1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Величествениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од t.w.e.e.t.y, 15 декември 2011.

  1. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Јас си симнав ,неколку епизоди поточно 8 од линкот што го постави Нена , и можам да кажам дека серијава станува се поинтересна и поинтересна ...и приметив дека на канал 5 не ги даваат цели епизодите ги кратат .
     
  2. K-a-t-e-n-c-e

    K-a-t-e-n-c-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    32
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    дали ќе може директен линк затоа што никако неможам да ја најдам??
     
  3. SunFlower94

    SunFlower94 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    362
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Ќе може некој да ми пише што ќе се случува, од тие што ја гледале понатаму, неможам да ја симнам при крај сум со интернетот а стварно ме интересира :)
     
  4. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Мене не ми е јасно како може да разглабате дали турциве со серијата сакале да прикажат дека османилиите биле правдени.
    Исто као нашиве сеа серија за Александар Велики да снимат,а другиве да разглабаат дали ние сме сакале да се покажеме у фино светло.Александар не поробувал народи?Не освојувал земји?Не пиел?Не опустошувал?Не спиел со мушки?
    Па пак нас ни претставува херој.Тоа е нивна историја,кога тие владееле со светот и они на тоа се поносни.
    Тоа што ние,и други земји сме биле меѓу поробените е друга работа.
    А и не дека баш нешто Османлииве ми се прикажани во некој позитивен контекст.
    У осталом кога ние ќе успееме да снимиме нешто блиску до оваква серија,би требале да бидеме многу среќни.Колку што му дале они на Бред Пит,толку не ни е нашиот 10 годишен програмски буџет.

    Он топик,ја загледав серијава.Не е ко сапуницине,попут Љубов и казна,Шехерзади,Ѓумуши..
    Интересна приказна,ако може да се каже приказна.И што ми е чудно за прв пат немам некои ликови кои ми се антипатични,негативци.Нит сум против Сулејман ,нит против Александра.
    И незнам зошто очекувам дека најдобра улога ќе биде онаа на Ибрахим.
    Иначе имаат предобри костими,сцена,па и глумциве одлично глумат.
    Комплетно остварување,според мене.
    Иначе ја има некој гледано унапред серијава?Јас оддамна негде ја имам читано приказнава за султан Сулејман и Александра(ама некако не беше баш Александра),ама низ магла ми е..Знам дека она на крај ќе му уништи се,ќе му ги убие синовите и сл. Колку е точно ова незнам :D
     
    На LaFemina, SunFlower94 и Peppermint им се допаѓа ова.
  5. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Еве за сите радознали што ќе се случи во следните неколку епизоди :)
    Султанот ќе замине во освојување на Београд и Будим ,додека тој е во војна мајка му ќе сака да ја омажи Александра и она за да се извади ќе излаже дека е трудна ,никој нема да и верува и ќе викнат видарица да ја прегледа и стварно ќе испадне дека е трудна . Махидевран ќе се обиде да ја отруе Александра ,ама ќе успеат да ја спасат ,и ќе му роди син принц Мехмет .Иначе Александра ќе дознае за љубовта на Ибрахим и Хатиџе и ќе му се заканува на Ибрахим и он за да и се одмазди ќе му ја прати на султанот на халвет Марија нејзината најдобра другарка и тоа вечерта кога таа ќе се породи .
     
    На SunFlower94 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Добро МисИндепендент, серијава е историска инаку, логично е некој и историја да спомне, што има тука спорно? Па, на крајот на краиштата, ако (велам само ако) случајно постои некој историски факт кој е неточен и неверодостоен, што реално, често го има по холивудските филмови на пример, (поради слободата на уметничко изразување која исто така е неоспорна и не смее да се одземе), редно е некој и на тоа да укаже, единствено за да не се создаваат забуни. Како што реков, не само за оваа, туку за било која серија или филм базирани врз историски настани и личности. Да не го заборавиме и тоа дека серијава во Турција само си доби повеќе на популарност од тие протести на исламистите и националистите...
    Ако некој искоментира нешто во врска со тоа, не значи дека го спори квалитетот или пак дека не му се допаѓа серијата.
    Инаку нормално е дека тие ќе си го прикажуваат во најдобро светло нивниот најдолговечен султан за време на чие владеење империјата достигнала најголем подем, и не гледам зошто некој љубител на добри серии би имал нешто против тоа. Мене барем не ми пречи. :)
     
  7. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    А кај спомнав ја за серијава дека е баш као што било,или ич не било или нешто било што во врска со тоа?Изгледа нешто што си помешала :) Иначе многу нормално дека ако серијава е направена врз основа на вистински факти ,деталите си ги препуштиле на фантазијата.
    Мислам сепак...сигурно никој не запишал кај имала модрица Александра,кој кивнал,и кога се сретнала оваа со онаа..па и за некои поважни детали.Мора да зачинат :)
     
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    Да знаеше Гоце Делчев какви серии ќе се гледат :x .Не бе не можам да прифатам дека емитуваат ваква серија.И онака не ги поднесувам турските лимонатки но ова е претеризам.
     
