1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Верени и разверени по 10 години врска

Дискусија во 'Разделби' започната од Back in black, 14 март 2018.

  1. Back in black

    Back in black Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Сакам да ве прашам за совет,по 10години врска јас не се ни надевав тој ме запроси но по 8 месеци открив дека тој си пишува со бившата на неговиот другар цел месец слушања на телефон,сеуште незнам дали имале секс,но ние ја раскинавме свршувачката, демек јас требало да се сменам оти стварно знаев да напнам во повеќе ситуации.Сега кога ја си се помирив дека тој не ме сака(иако тоа ми го нема кажано) и дека сака да си продолжи со живото тој по 2 месеци разделба сака да разговараме да пиеме кафе иако на тие средби ми нема кажано да се смириме туку дека треба да помине време за да види дали јас сум сменета од лошите навики и дека оваа разделба е за двајцата,а сеуште ми пишува ми праќа песни,не ги избришал сликите од фб.од веридбата,а кога го прашав зошто ми дава лажна надеж тој ми рече оти ме сакал и дека верува дека јас ќе се сменам дека времето ке покаже.Дали да ги прекинам и разговорите со него и да ставам крај на секаков контакт со него или да чекам времето да покаже?
     
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    По десет годишна врска, не очекуваше запросување?! Интерестинг. :D

    Без разлика како и да сте се однесувале во врска, ваква некомуникација помеѓу вас двајцата ептен кажува за текот на врската - како може ти сама да носиш заклучоци дека не те сака, а вие двајца всушност не сте ни седнале да разговарате и како капак на сето тоа, се прашуваш дали имал секс или флертувал како 14-годишен по социјални мрежи. :^)

    Не знам колку години имате, ама дечкото очигледно е незрел со таквото биполарно сакам-не сакам однесување, па размисли дали ти треба некој таков за животен сопатник.
    И тоа префрлање вина демек ти си крива, е многу детско.
    Као он е без фалинка, ама треба да помине време за да те истестира тебе дали ти си се сменила, а неговите глупости по социјални мрежи (знак прашалник дали комуникацијата течела само таму) пу - не важат, wow.
    Уште да каже дека ти си крива за сè со твоето однесување и сето тоа било поради тебе, па да биде супер. (facepalm)
    Да не беше трагично, ќе беше смешно.

    Не знам зошто размислуваш дали треба да му дадеш шанса за „врмето да покаже.“
    Ете, поминале два месеци и времето покажало дека е неизживеан. Со самото тоа што пак тропнал на врата, треба отприлика веќе да ти биде јасно тоа.
     
    На joy1, CameliaMiller, ivi1987 и 32 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека со неа те изневерил или нешто слично. Можеби навистина си претерала со испрашувања или обвинувања. Велиш, си дошла до заклучок дека не те сака. Како?
    Тој не те оставил, само ти дал време и простор да се стабилизираш. Сигурно сте возрасни, 10 години заедно, со разговор разумно се решава сѐ.
     
    На Back in black му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    Како мислиш не ја оставил, а ја раскинале свршувачката?!

    Не е тоа зрело однесување. И да била причината да „олади“ некој од нив, сигурно два месеци немало да чекаат без никаква комуникација за разрешување на ситуацијата. Разговор во случајов бил потребен пред два месеци, не сега откако девојката си кажува дека конечно си дошла на себе.
     
    На joy1, CameliaMiller, ivi1987 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    @Mishela

    Еве како мислам. Спрема цитираниов дел. И мене ми било дадено време да се сменам, повеќе од два месеци. Тој ја сака назад. Ако не ја сакал, ќе прекинел контакт - сосема. Е тоа е оставање.
     
    На Back in black му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.573
    Допаѓања:
    80.649
    Пол:
    Женски
    А раскинување свршувачка и врска не е оставање значи, ахам. Супер штом така.

    Какви ви се тие ултиматуми со давање време, а всушност префрлање вина и заташкување на работи од другата страна, јас не знам. И искрено, не сакам да знам затоа што е предетско.

