Вевчански Карневал - Терор врз животните

Дискусија во 'Политика и настани' започната од eagle.eye, 15 јануари 2015.

  1. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    На mims-89, MaggieTatum, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  2. eagle.eye

    eagle.eye Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    89
    Да беше ти прав паган у душа немаша да збориш вака за животните, ке ја гледаше природата со други очи, немаше да викаш дека животните се инфериорни, немаше да размислуваш за нив како да се предмети. ОТИ КАКО ПАГАН СУМ ЗГРОЗЕН ОД ТВОЈОТ НАЧИН НА РАЗМИСЛУВАЊЕ.
    Да луѓето припитомиле животни и ги чувале, но само поради причина на дефицит на храна, немале што да јадат, а сега у 21 век кога имаме развиена агро-технологија ке правиме фарми и ке убиваме животни на најкрволочен начин, само зошто нашето ЧОВЕЧКО ЕКО НА СУППЕРИОРНОСТ ТРЕБА ДА СЕ НАПОЛНИ????
    Па од која и да страна да погледнам ние сме нај-инфериорните од сите, немаме канџи и остри заби за да ловиме, слухот ни е слаб, имаме кожа која не е прекриена со доволна влакнетост за да можеме да се заштитиме од ниски температури, видот исто така, единствено нешто што ни помогнало да опстанеме како вид на планетава е нашата висока социјална свест......
    4 те кучиња,2 те мачкати, морското прасе, гулабите и козата кој ги чуваме се дел од МОЕТО СЕМЕЈСТВО...
     
    На Valerin, MaggieTatum, Goticarka и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.307
    Допаѓања:
    22.601
    Пол:
    Женски
    Nikade ne rekov deka se soglasuvam so maltretiranje i ubivanje na zivotnite.
    Jas sum naj protiv za bilo koj vid maltretiranje...
    Samo me nerviraat onie sto gi shtitat zivotnite samo na muabet ovde i nisto povekje.Na muabet kolku se sentimentalni site wooww...na delo treba se istakat a ne ovde svetci da izigravate.
    Pa koga ke ripne nekoj uste da napagja ovde eleleeee...kamo da bev kuce sega ke bev zastitena od vakvite sigurno...ccc
     
    Последна измена: 16 јануари 2015
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Тоа требаше да се решава и уште пред 2 години, кога знаете толку гнасна маскота имаа со Куранот па пениси па Мухамед, значи срамота е се тоа,арно живи со се село што не ги запалија тогаш.
    Карневалов не е карневал туку исмевање, поигрување со нечиви чувства, па сега ајдеее нема ништо попаметно да се покаже, ќе набиваме кокошки на вили.
    Следната година кој знае што ќе биде. Ајде да ми кажете Струмички карневал, Галичка Свадба, океј се е тоа традиција, ама ова, ова е, било и ќе биде една голема повраканица.
     
    На stylishh, MaggieTatum, Rose96 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    101.309
    Пол:
    Женски
    Не сум присуствувала ама ова што го видов ,ми се смачи.Па да зошто да се трудат да направат куче,кокошка кога е полесно да убиеш.Е биле веќе мртви...не знам кој нормален ќе посегне по мрша.
    Догодина мачкава моја да наденам на кол и ќе имам кул маска зар не?
     
    На Salome, Sunflowers и Lella им се допаѓа ова.
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Сите потресени за Шарли Ебдо затоа што исмевале религија, ама ова е традиција и е океј. :shake:
     
    На Mimi123, MaggieTatum, Salome и 2 други им се допаѓа ова.
  7. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    ^ Малце надвор од темава, ама мислам дека тие ги исмејаваа ИСИС? :) Ова не беше само исмевање, нели маската се состоеше од жена со бурка, па како Мухамед полово општи со нејзе, а Куран беше пишано како КурОн. Што е надвор од секоја граница, барем за мојот вкус.... :|
     
    На Lella и crimson им се допаѓа ова.
  8. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.524
    Пол:
    Женски
    Исис го исмеваа (иако знаеле да исмеваат и религии), ни тоа не го оправдувам.
    Муабетот ми беше дека вакви работи се прифаќаат како најнормални и како дел од традиција, затоа што се наши. Не разбирам како никој не реагирал до сега.
     
