babylove овошни кашички

Веган заборавил да се пофали дека е веган

Дискусија во 'Насмевка' започната од nowhat, 20 февруари 2016.

  1. nowhat

    nowhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    8
    :D

    На 20 февруари, во саботата, во локален скопски салата бар бил забележан веган. Тоа е сосема нормална појава, но зачудувачкиот дел од саботниот настан е што веганот не се пофалил на другите дека е веган. Тој ништо не постирал на социјалните мрежи и не кажал на никого за неговите ставови кон храната и месото. Оваа појава ги зачуди сите посетители во барот, па настанот брзо се рашири наоколу.
    Прочитај повеќе -->
     
    На LollySky и fighter им се допаѓа ова.
  2. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.438
    Допаѓања:
    49.143
    Пол:
    Женски
    Па, искрено повеќе гледам вакви лоши шеги од луѓе што јадат месо за вегани, отколку вегани што замараат и цело време зборуваат за тоа. |(
     
    На Animali, Iguanaboy, tigrica92 и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.412
    Пол:
    Женски
    Колку долна и проста нација сме, страшно!!! (facepalm) Мрчатори, веганите ни сметаат, атеистите ни сметаат, верниците ни сметаат, хомосексулаците ни сметаат..
     
    На Animali, SV1911, blackwave и 16 други им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    2.082
    Допаѓања:
    7.892
    Пол:
    Женски
    Мислам дека покорисна и поинтересна статија во животот немам прочитано.
     
    На soffce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.250
    Јас сум веган, и никогаш во животов не замарам по ресторани, свадби, крштевки. Нарачувам зеленчук, салати, компири, ориз (па друго не ни има).
    Никого не замарам што јадел месо, ама често се случува другите кога ќе видат дека нема месо во мојата порција да шушкаат, па ако се доволно прости и да се зајадат.
    Јас и сите мои пријатели вегани патиме од месојадците, зошто сме нарекувани секташи, чудни, и секогаш сме на мета на зајадување. А, никој од нас не се нафрлил некому зошто јаде месо.

    Иначе познати ми се тие модерни вегани, кои каде втасаат се фалат, и ги жалам реално и мене ме фаќа срам од нивниот простотилок.
     
    На Indiegurl, blackwave, Fitteen и 12 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    7.322
    Допаѓања:
    122.830
    Имам неколку вегани во моето опкружување за кои случајно сум дознала дека се вегани (обично кога ќе понудам од моето јадење одбива и ми кажува зошто), па мислам дека ова цела статија нема смисла. Некој не се пофалил дека е веган вау. Можеби има некои кои се фалат, некои кои сакаат да го преувеличат тоа. Сепак има секакви луѓе, ама тоа да се генерализира за сите вегани, па уште некој да пиши таква „вест“ на портал е апсурдно.
    Секој си одбира за себе и подеднакво има право тоа да го сподели со другите или не.
     
    На SV1911, daylight и Ketchup им се допаѓа ова.
  7. ana-milo

    ana-milo Активен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2016
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    201
    Пол:
    Женски
    Има многу ситуации во кои вегетаријанец може да се почувствува незгодно.
    НА пример одиш на вечера или ручек, спремиле се , да те пречекаат, скари - мари, незнам овакво месео, онакво месо, гостопримливи лугето, се гледа дека вложиле напор да те пречекаат, ти седиш јадеш само салта, нешто грицки, они мислат се срамиш, па те охрабруваат , де, земи си нешто послужи се, не се срами, ти а-ха ке си земам , нека. И после некое време ти пак кикирики, бадеми грицкаш, они абе земи се, ти се срамиш, домакинката зема едно убаво сочно парче месо ти става во тањир, и веке конечно си принуден да скрушено кажеш, ама видете јас не јадам месо, како најголем виновник на светот.

    Не може да се опише разочарувањето на домакините: аааааааааааааа, ееееееееееее. И тажно гледаат во масата:( на сето јадење што го подготвиле.
    Епа да кажеше риба ке ти спремевме. Ама дотолку ли не јадеш месо па и ти? Нема ли исклучоци?
    +
    Ни треба време изгледа да сфатиме дека ако веке каниме гостин кој сакаме да го угостиме, да прашаме прво што јаде што не јаде. На пример кога се букира авио билет преку интернет, обавезно има опција за оброк, клинете и ке видите колку разлицхни оброци се нудат за избор. Не веган, не кошер, не халал, не лактовегетаријан, па глутен фрее,... триста чуда.
     
    На SV1911, lonelyheartsclub, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  8. k.frosina

    k.frosina Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    1.729
    Допаѓања:
    19.798
    Пол:
    Женски
    На луѓево не можеш да им ја затвориш устата.

    Ако си поразличен од останатите и ако се однесуваш поинаку од другите ке бидеш мета на оговарање цело време и секако ненормален и не знам уште каков.
     
    На SV1911, LollySky, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.472
    Јас овој текст го прифатив во поинаква суштина.
    Мислам дека е за рубрика "пара вести" на Окно
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    4.523
    Допаѓања:
    25.802
    Стварно не сфаќам бе. |( Човекот го откриле дека е веган и чудно им е што не кажал и шо сеа? Брееј леле, абе зашо да не се пофали човеков? Па сите нели треба да знаат дека е веган. Големи тикви. Мислиш нуклеарна бомба експлодирала, па ќе праиме муабет за работи безвезе.
    Терајте си го своето и ако некој не ве навредува и понижува со нешто што прави остајте го.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.709
    Секако дека е сосема во ред ако некој решил да се храни вака. Јас, иако не се согласувам со аргументите на веганите, и никогаш нема да го следам тој начин на исхрана, секогаш сум го почитувала нивниот избор, сум ги слушала, па и сум влегла во дискусија неколку пати. Како и да е, никогаш не би судела за нечиј начин на исхрана. На крајот на краиштата, не сме сите исти, и ако некој си го нашол идеалниот начин на исхрана, среќна сум за неа/него.

    Само факт е дека голем број на вегани без мера го истакнуваат тоа што се вегани, и од сето тоа прават еден вид на "култ", како да е подостојни од нас кои јадеме и животински продукти. Во ред е, само малку посмирено, храна е, не е ништо со кое треба да се фалат и да парадираат. Ако им е така вкусно и ако им влијае добро на здравјето, мило ми е за нив.
    Секако, не зборувам тука за сите... Е заради ваквите екстремни и нападни вегани, се создаваат предрасуди за сите вегани.
     
    На Nausicaa и LollySky им се допаѓа ова.
  12. nowhat

    nowhat Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    8
    :D

    - Веста е лажна. Кромид вест. Пара вести. Хумор..
    - Не се сите вегани исти, не се сите луѓе исти. Captain obvious
    - Има вегани што претеруваат со фалење дека се вегани. И сеа како според вас треба да биде статијата „Вегани што многу се фалат дека се вегани заборавиле да се пофалат дека се вегани?“

    Размислете малку, опуштете се и насмејте се. Хумор е ова пред сѐ, наменето е да ве насмее. Многу напнати сте некако :D
     
  13. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.655
    Пол:
    Женски
    Ја не познавам веган што барем 3 x на ден не се изјаснува дека е веган. :D
    Тоа е некоја мистериозна потреба кај веганите да се искажат што јадат, али иритира понекад, веган сум, веган сум, веган сум |( ок веган си и кој кур сеа?