1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вевчански Карневал - Терор врз животните

Дискусија во 'Политика и настани' започната од eagle.eye, 15 јануари 2015.

  1. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Значи тоа што кажуваат Бах и Петре и сите истомисленици до некаде е точно. Без разлика што е целта, убиство е убиство и резултатот е секогаш ист. Мртво животно. Тоа што не чини не е самото убиство, туку чинот на парадирање со мртвото животно. Тоа е морбидно во најмала рака. И секако не го оправдувам ова, ниту убиство ако кучето било стварно убиено.

    И од кај вие толку сигурни дека животните биле убиени тогаш? Кажаа дека биле мртви претходно, зошто одма мислите дека ова се случило тогаш? Можеби стварно биле мртви, кој не бил да провери не знае. Некако премногу селективно гледате на работиве. Разгледајте ги сите страни прво. Неможе да осудиш нешто само затоа што ТИ не гледаш објективно или си заслепен од емоции.

    Пишав погоре, јас не го оправдувам ова и згрозен сум од истото али сепак разгледајте од сите страни.
     
    На marija.980 и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  2. 702706

    702706 Активен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    360
    Пол:
    Женски
    lay down
    try not to cry
    cry a lot ._.
     
    На Lella и tessie им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.974
    Само сликата од кучето ми е гроза, да веруваме дека не е убиено со цел да се парадира со него, но без разлика како и да е, не е убава слика. Јас за овој карневал многу не знам, но ако темата отсекогаш им била вака морбидна тогаш ок, традиција е, да не се препичаваме многу :D не сме на сред Лондон, туку ова се случува во некое село во Македонија. Голем дел од вас биле сведоци на колење кокошки, свињи, кој живеел на село или во мал град нека не изводи многу и нека каже како дедовците или татковците колеле животни па нив нека им направи една психолошка анализа. За кучето кажав, но за неколку кокошки да глумиме потресени како да ни е нешто непознато, нема потреба.
    Јас свое дете на ваков карневал не би однела, па и сама не знам дали би присуствувала, но да сакав да живеам и функционирам на начин на кој функционираат мали селца во една држава каква што е, ќе се преселев во едно такво. Секој со свој начин на забава. Пис.
     
    На omg92 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Night Rider

    Night Rider Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    716
    Пол:
    Машки
    Можеби намерно умрело кучето пред настанот за да може подоцна да се оправдуваат куп примитивни сељаци кои тепале куче до смрт, парадирале со него по селото и го ставиле да се пече. Откако се отрезниле секако.
    Вакви испади не се први ниту последни таму само што оваа година садизмот стигнал до медиумите. Не разбирам како постојат луѓе кои оправдуваат садизам.

    Чудно е што се бара оправдување за ваков чин, кога на фотографии имате возрасни лица кои влечат куче врзано за печење. Можеби било вака, може онака.(facepalm)
    Не е важно кучето, важен е садизмот. Ако вакви настани се прифаќаат со релативизација па дури и како нормални тогаш тоа е навистина загрижувачки.

    А донекаде е разбирливо, народот умира од внатре и најшокантни настани веќе никого не можат да го тргнат од замреноста.

    Па дури ни кога ќе се случат вакви настани -

    http://www.mkd.mk/crna-hronika/tazh...olg-e-prichina-za-vcherashnoto-dvojno-ubistvo

    Не дозволувајте да ви ја украдат душата. Веќе се навикнавме да сметаме корупција, криминал, манипулација, експлоатација, партизација за нормални појави. Не дозволувајте и садизмот да ви го направат нормален.
     
    На Edie.S, Nausicaa, Salome и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    А од каде знаеш кој седи од другата страна на мониторот? Не ме знаеш лично и не можеш да знаеш дали и каде јас сум коментирала за жртвите во Украина. Фемина не единствен форум.

    А всушност и каква врска имаат жртвите во Украина со настанот на карневалов? Тогаш сум коментирала за нив, сега ова се случува кај нас и коментираме за тоа. Ако некој го осудува ова, не значи дека не му е гајле за ништо друго околу него. Насилство е насилство, независно дали се работи за човек или животно, возраст, пол, боја на кожа итн.

    Штом ти насилството го делиш на: "вреди да се коментира и не вреди", доволно ми кажува за каков тип на човек се работи. И заклучив дека со тебе не вреди да се дискутира, нема никаква полза. Човек кој оправдува било каков вид на насилство за мене е злобен човек.

    Инаку, моментално повеќе сум насочена кон правата на лебарките. Стаорците не се моја надлежност сега за сега.

    Се прашувам само, чисто онака, радозналност. Навистина не ти се јасни некои основни работи, се правиш со сила глуп или пак си имаш проблем со самиот себе?
    Не, зашто во твоиве постови може многу психолошки анализи да се извлечат. Доста материјал има во тебе.

    Страшно.
     
    На Edie.S, Lella, Papillon.Papi и 6 други им се допаѓа ова.
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.838
    Допаѓања:
    25.747
    Пол:
    Женски
    По логика на некои мислења во темава, домашни миленичиња треба да имаат строго само вегетаријанци, и истите да ги хранат строго со растенија... бидејќи нели, само у тој случај вистински покажуваат дека сакаат животни и ги третираат еднакво сите видови.
    Инаку, ако сте сештојад и имате милениче, тоа ве прави лицемер...
    Слабо логика...