    На tessie и ludoto19 им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Ама ајде ве молам, што зборувате? Никакво оправдување нема за ова што го направиле.
    И каква е таа традиција ви се молам? На толкав голем празник тие да жртвуваат кокошки, никој со здрав мозок не би го направил тоа.
    Карневалов ми бил одбивен со години наназад, најмногу затоа што го возвишуваат како нешто свето да е.
    Се надевам дека овојпат луѓето се свестија каков циркус е и веќе нема да им прават профит на луѓето таму.
    @Orthophill Не знам кој си и од каде изникна, ама работите се прости како грав. Заостанати глупаци убиваат животни како прави наендерталци без трошка срам и совест за еден глупав, простотилачки, низок циркус.
    Отсекогаш овој карневал ми бил одбивен и прост, ова не ни треба да се нарекува карневал, па и толку е почитуван, иако еве нема да заобиколувам, струмичкиот е илјадапати помодерен, поорганизиран и без лигави работи а ла наендерталци за плашење мали деца, а најмалку со вакви одвратни сцени. Ако „креативноста“ можат да си ја покажат само преку исмевање и убивање, тогаш воопшто и нека не го прават карневалот и нека не се брукаат.
    Инаку, да. Не знам кој спомна, ама од човек нема погадно створење, најискрено и животните ги сакам многу, многу повеќе од луѓето. За човек не би се потресла толку, колку за животно. Најискрено.

    Едит: @corto.maltese Што зборуваш ти!? Им скиснало од Анима Мунди, здруженијата за заштита на животните, oд згазените животни на патот - односно убиените, па сега тие да ја искажат својата жал убиваат други животни?
    Чекај, ти го оправдуваш овој чин, му даваш изговори. Прекрасно, навистина прекрасно.
     
    Последна измена: 16 јануари 2015
    На Night Rider, ludoto19 и Sunflowers им се допаѓа ова.
  10. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.427
    Луѓевo дa фaтиш и дa ги утепaш ништo другo... :|
     
  11. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.246
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Да бе, биле кај Мадам Тисо специјално да се направи идентично мртво куче.;)Сето ова сега се празни оправдувања откако им беа упатени критики и со намера Анима Мунди да се доведе во негативен контекст.Какви и да се, они се единствени од таков вид за заштита на животните во нашата ни државичка плус со оглед на тоа што немаат никаква помош од страна и се НЕВЛАДИНА организација.
    Да немаше никакви критики, ќе си стоеја сликите како со ГОРДОСТ го шетаат мртвото куче низ сред село и се набиваат кокошки на колец.А, принтскринот од коментарот на детото, еј единаесетгодишно детенце(!) е доволен доказ со какви размислувања е задоена нивната младина.
    Нејсе, не е ни детето криво, значи од некаде го видело таквото однесување и така децата само го имитираат однесувањето на постарите, што не е ништо чудно со оглед на тоа какви работи им се сервираат пред очи секоја година и тоа им е сосем нормално, кога нема кој да ги поучи на подобро.Кога викам дека децата се огледало на нас самите...
    Значи поим за забава им е имитирање сексуален однос помеѓу двајца мажи од кои едниот е облечен како жена, содомија, урлање, набивање животни на колец и што ти знам што...и после на истиве ограничени ропаци со малограѓански менталитет ќе им сметаат пед*ри и лезб*јки, оти они се хомофобични нели де, а ова е само чиста забава...Oh, sweet irony.
     
  12. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    34.598
    Пол:
    Женски
    Хахах @lunicka ме насмеа :D
    Ти мачката, ја кучето, а секако пошо имаме и овде маскембал.. да си " зеам да го утепам кучето и да си напраам од крзното една бунда ка круела де вил или да го наденам на колец и да си викам ЛЕЛЕ ЛУЃЕ ВИДЕТЕ ШТО НАПРАИВ, ВИДЕТЕ КАКВА МАСКА ИМАМ"
    Сакам да напоменам тоа што заприметив кај некои што .пишуваат дека сме јаки на зборови, а на дела јок. Дали вие што го зборите ова, не познавате лично нас па да донесувате заклучок дека тука само лафиме, а во реалниот живот не им помагаме на животните ??
    Работава е дали да се смеам ил да плачам ...
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.578
    Не сте помалку монструми од вевчанци ако јадете месо.
    И запамтете, само кучињата не се животни.
    И тие се специјалитет во Кина.
     
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Јас никаде не реков дека сум паган, туку дека “можеби“! Не се замарам јас со никакви култови, туку секој ден на мени имам месо, имам јајца, имам јогурт, млеко, риба, имам се. Ми се јаде, слатко ми е, уживам во него.

    Дали сме најинфериони животни се гледа по тоа кој владее со овој свет. Се друго се приказни за мали деца.

    Да, имаме агро-технологија, т.е. ГМО исхрана. Не дека храната од животинско потекло е најздраво одгледувана, но сепак ти уживај си со тоа, а јас ќе си се давам во месо.

    Во Украина дневно гинат по 50 цивили во војната, моментално над 5.000 Украинци, рисјани, ариевци заедно со Руси закопани во гроб. Никој од форумот не скока, не фрла со цвеќиња за тоа, никој не жали, никој не го интересира, но знаеш зошто? Затоа што таа војна не е дел од хипстер поп културата на девојчиња со цветчиња и converse стартки со некое тажно кутре како плаче. Тоа е таа хипстер култура каде што за 15 животни на карневал има испишано 20 страни, а за војната во Украина од којашто ни зависи делумно и нам патот кон кој ќе се трасираме нема ни тема.
     
