Искрено? Ми звучи ко да купува време за да шврља на раат па после да се земете јер ти рекол дека ти си крива и сега ти треба да го чекаш молиш докажуваш.
не велам дека го молиш. Туку тој така си мислел кога решил да ти рече да се смениш. Јас со таков манипулатор не би останала. Или нека те сака каква што си или деф, има други.
Океј, да претпоставиме дека сте од 25 до 30ина годишна возраст, сте се фатиле ко детишта, станало монотоно, почнало да го лупа она „Леле, па ја цел живот со една/две само“ и тука настанува хаос во главата, па навираат комплекси, па безумие... Изгубив другар вака. Ми одмили за навек. Претходно имаше по некоја женска, ама немал секс со нив, после години врска ја венча првата што му даде, ама пред тоа полудуваше пробувајќи кај секоја (вклучувајќи и нас, долгогодишните другарки) од тој пуст страв да не остане напатен од неебитис. Среќа свежи се и жена му не знае (а и не знам дали воопшто успеал да направи нешто со некоја), инаку... Не ви требаат такви. Си истрошила декада на погрешен, немој ни секунда повеќе. Сега може не му успеало, па го јаде дека ќе остане сам, па разговори и глупости. Ко ти ташна да си во продавница, па ај ќе разгледам други, па ќе се вратам пошто оваа највеќе ми го прави меракот. Можда звучи тешко изводливо и строго пошто стварно многу години сте прошле заедно и еден со друг сте си најголемото искуство, али слушај не нас, паталциве, дека врски се прекинуваат за многу, мноооогу банални причини, а за пу-пу не важи свршувачка и префрлање топка, треба од самопочит да завртиш грб. Нема ама толку време сме заедно, нема никакво „ама“...
Секоја врска на почетокот е жешка а потоа со тек на време често се случува чуствата да оладат, да надвладее монотонија и кај некој од партнерите да се јави некоја поинаква желба. Подобро сега крај отколку да влезете во некој брак кој нема да функционира како што треба и кој за кратко ќе се распадне.
Веридба не значи ништо. Исто како и прстен на рака. Многу немилосрдно. Наместо да се радувате во најубавите моменти од еден почеток за заеднички живот, тој ја побарал бившата. Јас не би му се вратила. Ми делува како да не е зрел за брак.
Не песни и пораки абе дијаманти нека ми праќа и кафе и кроасан на тацна секое утро ич од ич око не ми трепка. Кај ти е достоинството? 10год. и он ќе ме проверувал дали јас сум сменила лоши навики. Зошто зар јас се дрогирам,се коцкам,се курвам како лоши навики? Па и магично ќе се изменам за 2месеци Јас како другиве нема да коментирам дали те ладел 2месеци за да проба со бившата на другар му тоа мене ме би ме занимало ако го правел вереникот мој,може барал совети од женска страна за мене итн. Ама мене лично да ме стави под прашалник по 10год. заедништво и да ми рече ако не сменам негативни навики според него не ме жени па подобро ич да не ме ожени. Те манипулира и ти сметаш дека тоа е љубов Ма за ваков ќе се радувам секој ден помалку што не е до мене. Ако сака и 20години да не сум гледала што мустра е
Да,по 10год.јасно е дека не го посакуваш некој како што треба за да се одржи стабилна врска. Сепак сте имале10год.врска и ти си му навика. По тоа што се сомневаш дека сака да те задржи само како пријателка да знаеш дека сомнежот јас би ти го потврдила дека е вистина. Едноставно не сака да изгуби контакт со тебе му значиш како пријателка само. Ништо старшно,резделени сте и така,сака да те има во контакт. Можда некогаш тој ќе сака френдс вит бенефитс да станете. Твое е дали ќе сакаш било што со него во иднина и во која мера. Штом ти рекол секогаш ќе биде заљубен во тебе тоа ти е отворена понуда кога и да ти затреба *тит* барај го
Да те сакаше само како пријателка не би трчал по тебе, не би ти праќал песни, ништо од тоа. Многу не зрело од негова страна, вака не се постапува, и неговото однесување топло ладно не е во ред. Ти биди таа што ќе се дистанцира од него сега. Ти пишав и предходно, те чува како резерва, мисли дека ќе го чекаш додека шврља. Ова со префрлување на целата вина на тебе и барање пауза само на тоа ми личи.
Јас сум дистанцирана и му дадов до знање дека не ми е проблем да си биде со друга во животот,ама мене да не ми дава надеж а тој ми вика во голема грешка сум била дека оваа разделба е за промена на двајцата за подобро во понатамошниот заеднички живот.
Ајде бее после 10 години не му чини нешто кај тебе? Каде бил до сега или сега му текнало дека му поминал животот па ајде пауза за да се издува и тебе да те направи виновна за да има лице после кога ќе се смири да ти „прости“. Не ти треба ваков верувај. Тој што те сака не ти бара мани после 10 години, а пред тоа те прифаќа таква каква што си.
Јас пак ке кажам цели 10 години јас ветувам дека ќе ја сменам мрзеливоста неодговорноста и др работи а тој цело време ме подржува во тоа а јас пак на крај не направам промена (додека тој неговите лоши навики ги смени) не го оправдувам ама и јас несум баш без мани. поздрав до тебе
Таман, зошто не го направил ова порано чим имаш мани туку сега? Со ова ти го правдаш него и неговото однесување?