Едноставно не ги рабирам луѓето како можат да бидат толку бездушни и гадни луѓе.Па секое живо суштество има душа бре.И да, се согласувам дека од никогаш не ми се допаѓал карневалов поради маските кои се без врска башка и провокативно, со големи напони на исмејување. Без врска во буквална смисла на зборот. Ова со животните мислам дека беше ту мач.
Добро сфативме, глетката беше лоша ама оволкава врева па уште и тема сте отфориле малку ни е на фб со статииве. Само едно не можам да ве сфатам кога велите “ШТО ПРАВЕЛЕ ТИЕ ОД ПУБЛИКА?„, со пијани маскирани што ќе правите бе? Сигурно нема ништо и вие да им речевте ниту да ги истепавте . Инаку мислам дека малку погрешно сте ја сфатиле традицијата, всушност не се “убиваат“ секоја година кучиња ова е прв пат. Не ги подржувам никако a и кој би, и искрено се надевам ова ќе биде и последен пат.
Карневалот е пагански ритуал кој си нема врска со христијанството.Жртвување на животни, во чија чест? Сето тоа палење, играње во круг, испуштање неартикулисани звуци, собирање во орди...смрди на паганизам и примитивизам.Уште племенски старешина им фали. Ќе речете традиција е, зачувана со векови наназад, ама дали го оправдувате ваквото поведение.Јас лично не гледам ништо забавно таму.Тргнале со смартфоните во раце како деца на дваесет и првиот век и варварското понашање, која иронија. Следната година што, девица ли ќе жртвуваат?
Офф леле греота за животинчињата, кутрите. Селани, од некој си век како порано. Што е она, што е она. Живи глупости и измачувања на животните.
Оф топик. Знаете ли кој стои на врвот на здружението „Анима мунди“? Тие истите што ја покренуваат мастата на народ (кој што навистина се грижи за животните) и собираат донација на жиро сметка за спас на животните. Распрашајте се па ќе видите каде се трошат парите од донациите. Толку од мене и нема да го коментирам карневалот не се чувствувам компетентна.
Јас сепак поголемо внимание би обрнала на животите на луѓето отколку животните. И сите оние што се “згрозиле“ од глетката да ги прашам дали јадат стек, кебапчиња, ражничи увијачи и слично??? м, нека кажат.
@Elissa не само тоа туку да прашам колку од овде вдомиле животни? Колку излегле по студот да ги нахранат уличните животни или колку ги напоиле на +40 степени? Колку не побегнале кога ќе сретнат куче скитник? Колку рипаат во облаци и се пентарат по столови и маси од куче и маче? Лесно е да бидеме душобрижници на збор, многу е лесно и да судиме, ама ајде да ве видам од сите овде што пишувате одговорете на прашањата.
значи крајно изреволтирана морав да напишам и јас некој збор за овие , ИЗДЕМОНИЗИРАНИ пагански ритуали ,сто не личат на православни христијани,па баш на св.Василиј велики најдоа, ова е срам , па традиција 1400 години за убивање животни ,скриј се таму , треба да ги казнат, што вака врз животинчиња се изживуваат, срамота ,жива брука , министрство за култура подршка ,шо пдржваат знаат тие или не?,од секогаш сум се гадела од овој вевчански карневал ,нема ништо интересно да видиш ниту нешто паметно да слушнеш се пијано е , само блуд нечистотии и пагански ритуали, а ова беше крајно ниско со животичињава згадена сум
Ти да не јадеш стек од куче!? Гледаш ли колку погрешно и измешано си пишала, тука за друго се збори, на што личи то убиено куче врзале го на стап и шетат го така , оваа вест не е само низ Македонија, еее дури и во странски сајтови имаше, за жива пеза, знаеш ли дека во другите земји човек во затвор лежи за такви слични дела, де малце отвори умот.... не бидете сите простаци.
Измешавте еден куп работи во темава. Убивање на животни заради храна не е исто што и масакрирање на животни без никаква цел. Јас сум вегетаријанка, и најверојатно подолго од сите тука што се прават вегетаријанци, затоа што кај мене се навистина многу години во прашање. Ама тоа не ми дава за право да им судам на луѓето кои јадат месо. Ама пак затоа можам да осудам варварско однесување кое одзема живот поради забава. Никое животно на земјава не убива од забава, туку поради храна или заштита на територија. Ама во наденување на кокошки не гледам ниту храна ниту заштита на територија. Ајде, ќе речеме, тие кокошки секако ќе беа убиени порано или подоцна поради храна, ама исходот не е ист. Барем ќе беа ХРАНА, а не набодени жртви на колци и вили. Инаку, тие здруженијата за заштита на животните, ја претеруваат некогаш. Не за овој конкретен случај, ама за други случаи. Повеќето немаат ниту едно животно дома, а ги осудуваат луќето кои не вдомувале и ги оставале скитниците на улица да гладуваат. Ги осудуваат луѓето кои јадат месо и носат кожа, а и самите тоа го прават. Само тоа е друга тема и има доста да се зборува. Христијанството не признава принесување на жртви, и греота е на толку голем христијански празник да се прават такви работи, па која сака традиција нека е. Нека си се маскираат, нека исмеваат политика и што ли не, ама не е убаво да го претворат карнвалот во крвав чин. Едноставно ја уништуваат убавината на самиот настан.
