1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вевчански Карневал - Терор врз животните

Дискусија во 'Политика и настани' започната од eagle.eye, 15 јануари 2015.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Да бе, јас ќе имам вошки, и ќе речам душички се, нека се. Ни самиот веќе не знаеш што зборуваш.
    Луѓе, оставете ги, не вреди да се расправате, особено со вакви луѓе, само нерви си трошите. Не сфаќаат и крај.
     
    На Orthophill и sanjaeva им се допаѓа ова.
  2. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Ќе ги одгледуваш мор, ту и ти па ама си против животните :D
     
    На PaLaVa, Lella, Valerin и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.471
    Пол:
    Женски
    Никогаш не ми бил интересен карневалов. Ама баш никогаш не сум имала желба да го посетам. Овој настан за мене секогаш претставувал издемонизиран циркуз. Еден куп пијани луѓе, перверзии на сите страни, сатанистички маски, со еден збор - одвратно. Нема ништо што е убаво за око, нема ништо едукативно ниту за возрасни, а најмалку па за деца, нит па е нешто што не доближува до нашата вера. И што е најлошо сево ова е под оправдувањето дека се работи за долговековна традиција. Нит е традиција, нит е христијанско. Демонско е и паганско е. А гледам не сум била единствена со ова мислење. Други години не ме ни интересирале што и како прават, ама оваа година ја претерале и тоа многу. Страшно е тоа што се случува. Страшно.

    Јас само ќе кажам дека овие психопативе имаат голема среќа што живеат во Македонија. Да живеевме во нормална земја, друга песна ќе се пееше сега.
     
    На PaLaVa, Lella и crimson им се допаѓа ова.
  4. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    А, кога одиш во кафичи, дискотеки, кафани да не има случајно балет или опера? Кога одиш по туристички места што има?
     
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.471
    Пол:
    Женски
    Од што сакаш да докажеш нешто, правиш толку неиздржани споредби.

    Самопрогласен карневал со дискотека? Навистина? Ај размисли уште еднаш, мислам дека можеш и подобро од ова. Одамна престанав да одам по дискотеки ама јас колку што сум забележала во дискотека до сега не сум видела мртво куче да шетаат. Штознам... :?: Валда не сум пропуштила такво нешто. Ау, да, уствари чекај малку, заборавив, на овие места одат само курви кои се провокативно облечени, издемонизирани, лесни, недомаќинки... Од таму ти е споредбата. Па така кажи, сега ми е појасно.

    А за туристичките места. Па зависи какво туристичко место посетуваш, не одиме сите по острови каде што има само дрога и оргии во изобилие.

    За жалење си.
     
    На Night Rider, Edie.S, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. LovelyGirl3

    LovelyGirl3 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2013
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    10.524
    Пол:
    Женски
    Вевчаниве малку претерале. Видов, во нивна одбрана коментирале дека тие кучиња биле скитници, но тоа воопшто не го оправдува оваа морбидна постапка.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. m.i.g

    m.i.g Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    5.798
    Пол:
    Женски
    Грозно... :puke: јас сум огромен љубител на животни посебно на кучина затоа ми е многу грдо кога гледам вакви работи :( Срамота
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.767
    Допаѓања:
    23.742
    Пол:
    Женски
    @Daydream , aма си се сунчала по купаќа, извини. Си се мачкала со крема на плажа. Плус гарант не си пиела само кафе и сок по кафиќите... ни ја де... :worried:
    Како не сфати досега дека ние жените сме криви за све? За све, врти-сучи, суштината на лошото кај нас се навоЏа. И тоа што навидум нема врска. Тоа све е мамка. :rofl:
     
    На Daydream, mimiiiii и Lella им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Ама зар не гледате што му е целта? На моменти навистина мислам дека трола, бидејќи не можам да поверувам дека од човек може да излезе сето тоа.
     
    На Edie.S му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Убаво те прашав кај беше да коментираш за 5.000 жртви во Украина? Или тоа не е дел од хипстерска идеологија?

    Зошто не се борите за правата на стаорците?
     
    На anina му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Аман Петре, штетниците се уништуваат со потреба.

    Јас немам против и штетници од човечкиот вид да се уништат. Солза не би пуштила на вевчанскион карневал на клада да ги стават сите педофили, терористи, убијци, чедоморци ...

    ...не генерализирај

    И бдв никој нема обврска да ти одговара на поставени прашања.
    Ти си имаш свој став, сите останати поинаков ....и тоа е тоа :D
     
    На Daydream, Lella и anina им се допаѓа ова.
  12. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Ако сакате навистина да помогнете тргнете дел од својат плата, не одете на одмор, вашите месечни штикли, панталончиња, маици, дневни кафе шеми заменете ги со ова:

    http://www.donacii.mk/

    Али не, кога сте во прашање вие и вашата комоција тогаш ќе ве снема како муви без глави. Многу е лесно да се згадуваме преку форуми и да објавуваме трагикомични статуси на Фејсбук, но кога треба да се помогне таму каде што навистина има потреба и со наш личен труд тогаш сите некако замижуваме.

