Без разлика дали сопствениците на Анима Мунди сакаат од овој настан да го дигнат својот рејтинг или не, поентата е дека е варварски чин и тие се во право. Ќе се согласам дека убивање на животни зад камерите и пред е иста работа, само до повеќето допира дека тоа животно што го имаат за ручек, пред некој ден дишело и живеело. Во Јужна Кореа, Виетнам и уште неколку азиски држави, кучињата и мачките ги јадат. Така да нема разлика, животно си е животно, без разлика како изгледа. За жал, повеќето од нас не еволуирале до степен да сфатат дека човекот комотно може да опстане и без месо, а споредбата помеѓу борбата за опстанок a.k.a. дербито помеѓу лавот и човекот е излишна, бидејќи тоа не се случува секој ден. Немам намера никого да навредам, секој кој ќе се потруди да излезе од границите на „нормалното“ во ова општество, ќе разбере дека треба да постои сочувство помеѓу човекот и останатите животни, бидејќи ние нив можеме да ги разбереме, додека пак тие се раководат според инстинктите. Смешно, а и диво е кога некои на темава напишаа дека човекот е најважен, сите останати треба да му слугуваат. Сериозно, дај малце отворете си ги гледиштата, не се врти светот само околу вас. И колку да кажам, јас сум вегетаријанец подолг период и се чувствувам одлично, не само поради отстранувањето на месните производи вклучувајќи ја и рибата, туку поради проширените видици кон светот. Полесно се дише на овој начин, кој пробал знае.
Леле и јас како се згрозив од ова што го правеле во Вевчани! Срам и арам да им е, тоа не се луѓе цивилизирани! Кутро кученце, пцовисано... А па кокошкичките леле душички, повеќе нема да јадам пилешко (особено не стек, кој со чекани го удираат). Или замислете пржено месо, кутро прасенце го убиле некои монструми и го искасапиле, па сега му го јадеме месото. Затоа да се организираме и да побараме да се смени законот. Па така секое животно да се поистовети со физичко лице (особено овде да бидат вклучени кучињата, мачињата, гулабите, чавките и глувченцата). Законот да вклучува казни за оние кои ги шетаат животните со поводник (безобразни им ја ограничуваат слободата на движење, тоа треба да се казни). Затворање на кучето во домот да се смета за киднапирање. Да се казнат мачките со по 7-12 години строг затвор ако убијат глувченце, а со казна од 12-15 години затвор за секој убиен гулаб! Ако куче растргни мачка, доживотен затвор! Ако глувче или чавка гризе труп на пцовисано животно, о, каков монструмски чин, да бидат затворени доживотно. Ако некое од овие животни нападне човек, човекот да не смее да се брани! Ако се брани да биде прогласен за терорист и да биде убиен на плоштад! Туку ај да не се филмам многу, мене ме интересира, дали оние од „Анима Мунди“ се ментално оболени, со сила се прават такви или имаат финансиска корист од тоа што се глупираат и ги лажат пубертетлиите? (Ова прашање си го поставувам особено од моментот кога прочитав како ги плачат убиените чавки во Прилеп и бараат учесниците во тој “масакар“ да бидат казнети). И дали политичките партии(и опозициони и позициони) се толку очајни па да им одат по кефот на овие од „Анима Мунди“? Да не бидам погрешно разбран, против сум малтретирање на животните, но немам ништо против да бидат физички (за работа, за јавање и сл.) искористувани или убивани ако истите на било кој човек му наштетуваат на било кој начин(шират болести, агресивни се, нанесуваат материјална штета, валкаат и сл.) или пак има било каква корист(месо, кожа, крзно). Единствено ми смета кога од забава се убиваат загрозени видови.
Филмање е ако се грижи некој за животни? Браво.А како треба да реагираат луѓето, да аплаудираат на начинот на кој ги третирале животните? Со тие филмови веќе...
Јадам се' од горенаведеното и знам дека и тоа се животни,ама месарите не пафтаат со труповите на животните и не изиграваат лудории. Сепак,гадна глетка е тоа,на што личи сега ти да земеш некое животинче и да го наденеш на колци и патем да го покажуваш пред деца? И сигурна сум дека кучиња никој не јаде.