    Отсекогаш имало вака мудри луѓе, на кои целта им е да не просветлат сите со нивното знаење и нивната мудрост... На тема религија тоа се атеистите, на вакви теми за животни секогаш се тука да измешаат милион поими што немаат врска со примарната тема, само за да ви докажат дека не сте во право.

    Пишуваш мислење во кое изразуваш гадење за садизам, те напаѓаат со ниски удари зошто си јадел пилешко...па како не ве мрзи да буричкате во мислења само за вашиот збор да биде последен...
     
    На Lella, Night Rider, Salome и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    2.522
    Пол:
    Женски
    накратко бездушни идиоти :@:@:@:punch::punch::punch:
     
  8. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Отвори тема за Украина и коментирај колку сакаш.

    Темава е за Вевчани, т.е за теророт врз животните.

    **

    И овде речиси нема тема, туку дебата сите версус П.Прличко...!!!

    **

    Пс. Има еден збор: Вевчанци... Ништо да не ве чуди за нив, ај да не пишам подобро...кој ги знае, знае на што мислам.
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Првичната слика на кучето ме асоцираше потполно на оваа слика за која верувам дека повеќето барем еднаш во животот ја виделе:

    [​IMG]

    Во македонското поднебје, во просторните и временските одредници било ненормално да се јаде куче и затоа ревносно ги доживувате овие ствари бидејќи истите ги чувате дома како замена за утеха и болка или чисто за разонада.
    Во Азија работите ги поставиле поинаку па тоа што македонците го гледаат како извор на гадење и нечовечност, кинезите го гледаат како извор на храна или сликовито - прасе на ражен.

    Прочитав дека свеста на луѓето претставува кочница за демонстрација на животинските инстинкти особено при лов на поголем дивеч и негова презентација. Па според таквата логика, како ќе се објадни феноменот во развиените земји каде луѓето со високо образование, политичка моќ, сопствена реализација, а со тоа и изградена свест се љубители на ловот и уловените животни ги препарираат и ги чуваат како експонати? Дали истото влече корени од минатото каде човекот уште со самиот улов на диво животно кое служи за храна, неговото крзно го „слави“ пред останатите нешто што денес може да се види кај афричките племиња.

    Се поставува прашањето - Доколку имавте доказ дека кучето умрело на “хуман“ начин ќе оправдавте вакво изложување на неговото тело?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Ќе одговорам за мене лично.
    Ваква појава не би оправдала ама баш во никаков случај. За кое животно и да се работи не оправдувам. Според мене, ниту едно живо суштество на планетава што чувствува болка и страв не заслужува да биде така третирано. Влечено низ голема толпа народ, врзано однопаку, па згора на сето тоа кучето го мавале со топки снег. Небитно дали е живо или мртво во моментот, небитно која е целта и небитно како настапила смртта. И прасе да влечеа вака, со цел да на крај го испечат и изедат, нема да оправдам.
     
    На BoaVista, Edie.S, Sunflowers и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    И што, ако било безболно убиено тогаш е сосема океј да парадираат со него, да го маваат и да го фрлат во оган? :fubar:

    Си кажав и погоре, секако дека нема. Никој не би оправдал вакво ужасно нешто.

    Инаку Петрето се гледа дека уво не го боли ни за животните, ни за Украина, ниту пак за тоа како ние се нервираме и пробуваме да го оправиме малку од малку. Тој е дојден на форумов да се кара само, независно на која тема. Затоа не трошете залудно време, не вреди, тоа е. Белки ќе престане.
     
  12. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    @Lella @Night Rider Значи препрочитајте што реков. Кај пишав дека е ОК за мене да парадираат со мртво животно? Пишав дека и мене не ми се допаѓа ова и дека не го оправдувам ама тоа не значи дека одма скокам да кажам работи како "ЖИВИ БЕА ГИ ЗАПАЛИЈА"
     
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.334
    Допаѓања:
    29.192
    Пол:
    Женски
    Кокошките на колци мртви беа? Ај да го оставиме тоа на страна. Што има врска дали биле убиено безболно? Она што го видовме сите го видовме што е, и нема оправдување тука. Џабе ја тераме натаму. Гревот е ист, полошо е што ги исмевале животните на таков начин отколку самото убивање.
     
    На omg92 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
    Tокму тоа и го реков
     
  15. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.102
    Допаѓања:
    34.575
    Пол:
    Женски
    И да биле умрени пред, дали е во ред да парадираат со мртво тело ?
    - Самата глетка е лоша, што ги чини со исто ниво на убијци, без оглед на тоа дали ги убиле или не.
     
  16. omg92

    omg92 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 март 2014
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Машки
     
  17. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Луѓе дај прочитајте прво убаво што напишал @omg92 пред да скокате сите.
    Истото и тој го напиша, не знам каде видовте потреба да го цитирате по 5 пати.
     
