Сфаќам луѓе што сакаат да летаат во вселената, при ризикот, ама овие што отишле Титаник да го гледаат, стварно ми е тешко да го разберам.
Ко демек слушнале некои звуци, ама јас ко што гледав и да ги најдат нема начин како да ги извадат, а за да ја креваат нагоре подморницата, едноставно нема време, така да не знам.
Па, сега ќе го доживеат најавтентичното искуство кога веќе сакале титаник да го видат. Знам, знам дека сум ужасна. Греота се луѓето и не можам ни да замислам колу е страшно така затворен да знаеш каков ќе ти биде крајот.
Една на тикток вика, билионери одат да го посетат местото каде што го изгубиле животот воглавно ниската класа, кажи дека кармата не е реална. Иначе престашно, најверојатно немаат ни светло и сигурно е многу ладно. Што гледам исто на тикток луѓе што работеле на подморници, кажуваат дека многу небезбедно било градена оваа. И тука почнуваат теориите на заговор дека луѓево воопшто не ни отишле надоле, туку само сакале да исчезнат. На ова скоро и да поверувам, ама стварно чудно ми е билионери да го загубат животот на толку да не речам смотан начин. Највеќе жал ми е што едниот од патнициве е 19 години...
Е ајде де, некако многу аматерски за животозагрозувачка активност. Плус, не знам колку е релевантно, ама на тикток некој кажа дека еден од тие што првично работел на подморницата рекол дека луѓе нема да излезат живи од неа и само го отпуштиле.
Читав дека имало некој систем сепак. После одредено време самата ќе се кревала нагоре. И затоа сега се вика дека најверојатно се случило нешто од три работи: се заглавиле некаде доле и не може да исплови нагоре, се случило некоја непредвидена хаварија и се распрснала подморницата од притисок (реално најдобра опција за нив) или се некаде близу под површината на водата, ама мора некој да ги најде. Последново ми е најмалку веројатно, затоа што сигурно се барани со авиони и бродови насекаде. Ама друго што ми падна во очи кога читав е дека само некој од надвор може да ја отвори, што малце се коси со поентата на back up системот.
За подморницата Титан, што се изгубила додека оделе на тура кон Титаник. Изгубиле контакт пред 2 дена се веќе мислам и најверојатно сите 5 души во неа се загинати. Инаку турава не била за научни цели, туку повеќе ко атракција, оделе билионери.
Не знам, мислам дека сите дознавме за ваква тура со веста. Ама мислам и дека е релативно нова, подморницава ова и било 4то или 5то патување. А не била одобрена дека е безбедна да го издржи тој притисок некои 4км под вода кај што е Титаник.
A и претходно правеле значи. Не сакам да звучам злобно ама можеби ова треба да е потсетување дека треба да намалат со профитирање од човечки трагедии.
За разлика од мене што предложив да прават тура: Патување со подморница до потонатата подморница Титан, која била на пат кон потонатиот Титаник. Само со друго име, ова очигледно е баксуз.
Јас искрено иако се претпоставува дека сѐ уште се живи, поради нели звуците, мислам дека се случило некоја несреќа, бидејќи саат и пол после тргнувањето(од осум саати што требале да одат надоле)они изгубиле контакт со тие што оперирале на површина. Ко, ако снема контакт, логично е нели да се враќаш нагоре? Едниот од нив бил тој што управува, другиот имал доста искуство со нуркање. Или пак се на површина, ама тешко може да се најдат, бидејќи исто на тикток ми излезе една од екипата што ги бараат, времето не им е баш во полза. Скроз е тмурно со магла, така да и тоа е речиси безнадежно.
Ne im e lesno i na bilionerive sekakvi glupavi idei na pamet im pagjaat 250.000$ od covek cini "ekspedicijava". Samata pomisla da si na dno od okean e strasna ne znam kako se osudile kao bozem koj znae kakva atrakcija e rgjosan brod da vidis, ova dokazuva i druga poenta kako potsetuvanje, deka ne se' sto e skapo e i kvalitetno.
Немаат ли радари? Инаку да се наоѓаш во таа 2 на 2 подморница доле во пуста темница и на ладно е хорор.
Врска немам за радарите, јас ко што разбрав со авиони ги бараат. Иначе сега гледам и ентериер на подморницава, ко, има само едно мало прозорче кое се наоѓа пред веце школката, ко, на кој начин ќе го гледат титаник? Колку повеќе работи дознавам, толку помалку логика има турава...
Не е лесно да си милионер и да ти е досадно во животов Пратам updates откако се случи настанов, фасцинантно ми е. Видов видео како изгледа подморницата и ми изгледаше страшно мала, како ги собира внатре 5 души плус ваљда екипажот? Мене ми е прејезива помислата од таква смрт, заглавен у метален кафез у црни темници у вода и полека губиш воздух и знаеш дека нема излез.