@Ashling знам дека карневалот е пагански обичај, кој е задржан околу 2000 години во Вевчани.Денес се практикуваат старите пагански обичаи испреплетени и со христијански. Ако бев погрешно сфатена во претходниот пост , се извинувам . Убаво е да се задржи традицијата, убаво е да се задржат старите обичаи кои им пркоселе на годините и асимилацијата, само притоа и да се задржи човечноста затоа што веќе не сме варвари и тоа што било нормално пред 1400 години, сега не е . Можеби звучам лицемерно, ама едно е да убиеш животно за на трпеза, а друго е да убиеш животно од чист аздис и ради забава.А дали знаат воопшто, зошто го убиле кучето и кокошките кои беа убивани на лице место?Дека тоа претставува пагански ритуал на принесување жртва на боговите или чисто онака ради еуфорија и подигање атмосфера.
Карневалите не ги сакам и не ги ни следам. Ама не се ни притресувам, оти едно пцовисано куче го врзале на трупец и го шетале или пак оти заклале 2-3 кокошки... Не сметам дека ова е терор врз животните и што знам јас какви се не новоизмислени термини и будалаштини.
Се изнервирав од многу коментари во форумов и за жал не го дочитав до крај, доволно ми беше. Не е нормално ова кој сака и што сака нека кажува. Војни, ајкули, месождери......глупости. Во никој случај не би сакала ова мое дете да го гледа.
Секојдневно се убиваат по најмалку 1000 животни во Македонија а и секаде во светот, па сега за еден карневал дај не ме заебавајте. Јас лично не го оправдувам овој настан и не само овој што по некој повод се убиваат кучиња туку сите што ги трујат по градовите. А општо за животните ако е така треба да бидете сите вегетарјанци па за да не се колат и прасиња и телиња и кокошки... Сепак тоа е традиционално секоја година и сега се крена врева. Порано никој ништо не спомнуваше.
Е ајде де, иди докажи им...упорно збора за храна а не за садизмот, што врска нема со темава. П.С ако продолжете да зборите за храната, отворете нова тема, а не тука да тупите и да забегуате од темава што е САДИЗАМ, а не храна
Ти не се притресуваш, друг се притресува, не сака да гледа такви работи, па макар било умрено куче.Секој различно гледа на тие работи, ако ти не сметаш дека е терор, друг смета.Зошто по некое си правило, сите треба да не се потресуваат, само затоа што некој мисли поинаку? Не велам, си рекол така, туку кажувам како пример.Мене ми е болно да гледам како куче страда, еве дедо ми па не се притресува толку, му е жал и сега што треба да му направам? Да му речам „ притресувај се, мораш“.
Јас не гледам нигде карневал. Нема никаква организација, нити пак маски. Ова мене ми личи коо сцена од Содом и Гомор.. уште фали некој групњак да прави. Со она кожине глупави и со ѕвонците се срам најголем. Значи јас не знам ова на што ви личи вас, али за мене е далеку од карневал. Ја покажува примитивноста наша, простотилокот и фактот дека и најобичен настан не знаеме да го организираме и направиме да биде интересен. Не знам дали е до нашиов менталитет, како народ не знаеме да направиме нешто убаво да биде. Ги гледам соседиве и со шоуа и со настани .... можеме искрено вода да им носиме. Едно усрано шоу коо Звезде Гранда им е подобро организирано од сите наши емисии. Загреови сме значи, а да не праам муабет кога треба да има вакви собири. Третманот на животните .... Боже мили.. па јас од она што го имам прочитано по форуми, како мислења (посебно на Кајгана) воопшто ова не ме шокира. Навистина, не знам што очекувате од нација која сеуште живее во 18ти век. Имаме толку прости старци, што дури и да сакаме вината да ја фрламе на младите, нема да ни успее, да го оправдаме тоа што се случува и што допрва ќе се случува. Дали мислите дека оние будали на карневалон се свесни за тоа што го прават на животните ?! Не можете бре вие луѓе да излезете на крај, ни Анима Мунди ни било кое здружение не може да најде заеднички јазик со таква стока, затоа што нивните мозоци не обработуваат такви информации. Во нивните мозоци, целта на животот е да се најадат, напијат, направат будали од себеси, да се размножат и повремено да испаѓаат на гласање. Тие самите себеси не се ценат (се продаваат за кило брашно) а вие очекувате да ги ценат другите суштества околу нив Секој обид е залуден, се додека не поминат едно 100 години. Затоа надевајте се само дека бар нашите правнуци ќе бидат повеќе свесни за околината и за тоа како тие влијаат на таа околина.
