да се шеташ низ улици со отпревртено мртво животно.
    Мене конкретно првично ме вчудоневидува и плаши извитопереноста на особите, на страна тоа што беспотребно умираат животни. И да, ако „господава“ се решиле да шетаат животински труп, уопште не би се изненадила ако го убиле токму поради тоа.

    Психијатријата изучува дека ваквите појави за потреба од насилство врз животни се чести кај сериски убици. Какви дијагнози ни шетаат низ државава не сакам ни да замислам... Страшно е до каде може да отиде нерационалноста и каде може да не однесе садизмот. Страшно!
     
    Последна измена: 15 јануари 2015
    На Giovanna, Mimi123, BoaVista и 14 други им се допаѓа ова.
  9. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.102
    Допаѓања:
    34.575
    Пол:
    Женски
    И уште еднаш, како што спомна горе @Madam-A за сериски убиец, како што знаете ...еднаш почнува да убива и продолжува...нема осет за прекин и за таквите само смртна казна
    Додека со овие е исто, еднаш почнале да убиваат животни и поверојатно е дека ќе продолжат....
    Иии да напоменам, викаат животните треба да примат вакцина за беснило, ама ми се чини дека луѓето се побесни, полуди и повеќе убиваат и наштетуваат отколку животните и само на нив треба да им се стави вакцина за беснило
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.279
    Настрана од тоа што повлекува низа психолошки прашања, овој степен на девијација е енормен и системот по итна постапка треба да го регулира. Се` додека Властите спијат и немаат абер да дејствуваат, џабе ние тука очи ќе си вадиме. Од мене толку, немам веќе сили да коментирам околу овој грозоморен чин кој цревата ми ги превртува при секоја помисла околу тоа како кутрите животни биле малтретирани и искористени во ритуалот проследен со еден куп цинично - зли насмевки.
     
    На IronLady и Sunflowers им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.191
    Пол:
    Женски
    Сега видов, и уште се тресам. Никогаш не ми се допаѓал овој карневал ама само си молчам. Ми се повраќа кога ги гледам тие намачкани лица, крзна на сите страни.
    Ама ова!?
    Што е ова? Како можеле, како можеле? Рацеве ми се тресат уште и не знам што зборувам.
    Кутрите животни, оф боже. ;(;(;(
     
    На Sunflowers, crimson, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.977
    Допаѓања:
    21.187
    http://www.sitel.com.mk/mrtvi-zhivo...vchanskkiot-karneval-opshtinata-se-ograduva-0
    Сторителите би требало да се најдат и да се казнат, дури и да не ги убиле тие животните (иако имало сведоци дека тие ги убиле) сепак пропагираат насилство врз животните на овој начин, без разлика која и да била целта на таа маска.
    Срамота да се дозволи вакво нешто, срамота ваква “ културна манифестација“ да биде подржувана од Министерство за култура , па дури и доаѓале странски телевизии да снимаат. :x :x :x
     
    На Lella и Someonespecial им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.191
    Пол:
    Женски
    Еве вака, откако се’ прочитав, да дадам малку посмирен одговор.

    Не сакам имињата да им ги спомнам на личностите кои се наоѓаат зад одредени никови.
    Па затоа ќе им се обратам:
    Како побогу можете да споредувате убивање животи за прехрана и убивање за една тешка глупост која само му го храни егото на човекот.
    Не знам какви се тие луѓе кои гордо си ги носат „маските“ со одземени животи, кога знаат дека тоа суштество некогаш стоело на нозе и му се радувало на животот. Зарем не проработува она човечкото во нив? Колку треба да бидеш бесчувствителен за ова да правиш. Уште чувствувам кнедла во грлото откако ги видов тие фотографии.
    Можеби во минатото биле изведувани ритуали со убивање животни, ама 21 век сме, аман, на што личи ова?
    И многу убава традиција и обичај.
    Како што кажав во претходниот пост, вевчанскиот карневал не е никаква културна манифестација, туку само шоу на кое се прикажува човечката глупавост и простотилак. Тие суштества кои ги носат со гордост убиените животни можам со сигурност да кажам дека се закржлавеани конзервативни глупаци кои се воздигнуваат овојпат убивајќи други.
    И каква порака ова пренесува? Што ќе си помислат малите деца? Зарем уште од мали да го гледаат овој простотилак и можеби и трауми да остават?
    Можам слободно да кажам дека луѓето кои упорно тврдат дека ние треба да се срамиме заради тоа што јадеме месо, а и тие што убиваат за забава (иако не можам да го укопчам забавното овде) треба да се срамат бидејќи на тој начин самите ги поддржуваат убијците.