    И не Битер, тој знае дека има сигурен улов кај неа па затоа ја држи во рака. Немало да си бара романси по социјални мрежи и ќе и дал објаснување дека навистина му е пријателка (во случај ако стварно немало ништо помеѓу дечкото и бившата на оној другарот). Немало да и каже дека она е крива за не знам што и да ја остави. Па и без било какво објаснување.
    За мене ова не е ниту нормално, најмалку пак зрело однесување. Дечкото е неизживеан.
     
    На CameliaMiller, ivi1987, Oneo и 18 други им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    По 10 години врска ништо не му сметало и одеднаш оп! Ти треба да се смениш си се напнувала во повеќе ситуации????(facepalm) па и јас се напнувам цел живот во ситуации каде што треба. И нему кога сака ќе му текне да раскираскинете веридба да расипете или да види дали си се сменила.. Ц ц ц има ли машко што има памет во глава? Нему после веридба му текнало да се разонодува со други? Немало кога пред тоа? Немој жено да си го расипуваш животот
     
    На CameliaMiller, душленце, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.745
    Сигурно тие два месеци разделба ги искористил да види што може да добие од бившата на другар му.
    10 години сте заедно и тој така да те откачи, па уште те убедува дека ти си виновна? 10 годни пред тоа те трпел иако најверојатно секогаш си знаела да напнеш, како што се опишуваш, и сега кога се појавува некоја нова на сцена, он само наоѓа изговор за да те шутне на страна.
    Манипулира со тебе, играчка си му. Не ви била врската пола година, па ај да кажеш, се повлекол поради некој твој недостаток, туку 10!
     
    На CameliaMiller, crimson, Dream-Girl и 11 други им се допаѓа ова.
  9. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Какво разумно решавање, кога типот активно се слушал со бившата на другар му?! Го оправдуваш ова? Ако ти го "напнуваш" сопругот, и тој си најде некоја да му биде "издувен вентил", ќе го оправдаш? Бидејќи, нели, ти си го напнала.

    Ниедно "напнување" на светов не може да го натера да си бара утеха кај друга. Нема уста да ти каже? Така ли се решаваат проблемите, после 10 години?! Па уште те оставал господинот да се смениш, те обвинува тебе за да ги оправда неговите глупости, наместо да си го свитка опашот и да се извини што си правел интернет-екскурзии. Разбирам дека се години во прашање, и јас сум во релативно долга врска, но да го фатам дечко ми во таква ситуација и да ме обвини мене за тоа, очи нема да ми види веќе. Не дозволувајте да ве прават будали неизживеани и недораснати мажиња.
     
    На mira.mira, CameliaMiller, crimson и 20 други им се допаѓа ова.
  10. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.616
    Пол:
    Женски
    После 10 години му засметало нешто :o
    Па зарем не треба да се прифатиме со сите маани?
    Замисли сега ти поставува услови, што би било кога ќе се венчате?После 10 години кога ќе му се смачи нешто ќе ти рече или смени се или ќе те оставам :wasntme:
     
    На CameliaMiller, crimson, ivi1987 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Ако се слушал со бившата на другар му не значи дека имал нешто со неа.
     
    На CaraMia и Back in black им се допаѓа ова.
  12. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.550
    Допаѓања:
    59.745
    Цел месец се слушале по телефон тие двајца, од еднаш им се појавила желба да се дружат само?
    Супер за тебе штом си така либерална, јас маж ми да го фатам да се слуша со некоја без конкретна причина има пердуви да летаат, не пак цел месец, уште на крај будала ја прави.
     
    На CameliaMiller, crimson, jasbi и 12 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.421
    Пол:
    Женски
    Дека има причина за сомневање, има, но нема доказ за неверство. Се случило и јас активно да комуницирам со некој друг додека бев во врска, иако не баш на ваков начин, па немав ништо со него. Во секој случај, не смее да се направи таа грешка да се стапи во брак со погрешен човек. Девојкава е доволно паметна за да одлучи што е најправилно.
     