Поентата на тоа дека е 21 век е во тоа што технологијата е напредната, има нови начини на живот и луѓето се пообразовани и посвесни за околината околу нив. Затоа не можеме да се споредиме со некој кој живеел пред 1000 години и не знаел за подобро.
Без разлика што се случило на овој карневал, и прошлиот за мене не постои нешто Попаганско, Тоа за мене е БОГОХУЛИЕ, сериозно олицетворие на Сатаната ми е мене овој глупав карневал.Никогаш ама никогаш нема да сакам да одам да присуствувам таму. Одрватно до немај каде. Кучето најверојатно било умрено, ама самиот чин е грозен да го врзеш со нозе па после да го фрлаш во оган. СЕРИОЗНО, па уште и Овие самопрогласени писатели кога ќе ми се приклучат со песни да го бранат, ми се повраќа. Јас сметам дека овој глуп карневал не ни треба да постои. Па уште и се пуваат, колку години опстојувал, марш море бар нешто саглам да ви беше
Темава ептен на долго и широко сте ја однесле. Измешани секакви работи. Прво, јас сум апсолутен противник на секаков вид насилство врз животните. Она што имавме прилика да го видиме беше многу неубава и грозна глетка. Сите ќе се согласиме околу тоа- Не беше и не е во ред такво нешто да се случува. Животно како животно, има душа. Нас, никој не ни дава за право да ги третираме на начин со кој се загрозува и уништува нивниот живот. Животните не се создадени човекот да ги малтретира, да се изживува со нив и да си поигрува со нивниот живот како што тој ќе посака. Во ред се сите реакции за настанов, но каде спијат ваквите здруженија за заштита на животните преку цела година. Треба ли нешто вакво да се види за да се огласат. Вакви случаи има многу, значи не треба само на Тв да видиме и да пробудиме некаква реакција и го осудиме насилството. Каде се здруженијата да направат нешто конкретно за заштита на животните? Каде? На ФБ последниве недели само се постираат слики од убиени диви свињи и ставени нивните тела како на изложба. Зошто никој не се најде да реагира за ваквите грозоморни глетки, а верувам дека се ловат секакви животни т.е се што ќе им дојде пред око. Каде се здуженијата да направат нешто за безбројните кучиња скитници кои скитаат во сите градови во Македонија? Кои не се ни вакцинирани, ни нахранети, ни згрижени... Препуштени по улиците претстуваат опасност и за граѓаните. Иако е забрането да се убиваат, голем број од овие кучиња се трујат со различни отрови. Има многу примери вакви. Зборот ми е дека нивната судбина ја одредува човекот. Треба ваквите здруженија ако се вистински здруженија да реагираат на време и преку проекти и конкретни акции да спречат вакви грозоморни работи и изживувања со нечии животи. А, не едно нешто сите ќе го видат и као т.н здруженија за заштита на животните ќе глумат лудило и делат памет и свест. Мизерно. Зарем, требаше ова да го видиме во Вевчани за да ни текне како треба ДА НЕ СЕ однесуваме спрема животните? Луѓево немаат свест никаква, ни за животни, ни за ништо. Треба ваквото однесување да се казни и друга година на Вевчанци да им текне дека треба да се цивилизирани и културни пред се, ако сакаат да привлечат туристи и да бидат место кое по нешто се разликува од останатите во Македонија. Со вакво дивјачко и неандарталско однесување многу скоро и нека ни карневал да има, ни ништо. СРАМОТАААААА!