Прв пат слушам дека кај Лолита имало вежби. На клиника се прават вежби, а држат и предавања. Трудниците ги шетаа и низ гинекологија. Се е бесплатно. Мојата кума одеше таму и е задоволна.
^за тоа од кога и како се почнува незнам. И јас сакам да прашам на наредната контрола кога ќе одам. А контакт ќе ти пуштам по ЛП.
^најдобро да се јавиш на гак, или кога ќе одиш...значи почнуваат секој месец нова тура. Знам моја пријателка во 7ми или 8ми месец одеше. Тоа се всушност 4 часа, еднаш неделно секоја среда. И затоа,ако се пријавиш, мораш да чекаш да почнат одново часовите-односно новата тура секој месец. И било бесплатно. За подетално можам да ја прашам ако сакаш па ќе пишам.
Ја спочнувам оваа недела, па ќе ви кажам од прва рака што се случува таму Ги викаат подготвителни часови, па претпоставувам дека има некои вежби за дишење и такви работи. И јас мислам дека после 28 недела може да се оди, јас малку покасно, бидејќи испуштив во Август. Инаку еве ви го бројот од ГАК на кој закажав јас 023119727
Фала Скарлет, ајде чекаме да прочитаме што опфаќа бесплатното во ГАК, јас сум решена таму да се породам, па ме интересира што содржат тие предавања и запознавања
Мамички да ве прашам, дали некоја од вас била на јога за трудници? Каде и како сте задоволни? Благодарам
Значи ова на ГАК, се баш подготвителни часови, мислам дека се ок и убаво е да се оди. Првиот час, не учеа на техниките за дишење, по фази како да дишиш дома, како во болница, како да напнуваш, кога е време да се оди во болница, што како, се околу тоа, што треба да се спакува за во болница за тебе за бебето... и така повеќе совети околу бременоста, одговараше на прашања на трудниците...Потоа ќе има еден час за некакви вежби и масажи, кога е пожелно де бидат и мажите таму, за да научат како да масираат...еден ден ќе се прави обиколка по ГАК, потоа на крај ќе има подготвителни часови за бебето, како се дои, повива и такви некои работи...
SkarletOHara фала на топ информацијава. А кажи ми од кога може да се оди на овие часови, како им се термините, има ли повеќе термини или само 1 е. И што и како е процедурата за пријавување.
Мене ми кажаа за овие часови, дека подобро било да се оди што покасно, за да не заборавиме што ке ни кажат таму. Односно после 32 недела било најубаво
Па јас се пријавив на бројот кој ви го пишав, само се јавив и кажав дека сакам да се пријавам за овие подготвителни часови. Вчера сите бевме околу 30 недела +- Инаку групите започнуваат со работа на почеток на месец, и има 5 групи, секој ден по една. Значи ние сме во четврток, и значи часовите ќе се секој нареден четврток во месецов.
Јас одев на тие часови и да ви кажам дека ги препорачувам секоја трудница да ги слуша. Освен споменатото погоре, плус има и разговор со анестезиолог и со педијатар. Одговараат буквално на сите прашања, фини се, трпеливи. Едно од предавањата и не шетаа низ родилните боксови, пред родилната сала и сл. Убаво е да видиш и знаеш што те очекува. Инаку ГАК собите се супер, со ЛЦД телевизори, чисто е, две во соба и сл. И боксовите не се страшни Обично Предавањата почнуваат од 18 или 19h
Од 18 часот, повеќето идат со мажи, па така подоцна најверојатно за сите што се на работа да може да дојдат, инаку за денот не го одбрав јас, но ако се јавиш на време и има место во групите, мислам дека нема да ти правт проблем. Вчера бевме 8 трудници во групата.
^Фала многу на одговорот. Инаку одлично што е попладне после 17ч. Ништо јас следниот месец ќе се јавам, за од 1 Ноември да почнам, тогаш ќе сум 31недела...таман до 35.
Исто и јас посетував вакви вежби , некаде од 34 нед. па до крајот ! вежби за дишење, па какви пози на породување има и сл. Потоа од кога се породив одевме со бебето исто на гимнастика ! И бебешка масажа ! Убаво е што се запознаваат нови пријателки , со кои може да се погодите и да се порагате заедно како во мојот слуЧај! После сите тие бремени што претходно одевме на тие вежби , одевме и со бебиња на гимнастика! со некои и до ден денес се гледаме !
Вчера кај матичната кога бев, беше и докторката што ги држи вежбите. Вежбите биле 8 часа во месецот, час е по 150ден. - за пациентки кои им е матична. И биле сеопфатни. Дали некоја од вас била на овие вежби кај др.Ложанковски во ординација, ги држи една женичка.