    И немојте многу да ме рчкате, бидејќи она што го мислам се обидов да го напишам во најблага форма.
     
    На Edie.S, Nausicaa, IronLady и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Reachel

    Reachel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Крајно сум изреволтирана од појавата на самиот овој маскембалски чин.
    Кокошки наденати на вили, живи преплашени кокошки врзани за екстремитетите и фрлани во воздух како да се топки а не живи битија, труп на убиено куче заврзано за екстремитетите како плен, влечкано и мавано од толпата за да се прикаже пагански ритуал, живо куче со заврзани очи влечено и приморувано да оди во толпата народ, иако од превезот не гледа ништо итн. итн???
    До каде стигна човековата глупост? Да,тие се познати по своите традиционално пагански и за многумина примитивни маски,ама да се убиваат невини животни за нечија неколку часовна забава во 21-ви век? Згрозена сум од фотографиите кои го покажуваат нивниот садизам,и не знам воопшто како властите во Вевчани го толерираат тоа.:x Многу добар пример им даваат на тамошните деца. :clap:
     
    На Rose96, Sunflowers, Goticarka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    Јас би ги врзала лугето на тој начин, тоа ти се боолни, оболени, јас затоа ги мразам лугето , си ги сакам жовотчињата милнички , а за таков човек немам милост, ич око не ми трепка, ќе го изкасапам целиот , за човек немам милост,немам, зошто тој е единствениот уништувач на убавото и .
     
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Сега одкако ракијата испарила од нивните бедни души ќе бараат 1001 начин да го оправдаат чинот. Не верувам теси дека има причина за среќа ...иако знам дека од што се надеваш дека е така, веруваш во тоа.
    После се што прочитав на порталиве и соц.мрежи, само се надевам дека немале манијациве и генерални проби.

    Петре...знаеш која е разликата помеѓу човек и животно? Свеста.
     
    На Night Rider, Lella, galapce и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.457
    Стварно не е убаво за гледање, но незнам што толку ве погоди кучето... зар секојдневно убиените диви свињи на џиповите немале душа? Или тие може да се убиваат и да се носат после низ градот на хауба? И тие имаат душа.
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.799
    Допаѓања:
    61.605
    Страшно!!! Некој во 21 век да прави вакви стравоотии!?! И тоа со цел да се има „оригинална“ маска за карневал??? :@
    Вевчанскиот карневал го почитувам заради негувањето на традицијата, но со години наназад стана збирштина на грди маски и недолично однесување. Вевчанци во недостаток на идеи последниве години буквално се „глупираат“ со своите маски!!! Но, ова со кучето на ражен и кокошките на вила го надминува човечното!!! Да убиеш животно со цел да ти биде „декор“ на маскембалот е страшно!!! Жалам што Вевчанскиот маскембал кој треба да биде убаво негување на традицијата се претворил во вакво нешто!!!
     
    На Lella и galapce им се допаѓа ова.
  19. RedWine

    RedWine Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    61
    Значи нема година,а да нема некоја глупост на тоа карневалот во Вевчани! Ужас! Наместо тоа да бидат денови за забава и зближување на луѓето,тие или имаат некои садистички акт или пак вулгарности до максимум,да не може човек дете да однесе да се радува,да научи нешто,да види нешто ново....Ма колку и да е стара таа традиција,нема да го почитувам,зошто паметно нешто и нема да се види таму! Се е насилство,исмејување.......Се сеќавате пред некоја година кога ќе дојдеше до етнички судири за некоја маска?! Па се извинуваа после домаќините....
     
    На Lella, BoaVista, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.102
    Допаѓања:
    34.575
    Пол:
    Женски
    На Psychen му/ѝ се допаѓа ова.