И со авиони и со бродови и со нуркачи ги бараат, и од надвор и од внатре. Инаку подморниците имат камери, така да може преку камери сакале да го гледат, а може да има и некој незнам како да го наречам, метал врз прозорец, шо ќе го тргнат и они ќе гледат низ стаклото.
Вака па уште поглупо. Подобро да ги дале тие пари да го изгледаат видеоно од она роботчено ко го бараа Титаник.
Мислам дека е многу глупа работа, исто ќе мислам и за првите што ќе умрат на Марс. Ваша одлука е, не ве тераше никој, имате се и сешто на површината на планетата. Глупост.
Еј искрено боље на Марс да умреш бар нешто ново ќе видиш, као вау нова планета, вака за еден Титаник...
Абе не е глупа работа, интересна е, само не е убаво организирана. На пр. еве јас сакам да јавам од оние големите коњи , ќе мислиш и тоа дека е глупо? Подобро ќе биде на јутуб да гледам како јават коњи за да не се искршам? Таа е, се случуваат несреќи. Еве и од кај нас одеа на Алпите или каде и да беа, и таму умреа. Па сигурно не отишле за да умрат, отишле за провод.
Никој не се труди да освои Дарвинова Награда па пак секоја година некој добива награда за најглуп можен начин да умре. Муабетот ми беше едно е да имаш емпатија за несреќен случај, друго е за си го барале сами, милионери или не. И кокаин прават за провод, а не очекуваат фентанил во него.
На свој ризик отишле да ја видат трагедијата во живо, за забава. А и на тие пари да не направат никаква организација и да тргнат неспремни во толкав океан кај што ни бог не знае што се има е само една непромислена постапка што ги кошта живот.
Искрено ако немаш искуство, да, мислам дека е попаметно да гледаш на јт. Територии ко вселена и океан, мислам дека уште не се дојдени до фаза за туристи да ги посетуваат и мислам дека секој треба да биде self aware најпрво за општи можности, а потоа за свои способности.
Имаме трагедии во наш двор што попрво треба да се зборат. И онака никој овде не е експерт за подморници.
Ако имаме трагедии, а ги имаме секојдневно не значи дека треба да се исклучиме од светот. Не сме експерти ни за нашите трагедии, ама сепак ги коментираме и едните и другите зошто на форум сме.
Искрено, секако во ред е што има потрага по нив, но не ми е толку трагично ако навистина нешто лошо се случило. Не дека заслужуваат да умрат, туку тоа се авантуристи кои цел живот прават такви работи, и боже опрости, им се ди*а на ризик. Читав нели еден од нив патувал неколку пати на Антартик, со подморница отишол најдалеку што може каде што е најдлабоката точка во океанот и бил придружник во ракета. Не мислам дека за нив тоа е најстрашниот начин да умрат, повеќе нас ни е страв таквата помисла. Истиот е случај со оние луѓе кои заглавуваат во пештери, умираат на Еверест или се губат по џунгли. Тоа се екстремисти кои на некој fucked up начин, умираат правејќи тоа што го сакаат. Жална несреќа, но не трагедија... а и мислам дека по социјалниве мрежи никој и не мисли дека е трагедија.