    На Lefk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    За просечна девојка животно е само кучето, мачето, зајакот и срната. Да им се појави стаорец во дневна соба дали нема да го убијат? Или бубачки, вошки, змии и се останато?
     
  16. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    А бубачките и вошките се животни? :^)
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Reachel

    Reachel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    1.903
    Пол:
    Женски
    Оваа тема е отворена за да се искажеме кој што мисли,зарем не? Тука никој не се прави светец.
    И ние не можеме ништо околу тоа,постојат здруженија и здруженија за заштита на животните а они што не реагираат соодветно тоа е веќе друго.
    И извини ако помисли дека те напаѓав,стварно немам таква намера.
     
  18. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.933
    Ај бе па вие, карневал си е карневал. :D:angel:
     
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.920
    Допаѓања:
    45.352
    Пол:
    Женски
    Како што неколку души напоменаа предходно муабетот не е за тоа дали кучето биле живо или мртво туку начинот на кој се исмејува смрта на суштество кое живеело, начинот на кој садизмот се величи е одвртен и достоен за прекор.Најпрво каква слика им дале на децата кои се нашле на карневалот, дека убивањето и мачењето животни на тој начин е сосема во ред и дека на тој начин се тера забава, замисли некое дете кое има куче дома, кој стрес му предизвикала ваквата глетка, како на дете ќе му објасниш дека кучето е мртво и дека не е убиено за таа цел?Како? Друго нема никаков доказ дека кучето било мртво предходно, а и да било какво е тоа парадирање со него и играње игри.Кокошките исто така претрпеле стрес и страв, сосем едно е да ги чуваш и убиеш за храна, а сосем друго е да ги убиеш откако прво неверојатно ќе ги измалтретираш и истрауматизираш.Оние кои тврдат дека оние кои се хранат со месо се исти како личностиве не сте во право.Како прво треба да сте свесни дека фармерите барем оние кои се совесни ги чуваат животните со многу грижа, безразлика на тоа што им се знае нивната цел на крај.Дедо ми чува прасиња и секако дека ги чува за месо, ама не ги чува во газ место, туку во хумани услови, ги храни, пази, чува, топли во зима, им зборува дури и ги гали, на крај ги убива без притоа да ги малтретира и да осетат физичка болка, смртта им е безболна и нетрауматска.Сега сигурно некој ќе ми се нафрли, ама другите ќе ме сфатат што сакам да кажам.Сосем едно е ланец на исхрана, а сосем трето е измачување на животните поради забава и садизам.

    И некои ги напаѓате здруженијата за заштита, а баш ме интересира дали вие имате направено нешто околу животните?

    Мене сите вакви карневали ми се одвртни и пагански, не гледам никаква забава во нив и досега не сум го посетила и после ова верувам никогаш нема.Да сум се нашла таму не знам како би изреагирала, веројатно ќе плачев и ќе го напуштев местото, зошто мене секоја физичка болка на секое ѓиво суштество ми предизвикува болка.

    Петре, јас ти ја сфаќам поентата на јадењето место, а притоа борба за правата на животните.Но не сфаќам како можеш ова да го споредуваш со убивањето за храна?Ако не си запознаен, оние кои чуваат животни, посебно домашните и помали фарми се грижат за животните и ги убиваат на посебен начин кој не им предизвикува стрес или болка, тие се создадени за тоа и немаат друга цел освен да даваат храна, млеко, јајца, месо...ама дерењето животни додека се свесни, сечење на нивни делови додека се свесни, малтретирање, тепање и се друго што го прават на фармите за кожа, волна, оние огромни фарми за масовно производство е сосем друга работа и против тоа ќе се борам.Не сакам да се расправам со тебе зошто по твоите постови одамна заклучив дека си полн со гнев и злоба кој одредени суштества во животот, вклучувајќи не и нас женте, па затоа ќе кажам само да не ми даде Господ личност како тебе во животот.

    А за ова на карневалот што се случило се надевам дека нема да се повтори и дека ако не казнети барем
    ќе бидат опоменети сторителите, зошто секое суштество кое не почитува друго живо суштество не е достојно за живот и сочуство.
     
    На Giovanna, Night Rider, ludoto19 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Тоа па колку е болно, не знам ни како им го прават тоа, нели ги трогнува стравот, стресот, болката на животните? Кога го слушнам/читам ова, ми се чини срце ќе ме фати, а не па да им дерам кожа и сл.
     
    На ludoto19, Lella и 1209 им се допаѓа ова.