    На tessie и omg92 им се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.076
    Како испадна ко ние љубителите на животни или да бидам поконкретна во случајов КУЧИЊА да сме побездушни, лицемерни гадови него овие што го направиле грозоморниов чин.
    Што е битно што јадеме месо, несмееме тогаш да сакаме животни?
    Миленици не се чуваат само затоа што некој чувстува осаменост, сака да пополни одредено чувство кое му фали или поради незнам веќе каков психолошки момент @SexiLy едноставно е поради љубов. А некој што нема или никогаш немал миленик за жал нема никогаш да се запознае со тоа чувство. Едноставно е дел од семејството, не е разонода затоа што за него треба да се грижиш повеќе и од човек оти нели човекот може и сам.

    Сликата што ја постави @SexiLy мене за жал не ме асоцира на сликата со кучето од карневалов, може да ја видев таа слика во Виетнам за време на пивскиот фестивал (каде се јадат и се печат кучиња на начин како што ние ја печеме свињата) ќе ме потсетеше на Свињокољот во Лесковац и немаше да се згрозам како што се згрозив.
    За Кинезите не сум сигурно дали консумираат кучешко месо, јас знам за Виетнамците. Тоа не ми е воопшто чудно иако сум љубител на кучиња, тие тоа го гледаат како средство за прехрана. Американците чуваат свињи и прасиња како домашни миленици, а ние ги јадеме што му доаѓа исто нели. Индијците кравата ја сметаат за свето животно останатиот свет се дави во говедско исто како што и за Муслиманите е незамисливо да се јаде свинско.
    Сите нации имаат одредени навики за храна, тоа воопшто не е тема тука.
    Искрено да го испечеа и да го изедеа кучето после тоа немаше да ми биде толку криво затоа што сепак неговата болка и страдање ќе имаше некаква корисна намена.
    Прво нека ви биде јасно дека они го убиле кучето со тепање (читав изјави на очевидци), која коинциденција е да умрело баш ама баш пред карневалот? А кокошките и тие случајно умреа ден пред карневалот, онака случајно 10 кокошки си умреа. Второ читав изјава и дека кучето било најдено мртво неколку дена пред карневалот? Озбилно? И они го видоа мртво и одма добија инспирација за маска (која стварно незнам што треба да претставува) и го чуваа 3 дена додека лешот му се распаѓа... Кого лажат?
    Како што знам маските нели цела година унапред си ги планираат, шијат, украсуваат бла бла, како ова излезе таква конциденција? :^) Ќути да не умреше кучето без маска ќе си останеа.
    Значи по никоја логика неможе кучето да си умрело само.
    Дури и да речеме дека сепак кучето само умрело сликата е одвратна, за било кое животно и да се работи. Мене сликата со кокошките и сликата со кучето ми се еднакви, не ми е повеќе жал за кучето одколку за кокошките.
    Која е потребата од такви сурови чинови и изложби на мртво животно? Што треба да значи тоа? Која порака треба да ја пренесе? Кој сака да гледа такво нешто? Кој им рече браво за настанот? Во никој случај не одобрувам и не оправдувам изложување на мртви тела на животни, пред се сметам дека е навистина греота и нечовечки да убиеш некое живо суштество само за да се фалиш наоколу со него и да го изложуваш, а и глетката мене лично ми е грозна и одвратна.

    За богатите и ловот имам само едно мислење, немаат веќе врз што да ја демонстираат својата моќ па ловат помалку моќни (затоа што немаат огнено оружје) животни, за потоа да се фалат пред своите пријатели и да им ги демонстрираат нивните „способности„ и супер моќи. Или пак едноставно немаат што веќе попаметно да прават со животот. Некои инвестираат и вложуваат за заштите на тие загрозени видови, другиве ќе ги ловат. Епа нема правда.
     
    На cooll, Gordana10, Sunshine.Sunshine и 7 други им се допаѓа ова.
  19. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    992
    Допаѓања:
    17.170
    Пол:
    Женски
    Јадењето месо нема никаква врска со оправдување за иживување врз животните.
    Да мачиш и да убиеш животно кое не ти згрешило ништо, односно од забава, го гледаш како шета надвор, не му смета на никој, па го фаќаш и го распнуваш на стап, за тоа нема никаква дискусија. Луѓето си даваат различни причини со кои во својот ум си ги оправдуваат постапките. Секако, ниедна причина не е оправдана, ниедно убиство не е оправдано. Проблемот е што кога извршуваат убиство, истите се казнети и осудени јавно од општеството, што не е случај и со животните, па затоа и постојат активистите.

    Вевчанскиот карневал само уште еднаш покажа до кое ниво ни е менталниот склоп како луѓе ( генерално зборувам ). И до кој степен треба да си дојден за да малтретираш, убиеш и распнеш на стап - куче или било кое друго животно? Не знам! Јас не можам да најдам оправдување во овој живот за такви створења наречени луѓе! Моја порака е нареден пат кога ќе се дојдите до тој степен, испотепајте се измеѓу себе ! Ако е и тоа некое решение.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    А мене не ми е јасно, дури и да било кучето веќе мртво, тоа е многу подобро?
    Кој нормален би зел леш од куче што се распаѓа и би го искористил за маска?
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.