Еве, пробав, дека го видов постов. На се' ќе ме научите вие на форумов... На старост ќе почнам моди да бркам
Јас ги правам овие вежби веќе неколку недели. Најмногу вежбам за долниот дел од лицето во комбинација со масажи за лимфна дренажа. Има некој минимален резултат. Ќе продолжам да ги правам па да видам каков ќе биде резултатот за подолг период.
Супер,баш ми е мило Јас правам за поголеми јаболчници. Зашто да се боцкаме кога можеме нешто и ние природно да направиме за себе?
Така е мила, да направиме природен лифтинг . Не знам како порано не ги открив овие вежби. Оваа Олга што си ја постирала погоре ја обожавам. Има преубави видеа за масажа на лице. Исто и на фејс јога многу корисни вежбички има. Јас си правам и shiatsu кинеска масажа исто така за лимфна дренажа со притисок на определени точки од лицето.
Цртите на лицето ги прават коските, а коските не можеш да ги набилдаш за да изгледаш дефинирано. Јас ги имам правено вежбиве долг период, секојдневно. Ако кажуваат по 5 минути, јас по 10, буквално ги воспалував. Резултат немаше речиси никаков. Кога ќе ги стегнеш забите повеќе се исцртуваше вилицата, толку. Само се зголемува ризикот за порано појавување на брчки. Попаметно е секојдневно да си го масирате лицето. Има многу евтини масажери по интетнет.
И јас мислам дека се ова маркетиншки глупости. Денес секој може да постира видео на јутјуб и врз основа на гледаност добива пари, но што со тоа влечење и растегнување на кожата? И јас мислам дека повеќе брчки ќе се направат.
Не се прават брчки, баш спротивно превенција е од создавање брчки. Со активирање на фацијалните мускули се подобрува еластичноста на кожата и се спречува и нејзино опаѓање надолу.Исто ти е како да вежбаш тело,активираш мускул при вежбање не ја тегниш само кожата.Јас не вежбам многу долго ама имам резултати најмногу на долниот дел на подбрадокот и назолабијалната линија ја ублажив. И за масажата исто, прашајте по естетските салони, ја прават истата мануелна лимфна дренажа со масажа не само на лице туку и на цело тело. Се подобрува движењето на лимфата и на тој начин се намалува подуеноста на лицето.
Здраво ја сум голем љубител и поддржувач на масажите на лице, ама сметам дека треба да се прават разумно и пред сѐ познавајќи ги мускулите кои сакаме да ги масираме. Сите мускули не се исти и одредени (на пример на челото) кои се рамни трпат бавни и подлабоки движења а други не. Важен е и правецот на масажа имам гледано видеа кеде девојките/жените масираат во спротивен правец. Инаку сам по себе кремот нема да може многу да направи доколку не е поддржан од правилна масажа.
Браво за ова што го напиша и јас сум против боцкање, ботокси и што се не кога нашите раци имаат најголема моќ. На мојот јутуб канал имам објавено видеа за разни проблематики вишок на течности, масажа за тонус на лицето еве ви линк од playlist со сѐ што имам направено досега. Јас секоја вечер обавезно масирам некогаш рачно, а некогаш со ролер или гуа ша. https://www.youtube.com/channel/UCkAr7dEC178jsu1SlTOQEkA/playlists
Може да ми кажеш од каде го купи ролерот и гуа ша ? Моментално барам, ама некако скапи ми изгледаат онлајн ,а незнам дали се добри, барав во дм ,немаше.
Здраво ролерот и гуа ша ги кои јас ги користам се од Тесори ди Маре. https://tesoridimare.mk/proizvod/olival-gua-sha-kamen-za-masaza-od-rozev-kvarc/ https://tesoridimare.mk/proizvod/olival-roler-zelen-zad/
Gua sha јас пред некој ден купив од Catrice , еве го и сосема ист е со тој од Тресори ди маре. Јас од Грција го купив , од колекцијата на Clean ID е , можно е да ги донеле во Македонија , побарај во ДМ.. или контактирај ги на инстаграм Samantha mk
Многу резултат видов од масажа на лицето, а и цело тело со бебешко масло(Џонсон). Ја измазнува, омекнува и затегнува кожата повеќе од било кој друг продукт. Исто како со Гуа Ша во тој правец со прстите го масирам лицето од подбрадокот па нагоре. Кога ќе можам ќе постирам слики со инструкции. Лично јас, од тоа до сега видов брзи и воодушевувачки резултати. Лицето изгледа далеку по свежо.
Дечки, темава нека остане за класични вежби на лицето како што и самата авторка нагласила во воведот на темата. A затоа што очигледно има интерес за ролери за лице и гуа-ша масажери, еве тема во која ќе можеме да споделуваме искуства и со нив: https://forum.femina.mk/threads/Масажери-за-лице.33504/