    Јас никаде не реков дека убивам животни. Никогаш и не сум пипнал животно, но сум посакал барем 50 кучиња да убијам. Ме молеле да ги убијам. Затоа човекот низ историјата проценил кои животни му се корисни, а кои не.
     
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ја префрлаш дискусијата во друга насока...и повторно генерализираш.

    Одам на одмор и не чуствувам грижа на совест поради тоа.
    Помагам кога можам и не очекувам пехар некој да ми додели за тоа.
    Со новите штикли, пантолони и маица бев на кафе шема и се чуствував убаво. Знаеш зошто? Бев со пријатели кои немаат мрачни мисли и имаат душа во себе. Морав ли да се дотерувам? Да. Знаеш зошто? Ги почитувам луѓето со кои бев.

    Дали ќе помогнам некому деновиве? Секако. Не мора финансиски, нели. Ќе подадам рака на некоја баба додека оди по ледениот тротоар, ќе застанам на пешачки, ќе се насмеам на некое дете, ќе ставам ронки леб на прозорот ....

    Човечки е да создаваме, а не да уништуваме.
    50 кучиња никогаш не би посакале да те убијат...но ете ти си посакал нив да ги убиеш.
     
    На Daydream, BoaVista и anina им се допаѓа ова.
  14. Петре Прличко

    Петре Прличко Активен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2014
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    387
    Ах, shut up :D

    Тоа го може секој. Дај донирај нешто твое, нешто што ќе ја загрози твојата комоција? Не, нема да донираш, туку ќе замижиш покрај гладно дете и ќе одиш да си ја купиш убавата јакна во Манго што си ја видела на попуст. Лицемерие и лицемерие :)
     
  15. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Еј од вакви гласноговорници ми се припива кафе у ниедно време.
    Еве јавно те повикувам да дојдеш во вторник било каде во Капиштец и ќе донирам гардероба која ти ќе ја предадеш онаму каде треба. Можам и сама, да ама пошто си неверни Тома ти направи го тоа.... всушност мене нема да ми биде ни прв ни последен пат да донирам , а тебе ќе ти биде искуство за паметење.
    Дате имаш, тиме и плејс пиши.
     
    На galapce, Lella, tessie и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Kikc

    Kikc Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Маска си е маска , требит да се маскирате облека, шминки, маскирани бе љуѓе и се друго си знаете вие што е тоа маскенбал (карневал) ама убивање на животни ?! Нема смисла сите љуѓе да го видат ова како се убиени и да гледаме и да се смееме , за гревој ако сакавте да го маскирате и животни тоа дозволено ама убивање никако а убивање за јадење е друго , а вие си го мачите да го скитате и да гледаме како бил убиено или мртов што и да е тоа нема никаква смислааа , нема логика за гревојјјј , до каде дојде ова не ми е јасно искрено до каде ојде душата, вие викате "Вие од заштитата за животни што не дојдовте да си ги земите" епа брат вие викате дека сте ДЕРЖАВА - хаха тогаш што не си ги земите како дом , да ги храните , да ги шетате како Скопјаниците уствари вие живеете во село Вевчани а не ДЕРЖАВА то да ви е јасно ..за заштита за животни да ги соберат ПРИЈАВЕТЕ СЕ затоа што Струга синкир имат собрано кучина и други животни , сами си се пријавуваат .....Свеснете сееееееееее! Животните се невини ^_^:nod: Тој што го убил или го нашло мртво нека се јави , нека си признават што се криет по фејзбукокот или твитер или фемина , вие си мислите дека само Македонија ќе дознает , не бе брат туку цела земја ќе знаат скоро веќе знаат бе селјаци срам ми е што дојдов дојдов таму на карневалот , кога го видов во живо гадно ми беше ми се повраќаше и дури и си заминав арно. (facepalm) :puke: :tmi: (wtf)

    И нема што да се замараме со ова тема , дај нека ги казнат у пеколот заш вака не вредит до муабети!
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.192
    Пол:
    Женски
    Па ако на човекот некои животни не му се корисни, не значи дека треба да ги убива |( А тоа е проблемот денес, а не за мувите, комарците, лебарките, пајаците и остали слични на нив.И, не знам што е толку чудно да некој се грижи толку за животните, за да се споредува дали се грижел за останатите животинки.Воопшто не е убаво она што направиле на карневалот и нема што тука тоа да се оправдува.Можеле да не го направат тоа, само маските и никому ништо, а не луѓе да се згрозуваат од карневал.Па и да се оправдува, што лично, не го оправдувам тоа, самите си направиле за нареден пат да не посака некој да оди да гледа карневал, а со тоа тие губат, а не посетителите, така да на нив воопшто и нема да им биде гајле за нареден пат што ќе има, туку фино лепо ќе посакаат на друг карневал да одат.А, особено за деца е шок да гледаат што им прават на животните, особено кога се во период, кога го спознаваат светот.