    На CameliaMiller, CaraMia, Back in black и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Е ако де... И јас комуницирам со луѓе, иако сум во врска, ама самото тоа што немам потреба да ја кријам таа комуникација од дечко ми кажува дека мене совеста ми е чиста, од една страна, а од друга страна имам разумен партнер кој знае дека не е единствената личност во мојот живот и дека не смее да ми забрани да имам пријатели.
    @Back in black не си ти крива за ништо, се лаже тој самиот себе дека ти си крива, а кај тебе се обидува да извади нешто на основ на грижа на совеста. Не порпаѓај на вакви психолошки манипулации. 10 години не се малку, ама подобро стави крај сега отколку да влезеш во брак кој е однапред осуден на пропаст.
     
    На CameliaMiller, crimson, ivi1987 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. BabyStyle

    BabyStyle Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2010
    Пораки:
    470
    Допаѓања:
    8.955
    Како бе така??? Како?? 10 години сме заедно, ме запросува и на крај му текнува дека јас не му чинам и треба да се сменам као демек, и ОН МЕНЕ ми дава рокови да се сменам???? WHAT!!! Како не виде за 10г дека нешто ти фали ??? Него сега хормоните го бапнале, па пресија и тензија дека после 10г мора да се земете, па страв дека ако не се земете ќе остане сам. Микс од ретардирани "emotions". Па уште срамови прави раскинува веридби. Бре бре
     
    На CameliaMiller, ivi1987, Oneo и 14 други им се допаѓа ова.
  16. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    501
    Пол:
    Женски
    Во фамилија во рок од 2 години имавме 2 растурени веридби. Ене ги, и едните и другите, супер се. Братучедка ми ја растури веридбата на само месец дена пред свадба, и да ти кажам, тоа и е најдоброто нешто што и се има случено во животот!
    Не се менува никој после 10 години, да не се лажеме. Девојчето си пиша дека нашла и пораки и слушања, и него му засметува нејзината реакција и вика дека она претерува! Да знаела дека се „дружат“ па да се правда дека она претерува. Вака не. Од мене ти е совет да си продолжиш без него во животот. Подобро да заборавиш на тие 10 години, отколку да трпиш во наредните 50 и деца да главиш во сето тоа.
     
    На Yeeah, crimson, душленце и 10 други им се допаѓа ова.
  17. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да се слуша со бившата на другарот, точка. Ако било само пријателство во прашање, немало да крие од неа. И јас имав период кога комуницирав поинтензивно со еден пријател, но на сосема пријателски начин, и дечко ми знаеше. Не е проблемот во комуникацијата, туку во личноста со која се комуницира, начинот, и во криењето и префрлањето вина.
     
    Последна измена: 15 март 2018
    На crimson, Alisa22, Someonespecial и 10 други им се допаѓа ова.
  18. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.291
    Пол:
    Женски
    А кај е девојкава што ја отвори темава? А зошто би била ти виновна, тоа не ни го кажа?
    Сепак остави го
     
    На Back in black му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Back in black

    Back in black Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    тУКА СУМ ИЗВИНЕТЕ СИТЕ еве сега сум тука,Јас би била виновна оти и јас пред да ме запроси си пишував со друг ама тоа беше само пишање по фб никогаш не го изневерив.Два месеци по моето пишување тој ме запроси и затоа ми беше неочекувано.А иначе јас дури сега се пронајдов себе си и знам што сакам и кои ми се целите во животот.Мене оваа разделба ме освести дека немора да се потпрам на некого туку е крајно време да си бидам сама со себе одреден период,(сите овие 10 год кога и да закашкав нешто секогаш тој беше тука да ги расчисти работите место мене)
    Разговаравме и тој сеуште планира иднина со мене,и ми рече дека тоа било грешка со неа,и дека оваа разделба била за двајцата за да биде подобро понатаму во заедничкиот живот.Дека јас секогаш ке бидам жената во која е заљубен без разлика дали јас ќе бидам со него или не.
    Прашање:На ниедна од средбите помеѓу нас,откако сме разделени ми нема покажано дека сака секс со мене туку разговаравме и разговаравме.Дали е можно тој да сака да ме има како пријателка само.?
     
  20. Back in black

    Back in black Активен член

    Се зачлени на:
    14 март 2018
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за советите на сите :)