  9. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Величенствениот век (Мuhteşem Yüzyıl) [Канал 5]

    А каде спомнав јас дека ти си зборувала како било или не било :^) или каде Александра имала модрици, хм? :) Не ме вади од контекст.
    Изреагирав само на тоа што не си го разбирала (значи ти пречел) фактот што некој друг дебатирал од историски аспект за Сулејман и за серијата.
    Сакав да кажам, ако не си ме разбрала, а очигледно е така, дека штом серијата е историска, нормално дека ќе има реакции и во тој поглед, или споредби, и за тоа ќе си дебатираат луѓе.

    Мене и не ме интересира како сакале да се прикажат Османлиите, приказната не ја гледам како некој да е лошиот, а некој добар, ама ако некој сака така да ја гледа, има право да искаже мислење. Ниту тоа не ми пречи, како што не ми пречи ни обидот да се прикаже Османлиската Империја во добро светло.
    Се додека нема историски невистини со цел да се оцрни некоја страна (еве пример нашата, што е единствено што нас би требало да ни смета), а гледам дека воопшто нема такви обиди, не верувам ни дека ќе има, јас лично немам никаков проблем со серијата.

    Баш напротив, како што напишав во минатите постови, мене серијата ми се допаѓа и ја гледам.

    И само уште ова да го кажам иако нема никаква врска со оваа серија конкретно. Поентата ми беше дека сепак вистинска историја не се учи од филмови, а на жалост гледам дека многу млади се потпираат на американските филмчиња наместо на историски податоци, па после секојдневно доаѓаат небулози од недоволно упатени личности кои на жалост добиле погрешна и лажна слика :)
    Затоа искоментирав, како и поради сугестијата дека не требало да се дебатира од историска гледна точка, како што се остави впечаток од постот на Индепендент, инаку, не ми беше намера да полнам со оф топици.
     
  10. TheaEsposito

    TheaEsposito Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    2.004
    Допаѓања:
    2.462
    Интересна е серијава и ја гледам.
    Може да ми кажете тие што сте ја гледале како ќе завршат Александра и султанот?
     
  11. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Што се замислуваа оваа Александра бре?! :^)

    Антипатична и одвратна ми е.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.485
    Пол:
    Женски
  13. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Аууу,ти ептен далеку си отишла :) ;) ....
    Јас сум до 9-та епизода (по турски).А колку епизоди се снимени до сега?
     
  14. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Серијата не е завршена, сеуште се снима.
    Ама од историја е познато
    Александра станала сопруга на султанот, му родила 5 деца меѓу кои и престолонаследникот, биле заедно повеќе од 25 години (за тоа време дворски игри), се до нејзината смрт, тој починал 8 години подоцна при еден поход кој наводно не можел да го издржи поради староста.
    Во серијава не би требало да менуваат нешто посебно.


    Инаку оваа Александра, навистина се призанесува. :^) Поготово во вчерашната епизода (ми се чини беше) кога му се понашаше на Ибрахим.
    Кога дошла бе таа тука па со него онака да разговара? :^) А и допрва почнува оваа |(
    Штета, на почетокот ми беше симпатична.
     
  15. madamstefi

    madamstefi Нов член

    Се зачлени на:
    13 септември 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    15
    Поинаква е од другите а на актерите им прилегаат улогите
     
  16. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.312
    Допаѓања:
    101.485
    Пол:
    Женски
    39 се снимени

    а ги има со превод од 37 ма и продолжуваат со преведување.
     
  17. BI-44

    BI-44 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2011
    Пораки:
    975
    Допаѓања:
    484
  18. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Mногу ми е интересна серијава, различна од останатите. ;)
     
  19. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    воопшто не ми се допаѓа јас незнам шо гледате во таа серија.....снимена демек во времето на дедо ное во една куќа се се случува (барем така знам) живи глупости се тие не дека некоја е поарна ама оваа паа ептен ја претера работата.
     
  20. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Јас пак мислам сосема спротивно.Според мене глумицата ја прави овааа серијата, предобар избор.Совршено и прилега глумата на девојката, опасна е, како змија е :D
    Инаку и Хатиџе ми е многу убава, многу е нежна и мила :)