Во муабет со една Албанка пред некое време ми рече: ,,Оние што се против нас Албанците, барем еднаш во живот имаат седнато да испијат кафе со Албанец", целосно се согласувам со нејзе. Затоа сега јас ќе речам дека: Сите оние кои им се ситат на Грците за ужасот што ги снајде, истите тие ,,патриоти" први се да отидат во Грција на одмор или на продолжен викенд. Истите тие лажни патриоти без срам не само во Грција, одат на одмори и во Албанија и Бугарија, а посакуваат само лошо на другите. Истите тие патриоти што се удираат во гради се спремни и да ги убијат своите браќа (македонци) ако не се исто мисленици со нив, а јас се чудам не ги сакаат Грците, Албанците или Бугарите. Ми се гади од злобни луѓе!! Не ми се верува колку некои можат да бидат дволични пред тебе да ти глумат, а зад грб да ти го мислат лошото, полни со злоба да се ситат на туѓа несреќа, наместо да молат Бога да не ги снајде еден ден и нив истото, животот е бумеранг... Искрено жалам за големиот број загинати и повредени во пожарот во Грција, дури кога гледам слики и видеа лошо ми е и не можам никако да ги сфатам злобните македонци со нивните злобни коментари на интернет, нека земат нека си го истурат сами бензинот врз глава и нека се запалат, бидејќи тоа им го посакуваат на Грците...
Страшно е тоа што се случило, а уште пострашно е недолочните коментари од наши. Тоа само ја покажува нивната себичност и 3лоба.
Морам да се надоврзам.Мене Срби ми го имаат убиено дедото и уште 30 души со мое презиме,истите тие Срби имаат силувано мајки пред своите деца убивано деца и свашта,геноцид. И покрај се тоа не треба да се мешаат баби и жаби ТЕ РАЗБИРАМ но ОДРЕДЕН БРОЈ на луѓе не се опис на една нација.Жал ми е за пожарите и жал ќе ми биде за се што има човечки жртви. Национализам е примитивизам. Хуманоста да ја ставиме на 1 место.
Гледам слики и видеа низ порталиве и ми текнува пред некоја година кога имаше едно пожарЧЕ на Галичица како се гушевме и паничевме а тек овие слики ко со филмски ефекти душата да те заболи!! И после листаш по фб и читаш коментари од МАКЕДОНСКИВЕ ПАТРИОТИ како се ситат и колнат и ти доаѓа да се срамиш не само поради што припаѓаш на нив по националност туку и по основ на човечки род
Никој да не се најде во ситуација да се бори за својот живот на ваков начин. Ова ме потсети на природната катастрофа кај нас. Никој не заслужува да загине на ваков начин. Тие што ќе преживеат ќе имаат големи последици од сликите на кои биле сведоци, животот ќе им се промени. Очите ми се полнат со солзи кога ќе сетам дека бев дел од нешто слично и покрај сите напори не успеав да спасам 3 сограѓани. Цел живот ќе се обвинувам за тоа. Не посакувам на никого да се соочи со таков пекол каде што имаш неколку секунди за реакција и донесување на одлука.
Во вакви ситуации се гледа (не)човечноста. Во ниту еден момент не помислив на политиката која прави раздор. Единствено чувствувам само жал. Луѓе, души како сите. Да не го доживее никој ова, ни овие што се ситат... Страшно.
Толку многу години? Баба ми и дедо ми се уште живи. Браќата што им преживеале и стигнале тука им се уште живи. Роднини чиишто родители не преживеале, се уште помлади. Сакам да кажам не е само една генерација што страдала. Туку и тие после тоа. Да ги оставам настрана убиените. А тоа колку се имаат сменето судбините на тие што преживеале? И моите родители ќе имале поинаков жибот доколку баба ми и дедо ми не морале да почнат тука од апсолутна нула. Деца од 10 год без ништо, под отворено небо. И нивните братучеди ќе имале поинаков живот доколку родителите им останале живи. Трауми се тоа, терор. Кој одговарал за тие човечки судбини? Во грција ги слават сторителите на тие дела. Ги имаат прогласено за светци. СВЕТЦИ. Каде им е нив хуманоста? Оти денес не се јави некој од „современите и хуманите“ таму и да рече, чекајте, било тоа пред толку години, не било човечки, дајте да ги смениме прогласениве, да не ги величаме. Ама не, не сме свесни колку нѐ мразат и ден денес. Ја спомнувате Германија. Германија и со зборови и со дела има покажано извинување, сочувство и емпатија. Ја имаат признаено грешката. И немаат омраза во нив. Не се препукуваат секој ден да избришат нечие минато. Грците викаат, немало геноцид, измислено е. На твитер прочитав Македонци што изразуваат сочувство кон Грција, а овие назад со политики и навреди. Зошто немаат емпатија кон сопствениот народ, туку бистрат политики на твитер? Пак ќе речам, не им се ситам. Не посакувам ни природни ни било какви катастрофи на никого. Да зависело од мене, или да сум можела да влијаам некако на пожарот, би го спречила. Не сакам да умираат луѓе. Само колку и да е човечки да се простува, не можам и нема да простам за тоа што свесно и намерно правеле. Не простувам стотици илјади упропастени животи, толку.
Болесник, кој си ја покажува болеста по не знам кој пат? Уште ,додатно прочитав дека се заканувал дека ќе го тепа А.Ружин Срам ми е да читам, срам за цел човечки род. Возрасен човек во години, до толку мозокот да не му работи
Леле, а како им било на кутрите луѓе више незнам од кои се националности, кои Ацета ги силувал, коктел и палел? Затоа сме вукојебина, затоа шо окрече се коло сече, а и плус не колнат. Добра ноќ и убави сни.
Strasno I zalno za obicniot narod. Kade se krizni sabovi, kako moze da ne se nadgleduva regionot, da ne se proceni deka oganot doaga so brzina pogolema od svetlinata, kako moze taka da se ostavi narodot na cedilo sam vo haos da se bori za sopsven zivot, ….. Kako moze vlasta da ne pobara hitna pomos od cel svet, odma vo moment bez ni minuta da se ceka koga se raboi za covecki zivoti, kako moze (kako gledam po videava) da dozvolat civilni lica sami na svoja odgovornost da trcaat da si ja stitat kukata namesto dobro trenirani sluzbi, X kako moze? Eftin e zivotot na balkanot, nikoj za nikogo ne mu e gajle