Неможам, кога станува збор за животинче јас и човек би убила, ама ти си измешала работата се збори за имачување а не кој по дома си колел за месо , па нели е друго тоа, или не ти текнало за тоа!?
Spoiler Ич да не ти е гајле каде се мешам, тоа не е твоја работа и да, буквално сватив. Едит: Ако не сакаш да ме читаш имаш таму опција игнор, а не да попуваш на кого каде му е местото.
Браво за Анима мунди, видоа и искористија шанса за кревање на акции и можност да изгребат некое проектче на сметка на нешто невидено, неиспитано и неофицијализирано. Подалеку од Вардариште и од објавите на фејсбук и на некои шкљ веб портали неможат да мрднат. Прашање е што доколку организаторот потврди и има доказ дека животното е плишано, добро изработена реплика или препарирано и поднесе тужба за нарушување на угледот на манифестацијата. Кокошките на фотографиите се живи и во ред. Никаде нема доказ дека се убиени. Ако после биле ставени на огин, нема ништо чудно во тоа. Тоа се вика печење на ражен. Тоа што имало товарени магариња и коњи може да го замери човек кој дошол од Марс или што не бил никогаш во ниедно рурално македонско место, особено како што се оние од типот на Вевчани. Кучето ни од далеку не личи на германски овчар како што е објавено. Уште помалку изгледа дека кучето е живо, што значи дека веќе било мртво. Никаде нема документиран доказ дека е измачувано или убиено. А сите знаеме дека мртво животно се распаѓа и може да предизвика зарази. Подобро ли е мртво куче да се остави да се распадне и да ги загади прочуените, преубави и чисти Вевчански извори или нештетно да се спали? Нема информација дали тоа всушност и било маска на карневалот или тоа била службата на ЈКП Вевчани која се пробивала низ кордонот маски за побрзо да ја заврши работата. Можеби и било маска која симболизира отсуство на кафилерија кај нас и се исмејува тоа што на секои пет километри автопат или пат се удира или има смачкана мачка, куче, бик или друга животинка, за кои никој не води сметка да ги тргне. Може некому му дошло преку глава од такви ситуации, па револтот го искажува вака. Може му дошло преку глава и од Анима мунди и слични НВО на нив, од чиј ефект на работење нема никаво фајде. Освен кучкарниците покрај Вардар и некое загубено градско маче, немаат никакво дејствување, па пробуваат преку вакви непотврдени информации да профитираат. Нека отидат еден ден со ветеринарна инспекција на некој од сточните пазари во Македонија и нека видат што се случува таму со живите животни кои се продаваат и купуваат. Ќе паднат во несвест. Нека отидат во продавниците за миленичиња и нека ги искршат сите тие тесни кафези, аквариуми, терариуми и што знам што во кои сите тие рипки, врапци, желки, гуштери, глувци,... во мизерни услови се чуваат за да дојде некој да ги купи и да ги закачи или стави дома како украс. Нека ги збринат сите јадни и анорексични цигански коњи на собирачите на хартија и отпад по градов и нека им донираат по еден точак со приколка на луѓето. Нека ги мапираат сите места каде се одржуваат борби на кучиња, каде крвјосани и раскинати, кучињата некому му носат профит. Нека ги мапираат и сите критични точки на автопатите каде што фали мрежа и од каде влегуваат и од судари страдаат и животните и луѓето. Нека не ми се глупираат со нереални пропагирања за нејадење месо, скара, пушена сланина, пилешки прсти,... Нека не копираат шаблони од слични странски организации, затоа што зад нив стојат моќни корпорации и луѓе на кои тоа пропагирање им оди во прилог. И најново од сабајлево, нека реагираат и на една од македонските народни приказни што ја имаше сабајле на Канал 5 во која, будала кој глумеше поп, се заљуби во овца (Златка мислам беше), имаа афера, па дури и секс падна. Нездравиот така се беше обесил на неа од позади и буташе, па со цел да долови прав доги стајл ја бутна и згмечи овцата. Ова беше порадикално и повознемирувачки од она во Вевчани и плус е документирано. Актерот и продукцијата со сигурност се за во Бардовци, а судбината на овцата остана неизвесна. Еве поле за работа на НВО за заштита на животните.
Значи официјално вевчанскиот карневал никаде не е наведено дека е поврзан со христијанството, туку напротив тоа е пагански ритуал. Сега ќе испадне дека ги правдам или нешто, не, јас сум против болно измачување врз животните, како тоа ако воопшто го правеле, но, никој не се крена на нозе кога цела околина скоро една недела беше без струја и вода, во најголемите студови, во најголемите снегови. Ако сте толку поборници за правата на животните, тогаш замислете таму колку крави, кокошки, телиња, прасиња, останале ненахранети, измрзнати како и нивните стопани. Не е оправдание пак ќе кажам, но, за некој што јади стекови, свинско, супа од кокошка и се што е месо,а да ги осудува истиве е малку нелогично од аспект дека иако не си учесник во нивното убиство, ти го јадеш нивното месо, го јадеш тоа животно. Како што куче е животно, така и кокошка е животно.