Девојче за вакви сериозни работи не се бара совети по форуми! Нели гледаш дека сите тука си ја сфаќаат ситуацијата од своја лична перспектива и скоро и да не се објективни. Не можеш животно прашање (читај проблем) да поставуваш на форум во пет реченици и да очекуваш некој да те просветли. Јас нема ништо да те советувам! Чим си голема за мажачка, биди голема и седни го да разговарате како луѓе и да видите кај сте и шо сте. Толку!
Јас знам дека си збунета, ама тука уште повеќе ќе се збуниш, нема да си го решиш проблемот верувај ми! Одговорот го имате само вие двајца, во име на тие 10 години седнете и разговарајте и да си продужиш со животот на раат! Поздрав и среќно!
@Back in black навистина ситуаицијата и без да ти кажеме, свесна си колку е тешка. И јас мислам дека дечкото не е доволно спремен, ниту зрел за брак. Те запросил да ама доста често во тие долги врски следи и наметнување од околината, родителите демек толку и толку време сте заедно, па ајде кога свадба или можеби дечкото по толку години поминати сметал дека е правилно и дека треба да те запроси, ете не знам. Сеедно, бракот барем за мене е навистина сериозна и голема работа и сметам дека партнерите треба да се доволно емоционално зрели. Вие уште сега имате проблеми вакви, па што останало за понатаму. Не е зрело, ниту сериозно да се однесува така и место да разговарате, да пробате да ги решите проблемите меѓу вас тој да ја одолговлекува работата притоа без никакво објаснување. Тоа што ти праќал пораки и песни, џабе му е сето тоа кога ништо не сте решиле. Свесна си и сама дека тоа допишување на фб и слушање на тел не било чисто дргарски. Се знае кога си во врска како треба да се однесуваш, тотално непочитување од негова страна спрема тебе и ич да немал секс со таа девојка, сепак детски и незрело е да се однесува како недостаснат тинејџер да пишува со бившата од другар му и тоа зад твој грб со објаснување дека му била пријателка, глупости. Долги години се во прашање, не ти е лесно и нема ни да ти биде меѓу тоа треба да размислиш добро дали и да се смирите пак, нема ли да те копка дека утре може пак ќе го прави истото? Тие години, љубов, поминато време, спомени не се фрлаат во ветер ама некогаш залудно е се. Искрено јас некогаш сум многу принципиелна и сум раскинувала врски и за помали работи. Јас на твое место би си го продолжила животот напред, без него.
Чим си дошла да прашаш нас, значи нема емоција во тебе за него...Се согласувам со сите членови погоре, седи размисли дали тој те заслужува, и небитно годините си поминале и знаеш што било, не троши ни минутка повеќе на некој што невреди, посвети се на себе, па макар и одреден период да си сама... Се најубаво
И да те ожене да речием утре у брак знаеш шо ек бидеш МУЛЕЕЕ едно големо муле ке се ебава кај ек стигне и ако дознаеш и почниш да крекаш ке ти рече или смени се не ме напињај или ке те оставам ако си спремна на таков живот кој кад тад ке пукне терај напред
Те врти околу малото прсте оти му се може. Ти си ја дозволила таа граница до каде и ете го резултатот.
Не ми е јасно како некои за саканата личност не можат да се променат и да ги исфрлат лошите навики и маани. Којзнае колку монотоно ви било во тие 10 години. На него му смета твојата мрзеливост, неодговорност и нормално на секој ќе му сметаат такви маани кај партнерот/партнерката и ако не се промени ќе си најде друг/а.