    Наместо човекот да е тој, кој ќе има сочувство према секое животно кое страда, излегува обратното, се сомневам во оној изговор „ ама ланец на исхрана и сл.“, тука е веќе изговор, оправдување за секое малтретирање на животно.Така гледам на тоа, поинаку не, нема ни да гледам на тој начин.Бидејки ако е добро, фино да се малтретира животно, тогаш слободно нека колат луѓето, кај ќе стасаат, што ќе најдат, тек тогаш ќе биде хаос, поголем од сегашниов, ама нели закони има, кои им ја врзуваат по една на оние што се однесуваат така према животни, чисто за да ги приберат во однесувањето.Иако кај нас, па и нешто не трзаат на закони, ама во странство и те какви шамари летаат за вакви работи.


    Како што реков претходно, организаторите на карневалот, ќе губат, не посетителите, а тоа си збори повеќе од доволно.Денес, може не, ама нареден пат, ќе размислат дали да одат.
     
  18. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Чекај чекај, прашуваш каде била некоја членка да коментира за жртви во Украина - на тема за вевчански карневал?(facepalm)
    Или дека за да се стекне со право да коментира за садистички испади врз куче треба пред тоа да се напише реферат за жртвите во Украина?
    Дали воопшто можеш да го сфатиш концептот на топик и оф-топик?

    Сачувај нас боже (facepalm)

    Кучиња те молеле да ги убиеш? Може да дознаеме на кој тоа јазик ти се обратиле, дали можеби на старогермански?

    Бесцелни муабети кои не можат да го покријат фактот дека се работи за масовни садистички испади. Да не заборавиме дека пред три месеци имаше масакр врз луѓе во истото тоа Вевчани.
     
    Последна измена: 18 јануари 2015
    На Daydream, Giovanna, Sanjichka007 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.335
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    @Петре Прличко Најдиректно ќе ти кажам. ДОСТА!
    Во ред, ние сме глупави и бесчувствителни, јадеме свинско и стекови секој ден, убиваме стаорци, пајаци, бубачки, уво не боли за тие во Украина, не даваме финансиска помош, не донираме, ние сме најужасните суштества на светот, се’ е како што ти кажуваш, ајде сега доста.
     
    На Salome му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Нареден карневал можеби ќе глумат канибалисти и пред очите на публиката ќе убијат човек и ќе го јадат.
    Епа тоа е, видовме дека се способни да убијат домашен миленик, кокошки, тие черепите од волови што им се наглава итн, значи остана уште ова.

    Животните кои служат за исхрана се чуваат специјално за тоа, жално е знам, сум гледала милон видеа, но тие чувстуваат само болка при колење и тоа е тоа. Не се тепаат до смрт! Верувам дека реакциите ќе беа исти за какво животно и да се работеше, крава, коза, прасе, тигар или срна.
    Тоа што е куче е само уште потрагично затоа што сепак спаѓаат во категоријата на домашни миленици.
    Измешавте милион работи од ланец на исхрана до расизам, како и да се обидувате да се оправдате вие поддржувате убиство и малтретирање, жал ми е што се нарекувате со епитетот човек!

    Одма се вмешаа и потресените мајки кои децата ги чуваат во стаклено ѕвоно недозволувајќи да им се приближи било какво животинче што после резултира со живот во постојан страв и одбивност, мразење кон животните и други девијантни појави кон животните.
    Зашто немало казни ако куче нападне човек? Озбилни сте? Има казни и тоа огромни, исто како што има ако и вие нападнете или убиете куче. Животот на кучето е еднаков со животот на човекот, двајцата дишеме, јадеме, спиеме и сакаме, а може се и нијанса попаметни од нас!
    Се додека ги сметате за малоумни луѓето кои сакаат и се грижат за животни и домашните миленици си ги сакаат и чуваат како деца ќе со останете огорчени и ќе трескате секакви глупости за поддржување на вакви работи и никогаш нема да осетите колку е убав животот, кога некој те сака без да чека нешто за возврат!
    Божее кога ги видов сликите се потсетив на Робинсон Крузо кога сакаа да го жртвуваат Петко.
    Види тоа постои и во 21 век и тоа во Македонија. :puke:
     
    На Lella, Sunflowers и 1209 им се допаѓа ова.